За ова едниствен спас е само да се исфарбаш во некоја друга боја и јас го имав истиот проблем, многу се оштетува така косата
E,така мислев. Малку чкљ дијалект мавам Да добие на волумен косата. Пробај,штом ти е ретка, се надевам дека ќе добиеш резултати за кратко време
И јас го имам истиот проблем и лек за нас е само да се префарбаме некоја др боја,ама па жал ми е толку нерви и пари уложив да ја добијам бојава и сеа да ја менувам, уфф тешко уште не сум се одлучила ама кај и да е ке мора зашто вака не иде
Ја имам таа (не)среќа да ми растат влакната бргу. При депилација со восок влакната ми растат за 5 дена. И со косата е исто... само ја мрзам фризери и шишање, и официјално у фебруар направив една година како сум била на фризер. Од прилика од лани до сега косата ми беше подолга за 20-25цм.
Денеска ставив Б-комплекс таблетки во шампонот. Без задоволна од ампулите, иако Б1 во ампула мириса одвратно Во 150 мл шампон искршив 5 таблетки Б-комплекс , веднаш се стопија и иако морбидно го обоија шампонот во црн морам да кажам дека косата е убава и сјајна сега кога ја исушив. А за побрзо растење ќе видиме, се' уште е рано да се каже. Таблетките сепак се подобри отколку ампулите. Јас би ви препорачала да користите проѕирни шампони, без додаток на балсам или регенератор во нив, како 2 во 1, или 3 во 1. Не ја мрсат, ниту отежнуваат косата дополнително. А за расчешлување не ставив маска (и неа се обидувам да ја сведам на минимум) туку само малку кристали на врвовите и немав проблем.
Зошто мислиш дека таблетките се подобри отколку ампулите? Ампулите како таква пакувана фармацевтска форма се наменети баш за да се додаваат на веќе постоечки продукт или да се нанесуваат директно на целното место. Додека таблетките се за перорално земање.. Можеби таблетката се растоворила во шампонот, но тоа што тој се обоил црно е знак дека настанал некој нус производ, кој не е очекуван.. Никој не знае дали може да ти направи штета. Јас би те посоветувала да се распрашаш повторно. Чинам дека таблетки не се наменети за таква употреба. Не сум магистер по оваа област, но сепак ... Те молам да го земеш во обзир мојот коментар.
^ Што знам, сега ме замисли... Ама јас сепак по советот на Ашлинг си тргнав. Прочитај ги коментарите погоре, кај неа немало никакви нус-појави. А и не можам да сфатам каква нус-појава ќе се појави од витамини, искрено. Ако нешто не е во ред, секако ќе прекинам да го користам .
^ Секако, активната комонента на таблетата е витамин, но лекот или лековитата супстанција не е сочинета само од активната компонента. Таблетката е технолошки произведена за да делува на целно место.. Наменета е за да се пие, впрочем така е и дизајнирана, содржи останати компоненти кои и овозможуваат да пројде бариери и да избегне разложување пред да дојде на целното место. Витамините се корисни доколку правилно се земаат, но лесно можат да се разградат и да немаш никаква корист. Зошто не пиеме ампули б1/6/12, туку пиеме таблетки? Зошто постојат ампули? Мајка ми е фармацевт, јас и кажав за ова со витамините во шампон и таа ми зема ампули. А инаку таблетки си пијам редовно секој ден, и покрај овие во шампонот. Сепак, да не испадне дека непотребно мудрувам и бегам од тема, распрашај се, најпријателски .. Едит: Таблетките б комплекс јас секој ден ги пијам, а за коса користете ампули beviplex. Toa e исто.. Мешавина од сите витамини во една ампула.
