Кога имав шишки - сама си ги потшишував со ножиците према нагоре, значи вертикално, за да излезе и мал степен, да не се скроз рамни. Кога решив да ги скратам - тоа го направи другарка ми, затоа што беше со шишки и она цел живот, па знаеше точно како треба, останатото потшишување не ми се исплатеше на фризер, па сама се испраксирав Истото е и со остатокот со косата, бидејќи ми е рамна, не е многу голема филозофија, и не може многу да се утне
Сама да се шишам тоа никако. Шишки кога имав пред две години си ги потскратував сама, од причина што во очи ми идеше косата и ми сметаше. Други експерименти на себе немам правено. Баба ми ја имам шишано неколку пати, не дека знам да шишам. Ја шишав така убаво како што треба со бикче за бричење, за да не изгледа како со секира да сум ја крастела и со прав лењир ххехех. Употребував и ножици за подрамнување секако. Зборот ми е коса како коса расте. Јас не се согласував никако да ја шишам жената, но таа ме убеди дека нема ништо страшно зошто косата сепак расте. И така се согласив хехехехеххееххе. Крајниот резултат не беше застрашувачки за среќа. Морам да ви кажам дека беше интересно и првиот пат се смеев како луда.
И јас веќе подолг период сама си ја кратам косата. Последните пати фризериве ми ја уништија косава посебно шишката којашто ми е крајно проблематична! И се откажав! Не знаете колку фризери сум сменала, ама никој два пати не знае добро да ме среди. И почнав сама. Прво од шишката, потоа и другиот дел на косата. Има милион туторијали на јутуб. И така сега сама си ја средувам косата. Тешко ми е бидејќи не можам отпозади добро да гледам што правам, ама досега не сум имала утки. Така да во мојов случај не се проблемот парите, проблемот се неискусните фризери коишто за ништо не ги бива! Кога гледам на јутуб какви професионалци има, посебно Американциве ми иде бар на момент да се преселам таму колку косата да ми ја средат. Поскапи се и тоа многу, ама вредат секој денар!
Не паметем кога последен пат сум отишла на фризер да се шишам. Имав една мн добра фризерка, која ми ја шишаше косата, едвај ја најдов. Претходно мн се припотресував за косата, ми беше долга и густа, и не давав секој да ми ја чепне, зошто ќе им речеш толку и толку да ти ја скратат, тие кратат 3 пати по толку колку што си им рекол. Последната фризерка ми ја шишаше долго време..ама смени локација, и ич не ми одговараше кај што и беше салонот. И почнав сама да се шишам..некогаш со помош на мајка ми. И од тогаш мислам дека ми е поздрава косата, почесто ја шишам- т.е кога ќе ми текне . Вака се шишам...ја шишам (најчесто мајка ми ама и јас сум се шишала сама) рамно влакно во полукруг. Значи без степен никаков..тоа е лесно...и за да направам степен, се наведнувам и ја превртувам цела коса и ја исчешлувам убаво.. Така превртена си поминувам уште еднаш рамно да шишам..како што е формата на косата така превртена, од секаде по еден или еденипол см од сите страни...и кога ќе се исправам и исчешлам, фризот ми е готов. Напред обликувам како ќе ми дојде во моментот, со пократки или подолги шишки. И тоа е тоа..нема некоја филозофија, и не е работата да се заштеди...150 денари не менуваат мн, ама од практични причини, позгодно ми е да си се шишам сама
Се имам сама потстрижувано и понекогаш позадоволна си сум сама да се истрижам од колку последниот пат кога бев. Му викам сакам на шпиц не ми ја ретчи и без степени. Кога фати со степени и ретчена ејјј си викам убава работа чекав долго време а требаше уште порано да ја израмнам. Сега ми е над градите, ама ќе порасне пак
Еднаш една фризерка не ми ја израмни убаво косата, па морав сама да интервенирам. Никогаш повеќе не стапнав кај неа во дуќан. Исто и шишки кога имав, не ми се исплатеше на секои две недели да одам на фризер, па сама си ги кратев. Како сами да ја скратиме косата? Па седнуваш пред огледало, земаш специјални ножици за шишање и се молиш се да испадне како што треба. Веќе не би се осмелила сама да се шишам, освен вака во итни случаеви. Си најдов квалитетна фризерка и и ја препуштам мојата коса на неа.
