Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    8.567
    После една добра кавга, расплачена си чекав автобус. Во најгрозното мое издание.
    Некое бош време, автобусот доаѓа речиси празен.
    Си влегувам, маркирам едно место со очиве и одам да си купам билет. Се враќам на веќе маркираното место и спроти мене еден дечко ми вели не го дупчи билетот имаш еден до тебе, некој го оставил.
    Јас пробувам да се средам, му го избегнувам погледот,а тој ме зазборува.
    И се преколнувам која кретенка сум, зошто не се средив повеќе пред да излезам од дома!
    За половина час возење откривме дека студираме на истиот универзитет. Слушаме иста музика. Живееме во истиот квартал.
    Ми го побара бројот, за да излеземе некогаш. И секако разменивме контакти.
    Стигнав до моето место за симнување.
    Истата вечер ми пиша порака.
    Утредента ми остави гласовна порака само да ми посака убав ден, а после 2 дена конечно излеговме на состанок. И уште неколку потоа.


    П.С. не беше мојата љубов од Х причини, но едно од моите најспонтани, фејс-ту-фејс, пријатни запознавања. :)
     
    На richgirl998, eki4k2, lovely-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ептен интересно беше моево запознавање со дечко ми. :D
    Па вака: 2009та година, јас и моите другарки бевме излезени баш на Велигден и едната другарка вика ќе одиме со еди ракометари (дечко и‘ нејзин беше со нив). Ајде викаме, ОК, супер! :wasntme:
    И отидовме кај нив, ни отстапија место на сепарето, да седнеме ние женските и си седнавме. Ова другарка ми цело време правела план како јас да излезам со некој Х-ти пријател на дечко и‘, ама јас ни да слушнам и реков. Се испијани дечково, тој Х-тиот пријател и на другарками целата пијачка, несакајќи и ја истури на нозе и оваа ме тегне, ме трга за да појдам со неа во WC.
    На одењето до WC, мене еден прекрасен дечко и екстремно висок (немав штикли таа вечер, мака ми беше ептен многу) ми подаде рака и ми вика онака шмекерски:“ Ајде повели!“
    Влегувам во WC и другарка ми вика, “Што одлучи што ќе правиш со овој Х-тиот?“ -А јас и реков, а бе кој Х, кажими кој е овој високиов овде?! :wasntme:
    И таа ми вика, демек оставиго него, има една што излегува со неа (познаничка моја, заедно учевме основно). И јас и викам ОК, оставам, не сум имала среќа.
    После, на враќање од WC дечково ме фати за надлактицата, ми направи место, и ми дозволи да поминам, а во тој момент јас ја гледав најубавата насмевка на цел свет (неговата! :inlove: ). а бе ме фати што ме фати за надлактица, туку и ме обележа буквално, два дена осеќав притисок на местото, како уште да ме држеше (Е тоа неможам да си го објаснам, хемија валда! :lol: ).

    Помина време, ние не се видовме, ама јас не заборавив на него, а ич не ми текна на ФБ да го барам, незнаев како се презива и ајде реков, не е за мене овој...толку.
    Арно ама, еден ден. една моја братучетка ми прати од едни мечиња Me to You, на ФБ и јас сега ајде да и вратам на поздравот, несакајќи значи, без никаква намера, сум го означила и него и гледам: “Поканата беше пратена до Е.Д. (брачеда ми) и ХХ (тој).
    Ајде си викам, нема гајле (имав другар во средно со исто име и слично презиме), него сум пратила.
    И после, во истиот момент си викам; А бе дај да проверам јас на кој пратив, точно мече?! :wasntme:
    Кога гледааааам.... Божее!! :$
    Ајде одма идам Инбокс и му пишам; Извини, ама мечето шо ти го пратив беше по грешка. Поздрав!
    И толку...
    Се уклучувам другиот ден на Фб и гледам порака и читам; Моето мече, шо ти го пратив јас, не е по грешка. Сепак фала. Позз.
    Вакво мече ми прати тој:
    [​IMG]

