па мене ми кажаа дека во 400мл шампон доволно е 50мл пентанол .Но право да ти кажам не сум пробала што како...Велат пентанолот создавал првут Сепак не сакам да навлезам од еден проблем во друг
Разговарав со фризерката за Фитовал,пошо него го користам моментално и ми рече дека не бил добар,а јас го користам релативно краток период и рано е за да кажам дали има ефект или не. Ми даде таа рецепт за правење смеса и ми рече дека била многу ефикасна..па сеа ај да видиме. Инаку рецептата е вака : 2 шампони од коприва,3 паковања AD3 капки. 3-4 лажици семе од коприва попарено во 100ml зовриена вода. Едно шише пантексол и едно шише кантарионово масло.
Јас направив пакување со рицинусово, бадемово и ореово масло, пар саати, собрана косата, и нема мрдање од дома пошто погон за зејтин бев во главата. Ставив во шампонот само лажица пантенол, значи многу малце. Два пати со шампон исплакнав додека не се исчисти се`, маска на врвовите само. Без пегли, фенови, глупости, со пешкир само тапкање, сушење, гужвање... Јас поубава коса у живот не сум имала, најтопло препорачувам. Масла, шампон од коприва, маска на врвови, тоа е се`.
Девојки јас некаде прочитав за масло од рузмарин дека било совршено за раст на косата,дали некоја има испробано? Исто така и за таблетки дермабион ако има некоја лично искуство ако може да ми каже дали имам ефект?
Jaс слушнав дека шампон од коприва бил многу ефикасен за раст на косата. Сите што ги прашав сите ми дадоа позитивен одговор за овој шампон. И плус ефтин бил околу 80 или 100 ден, во аптеките. Дали некоја од вас го има користено овој шампон па да слушнам уште неколку мислења пред да го купам.
Па зависи...Мене косата ми ја правеше ко жива ограда....пробај,можеби на твојата коса нема да има таков ефект
еј фала многу не сум знаела за овоа , а тоа што пишува тука во ворумот некакви апчиња што се додавале во него ти ставаш апчиња или ..........
Ме интересира, дали убо ти влијае на косата, оти како шо спомнаја чупињата овај другиот ефтиниот од илирија, од коприва ко жива ограда ме праеше, стварно неможев крајот да си го најдам и одма го прекинав И отприлика за еден месец се гледат резултати? Поздрав
Девојки си купив Wash & GO од коприва, дали ќе има ефект од овој шампон или мора да е тој од коприва ефтиниот од 80 ден(што спомнавте погоре) ? Денес ја скратив косата и се покајав милион пати, многу ми е куса па затоа сакам сека да ми порасне побргу.
Пред една година немав навика да факам во репче, секогаш ми беше пуштена. Значи тогаш ми беше косата некаде до рамената. Потоа почнав да ја факам во решче и сега за една година ми порасна околу 8cm. Кога косата била затегната порите брзо лачеле и блакното побрзо растело
Да не те разочарувам, ама 8 цм за една година е малку, освен ако не си ја скратила два-три пати по 2 цм. Башка не се препорачува да се носи косата често затегната, затоа што повеќе влакна паѓаат.
Toa значи дека во просек косата растела 5-6 милиметри т.е. пола сантиметарче на месец, така да тоа не е воопшто многу или надпросечно растење.
vaka devojki ke vi kazam kako raste brzo kosa barem mene mi raste pobrzo odkoga go pravam slednovo veke 5-6 meseci i imam stvarno vidlivi razliki ja mijam kosata na sekoj 2-3 dena koristam sampon od kopriva i potoa stavm subrina ja plaknam kosata i na kraj pred da iskocam od kada stisnuvam zabi i so ladna vodna ja pominuvam kosatai potoa obavezno stavam kapki za kosa i posle toa ja susam kosata ja peglam i ne mi se ostetuva pozdrav probajte nema da zazalite ))
^^ Во принцип се препорачува да се мие косата со млака вода, а ние сме научени со топла, скоро жешка вода, што е штетна исто колку што се штетни и пеглите и феновите. Кога ќе ја поминеш со ладна вода после жешката, овозможуваш подобра циркулација кај темето, и веројатно тоа поттикнува раст. И претходно имам пишано за ова, или млака вода, или на крај со поладна, секако не грч ладна.