Да ти кажам за моето искуство со рицинусовото масло. Убаво е да се подгрее малку пред да се нанесе, со тоа маслото е поефективно. Мене косата ми ја направи погуста, ама ептееен погуста, мерак ми беше да ја поминам со прсти по 9139487235943785 пати на ден. И мислам дека и нови влакна ти растаат од рицинусовото. Околу линијата на косата немав толку коса-така било отсекогаш, но со рицинусовото ми растеа нови влакна. Но тоа треба да го направиш одвреме-навреме. Ќе го потрошиш шишенцето, после ако купиш пак, нема ефект, ама пробај си по месец-два...
Пробајте и со таблетки Б-комплекс - растворени во шампонот или пак едноставно само пијте ги. Имате ќар и за нокти и за коса.
девојки дали некој има ставано кантарионово масло?ми рекоа дека природното домашно правено е мн.убаво и го ставале на оштетени коса хмммммм све ставаат све пробват луѓето
Абе ова чичково џабе го ставав значи, знаев дека е за заштита, сјај, сува и оштетена коса како мојава, ама мислев дека и растот го стимулира, го држев на коса скоро 2часа (повеќе ставив на коренот и надолу по врвовите ставав), едвај издржав многу лошо ми мирисаше а и масло ко масло, косава мислиш немиена со месеци, битно се чувуствував грозно. Рицинусово не ни пробувам, мене не ми треба нови влакна да ми растат, туку истиве само подолги да ми се Дефинитивно ампулите се најефикасни да речеме, еднаш пробав ама не продолжив со тоа, може згрешив. Верувам и за чајот со коприви.
Мене пак чичковото ми е синоним за перфектен мирис. Сега зависи од кое си користела, ако воопшто си користела, зашто претходно прашуваше каде се наоѓа и како се користи. Јас на Фитофарм го користам маслото, кое е 100% чичак без други примеси како она на Галафарм.
Да па пишав во претходниот пост го држев на коса речиси 2 саати, купено од Зегин на Фитофарм е, ама не ми остави некој впечаток, изгледа по повеќекратна употреба се видливи резултатите, ама сепак поубави ми се производите на Гарниер Фруктис оние зелените за плава коса, особено регенераторот ем убаво мириса, ем стварно ми помага на косава.
Ако ти ја заштитуваат косата и бојата, продолжи да ги користиш. Инаку со ниедно средство од една употреба нема видливи резултати. Инаку, да не бидеме оф, за рицинусовото сакав да ти кажам, ако ти расте од него косата, ќе ти расте постоечката но и млада коса, значи тука се резултатите, во растот на косата. И за Б-комплексот важи и за сите останати средства против косопаст и за растење на коса.
Па со оглед на тоа што ми е шатирана со бланш за жал, приметив голема промена откако почнав да го користам регенераторот конкретно Инаку рицинусовото еднаш тргнав да го купам, ама аптекарката ми рече немало фајде од тоа, фризерката ми вика од ништо освен од витамините нема фајде и природно да си расте без да ја гориш бла бла бла, ама тоа не е за мене. Мислам дека ампулите се стварно најефикасни како што реков, најлогично е зошто се комплекс од Б-витамини, е сеа треба подолг период да ги користам за да се уверам во тоа. Мене ме интересира, отприлика колку време треба да се ставаат ампули во шампонот, за да порасне секое влакно за 5цм повеќе да речеме од нормалниот раст? Или да речеме после месец употреба, косата наместо 1цм, почнува да расте по 3цм месечно, хипотетички кажано. Дали е можно?
Jas мислам оти не е можно да расте толку побрзо, ако ти растела по 1 см сега најнајнајмногу може во 1,5 см. И ако сакаш видливи резултати треба долго време да ставаш ампули. Една лекарка за коса ми има кажано, само грло се лечи за 7 дена, за секој друг третман дреба подолг период. А ова рицинусово масло му ставате ли нешто плус внатре? Јас купив веќе ама не знам дали уште нешто се става.
Дали некоја ги има користено овие таблети за коса DAS gesunde PLUS Haar Vital KOMPLEX,нивниот состав е сличен како на Мерц,читав на српски форум дека се многу поефтини во споредба со таблетите Мерц а има доста кои се задоволни,но не знам дали има кај нас,има некоја сретнато во аптеките?
Не, не, не се става ништо, само читај погоре, имам пишувано совети и искуства со рицинусовото. Со среќа.
Јас ставам кантарионово, т.е. ставам преку едно миење - еднаш чичково, другиот пат кантарионово. Е сега не знам кое е поубаво, верувам дека домашното, ама и ова купечкото не е лошо, на Галафарм беше мислам моето. Го држам на коса пола саат, ставам на коренот, на самото влакно и на врвовите. Задоволна сум, бидејќи (немам поима дали е од маслото) врвовите не ми се воопшто расцветани, ниту даваат знаци на распукување, а не сум била на фризер да ја кратам околу 2-3 месеци, инаку обично ми цвета месец дена по шишањето. Ама ме нервира тоа што иако убаво ја мијам косата и масирам секаде за да навлезе маслото, а богами и да излезе вишокот, се премивам дури 4-5 пати со шампон, и пак веќе на вториот ден покажува први знаци на мрсење - е не ја можам кога е ваква, ми иде да ја шишам на кец.
и јас ја мијам косата 3 пати неделно и и ставам маска од џенера на рвовите така побргу расте и да ви кажам еден мал совет јас се консултирав со лекар и го прашав како побрзо да расте косата а он ми рече ич да не се крати косата дури ни врвовите оти така побрзо растела кај мене тоа делува еве една година како ја растам косата без шишање и кога ја мијам ставам од маската за коса на врвовите и мојата коса сега ми е до половината
Си влегов во темата си напишав не ни видов дека во оваа тема има еден куп мислења, а многу од нив се корисни. Мене косата мирасте брзо ама пак ке ставам заради подхранување. Откако ја прочитав темата да дадам мои мислења. ЗА чичково масло немам користено ама прабабами ставаше од него и на 80 години имаше коса ептен долга и убава. Таа на последното миење се миеше со вода од варени оревови листови или коприва и не го плакнеше тоа така го оставаше. Имаше од тие жени што да се научи. За Биотинот знам дека е преносител на СО-групи во организмот и затоа е добар за метаболизмот воопшто а за косата колку помага не знам, Мерц Дражеи имам пиено и навистина на ноктите има подобрување а за косата не почувствував којзнае што. Сега ке ставам во шампонот ампули ама ке земам две стари шишиња шампон и ке го поделам шампонот на три па во едното амупи ке ставам. Откако ке го истрошам во другото ке ставам и после во третото. Не сум сигурна баш дека можат витамините толку долго да останат активни покрај сите хемиски соединенија што ги има шампонот. Почнав со маслото од рицинус малку го подгревам. Од Алпецин добар е против опаѓање а за раст не е нешто посебно. Инаку јас ги правам овие експерименти оти косата од август до окт секоја година ми паѓа повеке па да ја заштитам од ретчење.
Јас почнав со рицинусово масло пред неколку денови па ќе видиме резултати. Инаку предтоа се ишишав, ги отстранив убаво изгорените делови и веќе не се пеглам ниту виткам со фигаро. Се надевам дека доста ќе ми порасне.
На шампонот од Коприва што е пишува дека е против опаѓање и го ЗАБРЗУВА растот, почнав да го користам и ја ојакнува косата а за резултати уште е рано .