Jас со мојата љубов се запознав преку работа...се занимавам со музика....отидов во Kочани на работа и пред нова година се заознавме...најпрвин бевме многу добри другари а после се тоа прерасна во една прекрасна врска...поздрав и се најубаво
Мојата приказна: Ма му влегов во стан, ни го знам, ни го познавам Тоа беше пред 5,5 години. Иако сме од исти град, прв пат се видовме надвор од него. Јас бев службено во Ск, а тој работеше таму. Некаде после 23.00 часот се решив да прошетам низ Скопје. Сама шетам низ плоштад, кога пред мене се најде еден пријател, сограѓанин. После она, кај, што, како, ме покани да одам со него до некој негов другар да земе нешто и потоа заедно да си одиме. Ок, си викам ајде. Стигнуваме до станот, му велам оди ти јас ќе почекам, а тој упорен, да влезам. Ок, влегуваме, ни ѕвонче, ни тропање, и како јас влегов прва уште си се чудам. Пред мене се појавува тој, леле, се усрамив и велам - Здраво. Тој се смее и вели -Здраво. Кафе муабет и патот под нога. После еден месец, без никаков контакт, се видовме повторно и ме покани на кафе и до ден денес сме заедно. Поминавме свашта ама сега се е прекрасно, не можам да замислам ни еден ден без него. Уште едно бебче да направиме и ќе уживам во убавините на животот.
Со мојата љубов се запознав на играорна , и се беше така спонтано , јас во тој период контактирав со друго момче кое не беше во МКД , и цело време планираве кога ќе си дојди да бидеме заедно за празниците и за Нова Година. Потоа ни рекоа дека пофторно ке ни се оформи играорната група и јас повторно тргнав да одам, и во тој момент пред мене гледам убаво високо момче со црна коса и убави очи ... ми се допадна момчето (дечкоми сега ) . Но го гледав дека мене не ме примеќа, а и јас дека си пишев со друг ... Но на крај ... Го оставив тој странецот и си се фатиф со него, па фала богу заедно сме 18месеци и супер ни е ... малце филозофирав но ,, таа сум јас хаха позз
пусти facebook, ко агенција за осамени души е хахахах но ете, придонесе да се запознаеме најпрво на тој начин, и морам да кажам дека ме бркаше додека бев тогаш во врска. А се ставев броев колку секунди ќе поминат додека да ми пише...не беа повеќе од 10 хахах
давата ја отворивме вратата од различна страна , јас однатре тој однадвор и многу ме исплаши. потоа присуствуваше на едно мое предавање, па јас на неговото, па бевме во различни тимови на една дебата, па фацебоок и после хемијата си го направи своето. мн го сакам во врска сме скоро една година.
сосема случајно на една забава, не го знаев ни го познавав, ама знаете како женската интуиција не лаже, уше коа го видов знаев дека тој е тој поминавме многу работи заедно.... кризни периоди, домашни проблеми но тој е мојот другар мојот брат на кого секогаш можам да се потпрам ..... го почитувам премногу како личност а потоа и како мој дечко
Мојава прикасака е голема ама ај ќе пробам накратко да ја опишам.... Додека тетка ми и тетин ми имаа ресторан јас бев шанкерка за викендите...Целото негово друштво доаѓаа секоја сабота,јас знаев 2-3 од нив но него го немав забележано.Тетин ми почина,ресторанот се затвори,јас се префрлив во пекарата да работам.Еден ден ми се јавува тетка ми и ми нарачува две кафиња да ги однесам до ресторанот и дека таму седи со дечкото што ќе го држи ресторанот.Тогаш првпат го видов но не бев нешто посебно заинтересирана за машки тој период поради тоа што се случи.Но тој беше заинтересиран за мене....почна да ми доаѓа на работа и ми се доближи како другар.Така бевме 5 месеци значи не постои некој што повеќе знае за мене и сите маани и сите доблести - ТОЈ ЗНАЕ СЕ!!! Само што мене после 5 месеци ми светна ламбичката чекај бе па ја сум заљубена во него.....и така се деси што се деси сега сме заедно 1 година и 6 месеци Ви реков дека мојата е голема ....