    Се запрепастив, се мавав со тастатурата, се ладев со вода...а бе готово мислев!
    Од тој ден не престанав да мислам на него, за по една недела да видам One Notification: XX liked your photo !!!!!
    Одма и јас кај него, на најубавата за мене негова слика, одма ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК! :rofl:
    По неколку дена му пишав! Јас... И се пишевме, ми побара број, му дадов мој број и уште вечерта ми пиша преубава порака, за добра ноќ. Не беше некоја “филозофска“, си беше онака напишана со негови зборови, ама за мене беше посебна.

    Се видовме по два дена, на 23.09, преубав почеток имавме. Се изнаприкажавме, од муабет и со бакнеж закаснивме, и со се‘, како 100 години да сме се познавале, како само таа средба да се чекала.
    И еве не, да не се урочам, 2 години и скоро 3 месеци сме заедно.
    Со кавги, помали и поголеми, со убави и повеќе и од убави моменти, ние се сакаме и се надевам дека ќе потрае. Со него едноставно сум целосна.

    Извинете на долгиот пост! :rofl:
     
    На sj *O*, richgirl998, Femina...1 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    43
    Значи вака: маж ми и јас се знаеме од средно. Имавме "врска" само две дена и јас му раскинав затоа што беше премногу слаб и не дефиниран како маж. Жгољо. Е сега после нашата таканаречена врска секој си продолжи по својот пат а тој за шест месеци доби исселеничка виза заедно со неговите си отиде во Америка. Десет години немавме слушнато еден за друг. Ни трага ни глас ниту јас за него ниту тој за мене. Тогаш немаше интернет и едноставно изгубивме контакт. После десет години јас се одлучувам да се прошетам малку и да го видам западот па си најдов работа за чување деца и исто така дојдов во Америка. Веќе два месеци бев тука и имав фб на велико (веќе четири години уназад) кога една комшика исто така од средно што всушност беше со нас во клас ме стави за пријателка. Од тука почна се. Јас го видов него пријател кај нејзе и го додадов и му го пишав бројот на телефон. Тој ми се јави и мислеше дека го зафркавам од почетокот. Првата недела беше интересно. Само се дружевме и немаше ништо повеќе. Но потоа се почна да се реди како во сон. И сега кога ке помислам дека неколку години поминаа толку бргу неможам да поверувам. Сега сме тројца а здравје планираме уште три члена плус во нашата фамилија.
     
    На richgirl998, Buttterfly, Aleks96 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Се запознавме на факултет.Го бркаа неколку колешки а јас не се ни надевав до последниот момент.Кога ме викна да излеземе мислев другарски е, а тој ме меркал 2 семестри. :inlove: Некако излезе како цел живот да сум го чекала и да сум имала љубов во себе само за него.Сега сме 9год. заедно а јас го сакам исто како првиот ден дури и повеќе.
     
