Зависи . Предупредувам до три пати . За понатамошните постапки , не одговарам . Можам око да извадам на некој , можам да го спуштам и 3 метра под канализација , а можам и да го игнорирам .
Враќам со насмевка и сум љубезен колку што можам во моментот. Верувам во христијанска етика, иако сум агностик по убедување. Верувам во емотивна економија, во убедувањето дека погрешно сме се разбрале и дека веројатно мозокот ме лаже за постапките на „провокаторот“, му давам шанса да се разбереме. (Во позадина си мислам: Брат, сестро, ова е долгогодишно совладувана техника, не знаеш што може да ти се случи ако продолжиш, можам и бубрег да ти извадам ако посакам. Способен сум за тоа, и физички и ментално.)
Зависи од кого, зависи за што, зависи и како сум расположена. Ако имам добар ден, не допираат до мене провокации и негативности. Ако имам лош ден, може и да избувнам и да почнам да се расправам.
Паѓам на провокации. После жива се јадам што сум дозволила да ме извозат!!!! Па се докажувам, викам.... Идиотски ама тоа е карактер!!!
Никогаш со нова провокација, зошто тој што прв провоцира тоа и го бара. Да кренеш гард, да нападнеш. Така да реагирам спротивно од тоа што очекува провокаторот, на некој начин што ќе го дефокусира: Обична љубезност, спуштање топка или отсуство на било каква реакција ако треба. И хумор помага