Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Aх, спомени :)

    Се запознавме уште одамна пред скоро 3 години, и тоа кога уште бев со бившиот ми дечко. Само стандардно запознавање ништо посебно, преку најдобра другарка, бидејки и е роднина. И на тоа остана, прв впечаток, ништо посебно, мирен, фин, културен дечко. И потоа 2 ипол години подоцна, се случи пресврт на се, кога веќе бев сама, една тажна случка не спои повторно и ме натера сватам колку ми одговара кога сум во негово друштво, колку ми одговара начинот на кој размислува, и бум, ете сме денес 9 месеци подоцна, весело и среќно заљубени
     
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    пред 5 години на Велигден :inlove: бевме застанати со заеднички пријатели на излегување, тој ми пријде се изнаправивме муабет вечерта а после тоа се видовме уште неколку пати на излегување, на кафе и т н. се на негова иницијатива
    доби едно 4 " корпи " :lol: пред да се согласам ама само да пробаме :!: :* :inlove: среќно заљубени оттогаш :)
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се запознавме на фб, по 3 месеци се видовме и....
     
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Се запознавме една убава нок во еден бар,јас така бајааги поднапиена од опроштална ,а тој така зјапнан во мене цело време на нашата маса,офффффффффффф каква ноќ демек три другарки ќе не носел во неговата вила па со сите три демек ќе бил,хехеххе јас поднапиена и си викам јас ли сум пијана или тој е пијан или шекнат хехехех долга и убава приказна
     
  5. elokventina

    elokventina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    одлични приказни се воодушевувам кога ги читам, инаку јас се зачленив за да можам да ви ја кажам мојата приказна. :) Со него се запознавме во средно, се паднавме во ист клас и уште на почетокот многу се зближивме. Постојано комунициравме и заедно изглегувавме. Разговаравме за се и сешто, за школо, музика, пријатели, љубов.. Во тоа време тој имаше девојка, но ми призна дека кон мене чувствува нешто поникакво - нешто повеќе, а јас заљубена уште од првиот момент летнав :inlove: . По некое време тој ја прекина врската и по многу разговори одлучивме дека ако некогаш се случи нешто повеќе помегу нас тоа ќе биде по крајот на средно за да не се комлицираат нештата мегу нас. Тоа ветување уште толку повеќе не зближи, постојано бевме заедно и имаме безброј заеднички спомени. И така до ден денес (4та година) останавме најдобри другари со тенденција за нешто повеќе. :D Тој има девојка а јас имам дечко, тоа е прекрасно момче се разбираме и почитуваме, но тој не е љубовта на мојот шивот туку токму мојот најдобар другар.
    Јас не се надевам, јас сум сигурна дека нашите патишта повторно ќе се скрстат и ние ќе бидеме заедно, заљубени до крајот на животот, но дури и да не е така во мене секогаш ќе постои тоа убаво чувство и сеќавање од средношколските денови :inlove:
     
    На Cija-si му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Се започна со едно видуване и здраво. После дојдех до нејно бројче, почнах да и досадувам со пораки ја отепуваах (тогај баш излезее овие поракиве од т-мобиле тогашен мобимак порака 1 денар). После од пораки се префрливме на мсн и пораки истовремено, се сретнавме во кафич малце разговор она оваа као почетна фаза на нешто што потоа ќе прерасне во сериозно. Потоа и досадував по пораки да се видиме успеав во тоа, добив 1, потоа уште 1, па уште 1 можеби стигнав до 10 корпи но не се одкажувааш, и на крај успеав и еве сега 3 години и нешто скоро 4 во добра врска (дек се скараш, дек се степаш, нели и тава е дел од љубовта де ) сега за сега е супер понатама здрави и живи времето ќе покаже.
     
  7. MacYsho

    MacYsho Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Преку интернет. Се започна со мајтап и сега за сега сме во 3 годишна врска.
     
  8. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Тоа време, беше пред 2 години и сеуште ми стои се во глава како да беше вчера. Само се смешкам кога ќе се присетам. :lol:
    Тој беше во врска со сестра на една од моите најдобри другарки. Само што го видов одма пеперутчиња низ стомачето. Неколку пати се поздравивме кога ќе се видевме за време на излегвање, но никако да се запознаевме како што треба, а кога ќе се поздравевме мислам дека вечерта ми беше цела во облаци :$ По некое време ми пиша на фб, па на мсн, полека се зблужувавме, другари ова-она и по некое време, бидна што бидна.
     
  9. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Косата оште ти стои :rofl:
     
  10. Musikj.88

    Musikj.88 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Моето момче го знам уште пред 3 год ...поточно колеги на факс сме...некаде пред 2 год почнавме нон стоп да си пишуваме на скајп...имаше моменти кога ке пишеше ајде на кафе ние двајца мојот коментар беше ти се зезаш со мене и он као да бла бла бла..искачавме нон стоп имало моменти кога ке ме начекал малкуцка пијана :) и ќе пробал да ме баци една му успаеа само да ме баци во уста и јас као одма што ти е ова она...тие две лета ни он ни јас не бевме македонија но си пишуваме постојано ...и сите од друштво вие двајца еден ден заедно јас не нема шанси но ете убаво рекле никогаш не вели никогаш :) пред точно 6 месеци јас и он се фатиме ...и најискрено тие 6 месеци му се како од бајка ...нешто најдобро во живото :)затоа секоја шанса што ја имате пробајте ја доколку не ја пробате нема да знаете како може да биде :)
     
