На фејс. пред повеќе од 2-3 години, бевме само сајбер пријатели со обични раговори и ништо повеќе, пред 1 година сето тоа си премина во нешто друго, неочекувано и спонатано
Прво лом се направивме на еден форум, си извадивме очи, па од таму полека, полека си почнаа разговори, дрн-мрн, ово-оно, си се додадовме и на лејмбук, си удривме окце...и еве сме сега. Спојлер пи.ес. Немаше ти лајкам, ми лајкаш слики и остали патетични срценца и коментарчиња! Just for the info, we don't roll like that. Ах, тој интернет... И како што сам си кажа, сега е со девојката за која во моментите на кавга си викал „И последна да е на светов, не би бил со неа.“
Јас и мојата љубов се запознавме на работа ,работевме во иста зграда И така се знаевме некој 6 месеци пред да влеземе во врска од кој 2 месеци дечко ми ме молеше да излеземе на кафе мафе дрн дрн а ја се праев важна ама на крај попуштив ...и сега сме во врска веќе година и некој месец си го сакам најмногу и супер ни е
Во прва година средно Во ист клас учиме Се фативме на почетокот на второто полугодие во втора година, и еве не сега после 8 месеци во трета година.. уште одиме.. Не ми се случило нешто поубаво од него!
Со стројници Не, озбилно со стројници се запознавме. Преку другарка моја и преку другар негов. Не наместија. Ни јас знаев за него, ни тој за мене. Ко во турско. Вечно ќе им сум благодарна
на одмор случајно, пред 3 години, никој не очекуваше дека ќе стигниме до тука а ние најмалку и сите гледаа со недоверба на нашата врска ама ги уверивме во спротивното
Во прва година се паднавме од исти клас ама ја нешто се префрлив а и онака се знаевме на фаца ама не комунициравме А нашиот прв контакт се сеќавам беше на еден роденден кога он беше пртов пијан и ја го трезнев.
Чатувавме околу месец дена на facebook, само службено бидејки организирав летен камп за друштво на планина на место каде не знаев дека он ке дојде (т.е. дека местото е нивна фамилијарна сопственост). Врска немав како изгледа. Кога стигнавме горе на планината, го средувавме комбето со кое се возевме и најдов едни гојзерки (огромни 40-и нешто планински чизми) и почнав ко шлакната да викам: Чии се овиеееее? (и ги држам у рака и мафтам со нив) од некаде слушнав само : на ХХХХХ сееее... Во себе си викам: упс ...добро кој е тој човек??? После неколку саати со друштвото бевме на една река и таму се појави еден дечко, што врска немав кој беше, и не му пријдов...си теравме наши работи Па некако покасно се запознавме, па по неколку дена и се зближивме. Првиот наш бакнеж се случи при крај на кампот (нели барем да бидам професионална во тоа што сум си фатила обавеза да организирам) на набљудување на заоѓање на полна месечина некаде околу 3:30-или така нешто по полноќ...ммм...на планина све е поубаво
На факултет, ја нАли учена и тој учен мора да бидит со висока школа, оти мама на друг немаше да ме дајт . Го видов, го засвиѓав, му земав број, го смував, после некое време тој ме ќари за озбилно тако то, он је завршио тамо где сам ја почела .
Го знаам целиот мој живот...Самоо штоо не сум му обрнувалаа вниманиее пораноо..Сегаа ии саматаа се чудам какоо побрзоо не го забележав..
Долга и широка е нашата Најпрво не запозна заедничка пријателка на нивниот тренинг( он ме знаел од порано кога најдобриот ми другар ме макнеше со него по интернет кафињата и стално нешто ми преговарал ама јас не сум го приметувала ) ,моја соседка која всушност беше затрескана во него и ме претстави како bunny малечкото бидејќи бевме две девојчиња од маалото со исти имиња она беше големата,јас малата.Ни на крај памет не и падна дека ние ќе завршиме заедно.За него бев едно мало,убаво,разгалено створение кое мора го има,а јас него го гледав како некој со кој никогаш не би завршила бидејќи го знаев како женскар кој никогаш немал сериозна врска.Го видов уште 2-3 пати во маалото како ја испраќаше соседката се мотаа тој период. После недела дена ми прати friend request и пишувавме секој ден скоро цел месец. Постојано ми зборуваше како виртуално сум била многу зборлива а во живо ептен сум се срамела ( што нема веза,јас сум си многу отворено и дружељубиво девојче ) па затоа јас да се покажам нели го викнав во маалото. Кога дојде не ми се веруваше дека тој е истиот тој дечко со кој пишував секој ден. Па толку многу се срамеше едвај уста отвори,а јас ко луда незнам да престанам да зборувам,уста не затворив.Ми се виде како добро,интересно детенце,а не таков како што ми го опишуваа.После интересно ни стана,седенките станаа се почести тој се опушти,секој ден седевме во маалото по 2-3 часа и стално имавме теми за зборување Буквално 3-4 месеци пробуваше да ме бакне(па и требаше да се потруди прв дечко ми е ) ама јас не попуштав,сакав прво да ми докаже дека стварно му значам и стварно сака да биде со мене. Од кога се уверив во тоа попуштив се измувавме и после недела дена се фативме. Никој не веруваше во нашето сите беа скептични баш поради тоа што го знаеа сите како женскар,ама ете и тој се заљуби Еве не заедно после година дена ,тој е мојата љубов,мојата најголема подршка после моите дома,неможам да си замислам ден без да се видиме или слушнеме,едноставно стана дел од мене.
