знаци овој месец малце да скратиме од врвови на 12 така?? ај ке пробам....и ке ми казес за другиот месец
девојки си купив пивски квасец,германски 250г-500таблети..писува 3пати по 2 мозе со вода но и како додаток на исхрана...знаци да пијам по 2 таблети три пати на ден??....со вода ок..но како со храна да ги зздробам и ставам во храна или кога ке јадам и нив да ги јадам ај писете ??..и васите вакви ли беа таблети?? и дали се употребуват и на други нацин?....поз
Девојко нели осеќаш дека си малку повеќе од напорна? Толку ли незнаеш како се пие апче? На секоја од 185-те страни сигурно пишува по нешто за пивскиот квасец, а ти и понатаму упорно ја тупиш... Земи прочитај а не без веза едно исто десет пати го повторуваш...Аман
н а к е извини ама според твоите прашања и коментари сваќам дека премногу си опседната со растењето на твојата коса а тоа не е добро што и да користиш па не очекувај дека чудо ќе се напрај со твојата коса ќе ти расте во нормала како на сите само со паквилетни работи косата ќе ти биде подобра никој нека не очекува ако косата му е до уши дека за неколку месеци ќе му биде до половина тоа нема шанса што сака нека користи еве јас имам средно долга коса имам користено све што е на темата ама косата бавно ми расти и ако ги користев работи косата исто ми расти само што ми е поквалитетно влакното
Женски и по редовно читкање на темава, пак не го најдов одговорот.. Само што јас малку ке го модифицирам прашањето за мојот случај.. значи не Како побрзо да ми расте косата? туку Како да ми расте косата!! значи мојава коса не расте!! расте, мегутоа многу малку, неколку сантима, и толку, ТОЛКУ..после само продолжува да се оштетува..да распукуваат врвовите, косата да губи целовкупен облик и форма.. но во должина многу слабо.. и после секако ја шишам.. а не дека ја шишам еднаш у година па да ми речите шишај се почесто ке расте.. нее.. јас редовно си ја шишам, на 3-4 месеца се шишнувам (плус, минус).. знам дека секој е различен.. но имам другарка која навистина екстремно брзо и расте.. лаки хр..се шишаше кратко, до над рамена... сеа еве за пола година и е толку долга..уште малку до гз ептен брзо и порасна... мене повеке од нешто подоле од рамената не ми расте.. никогаш не сум имала долга коса не е битно дали ми стои или дали можам да ја одржувам...треба еднаш да пробам па ке видам како ке ми стои и како ке се снаогам со неа се тоа, па ако не иде работата, ножиците цак цак и готово е за секунд... али мене ме загрижува што не расте... знае некој која би можела да е причината?
Несакам да излезам негативец,меѓутоа ве советувам да не се форсирате со свашта,едноставно опуштете се,и мијте ја косата со шампон од бреза на илирија во кој ке имате ставено раствор од пантенол од 100 мл,употребувајте некоја од маските пишани на фемина за раст(ја препорачувам маската од 2 жолчки,маслиново и рицинусово,1 лимон и малку јогурт),а некој пат ставете рицинусово и бадемово на коса..И субрина или маска или сл.незнам што си користите,и на крај нешто за заштита од топлина. Мислам дека нема потреба од замарања со таблети и чуда.Ви посакувам успех
Нејм, многу пати е напишано косата ти расте, а тебе ти се чини дека не расте зашто ти се кине на врвовите од што е оштетена.На пример, косата ти расте еден сантим во месецот, врвоите ќе се скинат пола сантим или сантим и ете ти иста должина цело време. Ако имате расцветани врвови, џабе е да ставате било какви препарати, додека цветовите стојат и се шират нагоре, ќе ви се чини дека косата не расте.
