Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Ахх, јас го запознав дечко ми на улица :D
    Никогаш не помислував дека баш тој ќе ми биде дечко. Го знаев на изглед и го гледав кога доаѓаше во нашата населба кај другарите. Секогаш ми фрлаше поглед кога поминував, но јас никогаш не му обрнував внимание. Од некаде го дознал мојот број, и секој пат кога ќе ме видеше ми стигнуваа милион љубовни пораки од тој непознат број. ( баш се сеќавам на една порака кога врнеше дожд и јас поминав покрај куќата на неговиот другар и ми стигна порака додека паѓа дождот признавам дека те сакам , и ќе те сакам како никој досега) :lol: Подолго време го немаше да доаѓа. Еден ден додека се враќав од продавница, покај мене поминаа тој и неговиот другар и јас занесена така, слушам некој ми вели здраво. Не го препознав бидејќи долго го немав видено а и се немавме лично запознаено, го загледав во очите и се загледав во него и така тивко одолговлекувајќи му реков здравооооо, мислејќи се кој е типот:D но забележав дека има прекрасни очи во кои се заљубив :lol:
    Откако се сетив кое момче беше тоа посакав пак да го видам, но повторно се изгуби...
    По неколку месеци ми заѕвоне непознат број, и тоа беше тој. Ме викна да излеземе на кафе, но јас сакав да одиме на прошетка, и отидовме на прошетка. Отидовме да се шетаме на едно излетничко јас потајно се надевав дека ќе го направи првиот чекор, но ништо, разговаравме со часови.
    Стигнавме до една црква и почна да врне , му реков да си одиме да се вратиме во автомобилот да не заврне повеќе, и таман тргнав назад, оп, одпозади ете го тој, ме гушна така силно убаво, ме заврте и ме бакна :) Пеперутки ми летаа во стомакот, тоа беше најубавиот бакнеж, нежен воедно и страствен :inlove: Одтогаш сеуште сме заедно и прекрасно ни е и секогаш кога одиме на излет кај таа црква се потсетуваме на тоа :inlove:
     
    На N.Kety, semplice, eki4k2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    со мојот сопруг се запаознавме во диско, разменивме моб.бројчиња, јас му се јавив наредниот ден вечерта, разговаравме два часа, понеколку дневни разговори излеговме, разменивме флуиди и по една недела ми кажа дека ќе ме проси, се искинав од смеење зашто уште студирав, по една година се венчавме и заедно сме 6 год.
     
  3. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    па со мојата душичка се запознавме на излегување и тоа во местото каде што работи тој онака спонтано се се случи од еден обичен муабет почнавме да се дружиме и тоа прерасна во една врска која трае веке 2 години и понатаму планираме да стапиме во брак.
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Се запознавме на скајп бевме многу блиски.. Па потоа излеговме и сега сме веќе 1 година заедно :inlove:
     
  5. Amethyst

    Amethyst Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    После неколку неуспешни врски, како и постојано налетување на стереотипни мачо типови, постојано едно те исто, драми, изневерувања, лоши проценки на луѓе, скршено срце.... бев готова да кренам раце од вистинска љубов и дека воопшто постои некој ко за мене.
    Пред скоро 2 години една другарка ме викна со некое нејзино друштво, за мене сосема непознато, да прославиме Св. Трифун. Не бев сигурна дека ќе одам зашо дента многу ме болеше стомак, ама како се ближеше вечерта, ми помина па можев да и се придружам. Пеевме и пиевме, дочекавме роденден, беше забавно и еден дечко ми остави многу добар впечаток. Имаше супер енергија. Почнавме да правиме муабет и некако се најдовме. Ме потсети на една приказна....
    Пред неколку години другарка од факултет сакаше да ми намести еден другар на дечко и, ама ич ги сакам тие местенки а и периодот не беше некако погоден, па го одложивме тоа запознавање за понатаму.
    И испадна дека него сум требала да го запознаам... Која коинциденција или можеби судбина.... До крајот на вечерта не зборевме уште многу ама му реков ќе се распрашам за него и се разделивме... и откако другарка ми ми ја потврди приказната, нешто се смени кај мене. Почувствував пеперутки после многу долго време. До крајот на неделата ми се јави и се најдовме во се’. Оттогаш сме заедно и се чувствувам како да сум си ја пронашла сродната душа.
     