Се познавав од неговиот најдобар другар и он не запозна пошто ја му се свиѓав а подоцна ми се засвиѓа и мене и пробавме... до денес сме заедно... а тоа е долго време (години).
Минатата година за бела ноќ 2 ри октомври беше во парк . Не беше испланирано да се појавам таму но ете си реков ај пред да одиме во хавана ќе поминеме кај што ќе седи друштвото . Јас со другарка се чекавме со една друга другарка и се појави гомново на местото на злосторот со браво сокченце (болен бил) и си стоеше така незаинтересиран за никого и ништо кога јас си зборам нешто и ко по обичај си пцујам по малку и ме погледна и ми рече: тии многу вулгарна си хихихи и си викам во себе што к** му е на овој каква сакам ќе бидам кретен . Откако решивме да тргнеме накај хавана со другаркава тргна и цело друштво со нас кое одеше накај 8 те чешмички да видат што има за бела ноќ и пред хавана затворена појма си немам зашто и расположението ми падна . Па што ќе правиме ај дома као ама стана интересно *денсавме* ко дечурлана среќни во петок навечер језда беше субота хихихи како и да е дотичниот мој сегашен дечко јадеше нешто и имаше една книга в рака најдена негде во парк ми рече ај подржи малку ако сакаш ако не не мораш и ме гледаше така остро 2-3 секунди и си викам ај зш да не тоа беше тој момент . Арно ама на другаркава и стана досадно и Спел ај да си одиме ај да си одиме ми идеше да ја убијам и правам фаци за да сфати дека очајно сакам да останеме , останавме некои 10 минути и тргнавме заедно јас, таа , гомцето и негов другар и чао чао . Следниот ден му го манијачев фб ко неарна некоја му ставив лајк на еден коментар мислам дека беше не се сеќавам баш и ме адна хаххаааааааааа и почна се на фб хахах ех тој фб лоша работа
Тоа беше пред точно 6 години, кога почнавме средно. Не го знаев од претходно, ама се паднавме во исти клас и така се запознавме. Во почетокот немавме баш добар однос, воопшто не се поднесувавме, изгледа лошо почнавме. Ама потоа се здруживме и еве не повеќе од 4 години заедно
Хехехе во една дискотека.. Беше менаџер.. Всушност уште е Јас така малку повеќе потфатена, си играв, си се журкав и се правев важна на погледите кои тој ми ги упатуваше кога ме мавна некој филм да идам чоколадо да си купам.. И така им киднав на друштвово и си отидов во продавница.... Тие узбуна кренале мене ме нема Си дојдов (ни сама не знам како) и оп на врата ми вели, една коцка чоколадо инаку нема да влежеш .. И за жал ми го изеде цело и ми кажа дека сум била најубавата девојка што ја видел лажго после ме бркаше низ цела дискотека да ми земе бројче, ама јас не му давав дека многу ми е швалерски бројот и пуштив срце му дадов... Следниот ден си се видовме, и после една недела си се фативме Спојлер п.с му вратив за чоколадото !!!!!!!!!.... сега секој пат си добивам чоколадиии
Прво преку фејсбук си пишувавме една година и повеќе и за тоа време ич не се сретнавме... е по многу инати се кандисав некако и излеговме со другарками во еден клуб тој ми се јави за да се видиме, и се видовме тогаш прв пат. После пак се видовме... и пак... и пак...и се фативме.. и се досеа поминаа 6 месеци и сеуште е исто како на почетокот... мислам дури и подобро..
хаха интересно е па најпрво го сакав другар му (сега веќе не му е знаете прва љубов детиште бев ) и покрај него го додав на фб и лајкови ова она и испадна да излеземе на кафе. Си велев ајде на едно кафе дека че остане али не излезе така. Сега сме во врска скоро 4 месеци и можам да кажам дека ни е најубаво. Дозна дека го имам сакано другар му али не ми се лути оти тоа беше порано и знае дека сега се ќе направам за него.. I am in love <3