    На Spring17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Ептен си ги поштувам ваквите љубовни приказни и кога ќе има некој нов пар секогаш сакам СЕ ама баш СЕ да знам како дошло до тоа :rofl:
    Со мојата љубов се запознавме ради компјутерот кој ми се расипа (тој е виновникот :D)
    Значи заедно сме 3,8 години, тој е постар од мене една година. А сето тоа започна вака ..
    Неговата мајка и татко ми се колеги на работа и случајно паднало тема на муабет (инаку ќе заборавел) одкако му кажав да праша некој од колегите дали имаат некој кој се разбира од компјутери за да ми го средат.. И така после неколку дена ме израдува со тоа што ми кажа дека нашол спасител за мојот компјутер хехе
    Дојде дечкото млад, згоден, убав, фраер невиден и како за среќа слободен :D Го напраи компјутерот што го направи ама тоа траеше скоро цела недела и знам дека намерно не ми го напраи одма за да може да ме гледа :$ Во меѓувреме тој работеше во мојата населба во едно интернет кафе, па секој ден после фах идев кај него како демек да се договориме за компјутерот и окапувавме со саати заедно и така почнавме да се дружиме 1-2 месеци. Следуваа по 24/7 обострани љубовни пораки, јавувања, гледања, зезање итн.. Не сакав да си признаам на почетокот дека се заљубувам во него, бидејќи најмалце и очекував дека ќе дојде до тоа. Но истото важи и за него, тој во ниту еден момент не помислил дека ќе има нешто меѓу нас, а баш и во тој период имал неколку понуди па јас сум му дошла како кец на десетка и сум му го олеснила изборот ;)
    После некое време точно на денот на Велигден си се бацнавме и си кажавме се што ни лежи на душичката :D
    Е сега работата да биде уште поинтересна како да му кажам на татко ми, непријатно ми беше, пошо они колеги на работа и некако ептен срам ме фати ама што е тука е :) Го седнав, разговаравме вака и вака му раскажав се не ми пререче ништо само ми рече ако ти е тебе убаво и си среќна и мене ќе ми биде убаво. Па до ден денес кријат на работа за нас, мислам не зборат воопшто за нас дека сме заедно и многу ми се интересни кога ќе ми раскажуваат случки во кои ќе им се испуштело за нас..
    Убаво ни е, нормално во секоја врска има висини и падови, но пак се си доаѓа во својот ред.
    Го сакам, верувам дека и тој мене и се надевам на поубава заедничка иднина :)
     
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    34.653
    Пол:
    Женски
    и нашата приказна не е за фрлање. Се запознавме далечниот 6 мај 2007- на свадба,двајцата бевме од различна страна. тој цело време буквално се лепеше до мене а јас,туш, воопшто не го забележував. На крај на свадбата, иако претерано срамежливо ми побара бр.од мојот моб.И толку од првото запознавање. Истата вечер, по еден час мене ми звони моб.и ТОЈ!!!Почнувајќи од тој прв повик, ние непрекинато се слушавме секој ден се до 15 јуни. Јас не сакав никаква врска од претходно негативно искуство и мислев да се позафркавам со него, но тој бил сериозен. На секоја негова понуда да се најдеме на кафе јас се оправдував дека сум на час, едноставно не сакав да бидам со него....се до вечерта на 15 јуни 2007год.Јас бев излезена со другарки, кога тој ми се јавува и ме прашува каде сум. Му кажав(знаејќи дека тој не оди таму)и ми вика за 5 мин излези да се видиме. ООООООООО, се шекнав!!!Реков ајде една шема,барем за муабетите по тел.секој ден:)И дојде....правевме муабет два часа и ништо поврзано со нас двајца. На крај му кажав дека мора да одам а тој само ме праша дали може да ме бакне. Му одобрив, се бакнавме и заминав. Кога се вратив кај другарките ме прашуваа што всушност се случило и јас не знаев што да му кажам и така беше. Наредниот ден веќе званично бев негова девојка и така е се до ден денес .
    Денес.го сакам најмногу на цел свет и тој ми е се.
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Нашето официјално запознавање беше на автобуска станица додека чекав автобус за накај дома. :D
    Кажувам официјално зашто онака си пруживме рака и двајцата, не сметајќи дека некогаш ќе имаме повеќе од тоа запознавање. Он беше со еден другар, кој што е брат на еден школски. Така јас го познав другар му, и комуницирав со него цело време, и во автобус, а дечко ми (со XX ќе го пишувам) не го заприметив ни најмалку.