оф коа ќе се сетам не ни знаев дека постои искрено онака на еден роденден и се беше спонтано таа вечер имаше некои скриени погледи а посе месец и нешто се случи она вистинското
Го знаев онака како фаца, од излегување, излегувавме на исти места, но не му знаев ни име, ни возраст, ништо. После 3 години се запознавме преку дечко на другарка со кој работеа заедно, па ми кажа дека ме знаел одамна (каква случајност цело време сме се меркале). Некое време бевме пријатели, па после он ми предложи да станем нешто повеќе, јас не прифатив, демек не сакам да расипувам пријателство, па после некое време и кај мене преработија некои чувства и сеа сме пар
епа еве и јас да ја кажам мојата приказна но малку е долгичка,па ке пробам на кратко... со мојот дечко се запознавме пред отприлика три ипол години...се запознавме во дискотека сосема случајно,јас бев со другарка излезена викенд имаше премногу гужва,другарка ми се запозна со некој србин но и не е битно и така си застанаа малку понастрана (нормално) а јас си најдов еден пријател што беше дојден со друштво славеа дипломска и нормално си се приклучив кога ме викнаа и така јас си уживкам,си џускам си муабетам...а од околу по некој додворувач ама ништо битно и кога оп со другарчето мое некој на поминување си се поздравува,тоа беше тој...ми го одзема здивот,а богами и јас него така добро си се загледавме,јас само направив здраво нели од чиста култура, пружив рака и се претставив и прокоментирав дека е културно човек да се поздрави и да пружи рака,а верувајте он само ме погледна и пружи рака и пред сите ми го кажа името,се извини и ме праша само ТИ МЕНЕ МЕ САКАШ ЛИ???а јас па да не останам покусо со широк осмех одма реков ДА И ТОА ПРЕМНОГУ,НЕ МОЖАМ НИ ДА ТИ ОПИШАМ КОЛКУ!!! ...не можевме да си ги оттргнеме погледите мислам дека не знаеше што да каже не поминаа неколку секунди и ме фати за рака и ме викна на шанк зошто демек не ме слушал во гужвата(инаку беше поднапиен,зш башка истиот ден му било роденден)...и така низ неколку реда муабет кои сме и што сме нели нормално,па дојде и другарка ми и така инаку он веќе бил тргнат да си оди кога се поздравувал со другарчево,ама имало нешто што не можел да го остави таму,па не знам како излеговме сите заедно и тргнавме да си одиме,пред да се поздравиме,јас и другарка ми само се погледнавме и нормално јас само со поглед и објаснив дека дечково е преубав и не знам што ми се случи,поглед не тргнав од него,а он па ко за беља апла само ме гледаше и пред другарка ми викао...извини те молам ама не можам да престанам да и се восхитувам на другарка ти...прекрасна е и прекрасно изгледа,можеби господ ке ми даде еден ден и на мене ваква убавица...хахахахаха,јас се изнасмеав зошто истото г помислив,да не должам многу...го прашав на каде оди каде му е колата и ми предложи да си одиме сите со такси,зошто он кога пиел кола не зимал,ама јас бев со кола и испадна дека сите одиме во ист правец па дојде со нас јас ја оставив другарка ми,а он се симна кај мене ме испрати до пред зграда иако живееше подоле од мене а надвор истураше,пред да си одам само ме погледна ме прегрна и ми кажа дека јас сум најубавото нешто што можело на човек да му се случи,ме гушна и ме бакна,јас останав без зборови,реков само ајде јас ке одам добра ноќ,тргнав и само ме фати за рака и ме праша а може ли бројче?...никогаш на никој немав дадено број,а овој пат само од уста ми излезе,се свртев и си заминав! Не можев да поверувам што ми се случи,заборавив и број да му земам и се,кога ете утре дента цело сабајле гледав во телефон и ништо кога ете ти по некое време некој непознат број кога он ,ме праша дали знам со кого разговарам и дали се сеќавам кого донесов до дома..хаха мала шала и така почнавме секој ден интензивно да се гледаме и слушаме јас од што бев занесена по него ни бројот не му го знаев недела дена зошто он имаше поставено да не се открива бр кога бира и така па ми кажа дека има ресторан во центар да го посетам а јас пуста од срам не одев,по извесно време ми стига порака од број што не го знам која глесеше "СОНЦЕ МОЕ ТЕ САКАМ ПРЕМНОГУ" јас не изреагирав но јасно ми беше дека е он тогаш сватив дека не сум го земала бројот,а он ми правел тест не му било јасно зошто не барам ни број ни ништо,па кога се јави одма кажав дека ми стигнала порака од некој си број што не го ни знам,и одма искоментира,гарант е дечкото..хахаха,викам па да ако си ми ти веќе официјално и дечко и ете така од тогаш веќе помина се и сега веќе скоро 4 год сме во врска без срамење и све остало,сега дури функционираме како едно,се надевам дека наскоро ке има и нешто повеќе,ние и двајцата би сакале,но уште некое време,а нашата љубов е преголема ух и не е баш кратко...ова огромно а пак е малку верувајте ми !!!
