Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. Octagon

    Octagon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Домашни рецепти за побрзо растење на косата

    Доколку косата е здрава и негувана, постојат реални можности да се забрза нејзиното растење. Производите што ви ги нудат парфимериите ги содржат истите состојки од природата.

    Направете место во тетратката со рецепти за нови и проверени што само позитивно може да дејствуваат на вашата коса. Еве ја листата, а вие можете да почнете да ги тестирате.

    Маслиново масло.

    Еднаш неделно ставете ѝ на косата маслиново масло и чувајте го околу 30 минути. Потоа нормално измијте ја косата.

    Алое вера и мед.

    Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.

    Кромид за здрава коса.

    Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.

    Алое вера и кромид.

    Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.

    Сок од домати.

    Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.

    Масло од рузмарин.

    Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.

    За масажа...

    Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.

    Многу сум задоволна од рецептов, само тие работите со кромид не ги ставав веќе, затоа што косата пре, ПРЕ УЖАСНО ТРУЕ!!! :puke:

    Ако сакате нешто повеќе да ви кажам за ова, слободно пишете! :)
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    луѓе кај можам да најдам алое вера?
     
  3. Octagon

    Octagon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Во аптека! Ќе те праша за пиење или мачкање, тебе ти треба за мачкање! Околу 450 денари е. :)
     
  4. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    јас користам шампон од бреза обичните што се и мн ми помага за растење и ја мијам на секои два дена и мн брзо ми расте али на пр. ке го користам тој од бреза една месец ќе сменам после друг и пак од него и вистина има разлика брзо расте или доколку ја исфарбате коста со кана исто расте брзо и ја зацврстува коста мене и со обилчна фарба ми е мн добра па пробајте :)
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас се мијам со Орзене ќе пробам со ампули во течност 3 шишенца ми дадоа во аптека се ставаат сите 3 различни Б-витамини се па ќе видиме ;/
     
  6. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    И јас користам ORZENE Beer косата ми е многу поубава отколку што ми беше, пробав многу средства за против опаѓање на косата и побрз раст ништо не ми помогна.Многу често ја фарбав и ја менував бојата на косата, и многу ми падна косата.Ампулите немаат никаков ефект од аптека според мене, јас користев Рецепт шамопон со ампули б6,б1,б12 и немав никаков ефект на мојата коса.Но сега сум многу задоволна од ORZENE Beer + регенератор користам од ORZENE, косата ми е порасната и ми е малку згусната. :)
     
  7. Octagon

    Octagon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    А кој Орзен го користиш? Тој што е од пивски квасец ( за оштетена коса ) или некој друг??? :^)
     
  8. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Да, со пивски квасец тој што е го користам (ORZENE Beer) и регенератор користам бел мислам дека и тој е Orzene beer регенератор ќе си видиш убаво кога ќе купуваш зошто има други видови на Orzene, овој е кафен шапонот а регенераторо бел а има и маска али немам јас маска, а мислам да купам и неа да ја пробам.Не е скап го има секаде мислам, и пробај го па ќе видиш што ефект ќе имаш.Јас ти викам го користам него два месеци и косата ми е згусната,убаво мириса и ми е порасната. ;)
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја па шо знам од Орзен нормално ми расте по 1,5цм месечно:/ и ја ја фарбам еднаш месечно и ќе пробам со ампуливе иако верувам дека е можно да помагаат зошто Б-витамините го забрзуваат растот на косата ги препорачуваат во аптеки додека ми го фалеа исто рицинусовото масло за растење демек било во аптека ми рекоа врска нема..
     