    После некој месец ме адна на далеку прочуениот ФБ. Признавам, иако сега го немам, беше причината за нашето подобро запознавање, почетокот на нашата врска. И ајт ме адна, по препорака на другаров, му спомнал дека сум била мн. забавна, дека сме си одговарале, па ајде да проба. Меѓутоа јас во меѓувреме бркав еден тип кој ми се свиѓаше со години наназад, и бев упорна со него, а со XX само муабет на фб и ништо повеќе. Тогаш влегов во врска со дечкото што одамна ми се свиѓаше, цветав на почетокот, меѓутоа како што минуваа деновите, тој се менуваше, и односот не ни беше сјаен. Постојано, после секој пад во врската зборував со XX на фб, се исповедав, ме разбираше, а тој всушност се радувал дека имам проблеми во врската, за полесно да дојде до мене. :D

    Така врската почека губеше од сјајот, веќе бев се повеќе разочарана, и во еден период во кој не се гледав со тогашниот дечко, немав никаков контакт, се случи да отидам на кафе со XX. Го одбив признавам првиот пат, вториот веќе се согласив. Се погоди тој ден, во тоа време додека седевме на кафе да врне невиден дожд каков што во животот не сум доживеала. Седевме надвор 3 саати и кусур, се надвикувавме со премногу гласниот дожд, уствари тоа беше олуја. :D Јас и тој разглабаме теми за бивши, за вкусови, за музика, за фудбал, се смееме до миле воље, и преубаво си поминав, а околу нас владееше невреме. Така заврши кафето, и нашето веќе второ подобро запознавање.

    После неколку недели седење и грицкање сончоглед со друштво до сабајле, официјално влеговме во врска, и оттогаш и покрај караниците големи/мали/средни сме заедно, среќни, заљубени, напалени и уживаме во нашата врска. :inlove:
     
    На MandyLane и Cence им се допаѓа ова.
  8. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Хмм..интересно.Епа вака:Јас со дечко ми се запознав преку една другарка.Ме натера девојчево да сум отишла со неа кај баба и,имало мн убави момци.Несакав,но викам ај ќе појдеме 1саат и си идеме..Ма каков еден саат,стварно имало убави ммм.Дента го запознав и дечко ми,ама прв пат коа го видов,не ми беше ништо посебно,и се понашав само ко фина девојка :) Останавме да спиеме кај баба и на другаркава (ете ти го нашиот 1саат :lol:).Е више вториот ден мене ми се засвиѓа,дури не го ни приметив дека тој е уствари дечкото што сум го запознала претходниот ден. :$ Тогаш иначе бевме на летен распуст и цел распуст јас се дружев со него и се затрескав во него,ама никако да бидне нешто. :worried: Заврши летото и престанавме да се дружиме,школо едно друго и толку беше...Е сеа,поминаа више 2год.и мене ми текна хмм на него,па си викам ај да го најдам на фб и успешна мисија,одма почнавме да се доп.среќа во исто време се уклучивме и двајцата и се дог.да искочиме,ама само како другари!абе ајде,хаха.Уште првиот пат коа се видовме после тие 2год.поминати,као да беше љубов на прв поглед. :emo: Без никаков проблем,сам си се намести и се смувавме и одма ми предложи врска.Јас несакав,но после 1недела,на 26.11. се фативме,као демек ај да пробаме иако мислев дека нема ич да ни иде,ноо еве више 1год.и месец сме заедно и мн се сакамее :) Кога го сакав пред 2год.не бев единствената што го сакав,имаше мн девојчиња во неговиот живот и сите успеаа да го смуваат освен јас,но после 2год.јас го добив коонечно,и останав со него најдолго и ме сака најмногу од сите што ги имал до сега.:) На никој до ден денес не му се верува дека јас и он сме заедно,но ова ми е најубавата врска до сега. :inlove:
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Ние не се запознавме т.е. се знаевме одсекогаш оти он живеее во исто место каде што живеам и ја.а нашата љубов почна во автобус :!: почна да ме штипка да вика дека сум била многуу убава.побарал број од другарка му го дала ми титкаше и му викам ми титка некој број он ми вика па мој е .па на мсн го аднав и се уклуцувам и го гледам уклучен му пишувам кај си шо си како си а он директно и се а ќе биде ли работава или нема да биде и ја му викам да.знаев дека кај и дае ќе ми рече .после се чекаше да испаднам оти неме пуштаа и испаднав некако и бидна ете го првиот бакнеж :inlove: еве до ден денеска сме заедноо скоро три години.можеби не е којзнае што но замене е сево ова една прекрасна бајка :inlove:
     
