Кажи ни нешто подетално за врската ваша, во последно време како се одвивала? Дали се сменил, бил ладен, не заинтересиран? Дали имаше плус нешто што ти пишал? Чудно ми е вака 7г врска вака одеднаш да пукне, сети се убаво на последниов период. Доколку нема друга можно е да те побара пак но сепак да замине некој од 7годишна врска без никакво објаснување едноставно не е фер
Барав и сеуште барам нешто што би било чудно, нешто што би ја довело до тука ситуацијата, но ништо не наоѓам се беше прекрасно немаше ништо чудно
@Tory Девојче, доколку е навистина така тогаш ти посакувам побрзо да го преболиш и да си продолжиш по патот а тој нека крши глаа
Колку и да ти звучи ова без врска... за пет год од сеа нема око да ти трепне за ништо од ова ... така да...
кажа сакам да ти кажам со тебе ми било убаво затоа и сме 7 години и неколку месеци заедно ама мислам толку многу години доста е ти посакувам се најдобро како рефератче ми го напиша и додека читам додека вратив да не се шали баш Дека се толку многу не може да се фрлаТ во вода рече луѓе умираат, се разведуваат со деца ние ќе жалиме за 7 биле поминале и оддеднаш блокната од секаде
За ваков глупак не вреди ни секунда да жалиш. Да те почитуваше барем малку ќе ти кажеше во лице зошто ти раскинува, а не да те блокира како најголема кукавица. Сигурно ти е тешко и мислиш на него. Пробај да ги оттргнеш мислите од него, почни да вежбаш, готви нешто интересно, читај книги, гледај серии и сл. Само не останувај сама и не тагувај. Убаво ти напиша Лили погоре, ќе ти помине само треба малку време.
Леле... Жал ми е ама ова навистина не му чинело од негова страна ич. Барем малку почит.. И да те побара некад немој да му се вратиш. Знам дека ти е тешко, а пред се уште си во шок ама не се обвинувај, не си можела да знаеш дека вака ќе заврши и ќе те остави на ваков идиотски начин со многу глупо образложение.. Гледај го ова како голема лекција.. Незнам што да кажам ств луѓево се чудни..
После него имаш физичка болка во градите и мислиш дека не можеш повеќе, but in fact, секој без секого може и полека полека ништо нема да остане од болката.
После 6 месеци најубаво е, почнуваш да сфаќаш дека h*e life е за тебе и се подготвуваш така да живееш дур не почнеш да сакаш пак нешто сериозно
И мене ми е поубаво после нив ама некогаш знам да се навратам на некои спомени и да ме "пецне" срцето. Човечки е I guess.
Исто како и пред него , не можам да замислам да патам по некој со месеци.. Имам една недела да го преболам и готово ако е богат можам да тажна и до 10 дена зошто не сум му потрошила доволно од неговите пари