Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Јас со мојата љубов сега мој сопруг заедно сме скоро 7 год.се запознавме кај брат му во дуќан.Се вработив таму и он секој ден висеше таму додека дојдам на смена одев само втора.Ме меркал уште кога сум била средниста а јас па пет пари не давав.Идев со еден друг,а почнав да се мувам со него.Ми се јавуваше секој ден ,ме испраќаше до дома,ми напиша цела тетратка што чувствува за мене,и така раскинав со тој што одев и официјално си започнавме врска идевме 3год. и во брак сме скоро 4год. и многу си се сакаме и имаме две златни дечиња
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми со кој сме 1год во врска се запознавме на facebook иако сме од исти град се запознавме на facebook се допишувавме и послем некое време излеговме и с езапознавме лично :) :)
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На Фејсбук. Уште првиот муабет сакав да му отидам и да му речам :

    - Дечко, ја тебе ќе те силОвам. :rofl:

    А првата официјална средба ни се оствари на автобуска. Ја си чекам на клупа а он у автобус. Збориме по телефон и си мафтаме. 25 секунди романтика. :angel: Тие шо седеле околу него му рекле дека сме направиле филмска сцена. А бе шта да ти причам. :rofl:

    Го сакам, дуљ мој. :inlove:
     
  4. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Па ние се знаевме претходно..мислам..идевме по турнеи горе доле..ама никогаш не праевме муабет и на еден концерт почнавме нешто да муабетиме..па ај на фб он као не ме знаел..па ај на кафе се договоривме и така почна се.:D
     
  5. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Се запознавме во штаб а иначе живее кај мене во населба и башка со брат ми се знаеше а ја се дури не го видов тогаш не го знаев :D
     
  6. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ....го знам откако знам и за себе :mm: , заедно поминавме 8 години во основно училиште , но немаше (или јас не забележував )никаков знак што ќе можев да го препознаам дека тој всушност ме сметал повеќе од другарка .Беше мој партнер за полуматурата :lol: и од тоа лето ,пред почетокот на средно се до лани зимата се немавме видено , ниту пак знаев што се случува со него....

    По сплет на околности или можеби дедо боже смеша прсти , од зимскиот лански распуст јас и тој сме заедно.Имавме организирано средба на старите школски другари/ки и оттогаш започна се. дури тогаш после 10 години свативме дека и двајцата сме биле заљубени еден во друг :D :inlove:
     
  7. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    Уххх многу лошо се запознавме..ја бев со другарки излезена у една дискотека .бев најпијана на свет..шо се не праев..и незнам како можеше баш у мене да се заглеа..и после уше едно година дена трчкаше по мене..ја се правев недопирлива..и на крај ете заедно сме
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И ние се запознавме на фб, по три месеци се видовме и .... :angel:
     
  9. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    како се запознав со мојата љубов

    мојата блесава другарка и нејзиниот деЧко тргнавме на одмор во дојран..јас се противев да одам зашто неЌев да им светам таму :D но инсистираа , и без мое знаење викнале еден другар на деЧкото на другарка ми и не наместија да спиеме на ист кревет :D умрев од срам првата веЧер но следната ми беше роденден па тој дојде и ми реЧе ајде јас прв да ти го Честитам роденденот и ме бакна...зарем треба да расказувам повеЌе :D :D :D
     
  10. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски
    на одмор јас со друштво бев отидена он исто така со другари и така таму се сретнавме во дискотека и еве од тогаш сме заедно веке 6 години абе љубов што да се прави :inlove:
     
  11. simmone

    simmone Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    Хмммм ... комшиии сме две - три улички разлика ,али поради сплет на околности не се знаевме лично ...додека јас бев во кратка "дружба" со неговиот му "другар" тој ме видел,ме намерачил :D и се направи за да се запознеме ...прво ми пиша на фб и јас по обичај му мавнав игнор пошо ме иритираше коа некој шо појма неам ни кој е ни шо е ми врзува некои глупи муабети ,ме замара а има доста такви а и тоа барање дечко/девојка на фб ми е ептен тапа муабет..иии од коа виде дека не ја бива работава со фејс букот ,почна да доаѓа многу често на гости кај другар му ,,, хохохо а јас уште прв пат кога го видов се заљубив тоа беше љубов на прв поглед дефф !!! а он таков ладен глуми мангупче ме стопииии .по брза постапка ја прекинав таа кратка врска со другар му пошо паметот ми остана кај него . ии ај да не го тапанам се договоривме да му одам на гости ,отидов уште одма се ќаривме се видовме следниот ден пак и веке третиот ден официјално стапивме во врска :inlove:
    од тој ден па навака неможам да си го замислам животот без него ...
    НАСМЕВКИ,ПРЕГРАТКИ,ОЧИ НАСМЕАНИ - ЉУБОВВВ :l:

