па јас само тие 20 што се во едно пакување ги испив и имаше ефект брзо за месец дена некаде се познаваше баш онака разликата.Иначе се препорачува за подобар ефект 30 да испиеш па месец дена пауза па после ако сакаш може пак,ама сепак еден месец треба да се прави пауза за да не дојде до хипервитаминоза во организмот.Тие се на природна база масло од соја содржат и витамини А и Е,мене барем ми помогнаа многу,сега планирам да земам нова доза за уште поголем ефект
Во аптека,во зегин поконкретно ама треба да ги има и по другиве,кај мене немаше никакви несакани ефекти,ни дебелеење ни ништо слично,се нај ок си беше.
За Геритаминот не ти треба рецепт, идат на слободно отприлика цената и е околу 200 до 230 денари, сеа зависно од аптеката кај што ќе ги земеш...
Јас се решив, денеска купувам пантенол раствор и само тоа ќе го користам. На еден српски форум читав иста ваква тема и најголемиот број членки беа задоволни од нанесувањето на пантенол на коренот од косата.
Ќе пробам па што ќе биде нека биде Инаку можело и да се користи разблажен т.е да се раствори со вода, можеби така помалку ја суши
Веке многу долго ја читам темата и ова е втор месец откако ги применувам вашите совети користам 400мл шампон во кој имам растворено 6 ампули, пантенол раствор и неколку АД капки, на крај косата ја мијам со чај од коприва.Во минатиот шампон ги имав ставено само ампулите и не забележав многу голема промена во растот но косата ми беше прекрасна) Веке престанав да користам фен, пегла и фигаро бидејки мислам дека не постои пооштетена коса од мојава Имам фобија од фризери, па сакав да ве прашам колку се важни испуканите врвови односно метилот, бидејки пробвам да ја подзачувам косата но се плашам дека џабе расти кога пукаат врвовите.. поздрав девојки
Брезов шампон, мачкање со чичково масло, деновиве ќе ги купам и тие витамините од зегин па ќе пишам резултати од нив. Инаку пијам и б-комплекс по 1 дневно, и тие се добри за косата. А дали некој има користено прополис раствор од докторс за поттикнување на растот на косата? Знаев од порано дека има прополис шампон од докторс и баш прашував за него, но овие ги немав видено досега. Три мали епруветчиња за 60 денари, пишува дека се ставаат на мокра коса, после миење и не се плакнат.
Јас ќе ви кажам една работа што и ја кажала некоја фризерка на сестра ми, ама немојте да ми се смеете Во Бугарија користеле некој си Коњски шампон за растење на косата, тој шампон бил за бањање коњи и многу брзо растела косата од него. Можеби го има во некоја продавница или аптека Немам прашано, само тоа знам за шампонов. Исто брзо расте од такви апчиња со пивски квасец, содржеле некоја фолна киселина што го поттикнувала растот. Јас ги пиев за здебелување ама не ми функционираа, а на сестра ми побрзо и растеше косата од нив и исто не се здебели.
Да да постои таков шампон гермаски е не сум знаела дека и во Бугарија го има и не знам дали е баш за бањање коњи Јас за тој шампон знам дека го јакне влакното и е против опаѓање а за побрзо растење не знам дали се користи . Кај нас мислам дека го нема од Косово го набавувале некои е сега косовски колку е оригинален...
Јас од кога се исфарбав и почнав да го користам рицинусовото масло почна многу да ми расте косата.А ми рекоа дека од него влакното многу се зајакнувало и дека додека се фарбаш и го користиш во исто време тоа масло косата не ти се оштетувала многу.И да,чудно,јас кога се исфарбав со бланш и фарба косата не ми беше изгорена,напротив влакното беше поубаво и побрзо ми расте.Исто така ми напоменаа дека бадемовото масло за растење на коса е подобро од рицинусовото.Па можеби и ке пробам со него.. Инаку Офи тоа за коњскиот шампон не можев а да не се изнасмеам
И јас вчера слушнав нешто смешно На фризерката кај што бев и кажувале некои жени што доаѓале кај неа од по селата дека користеле некоја си маст со која што се мачкале овците за погуста и поголема волна да имаат и од тоа им растеле косите многу брзо. Ама тоа маста премногу смрдела, неподносливо но сепак се ставала на косата околу саат време пред миење, можеби и се издржува некако. Не ми се смеете и мене незнам колку е ова точно
колку време го користисе рицинусово масло? после колку виде разлика? јас сакам да пробам али моментално користам фитовал па да не има некоја стета да ги користам и двете...??..
не може да има штета ако користиш рицинусово масло и фитовал.Само можеш да имаш корист од рицинусовото масло.
Слободно ги користи,тоа си е твој избор,но повеке би ти препорачала да го користеш само рицинусовото масло.Инаку го користам неполн месец и анвистина има ефект
фала ти.....ке го купам а мозе во аптека да се најде?и наменето е за коса? немам купено и не знам да не ми се смејат али сега поцнав со фитовал па не сакам да менувам др сампон а и овој е добар не ми пајга како порано косава само сто сакав побрзо да расте бидејки ја скратив мн кратка...така да ке се совпајгат?..