се запознавме преку мој колега, кој на него му бил најдобрар другар! Бевме излезени од факултет колеги и случајно после во дискотека колегава се сретна со друштвото негово од маало! Меѓу нив беше и тој (сега веќе 2ипол години дечко ми), само дојдоа се запознаа со нас и си заминаа. Утредента на факс колегава доаѓа и ми вика ДРУГАР МИ МИ ПОБАРА БРОЈ ОД ТЕБЕ СЕ НАДЕВАМ НЕ СЕ ЛУТИШ ДЕКА МУ ГО ДАДОВ! коа дознав на кој другар му го дал боројот летав од среќа (нормално не покажав пред него дека ми е ептен мило) зошто искрено веднаш ми се допадна дечкото! Бев у стилот ОК НЕМА ПРОБЛЕМ СИ МУ ГО ДАЛ СИ МУ ГО ДАЛ, АКО СЕ ЈАВИ СЕ ЈАВИ АКО НЕ НИШТО и после 2 дена оооп ете ти го него =) договоривме кафица се видовме и само си праевме муабет ама втората кафица не беше таква само со муабет си се мувавме едно 2 месеци (се глеавме да не претерам скоро секој ден) и после тоа си се фативме и супер ни е ( несметајќи ја само последнава криза сеа што ја имавме )
Се знаевме неколку години пред тоа, не бевме другари туку само познаници, си кажувавме Здраво, како си, кога ќе се сретневме и толку, ништо посебно. А често се среќававме, затоа што блиску живееме. Потоа забележав дека се повеќе се труди да се зближи со мене, едноставно станав зависна од неговиот поглед кога ќе се сретневме. Еден ден ме покани да излеземе на кафе, а јас прифатив. И така започна се.
Уауу првата приказна е ств. филмска.. Инаку јас сум сингл, не па у брак да сум, а инаку мојата симпатија ја запознав у град преку мои другарки. Не е ништо како „шпанска сапуница“.. Сепак битно е шо сме се запознале, а како не е баш важно
Јас моето љубовче го запознав во Германија каде што живеев некое време. Се запознавме преку една другарка во барот во кој идев Честоо- Од прво гледање ми се засвигја. Нареден викенд повторно во барот јас и другарката ... и ете го него Јас имав 2 -3 водки испиено и расположена бев за муабет. И ете прва му прозборев .....И така после некое време месец дена бевме искоЧени дво едно дискоо --сите супер расположени. Кога ете го повторно негоо .И така поЧнавме да танцувамее и ете падна бакнежот ...Тоа беше прекрасна веЧер и отогаш поЧнавме со пораки се гледавме секоја веЧер .. После една недела јас си заминав за Македонија ... тажна мислејки дека нема пак да го видам . И ете се најави да дојде кај мене во посета во Македонија .. Прекрасна недела помината заедно во моето Скопје ( го прошетав низ нашето Скопје го запознав со моите другарки ... прекрасни и ете така поЧна нашата врска . После месец дена јас повторно во Германија едвај Чекав пак да го видам . сега сме заедно скоро 6 месеци И стварно прекрасно ни е
аај за овај последниов ќе ви кажам (бивши, од вчера) го познавав уште од средно али од онака едвај едно здраво имавме а ни име не си знаевме, бар јас него не му знаев име...и така зимата кога си дојдов во Мкд бевме излезени на исто место и почнаа муабети едно друго, се запознавме и се договоривме да се видиме следниот ден...И така почна разговор а нашите чуства т.е. он ми кажуваше дека осеќал нешто кон мене подолго време и така...ми предложи врска али му реков да ми даде време, као демек да се запознаеме подобро и така се муававме едно недела дена и после то прифатив да сме во врска и се си траеше супер до вчера ............................
Со мојата љубов се запознавме во еден кафич,јас бев поднапиена имавме разделба со една другарка,ни на крај памет не ми паѓаше дека ќе ми стане дечко, а најмалку маж,не му знаев ни име ништо се врткаше околу мене неколку месеци,отиде за Дубаи и од таму јавувања,смс,и кога си дојде конечно се здушивме,
па се запознавме пред скоро една година преку фб ... и тоа прва јас го боцнав и прва му пишав ..кај мене не важи правилото да чекаш машкото прво да ти пистапи...и така се започна пополека...