Како сте задоволни од Avon- Advance Techniques шампонот (Damage Repair) ? И од тој третманот со 5 фази? Пробал ли некој ????? Се мислам дали да ги нарачам ;/
Јас го користам тој за тенка коса, а дечко ми тој против првут и двајцата сме задоволни. А овој го немам пробано, но мислам дека е добар, бидејќи сепак е од истата линија, Advance Techniques.
В аптека, јас го среќавам по аптекиве Прилеп, и си велам да го купам место рецепт, ама кој да дава пари за експерименти
Го има ли некој користено од Keune регенераторот за сува и оштетена коса кој не се мие? Како сте задоволни од него?
Jас и сестра ми го користевме тој против првут и ич не ни помогна. А еден школски ми рече дека на него многу му помогнал, најверојатно не е кај секого исто
А што со мојата виткана коса, не ја кратам и се иста должина. Домашни рецепти за забрзување на растот знаете?
Пијте боза. Бозата е полна со Б витамин. Потоа купете од аптека капсули на база на лук (на Калифорниа фитнес), тие и влијаат на растот на косата! Поздрав, Lilija.
Јас су многу задоволна од апчињата б-комплекс што ги ставив во шампонот.До сега ја измив 5 пати ,и супер ми делува Косата ми е многу мека, почна помалку да ми се мрси Не знам до што е
Ај кажи ми подетално кај ги купуваш како ги ставаш објасни ми ако сакаш и дали ја третираш косата со фарба,фен,пегла било што зошо ја ем ми е фарбана ем ја пеглам 3пати неделно:/
баш пред 2 дена си ко купив производов од космо, околу 350 денари беше, и еве сега си ставив на косата но не можам да пишам резултати само од едно ставање треба подолго време да се употребува а заприметив дека прекрасно мириса и сигурна сум дека е одличен, како и сите останати производи од keune
леле пред 5-6 години за прв пат купив маска на Кене ваква мислам беше, дадов цели 600 денари абе сто пати ги прежалив, косата ми беше како искубана, мртва, ма за никаде, ја дадов на мајка ми и на неа и даде ист резултат, се чудевме како може толку скапа и јака фирма,а катастрофа резултат. НИКАД ВИШЕ!
Asling те молам тогаш кажувај што треба да се направи ако резултатите се толу добри. Се надевам дека не ја оштетуваат косата. И може сув квасец место апчиња?
Значи вака,Ова тука го прочитав на форумот и си реков ке пробам и јас Апчињата ги купив од аптека 35 ден има некаде отприлика 20 и нешто во тоа кутичето.Пред да ги ставам во шампонот првин ги измив,нели да не ми го избои шампонот па ги столчев убаво и добоја жолта боја,што и шампонот ми стана жолт.Иначе јас косата ја фарбам на 3 или 4 месеци зависи.Последен пат ја кратев косата во февруар и тоа на почетокот а исто така се фарбав, е од тогаш се имам испеглано 5 пати целата коса.Само ги пеглам шишките на 2 дена бидејки имам природна коса(не ми е многу вртена,но највеќе напред баш кај нив) Се одвикнав многу од пресата,Одпорано секој ден ја пеглав и тоа на ден по 3-4 пати. Сега најчесто ми е собрана во пунѓичка и напред ишките ке ги запеглам и ми изгледа супер. Пробај и ти да не ја пеглаш толку косата,фати си ја во репче или пунѓа,верувај ми ке се одвикнеш колку толку
Аааа епа добро јас се плашев да не добијам некоја боја од апчињата дека се фарбам плава иначе за пеглање морам 3пати неделно зошо ептен ми е без врска не ми е прекршена права ми е ама на некои места на врвовите е прекршува и ги пеглам само врвовите. Фала мноогу
Потенцирав! Damn it. Од сите 136 страни, истите та истите рецепти се повторуваат,само различни луѓе ги кажуваат, а од продуктивни коментари можеш да извлечеш само 3 страни максимум.
....и сепак после 136 страни дојдовме до заклучок дека косата неможе да расте побрзо. Ама пуста надеж
Вчера една пријателка на мајка ми ми спомна за некоја смеса што ја користела ќерка и. Нешто од витамин Б12 и лимон. Се тоа се мешало и се мачкале корените. Демек ефективно било. Јас не користам такви работи. Оставам на природата