    :l: HE IS MY SOULMATE :l:
     
  12. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Убава тема, секогаш кога ќе раскажувам се чувствувам како одново да го доживувам тоа.. Го видов прв пат речиси пред 2 години во автобус, тој беше за мене само момчето од автобусот се додека не го најдов на facebook ...потоа се запознавме и после 2-3 месеци почнавме редовно да се гледаме се додека не се фативме.. веќе сме заедно 1 година и 7 месеци :)))))))))))
     
    На mache.993 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Се запознав со него преку моја другарка во Колосеум. После неколку дена ме аддна на facebook и така си почнавме муабет. Може месец и више само преку chat си комунициравме, па искочивме на кафе и така почна се :)
     
  14. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Јас со лавчето мое се запознав преку моја другарка. Јас сакав дечко од друг град и овој видов се ставил во врска на фејзбук и целиот ден си плачев, се нервирав, коси корнев...Тој знаеше дека го сакам и тој ме свиѓаше требаше да дојде в Прилеп, да се видиме, да разговараме, да почнеме да се запознаваме...Многу бев повредена, и другарка ми ми предложи да се запознаам со другар на нејзиното момче. Бев скроз изладена, не ме интересираше ништо. Но после една недела кога повторно почнав да „оживувам“, и реков дека сакам да го видам, да видам шо фаца е :lol: .
    И така почнавме да се гледаме преку две недели, преку една, преку два дена... Се обврзав со него, ми призна дека сум му драга и дека му е многу убаво со мене. И кај мене почнаа тие чувства да се појавуваат. Со него сум од октомври и еве уште тераме.
    Му раскажав се за тој што сум го сакала, тој ме свана, директно ми вети дека ќе направи да го заборавам, дека ќе ми го врати скршеното срце, дека нема да ме повреди. Тоа што го вети до сега си го исполнува. Најмногу го сакам :inlove: .
     
    На love.butterflies му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    со мојата љубов се запознавме на одмор ..
    Нон стоп бевме заедно, заедно излегувавме и така една вечер бидна што бидна..
    откако се вративме од одмор излеговме неколку пати и тоа беше тоа, но по некое време пак некако стапивме во контакт и од тогаш (од пред 1 година) па се до пред 2-3 месеци кога падна и понудата за брак ... па свадба и така натаму еве сега и бебенцето мрдка во стомачето.
    Иако сум многу млада премногу го сакам во него гледам нешто што во никој друг не сум го видела...
    ии да сакав ова да го кажам .. многу пати ми имаат кажано во смисолотзаедно сте само заради детето.. не е така нашата свадба беше за во лето закажана јас секако ке се омажев за него дали трудна или не но бидејки останав трудна а не сакав на свадбата да бидам со голем стомак и да не можам да играм и така натаму бидна порано
    сепак малце забегав со кажување но тоа е... :)
     
  16. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    296
    Јас го видов.. тој ме виде... и денес ја имаме нашата прекрасна Аничка :rofl:
     