    На sj *O*, sweetgirll и semplice им се допаѓа ова.
  6. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Мојата приказна личи како на филм. :geek:
    Започна со обично пријателство...меѓутоа тој ги премина границите и почна да навалува на тоа да излеземе на само од дискотеката,да се возиме,да одиме некаде сами на вечера и сл.
    Јас цело време го одбегнував затоа што имав страв од брат ми(мислев дека ќе ме кара затоа што дечко ми беше по возрасен)а и мене ми беше симпатичен,ама јас никако не испаѓав на само со него(дивина :$ )
    Меѓутоа тоа лето(пред 4 години)се имавме договорено со другарките да одиме на одмор во Црна Гора и требаше јас да одам до агенција да видам какви се ангажмани има.Баш се погоди да одам во нивната агенција(не го ни очекував него таму,никогаш порано не сум го видела,постојано татко му ја бркаше таа работа)кога вака влегувам и го гледам него :o
    Јас ептен се засрамив а верувам и тоа се виде на моето лице.А неговата реакција резултираше со една цинична насмевка.....(како јагнето да се фатило на волкот замката)демек нема каде да бегам!!!!!!
    Јас почнав да прашувам каде, како, што, цени,и на крај најдовме сметување,превоз се што беше потребно,а за сето тоа време тој се однесуваше многу пристојно и професионално.(во себе помислив веќе се изгубиле чувствата кои ги имал спрема мене,како да почувствував некој љубомора)
    Дојде денот ние стигнавме во хотелот се сметивме,помина едната вечер,но утредента ме чекаше изненадување.Кога си дојдовме од плажа тропна некој на вратата,ние помисливеме дека е некоја од другарките од другата соба(а кој би можел друг да тропа)отварам и кој гледам? :o
    Дечко ми!!!!!(тогашен пријател)
    Да ме видевте каква фаца бев.Првата реченица што ја слушнав беше:
    -Друштво каде излегуваме вечер?
    Сите бевме како збунети,и другарките сите почнаа да ме задеваат дека конечно нешто ќе биде со нас.
    Испаднавме вечерта(а јас ослободена дека брат ми го нема,и малку се опуштив а и пијалокот си го прави своето)и се си дојде спонтано,почнавме да се штипкаме,бакнуваме, гушкаме,допираме.
    Етете така започна една љубовна врска која еве трае цели 4 години :inlove:
     
    На sj *O*, sonce777 и semplice им се допаѓа ова.
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Се запознавме во школо, јас сум 2 год. а тој 4 и сме у иста смена. Додуша јас го меркав уште првата недела коа почнав 1 година но незнаев како се вика. Година подоцна т.е поцетокот на септември 2010, неговиот сколски ја бендисуваше мојата најверна другарка, па така преку него му покажав слика од мојот дечко (тогашен симпатија) која ја имав сликано на мобилниот и тој најпрвин ми се изнасмеа убао и ми кажа дека заедно седат у школо. Така преку него му пратив поздрав а тој рекол дека ме познава почнавме да си пишуваме се договоривме се видовме и бидна работата, а сега лебдеам во облаци од толку многу што го сакам :inlove:
     