Зборот КОМПЛЕКС се надевам ти е доволно јасен. Не е точно. Таблетите б-комплекс се обоени со природна кафеава боја. И во рака да ги чуваш, раката ќе ти стане кафеава. Тоа е некоја нус-појава? -.- Мене шампонот од бел,ми е кафеав... па ништо нема. Па нема пропан2он во витамиски апчиња Значи да повторам. Б-комплекс се викаат затоа што ги содржат сите б-витамини и затоа има побрз ефект,отколку да користиш два витамина б, на пример б-12 и б-6. Значи апчето Мандаринке е исто како и ампулата. Ова ти е нешо као.. ти ставаат парацетамол во инфузија или ти даваат апче да го испиеш. Само што во инфузијата можеш да имаш и прост шеќер да не речам блага вода
Абе жени составот е ист... Ампулите Бевиплекс се всушност Б-комплекс ампули. Зошто таблетките подобри од ампулите, или обратно (како и да беше)?
hock: Сега се сетив дека б комплексот е кафеава дражеааааа, хахаха. Јасна ми е промената на бојата. Не знам како можев да не се сетам . Затоа си реков како може да не ве чуди промена на боја... хохохохохох Како и да е, сепак мислам дека за во шампон се ампулите посоодветни (течност во течност v.s. цврста материја во течност, нели ) Пак кажувам, ако е нешто наменето за да се ПИЕ тогаш треба да се пие, а не да се раствора. На фризер не за џабе АМПУЛИ ставаат на коса. Впрочем истите се продаваат и во аптека ти само си ги кршиш и си ги нанесувааш директно на коса. ДА не навлегувам во понатамошна дискусија, ова е мое мислење на крај краева, на кој како му чини, само сакав да дадам добронамерен совет п.с. Превземено од страната на силуете: Бојадисување и третмани за коса За здрава и квалитетна коса, пред сèе потребна правилна исхрана богата со цинк и витамин Б. Ако сакате да имате здрава и убава коса, треба соодветно да ја негувате. Под негување се подразбира косата редовно да се скратува од 1 до 2 цм., да се освежува со маски кои и даваат живост, ја прават сјајна, мека и еластична. За регенерирање на косата најчесто се употребуваат ампули. Тие се наменети за оштетена коса, против опаѓање, против првут, против мрсење на косата, за ревитализација на косата и сл. Фарбањето на косата може да биде особено штетно за нејзиниот квалитет. Меѓутоа, ако се препуштите во професионалните раце на Silhouette, вашата коса ќе блеска. Соодветно на годишната доба и на (не)оштетеноста на вашата коса, ние практикуваме различни начини на бојадисување на косата. Иновативни се пените во боја со витамини кои не ја оштетуваат косата, а ја прават сјајна, здрава и убава, при тоа давајќи го ефектот бојадисана коса што се постигнува и со нормалните фарби за коса. Паралелно за вашата коса се грижиме со квалитетни силиконски капки, маски, ампули, масло и балансер кои го хранат влакното и ја прават косата совршена.
ТОЧНО! исто е... б комплекс и бевиплекс е иста генерика, но различна фирма ги произведува, затоа поинаку се викаат. Инаку мислам дека таблетите се поефективни кога ги пиеме, отколку кога како такви ги раствараме во шампон. (http://www.replek.com.mk/Farm/detaliLek.asp?id=9 -Овде пишува во кои состојби е препорачливо да се пие б-комплекс и на што делува) Ампулите се нанесуваат или директно на коса (Аура ампулите се многу добри), или ампули на витамини растворени во шампон. а т. Муабетот ми беше дека ако толку мислите дека б - комплекс е подобро од б1+б6+б12, тогаш ставајте си во шампон АМПУЛИ б-комплекс, а не дражеи б-комплекс...
Јас пишав дека е истиот состав на двете, па не е важно кое од двете се става. А тоа погоре за ампулите што си го пишувала... нема врска зашто се однесува на ампули кои се со посложен состав и служат баш за бојадисана, за оштетена, за мрсна коса итн... Овие ампулите Бевиплекс што ние ги користиме не се баш за коса, т.е. за растварање во шампон, туку се користат за јакнење на имунитет, за интравенозно вбризгување во мешавина со инфузија итн. Ние им најдовме поинаква намена, значи исто е дали тоа, дали дражеи Б-комплекс.
