Пивскиот квасец се раствара во една чаша овошен сок, јогурт, млеко. Се продава во Тинекс или во Зегин.
Лелееее.. Мене нагло почна да ми се изретчува косата, па еве првпат пробувам да ставам некој бучкуруш на глава. Косата ми е шишана пред две недели (ми беше до под гради, а сега ми е малку под раменици). - Значи за здрава - здрава е. Од денес почнувам со Elsève на L'Oréal. На 200 мл шампон ставам: - 1 ампула Б1, - 1 ампула Б6 и - 1 апмула Б12 Еден час пред бањање ќе ставам на косата рицинусово масло+пантенол......... Wish me luck!
Добар е, не е лош. Но, не е ништо посебно, како и секој друг шампон не може да направи чуда на косата.
^^^ Рецептов е испробан, пријателката која ми го кажа се излечи од косопад со помош на ова. Таа го користела овој шампон, а бидејќи и јас го имам порано користено и не ми направил проблеми, истиот рецепт го направив. Не очекувам којзнае какви чуда, не сакам нагло да ми порасне 15цм за 3-4 месеци, туку само да престане нагло да опаѓа и да ја добијам нормална густина. Зошто вака не можам ни собрана да ја носам, имам многу големи проширени залистоци. Благодарам на поддршката, ќе пишувам ако има новости, а се надевам ќе има Морам да редактирам: Шампонот е 400мл, така што дозите за ампулите ги удвоив. Па така, наместо по една, ставив по две - (за да ја добијам истата концентрација, нели)
Многу зависи растот на косата од исхраната,лани имав ниско железо и косата можам да кажам ми беше катастрофа,а последниве месеци мн ми порасна и има убав сјај и сите ме прашуваат што користам.Се хранам мн здраво,сега железото ми е супер,и го користам орзене шампонот и регенераторот,ептен ми се погоди ,презадоволна сум!
А го имаш испробано на себе овај шампон?зш малку ми е чуден дека коњски ама ако дава резултати,ако сака магарешки нека биди го купувам
Имаа напишано во темата за опаѓање на косата- шампонот го викале коњски бидејќи за тоа и бил- за коњи
Па знам дека е коњски затоа и пишав ако го има некој испробано коњскиов шампон да се мијаме сите и ке имаме коси бетар од коњски опашки
Јас сум презадоволна од ампулите Б6 и Б12,мене косата ич не ми раснеше дека и плава плус ама откако корисам ампули ми подраснала така да ке си продолжам,и сакам да го купам тој шампонот од Еугене за раснење на коса и се надевам ке ја добијам посакуваната должина
Meне многу ми помогна, по 4 ставам во едно шише шампон и кога ја мијам косава,оставам шампонот да ми постои 5 минути на косава. За два месеци ми даде резултати,колку што не можеше ни за 5 месеци да порасне.
^^ Драго ми е, сериозно. Мојава нејќе ни да чуе. А освен тоа, никако не се отплеткува после миење. Па најверојатно на следното фарбање наместо фарба ке употребам депилациска крема.
Meрлин Монро- користи и субрина после шампонот и пред да излезеш од туширање исчешлај ја косата. Јас така правам и немам проблем со плеткање на коса. А,исто друга можност се оштетени врвови. Ако,не, тогаш косата ти е навистина тешка eassyy Не ставам ампули, туку апчиња Б-комплекс. Тие ги содржат сите Б-витамини. Во аптека ќе ги најдеш, не ти треба ни рецепт ни ништо,а и евтини се,околу 50 денари. Ги преполовувам и ги ставам во шампонот, веднаш се топат. Само имам кажано, да не се претерува ко демек, ако ставиш повеќе, побрз ефект, пошо големи се шансите и да ти се збувне косата. 4 се сосема доволно. *edit: заборавив да кажам дека користам шампон-Recept против опаѓање на коса и за забрзување на растот.
А! Епа јас од бреза користам со ампули Бевиплекс, и од него ми се тутка косата, после миење расчешлување - поретко. Ако не ставам маска или регенератор - и следи истребување. Инаку претходно со друг нормално ми реагираше.
коса.....тоа е мојот најголем проблем!!!!! што немам пробано,буквално шо немам ставено да ми расте но никако....3ипол години се направиа кај мене косата најмноогу 2 цм само ако има пркнато.....Толку години и сум плавуша па највероватно и до тоа е некаде како и секојдневното пеглање но сепак мислам дека добри третмани и правам редовно,значи се бланширам секој месец во коренот(сакам да кажам на врвите не ја чепкам) и тоа на фризер со фарбата keune,користам еднаш неделно маска,nivea repear а пак за шампони и регенератори да не правиме муабет,од природните масла рицинусово во коренот,бадемово за врвови,маслиново за сува а сеа и последниве месеви ги користам шампонот и лосионот на субрина рецепт ама послабо релзутати .Малце можеби сум оф топик(сепак мислам дека не сум за Во Идеално русокоса) но сепак сакам да прашам доколку некоја плавуша имала ваков проблем а го решила да го каже спасот КАКО ПОБРЗО ДА МИ РАСТЕ КОСАТА???
Аshling како ко објаснуваш тоа да ти се збувне косата?Јас по мое разбрав да ти се згусне.....а ако е тоа јас и 10 ке ставам хааххахаха многу ми е реткааа кога ми е мрсна главата ми се гелда