А бре,се шишав пред 4-5 месеци и се уште ми е иста должината на косата.Значи не мрда воопшто а рицинусови масла не можам да најдам од никаде Некое друго чаре?Неможам повеке вака.
Морав сама да си го редактирам мислењето Спојлер Ах... пуста желба за долга коса Ајде женски пишете дали ги имате користено овие капсули бидејќи стварно имало добри резултати и дали ги има кај нас?
значи плакнење со чај од коприви дефинитивно помага кога си ја видов косата реакцијата ми беше ем имаше повеке сјај,ем беше помека и многу полесно ја испеглав ....инаку еве една маска која на мене ми помогна во забрзување на растот: -1 до 2 жолчки од јајце -1 ипол мала лажичка рицинусово масло -1 мала лажичка мајонез -1 мала лажичка пантенол е сега не очекувајте преку нок да се разбудите со долга коса-за се треба време..
А каде можам да најдам пантенол? Сум чула дека е и против цветање на косата и против акни ама незнам каде да најдам..
Вчера ми кажаа нешто на што многу се изначудив. Другарка на другарка ми, девојче со мнооогу долга коса ја прашувам што прави за толкава да и биде косата. Баш ме изненади кога ми кажа дека ставала само солена вода. Пред да се бања, 2-3 пати во неделата, ставала вода со сол на косата ама само на коренот, зашто кога ставала на цела коса врвовите и цветале. И косата и растела од солта. Тоа го открила некое лето кога била на море и косата многу и пораснала и после дома кога се вратила си продолжила да става солена вода и така косата и растела ама не и горела и не и расцветувала. Чудна работа, првпат слушам за ова.
Просто не ми се верува зошто и јас летово бев на море а косата не ми мрдна ни малкуШто знам,се е можно ама тешко ми е да поверувам во ова. Јас сега почнав да користам рицинусово масло па ке видам какви резултати ке има.А за нареден пат памет да не ја кратам косата
Вчера се пострижив косата ми беше до под раменици некои 10-тина цм. Косата ми беше рамно пострижена и затоа сакав да ја сменам арно ама фризерката ми ја утна косата и сега ми е криво затоа што се пострижив. имам читано дека се потребни некои витамина за побрз раст на косата па кажете ми што треба да пијам
Ни мене не ми се верува. Прво и се изнасмеав во фаца, мислев дека ме зеза, а после кога го видов оној поглед дека озбилно збори, незгодно ми падна и престанав да се смеам. Да обична сол растворена во вода... можеби функционира, којзнае...
Pa....kako da kazam koristi ampuli b6 stavi gi vo sapmonot so koj se banas vnatre v o tubata i ako se banjas cesto ke ti porasne ...ili na primer ke zemes so caj od nane i ampulata ke ja stavis vnatre veruvaj ke pomogne sea ti kazuvam oti iam probanoo
прво ке си ја измиеш косата на вообичаениот начин што го правиш(шампонирање,маска,и ке ја исплакниш со обична вода) и на крај ке ја исплакниш со чајот..
баш денес го пробав ова во шишенце со топла вода растворив морска сол и нанесов на коренот од косата речиси цел ден ми седеше сеа пред малку се измив, па ке видиме за резултати, инаку приметив дека цел ден дур ми седеше солта косата ми беше ненормално мека
Јас сега си нарачав fitoval, па ќе видиме резултати... А вие после колку време забележувате резултат, еден месец или?
На одмор косата не расте од солта туку од тоа што 10 дена цело време ти е во вода, а солта по ниедна основа неможе да придонесе за добро на косата, само да ја оштети...и дома секој ден да ја бањаш ќе расте брзо, ама не одговорам за квалитетот на косата после секојдневно миење... 100 пати сум кажала на темава, ајде 101, пивски квасец, во прашок или таблети, и ампули витамин б коктел да ставите во шампонот...гарантирано и проверено...