nz kakvo e sisenceto i nemozam da ti kazam tocno ama ke se rasprasam,znam samo deka e malo crno sisence,deka samponot bil koncentriran i deka se staval po malko i so samoto toa trael dosta dolgo,rezultati imalo po prviot mesec(se zabelezuval rast na kosata) inaci drugarka mi go zima od kaj frizerkata po cena od 400 den, a sum slusnala vo cosmo tinex deka go ima i bil 400 i nesto deneri.
Значи буквално досега сите рецепти што ги имате напишано за растење на коса ги имам применето ги користев ампулите,фитовалот,алпецинот(шампоните)потоа Биотинот апчињата исто така и го применував тоа со копривите и веќе не знам се што читав применував но за жал ефект кај мене не видов од ништо а гледам повеќето сте задоволни сеа решив повеќе ништо да не експериментирам ке оставам да расти природно или ќе ја ишишам косава зш стварно многу пари ми јаде
Пред една недела си скратив добри 5 цм и се што беше расцветано отиде во неповрат Сега кога ќе си ги фатам врвовите какви ми се убави, густи, мазни за мерак.Од пеглање знам дека никогаш нема да се откажам, не се ни трудам, ама почнав пред секое миење да држам еден саат на врвовите бадемово масло, па ја мијам со тој од Илирија шампонот од бреза и после бањање ја прскам со едно од Авон за заштита на врвовите.За месец-два ќе ви пишам резултат
Како што ветив, така и направив. Оп - слика, такозвана Месец потоа. Спојлер Остваруваме! Влада на РМ. Просто, воодушевена сум од рецептот со Б-ампулите. Косата ми порасна колку што ми растеше и досега. Среќна сум била што не ми испопаѓала, па да бидам без неа и да не можам да ја прикачувам на мегдан да се види. Во кратки црти, за месец дена кај мене не се покажаа видни резултати, односно никаква позитива немаше. По континуирана употреба од неколку месеци може и да има, но јас се откажувам. Нека си каже мајка природа што има.
Едно девојче поназад убаво имаше објаснето дека витамините надворешно немаат никакв влијание на растот на косата, ама пуста надеж, не ни се чита Јас мислам дека и маслата немаат, јас лично ги користам ама за да не ми се оштетува. А да ми расте побрзо од вообичаено - тешко. Пишав назад мене како ми порасна "бргу". Не ја оштетувам и не ја шишам порано на еден месец морав да ја кратам, сега по 4-5 месеци неам гајле....и нормално, ми се забележува како расте
Ма и јас што не пробав и што не и ставив на косава, џабе.. Од ампулите само бебешки влакна ми израснаа и малку ми се згусна косата, пред некоја недела го купив ревитин спрејот да го потрошам него и веќе ништо ни купувам ни и ставам на косата. Ќе продолжам само со маслиновото масло и толку..
А постои некоја можност косата да ти порасни за 1 месеци има ли такво нешто, имам потреба косата да ми порасни за 1 месец барем неколку см. Пијам б- комплекс ама треба и несто друго изгледа.
Долга коса за кусо време Сите девојки што се во фаза на пуштање на косата, имаат фобија од фризер. И 5 милиметри за нив се голема загуба. Проблемот е тоа што не постои решение за инстантно растење на косата. Невозможно е само по две недели да се разбудите со коса до половина. Процесот бара време, трпение и посветеност. Утешително е тоа што навистина постојат неколку фактори што може да го зголемат потенцијалот за растење на косата. Придржувајте се до нив и ќе имате долга коса за кусо време. Чекор бр. 1 Протеини Освен во препаратите за коса, зголемете го количеството протеини и во исхраната. Здравата исхрана создава јака, сјајна и густа коса. Риба, спанаќ, грав, сончоглед, моркови, пилешко, соја... се компоненти што даваат најмногу витамини потребни за косата и оневозможуваат нејзино кршење и двоење на врвовите Чекор бр. 2 Ограничено користење на производите за стилизирање Редовното бојадисување, пеглање, сушење со фен во комбинација со лак, гел, спреј за сјај и слично, се најголемите непријатели за влакното. Повремено правете пауза од препаратите без разлика што скапо сте ги платиле и имате гаранција за нивниот квалитет. Во основа сите содржат хемикалии. Чекор бр. 3 Сменете ги секојдневните навики Иако можеби во некои и нема вистина, сепак ништо не ве чини да ги почитувате и овие правила. Носете ја косата пуштена или полабаво врзана за да обезбедите продор на кислород. По миењето не тријте ја косата со пешкир. Избегнувајте да носите капи преку целиот ден. Спијте на сатенска навлака. Завршувајте го плакнењето со ладна вода. Чекор бр. 4 Забрзајте ја циркулацијата Навистина постои врска помеѓу вежбањето и растот на косата. Вежбите го зголемуваат количеството кислород во организмот, а кислородот дава живот. Редовната масажа на кожата на главата е уште еден добар чекор за поголема циркулација. Изведувајте ја со природно масло од јојоба или од кокос. Чекор бр. 5 Немојте да ја миете секој ден Се залажувате ако мислите дека од водата косата многу побрзо ќе ви порасне. Секојдневното миење ја ослабува косата и ја суши. Кршливите врвови оневозможуваат косата да расте, таа само ќе се двои. Чекор бр. 6 Посетувајте фризер Не обидувајте се сами да се ослободите од оштетените врвови. Секој фризер е способен на правилен начин да ги отстрани распуканите врвови, а без многу да влијае на должината.
Читав дека сте задоволни од ампулите кои ги ставате во шампонот... сакам да пробам Тие ги земате од аптека?? Како им велите ампули ... Од прилика колку пари се ?
Да, ќе кажеш ампули Б1, Б6, Б12 зависи какви сакаш, ефтини се, ама јас мислам да препрочиташ уште еднаш, испадна дека и не помагаат баш многу
Фитовал жолт шампон , и два три пати неделно масирање на косата со чичково масло ( и после стоење со маслото 1 саат) Шампонот е малце поскап ,ама месец трае ,а маслото е околу 60 денари . Кај мене има ефект за месец и пол ми израсна 2 см.
Ова е точно од ко почнав да одам на фитнес, ја менав исхраната повеќе на протеинска, внесувам повеќе вода косата ми е порасната и ја истрижав 3 цм и за 1 месец ми порасна ми е истата должина. А пред тоа пробвав со витамини во шампонот, секакви маски ама немаше никаков ефект барем кај мене
Ние жените сме, да не грабнеш и од земја да не акнеш. Во што се' не ке поверуваме за убавина. ццц.цц... Многу пологично е да се држиме до благосостојба на организмот за се да ни изгледа надворешно како подмачкано. Следствено - помалку нервози = помалку мозолчиња на лицето и помал косопаст, повеќе бетакаротен = поздрави нокти, повеќе риба = подобар вид... итн... Значи, повеќе Б-витамини ВО ИСХРАНАТА доведува до поубава, поздрава и МОЖЕБИ (значи индивидуално е) побрз раст на косата.