Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да ама тој е против опаѓање, не за поттикнување на растот колку што знам..и не сум задоволна. Не можев да ја расчешлувам косата после него, побрзо ми се мрсеше од вообичаено и ми се чини дека повеќе коса ми паѓаше него пред да го користам. Тоа е мое искуство не мора да значи дека кај сите ќе има таков ефект, додека не пробаш нема да знаеш.
     
  2. cvetushka

    cvetushka Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Епа затоа и прашав,го користам и мислев дека можеби само мене не ми помага.Сакав да чујам и друго мислење фала ти многу..А користиш некој друг шампон или слично? :)
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да не одиме многу вон темава бидејќи и онака е пренатрупана со мислења, а сигурно за опаѓање на косата има друга тема, а инаку имам користено шампон кој дејствува и против косопаст и за растење на коса и мислам дека е спомнуван низ темава исто така. Шампонот се вика Аlpecin caffeine и од него сум задоволна, скап е ама за разлика од Нирелот барем делуваше.
     
  4. cvetushka

    cvetushka Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Е уште цената да ја слушнам ме заинтересира?
    :))
     
  5. OnlyGirl1

    OnlyGirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    9
    Океј,а што би ми препорачала?? :?:
     
  6. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Аман бе девојки, направете список, излезете до аптека, на секој корак ги има и прашајте за цените. Ја натрупавме темава со цени и "препораки". Мора да пробате за да знаете како ке ви делува. Секоја коса е различна. Најбитно е да ја негувате, да се храните здраво и да бидете стрпеливи :)
     
    На Arika и Springy им се допаѓа ова.
  7. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Да ви споделам и јас една информација за побрзраст на косата.
    Да се мие косата со домашен сапун(оној сто се прави од свинска маст и сода) прво со него па после со шампон,регенератор маска било што за да не е заплеткана и да може убаво да се расчешла.
    Тоа го слушнав пред некој ден па пробав еднаш,ке ја мијам почесто па ке видиме можеби ке има позитивни реакции :) :)
    А исто така знам и од порано баба ми ми има кажувано дека во нивно време косата ја миеле со таков сапун и имале многу здрава и долга коса.......Пробајте и вие ако имате дома,јас си набавив :) :) :)
     
  8. sofijacasas

    sofijacasas Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    Пилулата баш не е скапа, корисна е, а е до 2000 евра, не е нешто којзнае што.
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Пф, 2000 евра како скапа.... ехеее луѓе секој ден по 2000 евра даваат, дури и га*от со нив си ги бришат...
    Па и за раст уште пф, големо чудо. :^)

    Подобро надградба 200 евра, ако веќе имате да давате. :^)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не знаев кај да го поставам прашањево :D
    Со ножици си ги скратив бебешките влакна, сега ми се за никаде. Чаре некое? :D или да си чекам да нараснат...поголема глупост не сум направила :D


    :$ :$
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Чаре нема освен гел или восок да им ставаш за да не штрчаш.Ама ако ептен си ги скратила ни тоа нема да помогне :|
     
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Ќе нараснат. Што да им правам. Памет за следен пат :)
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Капче!
    Нема да ти студи ,фенси е , а и нема да ти се познаваат бебешките .
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    Минатата година во шампон од коприва ставив б комплекс и цеден лимон и многу брзо ми растеше косата.
    Го користев долго време и престанав, ама пак ќе почнам.Имам користено и нирел, алпецин и фитовал, но не сум баш задоволна.
     
    На MarchelineAmaru и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  15. vodolija10

    vodolija10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1

    Alpecin caffeine,шампонот мислам дека околу 500 ден. е, ама има иста таква течност која се користи паралелно со шампонот. Значи шампонот е демек за секојдневна употреба, но во случај да не се мие секој ден косата, се користи течноста како лосион нешто, и се мачка скалпот само... и таа течност е околу 500-600 ден. Дечко ми ги зема двете од Зегин и 1100 ден . го фати.
    Многу фален шампон во последно време... мислам дека вреди да се проба :)
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го сместам ова, па решив тука, зошто најмногу се зборува за маслата и нивната употреба. Многу е корисно, прочитајте го.
    Го преведував од срско-хрватски па може да има некоја грешка!

    Чичково масло- едно од најпознатите масла за коса. Се користи за зајакнување на коренот, а го користат и тие што имаат проблеми со опаѓање на косата. Ја смирува иритираната кожа, го отстранува првутот и помага во обновување на сувите врвови. Потикнува циркулација и ревитализација на кoжата на главата.

    Кантарионово масло- ценета билка која позитивно делува на кожата на главата и го регулира лачењето на мснотии. Во комбинација со маслиново малсо дава изненадувачко добри резултати и помага прио опаѓање на косата.

    Масло од јојоба- го употребуваат против опаѓање на косата, но помага косата побрзо да расте и го убалжува чешањето во коренот.

    Масло од авокадо- ја смирува и влажни косата и дава посебно убав свилен сјај. Најдобро дејство има на коса која не е фарбана.

    Бадемово масло- ако сакате екстра сјај на косата, бадемовото масло е идеален избор.

    Масло од лаванда - Ако имате некоја инфекција на галвата, постојано ве чеша и е воспалена тогаш изберете лаванда. Ова масло го дизинфицира, смирува и негува темето.

    Рузмарин- иделано е за масна коса, затоа што ги регулира маснотиите кои се лачат во темето.

    Лимоново масло( прецизирано малсо, не сок)- благо ја осветлува косата и ја подобрува бојата. Го зајакнува коренот, а и самиот мирис на лимон има смирувачко дејство и го подобрува вашето расположение.

    Маслиново масло- може да го користите за да ја смирите наелектризираната коса со неколку капки на чешелот, а ако го нанесете на коренот очекувајте мекост и сјај на косата. Ако имате проблеми со првут, помешајте маслиново и бадемово масло, нанесте го на темето и оставете го да делува барем 10-тина минути пред да ја измиете косата.

    Ореово масло- Ако косата е оштетена и сува, ова масло ќе и ја врати живоста.Доколку имате кафеава коса, ова масло ќе и даде прекрсен црвенкаст сјај.


    И запомнете, на секое масло му треба време да отстои на косата пред да го измиете. Препорачлива е и блага масажа на коренот за подобро дејство.

    Се надевам ова ќе ви биде од корист, посебно зимава, кога треба да се зголеми заштитата на косата.
     
    На Smilly, MarchelineAmaru и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. BonnielovesherClyde

    BonnielovesherClyde Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Ти благодариме за корисните совети, а иначе јас ради диета почнав да пијам чај од рузмарин, и на зачудувачки многу места прочитав дека бил одличен за побрз раст на коса, и што е најдобро резултатите се гледале за многу краток период.Јас пробав еднаш само, наместо со коприва косата ја измив со рузмарин и мека ми е, и сјајна.Кој сака нека проба :))
     
    На MarchelineAmaru и starfish им се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Кога бев на шишање пред некој ден зазборев со фризерката дека користам шампон од комприва и дека многу брзо ми расте косата.
    И таа ми рече во тој шампон од литар да додадам ампула од Б6 вит, ампула од Б12 и ампула од Ц вит. и плус 3 изгмечени апчиња пивски квасец. Пред секое миење да се протресе шампонот па после да се стави од него на коса. Рече дека осетила разлика на косата и поубава и била.
    Па планирам да го пробам ова :lol: . Може уште помека ќе ми биде.
    Осеќам дека тек тогаш ќе се шишам секој месец :D
     
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Пантенолот во шампон колку на колку треба да е односот знае ли некоја? :)