Против пиење капсули или таблети пивски квасец сум (предизвикуваат вториве хормонално пореметување). Со пиењето на хемиски супстанци кои го забрзуваат растот на влакната и ноктите, не расте само косата туку сите влакна по телото. Па не мислам секојден да се депилирам и пак да не се осеќам убаво и мазно, да ми растат сегде влакна да се осеќам ко мајмун, претеран раст е тоа па што и да расте косата аналогно на тоа растат сегде влакна уште побрзо. Затоа сум против пиење, а ЗА ставање пр. ампули во шампон, знаеш дека го нанесуваш само на коса и само таа расте. За миење коса со коприви само на коса знаеш дека е, за ставање маска од јајце врз косата (ја прави поцврста и дава сјај + содржи протеини кои многу помагаат во растот на косата). Затоа не консумирајте затоа што ќе се зголеми растот на сите влакна по целото тело и ќе затворите еден проблем, а ќе отворите милион нови. Ставајте што ставате само на коса, знаете дека само таму ќе расте. Поздравче.
Девојки пробајте ја оваа маска...100 % е ефикасна. Една жолчка,една голема лажица рицинусово масло,едно капаче рум и ампули Б6 и Б12 ... Се миксира сето тоа или добро се мати и потоа се нанесува на косата и се остава да стои 3 h, па се мие косата.Јас ја мијам со head&sholders во кој имам ставено едно капаче јаболков оцет за сјај на косата.Инаку маската е за побрз раст на косата, се употребува еднаш неделно. Се надевам дека и вие ќе бидете задоволни. ))))
Влакното има три фази на живот, но само една фаза на растење. Доколку сакате подолга коса, тогаш треба да се продолжи фазата на растење. За тоа се потребни потребните витамини, минерали и основни состојки кои се потребни за растење на косата. За да постигнете забрзан раст на косата потребни се специјални витамински суплементи кои содржат големо количество на биотин, а не само обични витамински суплементи кои се секојдневни производи. Притоа внимателно со витаминските суплементи. Доколку се одлучите за специјалните витамински суплементи со биотин кои се наменети за раст на косата, не треба во исто време да земате други витамински суплементи како шумливи таблети, мулти-витамини и други слични производи.
Витамин Б. Може да го најдете во гравот, леќата, грашок, јајца, карфиол, морков, бразилски лешници. И покрај заштитата, витаминот Б помага при растот на косата. Протеини. Зошто? Сопред сите истражувања косата најбрзо расте со помош на комзумација на протеини. Ако ги конзумирате, ќе имате сјајна и бујна коса.
не знам јас за простата математика која ја велиш,но знам од пример за себе.косата ја потишав во јуни 2008 речиси до уши кратко плус ретчена значи нула волумен,притоа не користејќе како што велиш ти јаки шампони туку бреза,коприва,камилица шампони кои се прпорачливи за секојдневно миење на косата.ако на некој му се оштетува скалпот или косата му станува мрсна од често миење кај мене напротив е токму спротивното.а мене во првата година косата не ми беше голема па да ми преставува терет за одржување,тоа го почуствував овој период и затоа ја скратив а беше до половина.не сум користела фен за сушење коса па затоа не ми беше оштетена.
а мора баш 3 сати да ја чувам? и ме интересира од кај ја знаеш оваа маска и дали ти лично си ја користела?
http://www.lush.hr/?lang=hr§ion=pro ... vod&id=217 тука не е наведено дека расти и нова коса... го користев јас и мислев дека сум фатила вошки ме уби главата од чешкање кога му се обратив на фризерот ми кажа дека нема простор за грижи, тоа е само нова косичка п.с. косата е неподносливо дива од овој шампон, не заборавајте на регенератор!
Мене не, ма друго девојче а и викав да не пие зошто автоматски растат насекаде и што знам кај неа не толку драстично ама по одреден период пиење и растеа мислам побрзо однего што требаше А и така е логично
Да но мене не ми претставува проблем ако ми растат брзо на нозете, на интимните делови и под пазуви но не ми е се едно бидејки не ги депилирам рацете, да не ми станат големи и исто така надустиците да ми пораснат затоа сакам да прашам а и многу лош мирис имале
2-3 месеци пијам пивски квасец, немам забележано негативни последици, кај секој можи различно делуваат. И каква врска има мирисот, ги лапнуваш и одма ги голташ.
Јас не почнав да ги пијам ради косата, туку ради килажа да накачам, немам некоја драстична промена забележано во должината на косата, освен тоа што почна многу нова коса да ми расти.
Епа добро и тоа е позитивно, а се забележува многу или го примекаш како не сакан ефект ако имаш густа коса, мојата е многу тенка, ретка, спласната, и бавно ми расти несшто во последно време