  10. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    13 Септември 2010 и го запознав преку мој братучед.Па еве заедно сме веќе година и пол и засега одлично ни оди. :D
     
  11. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Се најдовме на еден форум . Ниту тој ниту јас немавме слика . Разговаравме еден месец потоа се видовме на камера , се сретнавме , запознавме и така ... сеуште сме заедно , продолживме да си се гледаме , без она официјално ќе ми бидеш ли девојка :)
     
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Со њубовта моја се запознавме на начин, на кој мислам дека сеуште никој се нема запознаено :lol:
    Работам јас во фирмата како волонтер веќе 2 години и никако да се вработам за стално, онака како што е редот плата да си зимам, да ми тече стаж и сл.
    И ми викаат во понеделник да ги донесеш тие и тие документи за да конечно станеш вработена и јас среќна пресреќна, на моите одма им се јавив тие радосни шта да причам. И кога си одам накај дома ми ѕвони телефонот, од работа се јавуваат и ми викаат (ова во петок се дешава) абе знаеш што не ги носи документите затоа што на тоа место треба да дојде ТТ (човек за кој јас прв пат слушам) демек прво тој да се вработи а за некој месец и ти ке влезеш :envy: :envy: :envy:
    И јас кога почнав да псујам, клетви да фрлам абе што да раскажувам понервозна не можев да бидам. И кога одам у понеделникот на работа и одма ,, кој е бе тој ТТ дај да го видам, па уште местото работно да ми го земе, јас тука без пари 2 години ќе се глупирам а тој оп троп на работа,,
    ИИИИИИИИИИИИИИИ се појавува и вика здраво јас сум ТТ, нов сум и од денес работиме заедно. Може ли да го делиме бирото пошто уште немам кај да се сместам, денес ми е прв ден,, Останав со подотворена уста. Лепотан. Остај тоа ама јас гневна, лута, остра, ладна нај нај нај лоша со него. И така почна се. Значи јас по недела дена си го добив ммоето вработување. А тој кога ќе се избацеше на работа со цвеќе, ама не онакво со целофани и глупости, кога со чоколадо, па ај на пауза на кафе, па ај да излеземе и ова се дешаваше цели 6 месеци додека и официјално да започнеме врска.
    Сега сме заедно 3 години, си живееме заедно и си се сакаме :lol:
    Тоа е животот, кога најмалку се надеваш ти приредува огромни изненадувања
     
    На Beauchamp, Femina...1, indelible и 16 други им се допаѓа ова.
  13. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    се знаеме од 5то одделение :lol: ,али тогаш ,(мајкеми) го мразевме највеќе , :!: не тепаше со снежни топки во зима затоа
     
