1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како подолго да ја сочувам исправената коса

Дискусија во 'Коса' започната од mrslipgloss, 24 мај 2012.

  1. mrslipgloss

    mrslipgloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Девојки ве молам помош..
    Јас имам кратка а виткана коса, па сакам да ја носам пеглана.Купив многу скапа преса и разни продукти користам но никако не ми останува права поголго од 10 минути.Малку да замавнам со косата таа пак ми станува како брановидна но неубава :sweat: Ако можете кажете ми како ја исправувате вашата коса, и дали ви стои исправена подолго време.Ви благодарам однапред :$ :worried:
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто не си купиш продукти за да си ги обликуваш локните уште повеќе,штом гледаш дека неможеш да ја носиш пеглана зачувај си ги нив,за да не ја оштетиш па на крај да незнаеш да ја дефинираш сопствената коса.
     
  3. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
  4. mrslipgloss

    mrslipgloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    ви благодарам многу :lol:
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    уф, и јас си имам мака со косата. и најмал дожд да ме фати, одма ми се витка. ама пусти мерак за права коса :) јас ја фенирам косата, па ја пеглам и гледам тоа да биде минимум 5 саати пред искачање за да може косата да ми се навикне. а најубава ми е кога ќе ја испеглам и следниот ден и со лак за коса ми издржува цела вечер. а бидејќи деновиве времево е многу променливо, не ја пеглам,зашто шанси нема да ми издржи
     
  6. mrslipgloss

    mrslipgloss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    си имаме иста мака :lol: ќе пробам како што ми кажа се надевам дека ќе има резултати.ти благодарам :D
     
  7. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    и зборавив да ти кажам...никако фаќање на косата со раце. од искуство, ако рацете ми се мокри (на пример од пијачката што ја држам) и ако ја фатам за косата, одма ми се витка. :D
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ајде да ја активирам малку темата за сите оние што мака мачат со виткана коса,и јас имам виткана но претпочитам права бидејќи поубаво ми стои пред некој ден кога ја средував косата фризерката ми кажа еден серум кој ја одржува косата права и на влажно време но серумот не е пуштен во продажба туку само се порачува од дистрибутерите ми кладе од серумот и бев задоволна косата не ми се извитка му реков да ми го порача некаде околу 600 денари е пак ќе бидам како ќе бидам задоволна така да може сите да си ги прашате фризерите за овај серум и да ви порачаат секој добар фризер треба да знае за вакви средства..
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    ^ А може да пишеш како се вика серумот ? :wasntme:
    И дали го порача, како си задоволна ?
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    серумот го порачав пред една недела и уште ми нема стигнато од каде го земаат бог знај знам само дека е 600 денари кога ќе сртигни и кога ќе го пробам ќе пишам
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    И јас си имам проблем, посебно навечер кога е многу влажно :(
    Дефинитивно има врска каква пегла користите, јонските се незаменливи, оваа сега што ја имам е керамичка и е катастрофа :devil:
    Единствено чаре засега ми е откако ќе ја испеглам да не излегувам следните 2-3 саати, а кога ќе излезам да ставам капа и да се замотам со шал.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    истиот проблем го имам и јас сега на влажно време само виткана ја носам да не ја горам или малтретирам оти џабе ми е сега ќе пробам со серумот ама незнам скептична сум искрено :worried:
     
  13. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    многу е битна пеглата, ако достигнува поголема температура и ако се пеглате подолго значи секое мало праменче посебно, притоа косата ви биде исфенирана бла бла.... ништо од ова виткана коса си е виткана и јас сум голем љубител на права коса постојано ја пеглав, ама излезам ли надвор на вакво време катастрофаа!! затоа се откажав и кога е влажно надвор ја носам виткана, само за џабе горење и сега ја пеглам максимум еднаш неделно, предходно скоро три недели (што е огромен успех за некој што ја пеглал секој втор ден). а од препарати му се острам на едно шампонче ли е што ли е во вид на туба како крема за раце да речам пишува за оформување на локни, не е скапо ама никако него да го купам :)
     
  14. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Мене постојано ми е виткана без ралика дали е влажно или не :devil: ја пеглам,но не помага па затоа се одлучив да ја носам виткана ( не ми стои ама пак не сакам за џабе да си ја горам косата кога нема ефект ) и затоа откако ќе се ибањам става пена за коса и имам правилни локни. ;)
     
  15. cucii...ii

    cucii...ii Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    12
    дали косата ке остане права или ке се наврти повторно много зависи и од тоа дали предходно измиената коса е добро исушена. Доколку не е добро исушена колко и да ја пеглате таа за некое време повторно ке биде иста. Исто така не е добро доколку ја измиете косата веднаш да ја сушите и потоа да ја пеглате. Треба да има некое растојание. На пример одкако ке ја измиете косата оставете ја некое време(половина Час)да отстои во крпа. а доколку имате време добро би било да ја оставите по природен пат да се исуши. И сувата коса треба да ја оставите барем половина час пред да ја пеглате.

    И никогаш не треба да е влажна, ни најмалку.