Најчесто го игнорирам ваквото однесување како да не сум слушнала. Но, ако личноста има таква особина и почесто го прави тоа, саркастично возвраќам.
Сум немала таква ситуација од поодамна. Освен овде, на форумот , ама тука се многу јаки дека сокриени, заштитени, и никој не смее да им префрли за фацата. Шала настрана, @baba Rada, биди си ти. Твоите зборови можат да ги искористат против тебе, ама штом си избувлива по природа, не е убаво да собираш во себе, освен тоа, ако премолчуваш ќе си го сфатат како нивна победа и ќе те земат низ нозе.
Хм,провокација... Обично не им давам простор за тоа или значење,т.е. не го сфаќам како провокација,во смисла дека не е за мене битно неговото/нејзиното мислење.И секогаш им укажувам на тоа дека сум свесна за нечија намера,па тука мавам шеги насочени кон конкретната личност,ама често се толку самобендисани што не ни помислуваат дека уствари ги исмевам. Или го/ја игнорирам од едноставна причина што стварно не ми е битно,а доколку е од поблиски особи и тоа како знам да изреагирам,избувнам,а подоцна да ми е многу жал. Порано бев посмирена,посталожена,ама доаѓа момент, кога секому пука филмот и веќе не е истата личност од претходно. Сарказам? Секогаш,секаде До скоро,за тоа многу ми се лутеа блиски,и уште знам да се извинам за такво однесување,некогаш не му е место ама во крв ми е некако.
Сарказам. Скоро секогаш. Треба многу за да ме изнервира и да изреагирам бурно. Доколку не сум расположена да се расправам едно бркај си работа и си заминувам.
Незнам што ми е денес, некои мрачни сили ме фатиле...провоцирам цел ден, едвај чекам некој да ми се фати на јадица и да почне он со провокации за да му се пуштам...ауууу...
Зависи за каква провокација станува збор и од кого. Најчесто јас ја спуштам топката,да ја смирам,па почесто возвраќам со шала. Но на овие педерчињава едвај се воздржувам да не им удрам една по нос,рокам и пукам во себе и молам живци да не ми го запалат фитиљот. Е фитиљот сам го палам ако провокацијата е наменета за сестра,е тогаш или нека мава машки или го јадил кикириката. Женско ако ме испровоцира најчесто молчам или го реметам
Зиам пушам трева и решено е .. Шала на страна, у тој момент размислувам дали тој шо ме ебе у мозок ќе го оставам да живее или не, али најчесто се сожалувам Like the Old sayin' goes: - Ај, живеј ПозЗ3³ ®
Реагирање на провокација? Зарем човечките суштества за кои не ми е грижа дали се живи или скапуваат под земја го заслужуваат моето внимание, енергија и скапоцено време? Реагирам на начинот на кој ги третирам 99,9 % од луѓето - ги игнорирам и не ни сметам дека постојат на оваа планета... Но доколку не престанат, воопшто не ми е ни жал ни срам да ги погодам таму каде најмногу ги боли, коментирајќи ја нивната небитност на најморбиден начин. #When people think they're getting to you but you've been dead inside for years...
Зависи кој ме провоцира. На непознат му мавам игнор ама на близок му враќам со иста мера. На Форум не се расправам, кажувам мислење па кој како сака нека ме сфати. И не навлагам во дискусија.
Зависи, кога бев тотално препуштен на зависност од субстанци, некако беше полесно да игнорирам провокации или да бидам иницијатор. Сега дури и со докторат по двосмислен сарказам/тотално игнорирање дури и на ситници избувнувам. Имаше време кога можев да си дозволам одење кај психијатар и лекови, но кај нас нема соодветни лекови со соодветна цена и не е баш пристапна цената ако не си здравствено осигуран. Почесто е јас да бидам провокаторот, па бидејќи сум свесен за тоа сега за сега се изолирам малку додека можам да побарам стручна помош. Втор пост ми е на форумов, скоро никогаш не сум споделил на јавен форум волку. Поздрав и имајте убав ден
Со плескање... овај за вербална провокација де - плескам се` во фаца, за секој да си го знае своето место со време.
толку смирено, индиферентно, незаинтересирано, дури и сама себе си одам на нерви од шо сум таква некој кој се труди да ме провоцира навистина е на мака, не знае дали греши тој сам или јас толку не сфаќам дека ме провоцира