Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Незнам на топиков дали има некој спомнато, (не стигнав се да прочитам) чај од коприва многу помага. На сестра ми по бременоста кога доеше почна да и паѓа косата и некој и кажал по секое миење да ја плакни косата со чај од коприва, и тоа не само што и го спречи опаѓањето, туку почна косата многу брзо да и расте. Од тогаш и јас го применувам понекогаш има стварно има резулати :)
     
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Штом не си стигнала да прочиташ се, ќе ти кажам јас дека и други тоа препорачаа, препорачаа и чај од листови од орев. Денес си зедов и листови од коприва, и од орев, ама сега се мислам, колку лисја, сосе дршките, во колку литри вода, колку време да се врие, колку да оставам да се олади, (сигурно мора малку да се остави, мислам, врела вода на главата-not such a good idea, right? :?: )
     
  3. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764


    Па вака... ја го правев од искинати суви лисја од копривата, мислам дека само листови се, ама нема врска ако и дршките ги ставиш, секако истото растение е... Ставам на 500 мл вода 2 раце (дланки) од копривата, ќе го свариш чајот во зовриена вода, го оставаш да се екстрахира 5 min, и кога малце ќе се олади ќе ја исплакнеш косата со него. Тоа е тоа едноставно, а ефикасно ;)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Сум слушнала дека ако ја носите косата фатена, побрзо расте. Не знам колку е точно, мене и вака и така ми расте брзо косата сама по себе.
     
  5. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Јас сум многу задоволна од ампулите што ги ставам во шампонот.Навистина побрзо расте косата од нив и + постојано ја носам фатена ретко гога ја пуштам и можам да кажам дека косата никогаш не ми била по убава.
     
  6. liili

    liili Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    женски КОСАТА МИ Е МНОГУ МАЛА се сум пробала ама ништо не ми помага дали некој знае некакво срецво за растење коса ама навистина да има ефект ако некој знае несто такво веее молам писите ПЛСССС
     
  7. jessica2kay

    jessica2kay Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Е како да не! Јас ја мијам секоја вечер(сега во лето и насабајле и навечер) и косата ми е преубава, бтв 120 цм е :)
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    врати се наназад низ темава имаш милион рецепти нема логика да се поставуваат едни исти прашања во тема која е отворена поради тоа твое прашање, прочитај наназад има секакви рецепти и види кој би можела да го примениш, некому даваат резултати некому не, разгледај сигурно ќе најдеш нешо за тоа е и темава :)
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    За коса со супер квалитет и сјај и секако побрзо растење јас би ги препорачала од сопствено искуство витамините MERC во кој се содржат буквално сите витамини (А,Е,Ц,Б-комплекс,цинк,соин протеин,биотин,фолна киселина,железо и тн...),не само што ке ви помогнат за коса со одличен квалитет туку исто така се добри и за кожата и ноктите.

    Други исто така добри витамини за квалитетна коса и за побрз раст на косата би ги препорачала DERMABION (витамини од Б групата,пивски квасец,витамин А,Ц,цинк....и др)---овие се доста поефтини од претходните што ги наведив и се за нијанса послаби од претходните.

    И да напоменам воопшто не се штетни ги препорачуваат и доктори.......
     
  10. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    За квалитетна коса со побрз раст единствено можат да помогнат одредени витамини,и домашни маски
    Од мое сопствено искуство освен витамините што ги препорачав во претходниот пост,би ја препорачала една едноставна домашна маска со неколку продукти кои на косата и дават мекост,сјај и побрз раст

    Маската е следна:
    -една жолчка
    -една лажица рицинусово масло
    -една лажица јаболков оцет
    Се нанесува на косата два пати во неделата,два часа пред да се измие.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас ја правам маскава 2-3 пати неделно и задоволна сум. Навистина ја прави убава косата, се надевам и растот барем малку ќе го убрза :)
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Денес купив рицинусово масло па ќе видам дали има ефект, некои го фалат, некои го кудат.
     
  13. liili

    liili Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    fala sto mi pomogna ama ja imam cueno deko od ovije vitamunii a posebno od pivski kvasec moze da se zdebelis te molam ako imas probano kazi dali ima takof efekt a i isto taka koga pojdof vo market da vidam dali ima pifski kvasec ja prasaf prodavackata a taa mi odgovori deka bile stetni da se zemat te molam odgovorimi me stavi vo golema dilema pa ne gi zedof me predomisli
    [mod-kirilica:1krvvsz7][/mod-kirilica:1krvvsz7]
     
  14. marmaris

    marmaris Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    имаш шампони за растење на коса во аптека ко на пр рецепт, фитовал ама не очекувај за месец, два дека ке имас 10 цм и не ја шишај за година дена ке имаш резултат
     
  15. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Сакав да прашам, знам дека после оваа маска косата се мие со шампон, но не останува малце мрсна од
    рицинусовото масло и од жолчката ?? Бидејќи и на мене слабо ми расте косата, сакам оваа маска да ја пробам , но незнам да не ми стане мрсна потоа?? :?:
     
  16. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Не знам овој рецепт дали е веќе напишан еве јас пак ќе го пишам...
    (од искусна фризерка ми е кажан)
    Во поголемо шише шампон ставете една ситно исецкана поголема глава кромид.Тоа така нека отстои 15 дена и потоа косата мијте ја со тој шампон еднаш и измивајте ја вториот пат со чист.Косата расте по 1,5 до 2 цм месечно.НЕМА НЕПРИЈАТЕН МИРИС!
     
    На nozhica98 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Воопшто не останува мрсна и нема никаков мирис од жолчката и маслото,но шампонирање два пати
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    би го пробала ова од раздозналост дали има резултати :lol:
     
  19. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92

    Јас сум пиела пивски квасец,Б-комплекс со ГОДИНИ потоа се префрлив на Dermabion па на Merc и воопшто не сум се здебелила,инаку јас природно сум слаба така да тој што има проблем со килажата неможам да тврдам дали нема да има зголемен апетит и покачување на телесната тежина,а продавачката што работи во маркет пред се не е компетентна да кажува дали се штетни или не.......воопшто не се штетни затоа што не се некои јаки витамини пред се обичниот пивски квасец и никој не се пожалил на контраиндикации,само се пофалиле на позитивни ефекти како густа и квалитетна коса и подобрување на состојбата на кожата и ноктите,додека тие Dermabion се нешто појака варијанта (и коштаат околу 130 денари )од обичниот пивски квасец затоа што освен витамините од Б крупата се состојат и од витамин А,Ц,цинк.......додека Merc ти се уште појака варијанта на витамини затоа што освен витамините од Б групата се состојат и од многу други како А,Ц,Е,цинк,соин протеин,железо(и коштаат нешто повеќе од 500 денари).........слободно можеш да си прашаш во аптека фармацефт компетентно лице,а не продавачка во маркет.......од кој и да купиш немора да ја пиеш препорачаната доза од по 3 на ден,можеш да пиеш по едно или две.........и обичниот пивски квасец во апчиња го има само во аптеки,а тој во прав за пиење го има и во сите поголеми маркети но е со ужасен вкус,подобро ти е тој во апчиња што е и исклучиво купување во аптека затоа што ке можеш да се консултираш со фармацефт
     
  20. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Сега само што слушнав.. т.е. пронајдов на нет.. дека водата во која се вареле компири помагала при раст на коса, ако косата се мие со таа вода.. :)