Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Си зборевме преку MSN (лееејм, ај ноу), а прв пат излеговме на Пиволенд. А јас сум многу забавна по две испиени чаши пиво, или три...:D
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Благодарение на Сакам книги и на Буковски :)

    Која иронија. Да не го имаше Буковски перверзниот ум, цинизам и алхохолот во крвта можеби никогаш немаше да се развие оваа романса :)
     
    На Neytiri и firequeenn им се допаѓа ова.
  3. BibeSkopje

    BibeSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    На покер на фб ххехехеех
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Е одамна беше
    Бев излезена во дискотека со другарките, а дечково ме шмекаше веќе неколку викенди по ред. Другарка ми која е и негова другарка и зборуваше на сестра ми како е тој добар дечко, дека сестра ми му се свиѓала.... А мене школска другарка ми ги збореше истите вакви работи. И излеговме во град со другарките и сестра ми и иде другарката мене што ми зборуваше за дечкото и ми вика- Еве го тој за кој што ти кажував дојди да се запознаеш, и јас си појдов се запознавме, ама толку многу се срамеше што уста не отвори, само ми кажа како се вика, ми кажа дека сум била многу убава и толку, и јас си заминав кај моето друштво. Толку беше од дечкото вечерта јас си заминав дома. Утредента и кажувам на другарка ми дека се запознав со еден зоран, симпатичен дечко ова-она, и таа ми вика-па тој е тој јас што и зборев на сестра ти. И нормално забуна дојде огромна. Таа му се јави како ништо да не знае и го прашува кога ќе биде слободен да излезеле да го запознаела со девојката. И тој му вика, па јас вчера се запознав со неа, ако сакате можеме на кафе да одиме. После разбравме другарка ми погрешно разбрала за кого се работи. После излеговме на кафе,размениве броеви, прошетавме и не донесе дома. После неколку дена ми се јавува дали сум била слободна да сме оделе да кафе ама сами и мене ми текна зошто ме вика. Ај се согласив некако појдовме и и реков на сестра ми дека нема шанса да се фатам со него. Не беше мој тип, многу се срамеше, таа ме убедуваше дека бил добар и други глупости, ама јас бев цврсто решена. Ме зеде појдовме муабети си поправивме и падна прашањето и јас не знам му реков. Тој почна да ми врти некои приказни и ај се согласив да му бидам девојка со надеж дека за неколку дена ќе му раскинам. Ама тие неколку дена се направија 3 и пол години. Многу ми е убаво со него и иако не го знаев кога се фатив со него сепак не погрешив.
    Цела историја напишав :lol: :lol: :lol:
     
    На dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Хм... па го знаев од порано онака. Знаев дека му е најдобар другар на мојот најдобар другар :) . Се случуваше да се сретнеме на улица само здраво и слично. Ми привлече внимание со тоа што секогаш кога идев на гости кај другар ми тој никогаш не доаѓаше, чувствував дека се срами :) Па почнав да го зезам заради тоа. Тој е помал од мене па малку бев подоминантна и се почна на заебанција. Му реков на другар ми ај ке видиш дека ке праам нешто со другар ти :) Во врска сме 2 години и планираме иднина заедно :) Дипли ин лав :) :inlove:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Desire

    Desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    :inlove: Jas i mojata Ljubov se zapoznavme na net na Facebook i do sega sme zadovolni i presrekni vo nasata vrska i planirame zaednicka idnina :inlove: :)
    [mod-kirilica:2qkq5v78][/mod-kirilica:2qkq5v78]
     
  7. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Ја слично се запознав со мојот сега веке сопруг.Една вечер сестрами не можеше да излези и јас и реков на другарка ми дека не излегувам затоа што бевме на село кај дедо ми и ми беше страв сама да излезам.По некое време таа ми се јави спремисе ке дојдиме со едни деца.јас немав појма кој се.бевме 6 мина и назад испадна јас да седам до сопругот.не знам оти се здрвив ко седнав до него плус и малку потприцнати 4 души седевме назат(јас да останам без коментар то е чудо)после то вечерта не можев да не го гледам едноставно преслатко се смееше.му го кажав то на другарками која воедно беше негова најдобра другарка и та будалата му кажа.кога ке си одевме излеговме надвор и ги заборајвме палтата а и другарму сети што се случува и од 6 мина ни прај другарму одете вие двата почекајте не кај колата ние ке одиме по палтата и такаа четворица еден час земаа палта од кафуле :D отидовме во колата и седиме чекаме и тој ме гушна да не ми студи и ме бакна поточно тоа беше доста долг бакнеж.и после ми вели извини ама цела вечер те гледам морав извини ако згрешив а не знаевме ништо еден за друг.ми рече дека ке ми се јави.искрено не очекував кога сабајлето ми ѕвони мобилниот ко видов тој.кога ке си одиш ме праша да се видиме?јас рипав од среке не знаев во што се впуштав ама не згрешив веке 5 и пол години сме заедно од кои 4 во брак имаме и две дечина до сега е супер иако не се знаевме воопшто од предходно.
     