  14. whitex6

    whitex6 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    да ви ја кажам и ја мојата приказна ххахах
    се се случи пред една година во Ramstore ја бев со другарки јадевме во McDonalds а он беше неколку маси по далеку (иначе тогаш за прв пат дошол во Скопје , живее во друга држава)
    и така наеднаш очите на него многу беше убав
    тој беше со некои другари и ја зјапајќи во него приметив најдобрата другарка на една мој другарка што во тој момент седеше до мене застана кај нив и се поздрави..лелее полудев јас веднаш и кажав на другарка ми да и се јави на таа и да праша за нив.и она и се је јавува и ја прашува за нив и и реков името нека го каже па ја веднаш ќе си го најдев на facebook и она смотана погрешно разбрала и го кажа името на брат му ( а брат му студира во скопје каква среќа хахаха) а ја веднаш го адд-нав
    и работата е дека со оваа другарка ми значи таа што седеше до мене иначе ми беше во клас..тој брат му на тој што ми се свиѓаше ја прашал таа нејзината најдобра другарка за неа зс му се свиѓала а работата беше сите мислевме дека е тој што мене ми се свиѓаше... и многу ми падна криво али оваа другарка ми беше навикната да лаже многу и секогаш тераше инат со мене и ја помислив дека ме излажала замо са инат дека ја реков мене ми се свиѓа тој...и ја почнав да се допишувам со тој 1 една недела не знаев дека е братот на тој што ми се свиѓаше иначе многу си личат затоа не можев да го приметам тоа по сликите...и еден ден го прашав дали стварно му се свиѓал таа другарка ми и тој рече ДА... и ја одлучив да го избришам од fb зошто се разочарав и реков немам што да продолжа понатаму иначе целта повише ми беше да дознам дали ме лажела таа другарката отколку да се запознам со тој.. ама незнам како се деси да го прашам што носеше тој ден во рамсторе и ми кажа кошула..а брат му памтам дека носеше сива блуза..и ја го прашав кој беше тој што носеше сива блуза и ми вика брат ми и кога ми даде линк на фацебоок кога му ги видов сликите тогаш се сетив на него и тој беше што ми се свиѓаше а ја погрешка сум се допишувала со брат му хахаха...и добро тој му кажал на брат му и тој ме адд-на и така почнавме да се допишуваме по неколку дена дојде во скопје се видовме се љубивме хаха и сега машала супер ни е врската многу се сакаме се трудиме по често да се гледаме барем еднаш неделно..иначе тој ми е прв дечко и многу се гордеам со тоа и се надевам ке ми биде последен многу го сакам тој е најскапото нешто во мојот живот и за ништо на свет не би го сменила..планираме следното лето да идеме во америка заедно и таму да продолжиме да студираме и да создадеме нов живот и убава иднина!
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Хм, мислев дека сум пишала во оваа тема? :)

    Лето, Август ми се чини, 2007 година, се шетаме со другарка ми кога ке видам, црномањест дечко со сино-бела кошулка, 3/4 фармерки, и добра адмирал патика (инаку навика ми е да запазам каква патика носи машко, обувките многу кажуваат верувајте), и се качува на портокалов мотор. И јас, 16 годишна, тинејџерка со мозок на пиле, веднаш се распрашувам низ пола град кој е тој. Дознав како се вика, и веднаш го додадов на скајп. Го барав во тоа време и на hi5 ама неможев да го најдам.

    Ме прифати на скајп во пријатели, ама пуста срамежливост неможев никако да се наканам да му пишам прва. Помина некое време и ништо, ни тој пишува ни јас. И еден ден, моите ѓаволи од внуци, од мојот скајп си направиле муабет со него без мое знаење. Кога видов, му се извинив, па едно друго, муабет почнавме активно да си правеме. Во диско кога бевме излезени ме почасти пијачка.. И така се од Август до Ноември. Тогаш јас фатив друг дечко, со кој раскинав во Јули 2008, и до тогаш изгубив контакт со него.

    Кога раскинав со овој, знаев со кој точно повторно да стапам во контакт :wasntme: Си се додадовме на hi5, кога ме праша каде е дечко ми, кога му реков дека повеке не сме заедно, се насмевна злобно и рече дека сега можело да ме стават на лицитација :rofl: Ме освои со хуморот мора да признаам :D И така разменивме броеви, уште истата вечер дојде во кафичот со другар му каде што бев јас, ме почасти кока кола, ме испрати до дома, и падна и првиот бакнеж :* Другиот ден, се договоривме повторно да се видеме, иако моите идиотки од тогашни другарки беа против, всушност сите беа против |( И така почнавме да се состануваме секој ден по 24/7 бевме заедно, ако не заедно обавезно си пишувавме на скајп, кога тој беше на работа одев кај него.. итн. Оваа врска трае 3 ипол години, и од ден на ден е се поубаво. :inlove:

