Карина јас така користам и сум задоволна, освен што прв пат ми се појави првут, но претерав со витамините... ставив 6 ампули Б1, 6 ампули Б6, 50мл пантенол (изгледа тоа беше премногу) и 20 АД капки во 300 мл шампон.
Јас имам ставено во ист таков шампон, 3 Бевиплекс (Б-комплекс ампули се тие) и ептен јако ми мириса... дури и мирисот не исчезнува ден-два Спојлер како свежа кучешка мочка мириса
види еднаш до два пати во месецот една маска со чичково масло или само со него помини ја косата и нема да има проблем. и јас ја ставив истата доза на витамини само без пантенол и ад капки и ми се појави првут но многу малку, со чичково масло се чисти. а кажи ми те чешка косата?
Јас имам долга коса и еве како ја израснав. Лани ја скратив во фебруари и од тогаш престанав да ја пеглам, да ја виткам, фен никако. Пред секое миење нанесувам чичково и бадемово масло, ја мијам со шампон, регенратор и маска обавезно и силиконски капки...предност ми е што не ми се мрси косата, па ја мијам еднаш неделно. И не ја скратив ич до септември, немав потреба бидејќи не ми се оштетуваше, немаше од што. Во септември морав да скратам врвови оти од сонцето и морската вода ми испукаа малку за време на летото. За тие 7 месеци ми порасна 20цм (малку помалку, ова одприлика, еве 17 нека се). Сеа ќе си помислите дека е долг период, а и не е нешто кој знае колку порасната, ама предходно јас 2 години се мачев и никако да ми порасне, таман ќе порасне некој сантим и мора да ја кратам оти врвовите лом. И така во круг цело време. Значи испробував секакви препарати, маски, спрејови, глупости и џабе. А сега се навикнав да си ја носам природна косата (добивав комплименти не за друго ) а предходно цело време со преса во рака, и сега се забележува како ми расне косата, ептен ретко ја шишам. Значи поентата е да не ја оштетувате, и да немора често да ја кратите
Ај ако сакаш кажи ми овие масла дали се специјални за коса и каде да ги најдам ( и цена) ? Се извинувам , верувам дека има предходно во темата но каде да ги најдам сега низ овие 200 страни ..
Сегаде ги има, ги иам и низ аптеки гледано. Јас конкретно ги купувам од Веро, ги има на рафтот кај шампоните, маските, во кутивчиња се, и има многу видови масла, 5-6, јас овие две ги користам. На нив пишува кое за што е, и можеш да си одбереш. Некои се само за коса, додека на пример бадемовото пишува и за лице може да се користи. Јас на Галафарм ги користам и не се скапи ич, едното е околу 70 денари, другото околу 80....така некако, коа ги зиам двете, 150ден ме фаќа
Во Зегин ги земам јас, на Фитофарм... најефтини се таму, околу 60 двете. Намената им е универзална, за што ти треба-за тоа се користат.
Ви благодарам AlicaInWonderland и Marilyn-Monroe , ама ја не сум од Ск , нема Веро и Зегин , ама ке си најдам во овие поголеми маркети
i ja imam problem so rast na kosata .citav tuka na forumov deka pienjeto pivski kvasec pomagalo,ama i deka go otvaralo apetitot(ami ja sakam da oslabam nekoe kilo ),inaci ne sum probala toa so vitaminite,ampulite itn. drugarka mi mi kazuvase za eden sampon kene ili taka nesto i oti kosata i porasnala (a ima i vidlivi rezultati,devojceto imase kosa do pod bradata sea i e do polovinata) pa se mislam dali da go probam samponot.a sto se odnesuva do nega na kosata toe definitivno e neminovno bez toa nisto ne pravime
nema problem ke se rasprasam koj e samponot i kako.inaci prasaj kaj frizerkata tvoja dali moze da ti go poraca,zatoa sto drugarka mi go zema preku frizerkata i go plaka 400 den,a znam deka go ima vo cosmo tinex i znam deka e nad 400 den (mozebi 450 ili do 450 den,neznam tocno).