Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. iva.kitanovska

    iva.kitanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Немав проверено на форумов, krofni4ka... инаку со драго срце веднаш ќе направев Reply:
    Вака, го земав брезовиот на Herba (оној најевтиниот, во литарска амбалажа - така да ми стига дури два пати да го растворам 400 ml со 3 бевиплекс); не би сакала да си играм со лекарства, затоа што немам понесено некои поквалитетни искуства.
    Со овој рецепт, значи само 400 ml шампон и 3 бевиплекс, за само 2 месеци ми порасна косата преку 10 cm!
    Последниве 2 недели не го користам, решив да одморам малку... ама почнав да забележувам како ми расцветале врвовите -.- што апсолутно значи дека се враќам на формулата: ем за евтини пари, ем посакувани резултати!
    ^^
     
  2. iva.kitanovska

    iva.kitanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    ]Само во комбинација на цела линија Orzene (шампон, регенератор, маска) била ефективна употребата... мене знам претерано ми ја сушеше косата, дури ми се појави првут -.-
    Едно големо НЕ. Комерцијализација, кај не доманипулираа..
     
  3. OlenceE

    OlenceE Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Има еден шампон германски, го викаат и Коњски шампон :D шала настрана стварно делува и за против опаѓање на коса, и исто така многу побрзо расте. За жал тука кај нас го нема , слушам некои го набавуваат од косово за 30евра. Викаат бил многу многу ефикасен.
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Е браво, на 7-8 месеци. Па тоа не е здраво. Немој да мислиш дека ако ја стрижиш еднаш годишно ќе имаш долга и здрава коса. Косата треба да се стрижи на 8-10 недели, а не на 8-10 месеци. :!:
     
  5. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    луѓе сте го користеле ли шампонов ??и како ви делува на вас................поззззззз
     

    Прикачени фајлови:

    • product.jpg
      product.jpg
      Големина на фајлот:
      25,1 KB
      Прегледи:
      212
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Грешка си многу. Косата треба да ја скратуваш кога е оштетена, а не на одреден временски период. Ако секојдневно користиш преса, фен, фигаро нормално дека ќе ја кратиш на еден месец. Ако не ти е оштетена зашто би морала да ја кратиш на 8-10 недели??? зашто е здраво? бидејќи фризерката кажала така?

    Јас ја кратам еднаш до два пати годишно и имам долга и здрава коса. Многу пати пишав назад дека додека ја кратев секој месец и продолжував да ја оштетувам немаше ефект. Ја оставив 7 месеци без да ја малтертирам и оштетувам и немаше потреба да ја поткратувам и косата ми се врати во нормална и ми е поздрава од било кога

    п.с нормално дека фризерката ќе ти рече треба секој месец шишање, па таа од тоа живее....замисли на сите ако им вика "дојди после 3-4 месеци"
     
    На crazyinlove19, Krisi88, macence85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. S-a-n-4-e

    S-a-n-4-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2


    Маслиновото масло го ставаш во шампонот или како?
     
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Го ставаш маслото на косата, ти стои пола до еден час, колку време имаш и после косата ја миеш.
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Не го викаат коњски шампон бадијала - за коњи е:

    http://www.leinebox.de/index.php?Page=i ... PHPSESSID=

    Не разбирам многу Германски ама сликите вредат 1000 зборови. Со Google translate сватив дека на крзното, гривата и опашката им дава посебен сјај :D На вебстраната има и крема за полирање копита и крема за оштетено крзно :D

    Дали навистина некој (човек) ова го става на глава?
     
  10. OlenceE

    OlenceE Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Да да, го ставаат. И има големи ефекти викаат. Јас лично не сум пробала, ама мојата козметичарка го користи и баш кажа дека и она и вереникот го користат, и е многу задоволна. Косата и расте многу побрзо, а и помага за да не опаѓа. Стварно и јас бев скептична, ама многу го фалат, дури и фризерката ми го препорача. Па сега не знам, јас само предложив ;)
     
  11. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Не, не ми кажа фризерката, бидејќи мајка ми ми ги стрижи врвовите за да не ме пострижат повеќе од оштетеното на фризер. :)
    И јас бев/сум желна за косата да ми порасне што е можно повеќе за пократок временски период, го прочитав ова на интернет (фемина или нотформен-не сум сигурна). И нормално е дека косата е поздрава ако се крати на пократок временски период и да не е оштетена (кога велам кратење, не мислам на 5цм, туку на неколку милиметри), отколку еднаш годишно.
     
  12. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14

    Јас ги користам на Орзене шампонот и регенераторот (моментално од пиво и пивски квасец) и можам да кажам дека од сите шампони досега тој највеќе ми се погоди :) секако секоја коса е различна и нема исто дејство кај сите, а иначе има ли и маска на Орзене? немам сретнато низ маркетиве.. :?:
     
  13. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    еве девојки сега ова го прочитав на еден српски форум и сите го испофалија овој рецепт за шампонирање

    *шампон од коприва
    *пантенол
    *капки од коприва
    *АД капки(воден раствор)
    *Б витамни во ампули(2-3)
     
    На Buubica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. S-a-n-4-e

    S-a-n-4-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Проба ли со пиво,какви се резултатите затоа што сакам и јас да пробам? :)
     
  15. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    и на мене ми го имаат препорачано тој шампон ама неможев д аго најдам низ парфимериите можеби го нема во нашиот град
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ja peglam jas da no ne mnogu 2 ili 3pati nedelno i toa samo 1 pominuvam a ne ja goram kako sto e bas peglanje po prameni,pa po delovi pa po ova pa po ona zatoa sto i prirodno m ie prava samo ja peglam za da ima sjaj, inaku ne mi e izgorena mene na vrvovite iako sum satirana so blans ne se vrvovite tie ostetenite tuku moze samo od blansot satiranite prameni no ne se primetuva tolku..Kosava ja sisav bas na sekoi 2meseci po 2-3cm i zgresiv definitivno sega kje ja ostavam da raste :)
    Inaku Orzene e dobar,samo prvpat slusam za regenerator posebno deka odi jas mislev deka kako paket odat kolekcija a poseben deka e samo samponot.Samoto toa sto e pivski sampon si go kazuva svoeto mozebi ne premnogu znacitelno pomaga,no sepak pomaga sigurno povekje od ostanatite obicni napuneti samponi so hemikalii :/ probajte go !


    [mod-kirilica:amqzrpny][/mod-kirilica:amqzrpny]
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас го користев шампонот и ампули од оваа фирма и можам да кажам дека стварно е класа ипол над останатите...како Нивеа, Елсев, Гарниер ....многу е добар...
    Јас си го купував од фризерката, ми кажаа дека сега во Космо го има, мада не сум го побарала уште...
    Значи 10-ка за производите на Еуген ;)
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Da, ima maska i toa ima za bojadisuvana kosa,za obicna kosa barem takvi sretnav bas preeska vo mojata prodavnica po cena od 221 denar:))))))
     
  19. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Јас го користев шампонот и ампули од оваа фирма и можам да кажам дека стварно е класа ипол над останатите...како Нивеа, Елсев, Гарниер ....многу е добар...
    Јас си го купував од фризерката, ми кажаа дека сега во Космо го има, мада не сум го побарала уште...
    Значи 10-ка за производите на Еуген


    А колку чини тој шампон????
     
  20. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    450-500 денари