И јас сама си ја кратам косата.Долга и рамна ми е,така да ич не е некоја голема филозофија. Многу сум си задоволна. Па за шишки не станува збор,сигурно нема на три недели на фризер само за тоа да одам. Ја имам стрижено и мајка ми,а нејзе и е кратка косата,па и` ја погодив. Откога ја пораснав косата не ми е потребен фризер,ниту за стрижење ниту за фарбање ниту за фризури.
Јас не би смеела сама да се нафатам за ова, зошто ќе шизнам ако згрешам нешто, а би згрешила сигурно. Кој има шишки да, не им се исплати нон стоп на фризер да плаќаат ама за степени ова она, не би се нафатила.
Не би се осмелила сама да се шишам ни пола сантим. Сепак косата е украс на жената, нема експериментирање со такви работи, барем за мене. Инаку, вистина е дека цената нема врска со квалитетот на шишањето. Јас дадов 500 денари во Студио Ин, ме осакатија, едната страна ми е различна должина од другата, ама буквално имам дупло помалку коса од десната страна, а не да речеш разлика за милиметарче, за сантиметри станува збор.... од август не можам да ја оправам. Девојки, не се залажувајте со „професионалците“, мене ме шишаат одлично за 150 денари каде што си одам. Овие кај ништо не знаат уште збор не можеш да им кажеш, многу паметни се...
А да одите на фризер и да не си играте со косата па да испаднете вакви (како плавата ) или пак вие што имате долга коса да сте како мавнати со секира Јас имам тешки трауми од детството со шишките...Еден ден и викам на мама: Мамо не сакам повеќе да имам шишки и трап до корен...Да да до темел ги скратив Па носев траки дур не ми порасна..Среќа во мода беа па таман ем без шишки ем модерна бев ....
Абе оваа намерно е шишана вака, гарант. Гледаш делот што ѝ е „исцепкан“ ѝ е офарбан плав. А и јас како мала се прашував, зашто морало да ги чекам шишките да ми пораснеле, зашто едноставно да не ги пресечам до корен? И мислев дека возрасните се глупави што не им текнало на тоа, ама добро што не ми текнало мене да го направам.
Никако сами, само на фризер. Една другарки кажуваше дома сама си ги потшишувала расцветаните врвови и косата и е: едно влакно кратко, едно долго, трето до средина. Затоа не правете научни истражувања дома, фризер си е фризер.
јас се потскратувам сама веќе 3-4 пати и баш ми е ок, завчера се шишав пак па ќе ставам слика проценете
Може така сака да и биде. Косата се кине од различни причини, може затоа се гледа нерамномерно. И зошто тоа „никако“? Коса е, расте. Какви промашувања сум имала и јас и мои блиски со самопрогласени (и тоа прочуени) фризери па мое средување сигурно нема да биде полошо од тоа.
Кажуваше дека ја е утнала, не сакала така, повеќе личеше на ова: Ама и како што си кажа, коса е и расте. Другаркава ја носеше цело лето врзана потоа и порасна.
уф колку пати сум помислила што не си ја скратив сама косата- особено после фризер. Но никогаш не сум се осмелила. Понекогаш мислам дека со лексикон треба да идам на фризер . Ти и велиш скрати ми ја косата само два сантими таа пет (ама оштетена ти беше ). Секои три месеци истата приказна. а и незнам што е работава во ова Скопјево само што мислам дека сум си нашла таман фризер затоа што првиот пат ке ме скрати топ а после вториот си ваков а на третиот . И пак одново во потрага по нов фризер. Сигурно е до мене . Инаку супер и е на девојчето од видеото косата ако некој успее од дома така да се исиша си закажувам кај неа на домашно шишање без мислење Можеби има некој скриен талент овде на форумот што ќе изненади. Па чекаме фотки од вашиот домашен фриз.