Како побрзо да ми расте косата?

Discussion in 'Коса' started by skorpija1992, Dec 23, 2009.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,034
    Дајте не кажувајте едно те исто за кое се напишани многу страни поназад! Се едно исто, коприва, ампули и б-компекс витамини, пиво, не знам некакви си шампони, да не се гори бла бла. Сето тоа е веќе одамна прочитано, а и јасно и логично. Ако имате нешто ново, пишете го а не само ја полните темава со исти работи. И читајте наназад дека за тоа се збори постојано едни исти ``рецепти``и не туку ги повторувајте истите.
     
    lola-86 and didisi like this.
  2. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    во аптеките побарајте едни специјални витамини за коса, во стаклено шишенце се спаковани, 60 таблетки чинат 405 денари, но ги делат на парче, отприлика доаѓа за 10 таблети да се плати 70 денари. Одлични се, уште по првите денови од конзумирањето се забележуваат промени во квалитетот на косата, а подоцна и на растот. Ги содржат сите витамини и минерали кои се корисни за косата, меѓу кои и претходнонаведениот витамин б-комплекс, а во најголеми количини содржи параамино-бензоева киселина, која е многу важна за зацврстување на скалпот, а со тоа се спречува опаѓањето и се забрзува растот на косата.
     
    Kristinna92 likes this.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2010
    Messages:
    2,690
    Likes Received:
    4,485
    Косата во главно има протеини така што разумна количина од нив ем ја прави здрава, ем помага во побрз раст. Млечните производи воедно и овие од животинско потекло содржат изобилство на протеини така што добро решение е и тоа. Амино киселините се неопходни за синтеза на протеини, така што буквално и по дома имате продукти кои може да ги користите како маска, без трошење пари на шампони и посебни маски.

    Вежбањето помага исто. Е сеа со стој на раце оди повеќе крв во главата и ова доведува до побрз раст исто. Стресот намалува, така што со јога се тоа може да се реши.
     
    LivingGlam likes this.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,346
    Почнете да ја влечете со раце 8)
    Некој си просек е 1 см месечно. Не верувам во ништо од тоа, пивски квасец, коприва..... што само помага да биде поздрава косата а дека побрзо ќе расне, јок. А и да расне побрзо ќе земам см и ќе ја мерам месечно па некое влакно побрзо расне некое не, па зошто е така ?!?!
    Женско, со што се нема да се замара и раздлаба на детали
     
    Aschenputtel likes this.
  5. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,688
    хаххаа тоа да, ама ете барем да се придонесе да биде поцврста, посјајна ...
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,773
    Likes Received:
    8,860
    Gender:
    Female
    Девојки тој пивскиот квасец е оној во прав за леб и слично?
     
  7. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    152
    Likes Received:
    46
    А како се викаат тие витамини,за да знам што да и побарам на аптекарката кога ќе ги купувам? :*
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,802
    ако е здрава и побрзо ќе расте :D
    а, за да е здрава, што помалку фенирање и пеглање (пеглањето е смрт за косата), користење природни маски од маслиново масло, оревово итн..., а здравата исхраната како на косата, делува и на целиот организам воопшто, го регенерира.
    од друга страна, имам слушнато, зависело и од _раката на фризерката_, т.е. каков фат имала, хехехе :D
     
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    729
    Likes Received:
    198
    Мислам дека ти кажува за Мерц таблетите по описот,и јас тие ги користев стварно се добри.
     
  10. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,688
    Јас купив Dermabion апчиња на Крка се, не се скапи 125 денари, за коса кожа и нокти, па ќе видам како ќе се покажат :)
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,034
    ^Мислиш за влакна, кожа и нокти, и да пишува коса влакна се мисли по целото тело, зошто таквите апчиња и било што друго што се ПИЕ а не се нанесува стимулира раст насекаде по телото, а не на одредени делови. Јас не би пиела ништо, после влакната ко луди растат.
     