  8. icy

    icy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Никогаш немаше да поверувам дека може да се заљубам во него , затоа што со него се познававме уште од мали...Неговите и моите родители беа пријатели, јас него го гледав исто како пријател т.е познаник и некој што не би можела да го засакам затоа што не ми беше пријатно...Јас имав тригодишна врска која заврши и нормално веднаш после тоа следуваше отварање на Facebook профил :) Така еден ден разгледував фотографии и здогледав еден коментар кој беше напишан од него и реков дај да му понудам пријателство онака чисто пријателски...По два дена ми стаса порака од него и бев премногу изненадена и не знаев како да реагирам , па го одбегнував.Потоа по извесен период отидов на одмор и кога си дојдов повторно ми пиша, веќе ја знаев неговата намера , но повторно го одбегнував (згора на тоа и знаев дека живее на друг континент) ... Но , една вечер бев толку опуштена што неговиот разговор многу добро ми дојде и некако почнав да добивам пеперутки во стомакот по секое негово пишување :inlove: Нашите разговори немаа крај, тој ми кажа дека од секогаш имал симпатии кон мене и дека ме барал на фб , но мене ме немало :D И секако кога видел дека јас сум му понудила пријатлство бил многу израдуван а уште повеќе кога видел дека сум со статус слободна (и секако он веднаш да нападне :D ) :tmi: и дрн дрн... :D Јас сеуште не сум во официјална врска со него и искрено се надевам дека набрзо ќе го видам и конечно да започнам да го запознавама во живо :party: :inlove: :$ :D
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Во средно, одевме во исто школо поголем е од мене само една година....јас го забележав прва, беше тоа љубов на прв поглед, најубавиот во школо, и само едно нешто ми помина низ глава овај дечко мора да биди мој.
    Така и е....после големи маки успеав да го фатам јас него....тешко одеше, ама за среќа стана мој.
    Одиме долго долго :inlove: тојку се сакаме што пупупупу машала сите ни завидуваат, се надева за брзо ќе ме побара за жена иначе заедно сме 9 години :clap: ухухуху многу но да бидам искрено не ни знам кога помина тоа. :P
    Love is in the air
     
    На sj *O*, sonce777, cvetce93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Се запознавме преку facebook jaс го додадов за пријател (ама тогаш не ни го знаев онака си add пријатели) тој ме прифати и одма ми пиша дали го познавам јас одговорив дека не и така продолжи разговорот по една недела тој ми рече да се видиме јас не сакав оти на сликите што ги имаше не ми се допаѓаше баш ме трујаше 1 ипол недела за то време некако се зближивме многу ни одеше добро разговорот,со никое претходно машко не сум разговарала толку колку со него и не ми одел толку добро разговорот па во однос на тоа прифатив да се видиме (иако како што кажав не ми се допагаше баш на сликите)се договоривме и тргнав ама и другарка ми ја носев со мене оти ми беше страв сепак не ни го познавав а и сум страмежлива .Се чекавме во еден парк кога појдовме ние него го немаше јас се изнервирав и си реков некој се зафркавал па ќе си тргав за дома....кога се вртам го гледам пред мене :$ и цела треперам и му викам здраво се запознаевме се ама јас страмежлива одговарав само на прашања со Да,Не и Незнам потоа одеше се пополека(се опуштив мислам со зборувајнето-сега не можи да ме запри хухухуух) не сакав да брзаме првин шема некое време па дури потоа врската :rofl: до сега е се супер па натаки од госпо зависи :)
     
    На sweetgirll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vrc-prc

    vrc-prc Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    На факултет...колеги сме :$ :P
     
  12. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Работев во пекара а он ми беше редовен муштерија :D прво бевме другари 5 месеци (толку време ни требаше да сфатиме дека треба да бидеме многу повеќе од тоа :lol: ) и сега сме веќе година и пол во врска :clap: :clap:
     
  13. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    se zapoznavme vo diskoteka.i odma nokta sledese poraka drugarska se razbira no so mala doza na udvaranje megutoa potrebni bea 7meseci za da popustam.trae 3god veke
    [mod-kirilica:urnhepd2][/mod-kirilica:urnhepd2]
     