  10. kmtp

    kmtp Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас многу ја фарбав косава и многу ми паѓаше и сакав да ја пораснам мојата коса и ја миев со коприви тие растат насекаде :) За 8 месеци ми порасна 2,5 педи навистина ептен брзо расте и ја зацврстува косата,а и за против опаѓање е убав и шампонот фитовал го има по аптеките,а копривите се навистина ефикасни пробајте :)
     
  11. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Здраво девојки :) јас имам проблем со прву ... мнооогу имам ...сум користела медицински шампони.. не ми помагаат , сум користела и фитовал ...
    Ми помага head and shoulders но не целосно одвреме на време ми се појавува и многу ме нервира :( кажете некој друг препарат природен-хемиски...било каков.
    А за побрз раст на косата е потребно секојдневно да се мие ... како што расте тревата со често наводнување така расте и косата :) поздрав девојки...
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Си пробала Реконазол за првутот? Медицински шампон што се става само на коренот од главата и се трие 2-3 минути 2 пати неделно, мене многу ми помага и незаменлив ми е против првут.
    Туку да не бегаме од темава..јас пред 1 година имав проблем со опаѓање на косата. Многу почна да ми паѓа што не беше во нормални граници и ми се изретчи, па почнав да го користам шампонот Алпецин и не користам веќе други шампони освен тој и уште еден италијански Keramine H и веќе 1 година не ми се случило да ми паѓа толку многу косата и почна да ми се обновува. И двата се шампони за спречување на паѓање на косата и убрзување на нејзиниот раст. Е сега јас колку што знам и не е толку здраво да се мие секој ден косата и ја мијам на 2-3 дена зависи колку ми е измрсена.
    Имам долга коса и многу ретко ја шишам од причина што ја растам повеќе години, а кога ќе отидам на фризер ми се чини дека многу ми ја кратат, па поминува долго време додека ја вратам должината и сеуште не сум се убедила дека колку почесто се крати толку повеќе расте.
    Бидејќи се фарбам приметувам дека за 2 месеци ми расте отприлика 2-3 цм. од корен со користење на гореспоменатите шампони (ако е до нив). Е сега ако се мие почесто косата со нив може ќе расте побрзо ама не би експериментирала иако сакам уште подолга коса. Инаку има и додатни лосиони и ампули од колекциите на Alpecin и Keramine H кои се користат во комбинација со шампоните за поголем ефект ама сето тоа кошта. Иако шампониве се доста поскапи од вообичаените што ги има по маркетиве, мене ми траат многу подолго зошто доволно е мала количина да се стави за убаво да се распени шампонот и да се измие цела коса и тоа долга.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ај појасни ми како со копривите? :)
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    може да ми кажеш колку пари се Реконазол и Алпецинот и каде можат да се најдат? :)
     
  15. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Алпецинот е 460 денари,јас не би ти го препорачала бидејќи го користев и не сум воопшто задоволна од него,подобро купи си Фитовал стварно е добар шампонот и поефтин е. :*
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Реконазолот против првут е околу 130 ден. и го има во сите аптеки.
    Инаку додека не пробаш не можеш да знаеш како ќе ти делува нешто. Кај мене па Фитовалот неќеше да фати, а доста луѓе го фалат и него. Мора малку претходно да се експериментира, сепак секој индивидуално си реагира, па што ќе даде најдобри резултати тоа да се користи.
    Алпецинот и Keramine H се скапи шампони и тоа во различни аптеки по различни цени сум ги наоѓала, Алпецинот најефтин 412 ден. (ако не го покачиле во меѓувреме) во Реплек, а во Виола најскап 460ден. Другиот шампон е 460 ден. во аптеката во Cosmo и Зебра, а во друга аптека спроти Соборна црква 500 и нешто ми кажаа.
     
  17. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    386

    Јас еден период почнав со коприви да си ја мијам... Исушени..си ги правев како чај. Ама само еднаш, два пати ја имам исплакнето косата со тоа, мн грозно ми мирисаше и се откажав
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ахаам, а има ефект? Јас ако не да пробам така, па потоа со шампон со ампули плус:/
     
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Ова со чај од коприва и јас го правам, ама мојот е од филтер кесички и не мириса никако после тоа косата. Е сега ефект за побрзо растење нема, барем кај мене,ама затоа ми е некако посјајна и поцврста. Инаку ако имаш светла коса, може да ти ја обои па види околу тоа. :)
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Аууу никако плава коса имам јас и тоа доста светла :/ Аии фала на предупредување :/ нешто друго освен ампули? Јас ставив 3 ампули б1,б6 и б12 во Орзене од 400мл. Чекам резултати :/