  8. Annie007

    Annie007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    На свадба :wasntme: ... до мене се фати да игра .. и така :P :wasntme:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На интернеров :lol:
    просто не верував во вакви рабојќе али ето ти :?:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Се запознаваме во мало, надвор друштвото што седеше. Така муабет,дружба.... и на крај врска :inlove:
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Тој ме адна на фб си пишевме долго време и излеговме на кафе, па требаше порано да излезам да знаев дека така добро се бакнува :* :inlove: :$
     
  12. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Да раскажам на кратко за мојата голема љубов.Тој си беше дојден на одмор во Мк со неговите родители,стално зјапаше во мене,а јас глумев лудило,и другарка ми примети дека гордоста не ми дава да признаам,ми рече:глуми ми шо сакаш,ама ќе се заљубиш во детето.Имав 14години, ,се сеќавам дека бев затрескана со еден глумец од серијата Акапулко :lol: .Со другарка ми секој ден седевме кај црешата,а Д. од терсата ме гледаше,јас се правев важна,па и на кафе не викна ,стално го праќаше братучед му да ми пренесува пораки од него,а јас инат не попуштам и точка :tmi: .Кога ќе се сетам колку го навредував,колку го мразев,го сметав за простак :?:
    Ќе одев на кафе ,ама страм ми стана од неговите.Е сега следува најтрогателниот дел,тој ден кога Д.требаше да си замине ,јас и другарка ми одевме накај мене оти требаше да се спремаме за излегување,и на улицата шо да видам ,тој се опростува од роднините,па мене кога ме виде,се расплака многу :( ,а како ме погледна душичка а јас :fubar: глупава ни чао не му реков.Утредента си седев во дневната ,ми текна за него,зедов да го вртам пепеларникот од нервоза,ми стана мака и се расплакав.Не знаете колку ми беше тешко :x .
    Д. го побарал мојот број од братучедот ,а јас бев пресреќнааа :clap: .
    Тој ќе остане засекогаш мојата најголема и вистинска љубов,само што на крајот ме изневери.
    И до ден денес и тој трча по мене ,а и јас никогаш не го заборавив :inlove:
     
    На hermosa и HelloKiti им се допаѓа ова.
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Се запознавме на мсн :lol: Тој почна да ми пишува прво на мсн, после фб, па коментари на сликите и тако даље :D Ме молеше 1 месец да се фатиме, а јас не .. инат голем :fubar: После конечно се одлучив и почнавме врска и сега на 17.11.2011 ќе си славиме 2 години. :inlove: :inlove:
     
  14. HelloKiti

    HelloKiti Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    12
    ........Па почна летниот распуст и почнаа лудориите.....една вечер седевне на скалите од еден објект јас и мојата другарка и се приближи едно машко........беше симпатично ама не мислев дека ќе имам нешто со него......како и по обично почнавне да си тресиме зелени и да се запознаваме......наредната вечер седевне на нишалки и тој ја скорна другарками и седна до мене......и повторно се зезавне и така неколку дена можеби и една недела......точно на 01.08.2010год а илинден требаше да одиме крушево цело друштво ама искрсна нешто и не заминавне (поубо и шо не појдовне)..........јас и тој седевне на нишалки и јас му го зедов телефоно и се разбркувавне и тој сакаќи да ми го земе телефоно јас го каснав за рака за да ме пусти ама тој ме бакна.....колку бесе убаво......подоцна заминавне до продавница да купиме сок и чоколада за сите..............кога влеговне во продавницата ми купи шери и си ја делевне по пола со првото бомбонче тој се размачка на усните и јас му ги избрисав тоа....подоцна седнавне на скалите од еден објект и сама незнам со беше тоа.....и ме бакна и ме праса дали сакам да му бидам женска и јас му реков дека незнам.....ме бакна пофторни и му вика :А сега? и од се срце му реков ДА ДА ДА ДА ДА..........и еве сме здрави прави 1год и 3 месеци и 6 дена............ :* :rofl: :inlove: :* :rofl: :inlove:
     
    На SparkyAngel, Butterfly15 и NATALIJA89 им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.757
    Пол:
    Женски
    Девојки па ајде правете ги приказниве малку повозбудливи. Не на фб, си пишавме и толку.
     
    На sj *O*, feferona и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    По „исцрпниот“ :lol: усен испит во месец јуни, со колешките отидовме да се освежиме со едно кафе. И‘ се јави дечкото на едната и ајде отидовме во кафичот каде што беше тој. Седнавме кај него на маса, а со него беше еден негов колега.
    Фин дечко. Така згоден. Со добра наочара, фраерска 8)
    Врзавме по некој муабет.... и кога си отидов ни името не му го запомнив :tmi:

    Nevermind...