ма добро де не земај сила едни писуват едно едни друго..ја процитав странава повеке од 20 пати...но секој разлицно а јас барам мислејне од оние сто користат...миме-да навистина станувам опседната со косава затоа сто по греска кога ја кратив наместо 3,4 цм ми скрати повеке од 10...а сега за до мај ке ми е потребна....сепак јас прасувам на оние кои користат и имат ефект....без врегајне и извините ако сум упорна али без упорност нисто
Н.а.к.е еве јас ќе ти кажам, зошто истите ги пијам, ама за последен пат е ова. Јас не пијам толку многу дневно, и нема потреба да пиеш три пати по две ако не ти е препорачано. Доволно е да пиеш по две-три дневно, после ручекот. Јас пијам две дневно, плус еден б-комплкес. Мислам дека е доволно. Ке обрнеш внимание на самата нега на косата. Почни со избирање на шампон(јас би ти го препорачала брезовиот) , соодветна маска, регенератор и сл. и смени го процесот на миење. Тоа значи масирање на косата најмалку 5 минути, а јас би ти препорачала и да ја плакнеш пред крајот со поладна вода(не грч ладна, малкичка). И секако, немој да ја миеш косата секој ден. Доколку имаш посув корен, можеш да ставаш масло на косата пред да ја миеш, да отстои барем еден час. Чичково, рицинусово и други масла имаш во сите маркети и аптеки и се од 50 до 70 денари. Ете од мене совети, кои и самата ги применувам. Се надевам дека ти помогнав и дека нема потреба од разјаснување повеќе.
И мојата коса исто така многу споро расте, всушност таа расте, приметувам подрасток пошто ја фарбам, но должината не и се менува а не цвета воопшто, здрава е. Само премногу ми е кадрава а само кога ќе ја испеглам тогаш ми е долга до половина а вака само до пола грб може и пократка, само немам живци да ја пеглам зошто и онака е многу вртена и многу бргу се умрсува тешко ја чешлам последен пат ја имам пеглано во април хахах
па писува две по 3 пати на ден,,моментално така правам...ал... фала ти за советот....гледате еве некој пробал па казала а некои вака онака да писуват....поз
Позззз девојки! Ја читам темава наназад доолго време и мислам дека е време и да напишам нешто! Значи јас беееееев голем хаир фрик на времето! Фризерката не беше крива туку јас самата! Ја запустив косата со фенот, пеглата.....фарби на метар квадратен....Уфф..Само каква коса беше тоа, ја жалам, се чудам како не останав ќелава! И така еден ден ми дојде преку.....и решив ќе ја израстам мојата природна коса! Ја порастев до некаде, го ишишав гореното, и почнав третмани со масла се додека не ми порасте долга! Маслата не придонесоа за должината туку за сјајот и квалитетот на косата! Да напоменам, има мнооогу дооооолго време, од кога решив дека нема да ја горам косата, не употребив ниту еднаш фен, пегла или фарба! Сега имам дооооолга, многу здрава и пресјајна коса, која ја обожувам, немам ниту едно влако расцутено, а кога се шетам по улица слушам многу комплименти за мојата коса! Девојки, доколку сакате долга и здрава коса, мора да се одречете од фенот, пеглата и фарбите! Долгата коса пак е убава, не пеглана кога е здрава и сјајна!
Дали може да ми каже некој дали е добар тој пивскиот квасец јас прашав денес во аптека и ми рекоа дека тој прашокот се пиел,а не се ставал на косата.И има едни апчиња,пивски апчиња и едни други таблети и тие биле убави ама требало 3,4 месеци да ги пијам...Што викате? Што е поубаво апчиња или тоа што се става на косата?
Здраво,јас сум нова на форумот,ги читав темите и супер се..Има многу добри совети.Во врска со побрзо растење на косата јас еден месец го користам медицинскиот шампон НИРЕЛ плус во него ставам пантенол раствор,за овој месец резултатот е одличен,продолжувам понатаму.Можете да пробате,а за ефектот пишете ми...Позз/
Доколку има некој можност да оди во Бугарија, или некој да им донесе, најефикасно и испробано е една водичка во шишенце која ја прават студентите, а сега ја имало и по аптеките таму, не се сеќавам како се викаше, ама околу 1.80 е, 100 денари значи. Ептен е ефикасна, се нанесува после миење на корените само, се масира, и тоа е тоа. За месец ипол се забележува резултат.
Jaс ја мијам од вечер косата! Ја оставам во крпа да постои едно пол сат и повеќе! И после е сува 80%, ја чешлам мн нежно, правам надворешна плетенка и си легнувам! Другиот ден ја отпуштам и воала прекрасна лелеава и виткана коса! А да ви кажам користам само Палмолајв 2 во 1 Хидра баланс ...