Мandarina88 Си слушнала за цврсти супстанци што се раствараат во супстанци со течна агрегатна состојба? Исто како коцка шеќер кога ќе ставиш во вода. Никаде го нема тоа правило дека течност во течност се раствара само,а све друго е научна фантастика за нас. Исто како што масло не можеш да раствориш во вода,па и двете се во течна агрегатна состојба. Duh -.- Taка да исто е дали е апче или ампула, доколку и двете го имаат истот состав,само агрегатната состојба им е различна. Не бегај на часовите по хемија, некогаш и корисни се. *Патем за Б-комплексов апчињава имам потврда и од фармацевт дека не се ништо штени. Зошто се сепак витамини. Vitamin B complex and hair go hand in hand. If you take adequate amount of B complex, you will find an increase in shine, luster and growth of your hair. Alternatively, if there is low intake of these B Vitamins, it will lead to hair shedding, dandruff, hair breakage and slow growth.
Мислам дека прочитав еднаш на што сакате да ми укажете, нема потреба да ме правите глупава или неписмена. Студирам струка која е можам да кажам поврзана со хемија, и не ми е "научна фантастика се што не е течно-течно растварање" Знам дека постојат и суспензии и емулзии итн итн да не бегам повеќе од темата... РАЗБИРАМ ШТО САКАТЕ ДА МИ КАЖЕТЕ! Моја грешка што заборавив дека б комплекстот е кафена дражеа, па затоа морав да искоментирам дека не е нешто во ред со растварањето на дражеата ако се обои шампонот, бидејќи верувајте цела тема ја следам одамна и не сум прочитала некој да пише дека бојата на шампонот темно се обоила. Па прокоментирав дека сигурно нешто не е во ред и помислив дека е тоа поради разликата во пакувањето. Имав најдобри намери кога се вклучив во муабетот, не мора да ми кажуваш дали сум требала или не да бегам од хемија. Тоа што го имам јас како некое познавање, не ми кажуваше дека Трендафилка направила добра работа со таблетите и ја посоветував СЕПАК да праша, реков дека НЕ СУМ СТРУЧНА ЗА ДА ПОПУВАМ, НО СЕПАК ништо не ја чини да провери. Не ми беше јасно зошто кога ампулите се совршени за ваква употреба, вие користите таблетки/дражеи и што и да е... Штом велиш дека имаш потврда од фармацевт, во ред е.. Но јас не зборував за ШТЕТНОСТ на витамините ако се растворат како такви туку ЕФИКАСНОСТ на истите.... И тука јас се повлекувам, нема потреба од понатамошно објаснување. Сепак останувам на тоа дека кога би требало да се бира, иако се ист состав, ампулата е поефикасна кога е растворена во шампон отколку цврста пакувана форма. РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ ПОКАЖАТ
Значи прочитав за овие Мez spezial витамините многу поделени мислења овде..е сега јас си плуснав 500 че па се надевам ќе имаат ефект кај мене. Само да ве прашам овие што ги имате пиено, по 2 пиевте или едно, аптекарката ми рече како сум си сакала..а јас изгледа незнам како си сакам, па собирам искуства.
macence85 да не те обесхрабрувам, пиј ги штета нема да имаш, ама мене искрено не ми помогнаа. Јас имам проблеми со опаѓање на коса, испив 3 дози, сега правам пауза (така ми кажаа на лекар), ама никаков ефект од нив немаше.
