Сега се мачкам на косата со Чичково масло многу кажуваат дека влијае на растот на косата па ќе видиме дали е така а инаку некако ми е посјајна откако ставам од маслово и ми го зацврсти влакното
И јас имам ставано Чичково масло, мајка ми го беше купила ама за подобрување на влакното, незнаев дека влијае на растот на косата
И јас не знаев но неколку страници поназад имаат неколку феминки кажано дека влијаел на растот на косата па реков ај да пробам Спојлер за проба пари не зема
кОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА СТОИ ЧИЧКОВОТО УЉЕ НА КОСА ПРЕД ИЗМИВАЊЕ И ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ МАСИРА КОСАТА ИЛИ САМО СЕ МАЧКАШ.?
Jас како што знам треба додека го нанесуваш да се масира косата, и после да стои 3 саати или колку можеш повеќе
женски каде може да се купи тоа чичково масло? ефикасно ли е? и како се употребува? И да,уште нешто ефикасни ли се шампоните кои содржат пивски квасец ... Иначе јас имам кадрава коса со доста волумен а должината ми е до раменците скоро бидејќи колку повеке ми е виткана толку повеке ми е кратка и тоа со волумен ... јас сакам да ја пораснам во должина... само немој пивскиот квасец да ми го зголеми само волуменот ..после за кај сум
Косата мене ми порасна ептен брзо без никакви препарати, само со тоа што редовно се потстрижував на секои два месеци. Нели кога ќе скратиме шишки тие најбрзо растат, така најлесно се регенерира влакното, со што се отстранува оштетениот дел. Пред три години косата ми беше до раменици скоро, а сега веќе ми е до половината-со тоа што пред некое време ја скратив речиси 20cm.
Значи сите сакаат долга коса, јас имам слушнато дека расте многу од кана за коса... исто така и со домашни маски
Чичково масло и рицинусово масло се познати од секогаш дека се добри за раст на коса . Јас сега почнав со рицинусово ама фино ме потсетивте да си земам и чичково. Во принцип треба да се масираат во коренот на косата (значи во кожата) со блага масажа и да седат што подолго .
Јас секој месец ги скратувам врвовите. Без никакви препарати ми порасна побрзо, од колку предтоа. Кај стрижењето е убаво и тоа што влакното се обновува и + побрзо расте косата.
Koсата расте исто ,ама ти се чини дека расте побрзо по скратувањето затоа што не се одделуваат испуканите врвови..
таблетите со пивски квасец се најубај јас скорс кусо ја истрижив косата и за многу малку време ми порасна позз
Merc - специјални дражеи... вистина се скапи ама делуваат и на коса, на кожа, на нокти јас ви ја предлагам оваа маска за коса, со чичково и рицинусово масло 1 жолчка 1 лажичка рицинусово масло 1 лажичка чичково масло 1 лажичка ракија мачкаш и нека отстои најмалку еден час
Мене во аптека ми рекоа дека Рицинусовото масло не влијае на растот, а дека многу го земаат баш ради тоа. За чичковото не знам, сега ќе ве прашував дали можам да го најдам во било која аптека и по која цена, колку често се нанесува, дали на сува или мокра коса? И дали има некој што видел резултати од него?
Чичково е за сува и оштетена, се става на сува коса (особено на врвовите, не на коренот), еден час пред миење. Не е за стимулирање на растот, туку за заштита и регенерација. Го има во аптеки и во маркетите, околу 70 денари чини.
јас ставам маслиново масло кое го подобрува квалитетот на косава и не ми ја оштетува, со што немам потреба да ја шишам на секои 2 месеци, како до пред една година...Иначе природно мене многу брзо ми расте