морам да кажам дека имам користено други таблети од истава фирма и беа врска немат џабе ке трошиш пари никакви резултати не дејствуваа ни на мене ни на мајками ниту пак на сестрами ...тотално сум разочарана-а не се баш ефтини, мој предлог во никој случај да не си ги купила ...а за косата имав купено супер таблети на ројал беа 1800 скапи се да ама пробувајки се друго само тие ми дадоа резултал.... Спојлер инаку јас уште на 22 почнав да си проќелавувам по малку (генетски ) и пробав се и сешто а да не беа овие таблети сега немаше да имам ни коса ане да ми биде до половината
2 и 4 ги правам дома и навистина се ефикасни мислам дека нема ништо поубаво од овие домашни рецепти, кои се докажани
ако може да ја наведите точната количина на состојките, зошто вака отприлика не знам по колку да ставам....да не ја утнам а, тие ампулите во б витамини, се некој попосебни или....(како да ги побарам в аптека?? ), и тоа АД растворот каков е....??? плс напишете го рецептов подетално објаснет
За тие што сакате ефекти на природна база... Ми имаат кажано дека ќе има добри резултати ако се мие секојдневно (што е посебно возможно во овие летни денови). Само да се внимава да не се употребуваат некои јаки шампони за мрсна, сува, против првут итн. Во предвид доаѓаат бебешките шампони и тоа може да се употрбуваат преку ден
И јас толчам пивски квасец, б6 и половина лимон цедам во шампонот веќе цел месец.. ии да, има резултати
Пробај ама исто така и еднаш неделно ставај јајце на коса и држи го по пола саат а ако можеш и повеќе... и масирај си го скалпот секоја вечер пред спиење и тоа помага исто така
и јас почнав да ставам еднаш неделно јајце на косата тетками ми кажуваше нејзина колешка имала големо опаѓање косата и ставала јајце била мн.задоволна сепак јајцето има мн.витамини
Паа во јајцата има протеини, а косата е најмногу составена од протеини.. така да може да помогне малку зошто да не ама во јадењето да не се претерува, а исто така и јајцата се добри за здравјето на целото тело.
Даа и јајцето помага при опаѓање на косата затоа што во жолчката има железо а железото го зацврстува коренот на косата