Прво. Незнам зошто мислиш дека те правам неписмена или глупава. Никаде не го реков тоа,а и по два твои напишани коментари сигурно не можам да те проценам доволно за да си земам право да те наречам така. Поготово не после тоа што сепак знаеш да прифатиш мислење Б-комплексот е многу поприродна супстанца, отколку тие сите ампули и незнам ти шо, што ги редат на фризер. Плус е и поефтина варијанта, отколку да купуваш некакви си шампони незнам ти што. Еве еден пример, една познаничка купуваше некој си шампон за растење коса 600 денари го плаќаше и секој ден ја миеше косата. Да,косата и порасна, но толку и се оштети и толку и стана сува и за никаде, сега и е буквално ко метла. За разлика од јас што ги користам б-комплексов, косата ми е сосема здрава и задоволително порасната со оглед на тоа што ги користам само два месеци. Не можам да ти го најдам делот каде што рече "течност во течност се раствара" Ти кажав дека не мора да значи и ти образложив со најпрост пример-коцка шеќер. Не е нешто посебно,ни хемијава не е моја струка,ама општи работи се овие. Затоа што користев ампули, по 6 имав ставено во шампонот- 3 Б-6 и 3 Б-12. Ефект немаше,се додека не ми кажаа за Б-комплекс. Така да си кажувам проверена варијанта по мене, не го измислувам ова. Ти дадов и извадок на англиски каде што добро беше објаснато еден од многуте дејства на Б-комплексот без разлика дали се апчиња или ампули, зошто исти состав се. Ампулата побрзо се раствора, бидејќи е течност. На апчето му треба да речеме еден час да се раствори. Тоа нема врска со ефект,туку со временски интервал на растворање. Ништо повеќе. Ампула со еден витамин не е исто како апче со сите истородни витамини.
^ Ти благодарам од срце на времето, разбирањето и објасненијата..... Сега дефинитивно недоразбирањето е решено Инаку, што се однесува на Мерц специјал дражеите, јас пак знам од снашката дека многу и помогнале, таа има плава бланширана коса, и имаше проблем со регенерација на истата. Ми се пофали дека и делувале позитивно и на косата и на ноктите. Ми ги препорача пред некоја недела кога и кажав дека драстично ја скратив косата со цел да ја растам здрава, но еве сеуште не сум ги купила. Скапички ми беа па пробав со поефтинава варијанта.. Дефинитивно заклучокот е дека колку што сме ние различни толку има и можни ефекти за даден рецепт на секој поединец кој ќе го испроба на своја кожа. Останува тоа овде да споделуваме искуства и да пробуваме нови нешта. Дали од тоа ќе има позитивен исход, многу фактори влијаат
Феминки драги, денес добив еден многу важен совет, што се однесува на овие шампончиња+ витамини!! -Откако ќе го нанесете шампонот, добро измасирајте ја главата како би можеле активните состојки побрзо и подобро да се апсорбираат, и воедно да ја подобрите циркулацијата во главата.. Потоа, оставете ја косата шампонирана отприлика 4-5 минути, па добро исплакнете со млака (накај ладна) вода. * НЕ Е ПРЕПОРАЧИВО ДА ПЛАКНЕТЕ КОСА ВЕДНАШ ПО НАНЕСУВАЊЕ НА ШАМПОНОТ ИЛИ ПАК СО МНОГУ ТОПЛА ВОДА, ЗОШТО: a) ГО СКРАТУВАТЕ ВРЕМЕТО ДА КОРЕНОТ ГИ ПРИМИ СИТЕ ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ КОИ ШАМПОНОТ ГИ СОДРЖИ И КОИ ОЧЕКУВАТЕ ДА СЕ АПСОРБИРААТ. б) МНОГУ ТОПЛАТА ВОДА ГИ ДЕГРАДИРА ВИТАМИНИТЕ, А И НЕ И ГОДИ НА КОСАТА. Вака со млако-ладничка вода, ќе подобрите циркулација на главата, косата ќе има повеќе сјај, а вие ќе бидете сигурни дека витамините се успешно апсорбирани.