здраво јас денеска си купив чичково масло ама не знам точно како се користи на пакувањето не пишува ништо само дека треба да се остави да стои 1 час а во аптека ми кажаја дека треба да се стави на врвовите пред миење и се ставала некоја течност во маслото и само на врвовите се нанесува само не разбрав како точно ај помош ако можи . Фала однапред.
Читав денеска дека за побрзо растење на косата треба многу железо во организмот да се внесува и дека не треба многу да се биде под стрес и тоа влијаело многу врз здравјето на косата, и дека треба да се нанесува маслиново масло и др.
Crazylady чичковото масло ти е за расцветани врвови односно за нивно обновување, не знам искрено дали ке ти помогне за побрз раст на косата. И јас го користам и можам да ти кажам дека сосема е доволно 30 мин да ти е нанесено на врвовите, пред да ја измиеш косата. Не дека нема да ти се расцвета пак (посебно ако секој ден како мене ја пеглаш), само нема толку брзо ! А за течноста што ја спомна во маслото искрено неам појма која е. Јас само маслото го ставам, и задоволна сум . Поздрав!
А измијана косата треба да ти биди пред да го нанесуваш или на сува коса, имам слушнато дека помага за побрзо растење на косата а колку пати во неделата го ставаш???????
На сува коса ,пред да ја измијам косата 30тина мин ми стои. Инаку зависи 2 до 3 пати неделно, кога како
Па да ти пишав погоре дека сум задоволна, зошто ако до сеа не ставав ич, мислам дека косата ќе ми беше до уши кратка (од постојано шишање заради расцветаните врвови) а не долга дo половина како што ми е сеа. Има ефекти, користи си ги редовно
Девојки,ме интересира дали го имате користено шампонот Eugene Perma Cycle Vital(шампон за растење на коса и против опаѓање)јас се мислам дали да го купам,ако го има некој користено нека пиши дали е добар
значи за побрзо растење на косата,во шампонот шо го користите ставите 3 ампули Б-12,не е ич штетно,може од ко ќе го потрошите тој да напрајте малце пауза и после пак исто 3 ампули,не се мн скапи по 15 ден се....а и ефикасно е.....позз
Мојата фризерка користи Еугене Перма, и од таму се купува, мислам во каталогчето беше 440 денари шампонот, ама не ме држете за збор. Не знам како делува на подолг рок, но кога ми ја мие таму косата, после тоа ми е преубава - мека и мазна. Еугене Перма се одлични производи, сите до еден.
Косата ми плава, во степен,најкраткиот ми е до раменици а најдолгиот нешто до средина на грбот ако може така да се објасни хах.Сакам да ми порасне уште многу подолга се мијам со Орзене има резултати, но не нешто екстремни не знам дали ја спречуваат изгорените врвови бидејки косата ми е шатирана со бланш. Права ми е но ја запеглувам зошо не можам без пегла иако природно ми е права сите ми се чудат хаха.. Сакам да пробам со Рицинусово масло + или било што но сакам да ми порасне многу брзо и да има баш видливи резултати! А и да,ја немам шишано од ноември не ни планирам пошо имам другарки шо ја шишаат еднаш на 7-8месеци и им е прилично доолгааа, поздрав до сите !
Ставај било какво масло, рицунусово, маслиново, бадемово ... гледај што помалку да ја пеглаш и барем на 5 месеци крати ја