  12. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    не, не мислев на Мерц, јас за Мерц немам слушнато баш убави зборови... Не ми текнува од која фирма се, имаат портокалова амбалажа на која пишува vitamins for the hair, а одназад го пишува и составот. Ќе го купам цело шише овие дена, па ќе ви кажам кој ги произведува :*
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,773
    Likes Received:
    8,860
    Gender:
    Female
    побарајте таблети нутривал на диетфарм се мн се ефикасни и за коса и за нокти ги користеше една моја другарка и мн и помогнаа ноктите престанаа да и се лупат и кршат а имаше и проретчана коса и таблетките и помогнаа не се скапи околу 150- 160 денари се ги има во сите аптеки
     
  14. s.m.i.l.e.e

    s.m.i.l.e.e Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    21
    Likes Received:
    2
    Како до побрз раст на вашата коса ?
    Ако сакате да го забрзате го растот на вашата коса, истото можете да го постигнете со помош на состојки кои ќе ги најдете во вашата кујна. Истите се покажале ефикасни во обезбедувањето на вашата коса со потребните витамини а во исто време го одржуваат и вашиот скалп.

    1.Рузмарин

    Рузмаринот како растение богато со анти-оксиданси стана и една од најупотребуваните состојки при изработката на производите за нега на кожа. Ако истиот се употребува за нега на коса, тој дејствува на тој начин што ги отвора порите на главата и со тоа се стимулира растот на косата. Рецептот е следен: Половина лажица од рузмариново масло, се меша со исто така половина лажица вода и шампон во вообичаеното количевство кое го употребувате при капење. Измијте ја косата со смесата и оставете ја да делува на вашата коса околу 3 минути. Измијте ја косата со млака вода. Истиот ритуал повторувајте го неколку дено и самите ќе се изненадите од резултатите.
    [/color]


    2. Кокосово масло

    Еден ритуал кој е препорачлив за стимулирање на растот на косата е масажа на главата. Истата е особено ефикасна ако главата ја масираме со кокосово масло, затоа што кокосот го потхранува скалпот со потребните витамини. Се што треба да направите е да ги намачкате своите прсти со маслото и потоа со кружни движења да го масирате скалпот околу 10 минути. Косата потоа измијте ја со млака вода.


    3.Кромид

    Моќта на кромидот да го одржува тенот и скалпот е неспорна и затоа се повеќе козметичари советуваат истиот да биде составен дел на негата за косата и кожата. Рецептот кој треба да се спротивстави на сите непријатели на скалпот е следниот: Мелен или дробен кромид се меша со вашиот шампон и смесата се остава да стои најмалку 15 минути. Потоа косата се мие со оваа смеса а резултатот е здрав скалп и сјајна коса.

    4.Маслиново и рицинусово масло

    Овие две природни состојки се познати по тоа што го стимулираат растот на косата.3 големи лажици на рицинусово масло се мешаат со истата количина на маслиново масло. Мешавината се загрева се додека не стане поприлично топла. Маслото се нанесува на коренот на косата со помош на прстите. Со кружни движења се масира скалпот во времетраење од 10 до 15 минути.Ова е клучот за поздрава и подолга коса за најбрзо време.

    е ова рицинусово масло морам да го купам ова го прочитав бараќи на нет нешто :) :D :D :)
     
    girl.23 likes this.
  15. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,688
    Пијте вода дури и кога не чувствувате потреба за тоа. Внесувањето минимум 2 литри вода дневно ќе направи чуда за вашата коса и кожа.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,346

    Да Мерц таблетите се стварно добри ама многу отвараат и апетит ;)
     
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    3,773
    Likes Received:
    8,860
    Gender:
    Female
    agirl17 ај ако ги купи таблетките пиши ни како се викаат или пак уште подобро, сликни го шишенцето
     
    Candice.S and feminna09 like this.
  18. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    на овие витамини мислев :) .
     

    Attached Files:

    Kristinna92 likes this.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,238
    Likes Received:
    8,438
    Девојки да ве прашам од чичковото масло на сува или на мокра коса се става и на цела коса се нанесува од маслото или само на врвовите ???

    Фала однапред ;) :*
     
  20. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    чичково масло се става на сува коса, 1 час пред да се мие косата, можеш да го ставаш и на вровите за да ги омекне, но поголема примена наоѓа за нега на скалпот, односно против првут и опаѓање на косата, а за суви врвови можеш да пробаш со бадемово масло. :)
     
    crazylady likes this.