    Месец јули, лето 2011-то :D
    Договор со истата колешка и истиот нејзин дечко да ги носам на плажа, џанам права домаќинка, охридско момиче. Со нас дојде и еден колега од дечково. Колега де :D Тој :)
    Овој пат му го запомнив името.... а тој не се сеќаваше дека претходно сме се запознале.
    Се дружевме неколку дена се‘ додека во мене една вечер не проработи алкохол и не му се фрлив :D :tmi: Аооо срамотилаци.
    Тука приказната ни застана. Јас бев лудата Охриѓанка која не сакаше да застане на едно место на сред сезона :D

    По два и пол месеци.... сезоната е веќе завршена. А јас шетам низ скопските улици, додека тој е до мене и ми го следи чекорот.
    Очекував? Воопшто не :)
     
    На happygirl, Neytiri, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Iv4ule

    Iv4ule Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    е како почнавме денес сите врски на фб почнуваат ама кај нас имаше и нешто пред фб :)
    За Велигден се видовме во црква и беше нешто ммм искри летаат на сите страни, иако и свеки светеа ја мислам ептен романтично беше... Толку бев возбудена што уште вечерта го адднав и оп ме прифати одма, после тоа почнаа да фрчат лајкови па ај на чат муабети, и тогаш дојде моментот кога се видовме за прв пат и излеговме на кафенце во барот во наше маало, а најинтересно е да спомнам што живееме во истата населба, тој е постар 2 години а не сме се знаеле претходно, не сме биле во исти кругови на пријатели, едноставно се почна во таа наша Црква хахаха , можам дасе пофалам идеме веке 6 месеци и имам прекрасна врска :)
     
  18. honey-je

    honey-je Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    во автобууууус...уфф се шмекнавме после на фб допишување и после 2 недели се смувавмееее :rofl: и уште сме си заедно :inlove:
     
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    уфффф како од бајка.....одам јас да си купам јадење за време на пауза од факс и ја глеам седнала на столче во сендвичарата и ми ја чита омилената книга....остај тоа книгата - носеше маичка со омилената моја рок група.....јас ваков :o MY SOULMAAAATEEEEE !!!!!! И си започнавме разговор...и кажав дека сум импресиониран од тоа што го гледам, дека има добар вкус за книги и за музика и дека би сакал да ја запознаам подобро и дали сака да седнеме во кафичот до нас....и она си се согласи and the rest is history :P

    доволно интересно и возбудливо? 8)

    Каква љубов бе, јас ја бркам она бега, јас од една - она од друга страна на реката...јас на 12, она на 14 спрат, никако да ја фатам....па или ја ич не сум у форма или денес оваа љубовта многу брзо трча, незнам до шо ќе е, ама изгледа ме научи и не се врти на истите финти више коа ќе и викнам :D

    Љубов - њама - single as a dollar bill :geek:
     
    На LittlePinky, anneyy, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Оооооо, па си имаме ние доооолга историја зад нас...Најверојатно уште кога сме биле во стoмаците на нашите мајки...Оделе заедно на прегледи, кај ист гинеколог...Тргнавме заедно во забавиште...многу си се свиѓавме, ама пусти детски срам, се нешто се закачавме, се каравме, и шамари паѓаа... Му го дознав бројот домашен, па му вртев, ако крене тој спуштам одма...смешки...Во прво одделение не разделија и тогаш почна интересното...Сите не дознаа, де се каравме, де се сакавме, летаа ливчиња со пораки под клупите, се додека еден ден глупавата јас не му го искина блокчето на кое во срце ги пишуваше наште имиња...и ме отсака....ау колку и плачев на мама... Се меркавме низ школо, ама никаков контакт...Знаев дека му се свиѓам уште, ама јас некако брзо пораснав, у осмо си фатив дечко, почнав да излегувам, другарки, забави...Главни шмизли у град (до ден денес ме заебава за тоа дека мнооогу важна сум била) :D . Ни на крај памет не ми паѓаше да фатам дечко моја генерација, за деца ги сметавме нив...Мојата најдобра другарка тргна со неков другар...Некаде 2ра средно...Се сретнавме неколку пати и го гледам абе бонбона...Ама јас некако разочарана од машки и не обратив многу внимание...Ми збореа сите, се додека вечер моите другарки и неговите другарки не не затворија во ходникот од wc-то од кафичот кај што бевме излезени...Незнам како им текнало, ама знам дека бевме ужасно збунети и двајцата, не знаевме баш што се случува, ама знаевме дека нема бегање, или ке биде или не...И бидна. Ко створени сме еден за друг...И на карактер и физички ама ептен личиме, ко брат и сестра сме и често знаат да не смешаат...И еве, врската ни цвета веќе 6 години...
     
    На Lolo5, Femina...1, Elenuskaa и 14 други им се допаѓа ова.