  14. ivushh

    ivushh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    хмм :) Одевме на играорнаа цели 3 години заедно а не ни праевме муабет само онака ќе се видевме и никому ништоо...наеднаш почна да ми приоѓа да се зближваме и така се запознававме се повеќе и повеќе и еве сега сме заедноо :)
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сосема спонтано и случајно .... Бевме другарчиња си делевме тајни си се Шмекавме зафркававме и јас имав еден шупелко (тој првиот демек дечко влечко со кој едвај 3 пати сме се бациле) и му раскинав и со овј се смувавме тантара мантара еднаш два пати па заедно на нова година и се ФАТИВМЕ и така скар смир скар смир ја неоти знаев како да се однесувам во врска. Кога ќе го сретнев му викав здравоооо па после се скаравме и си имав друг и после и тој друга па сфативме дека не ги сакаме па еве пак сме заедно веќе две години :D :D :D
     
  16. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Си седев со другарките во населба кога он помина поред нас и ме погледна :inlove: :) . И така си мислев неколку дена на него, ама помина некое време, не го видов повеќе и го заборавив. Негде после 2,3 месеца една вечер во еден кафич го здогледав пак ама беше со женска :( и јас си продолжив да се журкам со другарките кога ни стига пијалок и келнерот ни ја покажува масата каде седеше он ама се собрале цело друштво. Им се насмешивме само :) и си продолживме да се забавуваме. Дојдоа неговите другари кај нас, се запознавме и се остана на тоа, си заминавме. И едниот од нив ме нашол на фб :) и почна да ме замара да излеземе па да излеземе, ама мене во мислите ми беше X и го одбивав. Може помина повеќе од пола година се тоа се заборави, јас си имав други симпатии. И еден ден на фб гледам ми пратил покана за пријателство X. Ми кажа дека ме забележал уште првиот пат кога ме видел во населба и дека ме мислел, ама јас не му верував и си бев ладнокрвна. После дознав дека нема веќе девојка и така почна се. Излегувавме некое време заедно, па после се фативме и еве сеа сме уште заедно, он е душата моја :inlove:.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хахахахаххах ова е мојата нај омилена животна приказна .......на кратко ........сосема случајно не запознаа наши заеднички пријатели на кои денес сме им кумови :D :D :D :D :D ..........и сме мн срекни :D :D :D
     
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    jas so mojot decko se zapoznav preku internet pocna se na shala muabet ovo ono deka ziveeme vo razlicni drzavi i ne ni pomisluvav deka bi mozel da mi bide poveke od prijatel...posle mesec dena dopisuvanje dojde on vo Mk se zapoznavme i vidov deka e mnooooooogu poubav nego na slika deka ne se folira deka ima exstra karakter i shto e najvazno mi se desi ljubov na prv pogled a da kazam deka prethodno pred da dojde mi imase kazeno demek sum zena za nego ( jas ni malku ne mu poveruvav vo toa ) posle 5 dena morase da se vrati on vo Slovenija tolku nemozevme da izdrzame razdeleni shto jas posle 20 dena otidov kaj nego vo Slovenija i do den denes ziveeme


    Se izvinuvam shto ne pisham kirilica ama probav sekako i nikako da napravam Mk pismo :(
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Се запознавме преку наши заеднички пријатели...постојано ми велеа дека треба да се запознаам со него, многу убав пар ќе сме биле, али тој во тоа време беше пред раскинување со неговата тогашна девојка, така да го избегнував тоа запознавање. И еден ден, се договоривме со пријателите да одиме на кафе, кога ете го и он дојде. После саат време сите станаа да си идат, за нас божем да не остават сами. И бидна. Тој ден поминав со него 6 часа, кои поминаа како 6 минути. Потоа, таа ноќ следуваше разговор од 3 часа (никогаш не сум зборувала толку долго на телефон), утре дента дојде во 8 да ме земе, утринско кафе заедно и ете уште неразделни сме :)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. greeny989

    greeny989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    стварно не знам, веројатно на факултет бидејќи сме колеги. прво бевме многу добри другари... и така... еден ден... хахаха
    од секогаш сум мислела дека кога со некој ќе се запознаам ќе знам дека е ТОЈ... ама ете Господ за мене сакал поинаку да биде :D
    :inlove: