Женски помагајтее!! Косата ми е за никаде .. ми се разлетува а и крута е на допир а по секое миење користам маска за коса и не помага... и воопшто не расте ми изгледа како беживотна... Дајде некој совет?...
Ставајте масла пред миење и напрајте пауза некое време од горење со пегла/фен, одморете ја косата, и пијте витамини Б
Па јас колку што знам најмногу помага честото миење на косата.Колку почесто ја миеш толку повеќе расне како некое растение.Колку повеќе го вадиш повеќе расне... позз
Колку повеќе ја мијаш, толку побрзо се мрси во коренот, а се сушат врвовите од шампонот. Ништо друго.
А за да не се сушат врвовите од пречесто миење треба косата во коренот да се мие со шампонот а врвовите да се избегнуваат...
Врска нема тоа дали шампонот допира до врвовите или не. Јас ја мијам околу 3 пати неделно зависи кога-како ќе се погоди и и` ставам маска за коса и ја чувам маската минутка-2 и тоа. Пожелно е и ако ја пеглаш а јас ја пеглам пред тоа да ставиш силиконски капки ама јас не ставам, а пожелно е. Ако ти се расцветани врвовите обавезно ќе ја ишишаш до местото каде почнало расцветувањето зошто така само ќе ти се делат влакната и ништо. Еве и јас сакам многу подолга коса, најкраткиот степен ми е до рамена имам коси шишки на страна, најдолгиот до грб (до под гради кога би била напред, а кога ја ставам напред до гради) и еве ја си расте, иако споро, а фарбана ми е + шатирана со бланш. п.с. Може маската и да не ти е квалитетна, така јас порано ставав Камил и исто ко да не ставав, џабе.
Да.. се зависи до твојата коса... дали ќе и одговара маската или не... ја сега ја сменив си купив од Гарниен па да видиме што ќе биде
Мене многу ми помогна мската на орнезе ми се за сува и оштетена коса со жолто е на опаковката и не е скапа 220ден ја има во сите маркети
моментално ја користам новата маска на гарниер како во златно паковање,не најдов слика да ви да постирам за оштетена коса е морам да ви ја препорачам прекрасна е
Да и јас си ја купив таа во златното пакување.. за оштетена коса што е.. многу е добра.. ја омекнува косата и прекрасно мириса
Аа иначе се фарбам со кна за коса во црна боја.. Ама сум слушнала дека кната не е штетна за косата.. Во шампонот здробив пивски квасец, витамин б6 и витамин Ц. Малку да експериментирам хехе.. па ќе видиме какви ќе се резултатите дали ќе ми се опраи косата да не е веќе како струја да ме дрмала x)
Морам да напишам дека сум презадоволна од Орзен, преубаво мириса, косата не ми била поубава со било кој друг шампон кога ја имам миено, а го користам само една недела, така да, за тоа како ке расте косата, ке морам за некој период да ви пишам.
Во есента прочитав во темава еден рецепт , во шампон Глис да се стават апчиња Б-комплекс и го направив тоа . Го користев 4 месеци и косата ми растеше исто како претходно , со таа разлика што ми се мрсеше двојно побрзо . Сега планирам да земам шампон на Орзен со пивски квасец и да му ставам ампули Б-комплекс , наместо апчиња , па ако има некој напредок - ќе ве известам .
Пробај со схампон од коприва и во него стави една ампула B6 и со тоа миј ја косата кај мене има резултати некак и косата ми е поубава,помека и за 2 месеци има прилично добри резултати ама избегнувај да ја гориш косата избегнувај пегла,фигаро и не ја суши со фен остави ја природно да се исуши