Нема шанси за месец дена што и да ставаш треба за се да почне да делува време.Прочитав поназад дека за кожа треба најмалку 4-5недели, а за коса 3месеци.Не знам дали е баш 3месеци најмалку ама еве јас почнав неколкупати се измив со шампонов во кој имам стаено ампули и нема баш ефект па чекам,ако не ќе почнам можеби да ја мијам со чај од коприва.Туку прашањето ми е дали ако се пие чајот од коприва, а не се нанесува само на коса почнува забрзан раст по моја логика на сите влакна на телото цури ?
мене фризерката ми препорача шампон од коприва а во него да се стават б- комплекс гранули , и секако еднаш неделно маска за коса и по секое капење да ставам силиконски капки на врвовите. Исто потрудете се да бидете поопуштени бидјќи еден период косата не ми растеше од стрес, атоа е можно кај секого.
Гранули? Или ампули? Гранули колку што знам јас се оние што се јадат во разни бои Јас маска за коса ставам по секое миење на косата на пола коса кон врвовите, а ако мислиш на маска како на пр. матено јајце тогаш ок прифаќам
да баш тие што се јадат Б-КОМПЛЕКС ГРАНУЛИ и при самото триење на косата и топлата вода тие се топат и навлегуваат во кожата
СЕ согласувам најдобри се за растење на коса, се разбира треба и почесто миење, колку почесто се мие косата толку побрзо расте
Здравјето и косата Косата не е само еден од аспектите на нашата личност, туку и показател за тоа колку се грижиме за нашето здравје. Стресот, видот и квалитетот на храната која ја јадете се одразуваат на косата. Ако не водите грижа за себе и имате нездрава и небалансирана исхрана, вашата коса ќе ги изгуби сјајот, еластичноста и ќе стане кршлива. Избегнете го или погрижете се за тоа преку конзумирање здрава храна и редовно вежбање. Протеини Косата е примарно направена од протеини и затоа потребно е да се внесува храна богата со протеини. Протеините ја зајакнуваат косата и ја заштитуваат од кршење и разделување на краевите. Во квалитетна храна која содржи протеини и која е корисна за косата спаѓаат: риба (особено лосос), млеко, житарици, месо (пилешко и мисиркино), јајца, грав и сирење. Вода Водата зазема една четвртина од вкупниот состав на косата. Таа ја прави косата мека и еластична и затоа треба да се внесува вода во доволни количини. Не дозволувајте да ожеднете па да пиете вода. Доколку сте жедни тоа значи дека сте изгубиле вода и вашето тело бара надополнување на загубата. Пијте доволно вода за да имате свиленкаста и сјајна коса. Минерали Различни минерали се потребни за здрава коса. Железото ја снабдува косата со кислород, а недоволна количина железо ќе ги изгладне фоликулите. Богат извор на железо се црвеното месо и темно зелениот зеленчук (спанаќ и брокула). Цинкот го спречува опаѓањето на косата. Toj во големи количини се наоѓа во месото и морската храна. За подобра боја на косата потребно е во исхранатa да е вклучен и бакар преку внесување на свеж зеленчук, ореви, месо и црн дроб. Витамини Вашата исхрана мора да изобилува со сите потребни витамини кои помагаат во развојот на здрава коса. Витаминот А го прави скалпот здрав и е добар за кожата. Внесувајте го преку јадење зеленчук, особено преку моркови и спанаќ. Витамините B и C го поттикнуваат растењето на косата и придонесуваат за убава боја. Со внесување на овие витамини ќе имате здрава коса и ќе ја заштитите од разделување на краевите. Затоа, јадете овошје, зеленчук и житарици. Витаминот С исто така придонесува и за подобра апсорбција на железото, чии ефекти врз косата претходно ги споменавме. Затоа внесувајте портокали, јагоди, киви и лимони, плодови кои изобилуваат со Витамин C Вежбање Покрај здравата и разновидна исхрана важно е да вежбате правилно и редовно. Со тоа ќе ја стимулирате циркулацијата низ телото, соодветно и во вашиот скалп и ќе помогнете за растот на косата. Мали совети - Пред миење на косата секогаш чешлајте ја. Така, при шампонирањето полесно ќе ја исчистите гнасотијата од косата. - Масирајте го скалпот на главата со масло барем еднаш месечно. Оставете го маслото преку ноќ и наутро темелно измијте ја косата. Се препорачува употреба на бадемово масло. - Избегнете користење на фен и препарати за коса секогаш кога можете. - Користете млака вода за миење на косата, додека за последното миење пробајте да користите што е можно поладна вода. - Никогаш не ја чешлајте косата кога е водена бидејќи тогаш е најкршлива и може да изгубите многу коса. - Шишајте ја косата на секои 6 – 8 недели, за да спречите разделување на краевите. - Избегнувајте многу солена храна, рафинирана и конзервирана храна. Јадете свежа храна што повеќе.
И јас ова го слушнав од некаде, дека колку почесто ја миеш толку повеќе ќе ти расте, демек као тревата, повеќе вода-повеќе расте, и една фризерка ми рече дека нема врска, со честото миење можеш да дојдеш само до мрсна коса. А забрзан раст НЕ.
- Избегнете користење на фен и препарати за коса секогаш кога можете. Добро ова советиве за здрава коса се супер само што јас кога не ја сушам со фен ми е како сплескана како измрсена неубаво изгледа а фенот ми ја права бујна косата така да не можам да се откажам од користење на фенот и затоа никогаш нема да ми порасни косава.
б комплекс апчињата се пијат , и чинат 30 денари гранулите се ставаат во шампон не знам точно колку чинат тие ама еве феминкиве викат не помагале ич
замре темава некако......туку, да ве прашам....од докторс тој шампонот со прополис, божем за побрз раст на косата, го има некоја користено?
Од докторс не сум користела, ама од рецепт со хмељ шампонот на другарка ми косата турбо и порасна. Аман мори и викам запри малку ќе ме престигне људи мои. Сега и јас сум во план да си го купам И дупла доза инЈекции во него да ставам
Јас пиев Дермабион таблети,за коса,кожа и нокти,ептен ми помогнаа,косата почна да ми расте многу побрзо.Има навистина резултати,а не се скапи,околу 130 денари се,во секоја аптека може да се најдат
Агирл, поим немам. Ај ако одам да земам ќе те известам. Другарка ми го земала на поминување, имало некоја акција и 200 милилитри плус нешто така, за згуснување демек ама стварно и се гледа дека и порасна. Ама и она почна да ја чува, не ја гори веќе.
150 денари ама мислам 400 мл, јас пак го користам само лосионот, приметив дека ми расте повќе од што ми растеше и ми мириса на машка пена за бричење .