    На lebarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Па како....нашето запознавање имаше 2 фази.Обично луѓето прво се запознаваат физички,па од коа ќе се појави таа меѓусебна поврзаност и хемија тие продолжуваат да се запознаваат карактерно,но кај нас не беше баш така.Ние се запознавме на еден форум,прво меѓусебната виртуелна соработка во врска со факултетот не запозна,тоа беа неколку пораки,па првиот наш вистински разговор беше за серијата Lost :rofl: .Се "утепавме" од муабет,траеше неколку часа,и секако се одвиваше на прочуениот facebook.Како стигнавме до facebook ? Па и дадов мое мсн и и реков ако сака да си поправиме муабетче да ме аддне,тогаш незнаев што да очекувам,си викав,ќе ме аддне,или нема и после неколку десетици минути ми стигна пак порака,а не ми стигна на мсн никаков контакт и си помислив дека содржината на пораката не е баш позитивна,но ми имаше пишано дека имала само skype,што нажалост јас тогаш го немав и така малце онака sad и реков е па тогаш ќе си продолжиме со поракиве,но не ми текна на неговото височество facebook-от ,но на нејзиното височество девојка ми и текна и ме аддна таму :D .Од кога ме аддна муабетите ни траеа се повеќе и повеќе,прво по 2-3 саати на ден,не секој ден,но доста често,па по некое време стигнавме до неверојатни 10-12 саати на ден :clap: ,па коа неможевме на нет почнавме да пишуваме по 20-30 и више пораки на ден,ако се смета тоа дека една порака беше голема колку за 4-5 пораки и така едно 7 месеци,ццц.После 7 месеци фала богу се накани и го победи стравот и конечно се запознавме,дури ни тогаш не беше баш спремна за тоа,но бидна,и btw немојте да мислите дека сме тинејџери од 15 години,таа имаше 19 години,јас 20,да,да,19 години имаше,искарајте ја :!: :D ,е тука почна нашата втора фаза на познанство,таа фаза се нарекува relationship :D и трае до денес 9 месеци и некој ден.Прашањето на темава е како се запознавте со вашата љубов? Јас не се запознав со мојата љубов,туку мојата љубов се запозна со личноста што ја сакам,зошто ја сакав пред да се запознаам,чудно нели ? Е па чудни се Господовите патишта,се вљубивме,па се запознавме и на крај се привлековме :D .Сите врски имаат слични да не речам исти елементи,само што кај сите врски не е истиот тек :D .Тоа беше текот не на запознавањето на мојата љубов,туку текот на запознавањето на мојата љубов со личноста што ја сакам :D .Ова беа двете фази во кои ние се запознавме,се надевам ќе стигнеме и до третата married фаза :*.
     
    На babyblond, cupcake27a и ajrin1617 им се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    во кафана тој со негов другар а пак мојата другарка одеше со неговиот другар после тоа следуваа неколку средби а уште 1 недела нашаата годишнина
     
  19. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Јас го најдов него, кај него дома и тоа. Едни мои другарки беа со негов другар на кафе. На враќање требаше да ме земат да си одиме сите дома, ама тој другарот нивни им рекол да одиме сите кај еден другар. Најсмешно беше што една од нив ми кажа дека еден од нив ич не бил убав. И ајде викам и јас ќе дојдам и шо да праам, се зафркнав :D :D . Влегов и тој што не беше „убав“ сеа ми е дечко скоро две години. :inlove: :inlove:
     
  20. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Шпанска серија :D :D Се запознав со неговите другари на одмор... а него го видов од далеку само како се муваше со една што мене покасно ми стана пријателка...и така тогаш на одморот два пати го видов како се бакнува со таа. И после откако си замина тој се здруживме со типкава и почна да ми покажува пораки од него колку се сакаа АУ бла бла патетики па ќе му одевме заедно на гости а сите тројца од различен град бевме :D И коа се вратив дома ајде сите контакти на мсн од одморот да видиме што како беше импресии и мојот сегашен дечко почна да ми пишува... прво мубетов беше за неговата мувачица како ја сакал незнам што незнам како ... и после со текот на времето почна да го мемува муабетот кон мене...да дошол да ме види,ај да му пуштам камера,ај вака ај нака... и на крајот дојде... Ајде излеговме моите другарки неговите другари ... убаво беше се додека мајка ми не ми се јави требало нешто дома да си одам... и ја никому ништо им реков Дечки јас морам да одам убаво беше пак да дојдете ќе се видиме бла бла... И го гледам него се натажи ептен детево и ми вика Па јас за тебе дојдов... И ме бакна... И незнам што ми стана мене тогаш како Кјупид да ме погоди со стреличката... стварно се сменив начисто после тој бакнеж ... на крајот и дома не си отидов хахахха и од тогаш заедно сме веќе 4 години...

    Типична шпанска серија ... :D