Се чудам како ви помагаат тие шампоните со б-комплекс ампули внатре, мене ми ја разорија главата Ваљда до мојата глава е, чувствителна ми е кожата изгледа
Особини и дејство: Ревитин спреј лосион за коса се употребува за нега и третман на сите форми на опаѓање на коса, бавен раст и коса што ја изгубила својата виталност. Со своите состојки ја храни и јакне косата, ја подобрува циркулацијата во коренот на влакното и го стимулира растот на косата. Pantenolot е еден од ретките витамини кој преку кожата преминува во коренот на влакното, го забрзува обновувањето на клетките и ја одржува виталноста на влакното. Capsium екстрактот и ментолот ја подобруваат циркулацијата и снабдувањето со крв на коренот на влакното. Спојлер Карина, ова го пишува во упатството.
Нема побавно да ти расте, ќе расте исто. Само што нема толку да се познава израснатото, затоа што должината се губи во локните. Логика бе батка
Јас го имам,го прочитав тука и го земав ама негледам некои резултати после 2 месеци и нешто употреба и тоа континуирана..мегутоа зависи до самото влакно како ке реагира,пробај си ти
Дали сте го пробале шампонот Orsene ?? Кај мене не предизвикува некој посебен ефект и многу брзо ја масти косата.Дали е до мојата кожа или? Ваше искуство?
како се користи тој спреј само да си прскаш на косата за сјај и да ти расте ............има ли ефект? имам пробано мн работи не приметив некој ефект да ми расте побрзо........
Користела сум Хининова вода. Таа е и за косопад и за брз разтеж на косата. Многу сум доволна и ја препорачувам. Околу 60-70 денари е... Или Тривитаминол /комплекс од Витамини А, Д3 и Е, продава се во ветеринарните аптеки/
Народен фемински, послушај ме: земајќи предвид дека објавив дека ке ви соопштам колку ми пораснала нова коса неплава и нефарбана, т.е. колку коренот ке се изрази во рок од еден месец, а мене за 20 дена речиси косава ни 7 мм ми нема, се мислам да им туриме пепел на чудата и магиите на миксовите од шампон и витамини или маски и масла, и да си оставиме на природата да си го каже своето. Инаку и нормално косата толку ми расте. Аха и Б-комплекс пијам по три пати во денот, настрана од употребата на рицинусово масло еднаш неделно на коренот и шампон брезов од 230 мл со 3 ампули Бевиплекс. И ништо. Нула. Тапа. Резил. Џабе си ја мачиме душава. Се е до мозокот, па или енормно ни расте косата, или ич не мрда со месеци. Зашто таму ни е умот нонстоп. Сепак ке прикачам слика на крајот од фарбачкиот месец.