    Да бидам искрена сметав дека во долгите врски се јавува обавезно досада во некој период но да чукнам во дрво досега не сум се почувствувала така, а мислам и дека нема во иднина. :inlove:
     
    На richgirl998, SaIvnjaann и LilBaby им се допаѓа ова.
  16. saphira

    saphira Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Првпат го видов нашколо, кога на голем одмор за побрзо да излезе ме избутка по скалите. А јас како што бев од претходно нервозна се искарав со него. И ко за беља истата таа недела тој се појави во невладината организација каде што волонтирав. Но него не му текнуваше која сум (на моја среќа). И кажав на една другарка дека ми е убав и требаше на забавата да се запознаеме официјално. И истата вечер се измувавме, а после неполни 2 дена ни започна врската. Тоа беше најспонтаната работа која ја имам направено и воопшто не се каам. Заедно сме 2 години, 2 месеци и 2 дена :)
     
  17. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Дечко ми не го запознав тука,во Скопје,туку периодот кога живеев во Париз.
    Се започна кога еден ден,сретнав пријателка од Скопје,која одамна ја немав видено.Ми кажа дека дошла на 4 дена да го посети Париз,од кои и беше 2 ден.Ме замоли да појдам со неа на Ајфеловата,не и се идеше сама по тие гужви.Одиме,се качуваме најгоре,и нормално уживаме во смирувачката глетка.За жал,имаше многу голем ветар па и беше малку ладничко,таа влегла во тоа затвореното просторче,одма шо е под најгорниот кат.Ја не ја ни видов кога отишла,нормално се исплашив,потрчав околу,гледам ја нема,фатив да трчам надолу по скалите(не во лифт,мислам дека тој ден имав изодено највеќе од цел живот :D ),прво што ми падна напамет е дека некој ја киднапирал :( :x ,затоа трчав надоле,да се симнам па да барам помош,затоа што таму е на некој начин секојдневие некој да ограби,киднапира,и.т.н...И у трчање,не ни видов дека позади мене некој се дере "Miss,miss,you forgot...Miss..Hey girl". Кога се симнав до доле,трчав по улиците и се дерев,видов дека не праам нишо,па застанав и дури тогаш забележав дека ташната не ми е тука.Само мобилниот ми беше у џеб за среќа, па ѕвонев на милион броја во Скопје за да го дознаам нејзиниот.На крај го дознав,таман да свртам доаѓа некој дечко(ултра секси) со другарка ми и ми вика "You forgot your bag out there." и ми покажа кон Ајфеловата.Ја ќе паднев у несвест,мислев дека тој ја киднапирал другарка ми и дека ми ја украл ташната,па пошнав да го мавам со шамари и такви мали боксчиња.Хаха,колку беше смешно,другарка ми почна да се дере "Немој,немој, не е крив,заедно те најдовме,ти си ја забораила ташната горе!" . Наеднаш се закочив кога го слушнав ова,му се извинив 399 пати на дечкото,откако се убаво ми објаснија.Испаднав тотална будала,хаха,ама важно после дознавме дека двајцата сме македонци, ме викна на пијачка,па на вечера и така сега сме заедно у врска.Веќе 1 година и си го сакам повеќе од се! :inlove:
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kolace22

    kolace22 Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Bravo za site mozam samo da kazam i alal neka vi e za tie sto odrzuvate vrska vo dalecina. Jas so mojt decko sum vo vrska 6 godini. Se zapoznavme vo gradinka( bevme vo ista grupa), potoa bevme zaedno vo osnovno no vo razlicen klas, pa vo sredno vo ist klas,zaedno sedevme vo klupa, bevme najdobri drugari i se sluci i toa da zapocneme vrska. Zaedno sme veke 6 godini se slusame na sekoj saat,nekogas i poveke od 1 vo rok od 1 saat, se gledame skoro sekoj den i MU BLAGODARAM A BOGA sto na nekoj interesen nacin ne spoi da bideme zaedno iako cel zivot bevme drugari :)
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    беше летен жежок ден, мене не ми се седеше дома а надвор 40 степени, и едвај а убедив сестра ми да одиме во паркот, во некој од тие рестораните таму под сенка да си седниме на кафе. излеговме од дома и така пешки по жештината сами ние по улицата (како да ни фале нешто), одиме и помина еден дечко си го шеташе кучето, и тој застана со сетра ми здраво како си што си, а јас оти сум по животните многу си застанав и веднаш на кучето почнав да го галам, да му зборам, (колку си ти убааав, лелее каков сии во тој стил), и во еден момент кога му се опулив на тој што го шеташе што да видам лелеее уште по убав од кучето тој :lol: и јас одма здравоо :handshake:, и толку беше тој ден, утрето пак така по најжешкото пак ја молам сестра ми ај да одиме на кафе досадно е дома, таа ми вика што ти е тебе нормална ли си мозокот надвор, ке ми се сваре, абе повеке од саат време се убедувавме и ај излеговме, седнавме на кафе и ете го пак помина (овој пат без куче), застана со нас пак се поздрави, но демек беше во брзање па замина. јас :$ цела таква останав :inlove: лелееее каков е си викав.После некоа ден излегувам од дома сестра ми ме чекаше пак за на кафе(ама овој пат по нејзина иницијатива) и ете го се појави од никаде пак и со сестра ми пак си збори нешто и таа му вика дојди на кафе таму и таму ке бидеме и тој вика ај одете седнете јас да завршам нешто и ке дојдам, јас во облаци. дојде седна со нас, муабет едно друго, вечерта пак се појави во кафичот кај што бевме, но почнав да мислам дека е таму заради сестра ми не заради мене, и малку бев збунета. Си одам дома и оп што ке видам понуда за пријателство на фб, почавме да си пишеме, така лаит муабет,и така дознав дека нема девојка, што беше малку чудно. Секоа вечер седевме во исто кафуле на различни маси и си правеме муабет по праки, :D :D, и решивме да одиме некаде од таму оти беше досадно, па се договоривме ме земе од една темна уличка позади мојата куќа за никој да не не виде. се гледавме некое време така пријателски сами без ништо да се случи ни бакнеж.а јас секоа ден бев се позаљубена во него. Но мајка ми дозна, и фактот дека беше постар од мене 10 години ја полуде му кажа на татко ми и настана збрка. не се гледавме неколку дена, но пак почнавме да се слушаме, и така некако почнаа сите да се помируваат со фактот дека сме заедно а меѓу нас уште немаше ништо :@ . и јас си заминав на одмор и на 12тета ден еве го дојде дури во грција, како ме најдил кој му кажал кај сум никогаш не дознав, битно кога го видов така му се фрлив во прегратки што без да се осетам сме почнале да се гушкаме и бакнуваме како да сме заедно 100 години, и така ни беше првиот бакнеж, и фала богу уште така страсно се бакнуваме и се сакаме најногу на цел свет :inlove:
    јас знам дека бев офф ама кога се сетив греота беше да го бришам цел пост се изнамачив да го напишам, се надевам дека администраторите ке ми простат
     
  20. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    Прво се сретнавме во една дискотека, и кога го видов помислив дека е прав намќор :lol: абе цела вечер не се насмеа, Боже реков тешко женска што ќе му е и жена на овој :lol: После пак се сретнавме и што знам, се си се случи така спонтано, се држевме за рака па отидовме „муабет“ да направиме :lol: а другарките ме зафркаваа пред тоа дај да ти го местиме баш е дечко како за тебе, мн убав пар ќе бидите јас ништо живо нејќев ни да слушнам :lol: Сега си се смееме на муабетите :D