  11. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Не е истата како тогаш, фарбана е :P
     
  12. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Дечко ми го запознав преку една многу добра другарка која цело време го фалеше и кажуваше убави работи за него.Јас и тој се најдовме после тоа на ФБ. па се префрливме на скајп и така почна се.Но имавме малку проблеми на почетокот зошто истата таа другарка испадна дека е мн љубоморна на нас т.е на мене па ми ја полнеше главата со глупости и лоши работи за него но сето тоа помина и сега се е топ :)
     
  13. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    јас мојот го запознав верувале или не во градски автобус :D :D убо памтам дека врнеше истураше,јас бегав од кај баба ми и во автобусот топ луге и застана на следната станица,и оп се качи мачорот :D :D :D се меркавме едно 2 години така,јас цел град го превртив и никој не знаеше да ми кажи ни име ни години ни ништо......и после конечно сосем најсосем случајно се најдовме на фб и бидна шо бидна :D
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Тој дојде во мојот град демек многу спортски тип и судија ми изиграваше нешто,па така случајно имавме заеднички другар преку кој се запознавме и после тоа бевме едно 2,3 месеци другарчиња,комунициравме се додека еден ден не ми кажа дека сака да е со мене и дека имал поинакви чувства кон мене отколку кон другарка и јас не знаев кај сум се шешардисав цела ваква бев :o. После ме чекаше кутриот уште цел месец за да се согласам и на крај бидна работата :inlove:
     
  15. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    686
    bevme uste vo osnovno..najdobri ptijateli..no i dvajcata se sakave i go znaevme toa....:D
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.896
    Пол:
    Женски
    Се запознавме на журка, а јас што бев еден журка тип на девојка, да не пукнеш.... Нејсе, јас во некој бед филм, ќе идам на матура со другар у кој бев заљубена а тој сирот како и мене инат невиден нејќе да попушти, а се сакаме не можеме да живееме еден без друг, а што да праиме коа едноставно и двајцата не знаеме како, и тоа е некоја приказна, во тема една имам пишувано. Значи братучетка ми и комшивката нејзина, братучедка на дечко ми, ме измолија некако и ај ќе идам со нив, ја со никаква намера, а они да измуваат се живо и диво таму. Си џускам ја таму, сама посо девојќиве почнаа да муваат и тогаш пристигна тој, не е мистер на свет, но знаев дека е најдобрата душа во цела соба, пошто журката беше во домашни услови.... А тој, сиротко немал никаква идеа таа вечер да фаќа девојка, со оглед на тоа што таа вечер славел роденден, немал никаков план, така ми рече тогаш, а јас, самичка, двеве ме оставија на милост и немилост, се решив, за прв пат да тргнам ја у акција и тргнав.... По 5 години, многу убави, грди, весели и тажни моменти ја го чекам да се сети да купи едно прстенче ама ќе се начекам изглеа, мојот маци кариера ќе гради па не му е у приоритети да троши пари на злато и слични глупости :fubar:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoveTheWayYouLie

    LoveTheWayYouLie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Аххх...Љубов...Па мојава приказна е со тажен почеток....
    Вечерта кога раскинав со тогашниот дечко стоев на станица чекајчи автобус надвор врнеше јас накисната и расплакана...
    Пред мене Застана кола од која испадна момче ама мислеш дека од некој филм...Прекрасна насмевка кафени очи :inlove:
    Се сврте накај мене и ми рече :КОЈ УСПЕА ДА ГИ РАСТАЖИ ТИЕ ПРЕКРАСНИ ОЧИ?
    Тоа што се случуваше во мене тогаш неможам да го објаснам измешани чуства(мило ми беше,се плашев )
    Не му одговорив и ми кажа дека поминал 5 пати и ме гледал како стојам сама па застанал да не ми треба помош..
    Е тогаш почнавме нормално да комуницираме нормално како се викаш од каде си ово оно...и дојде автобусот тој само ја заклучи колата и се качи со мене....јас зачудена цела размачкана по лицето ми понуди марамче да се избираш зошто не вредело за никого да се плаче...Таа вечер ме испрати до дома и ме гушна само...Поминаја неколку недели но незнам зошто тој дечко сеуште ми беше во паметот.. :inlove: ...Па така испаднати се шеткавме на парк го здогледав и тој мене исто се поздравивме...ме праша добро си што правиш ово оно....и тоа беше мене ми беше страм да почнам прва....Вечерта си идам накај дома и гледам на улица полиција застој едно др...си одминав само и утредента случано на вести слушнав дека имало собраќајка на истото место од синоќа...Ги спомнаа неговите иницијали А.С и си помислив не е можно да е тој(помислив на најлошото)...Веднаш се распрашав и открив дека е вистина но дека е со полесни повреди...Си реков себе си дека кога ке го видам се ке му признаам па што сака нека биде.....
    Но за моја среќа тој беше во болницата каде што мојата тетка е сестра и јас отидов таму...Првиот пат ми беше страм бидејчи неговите беа таму...Но потоа кога беше сам (како јагне :D ) влегов во собата и ме праша само...Што правиш ти тука?
    Му кажав се што ми лежеше на срцето и тој ми призна дека од почетокот ме свиѓал само не знаел како да дојде до мене( различни места на искачање)...Тогаш останав цела вечер со него и се случи тоа што го сакав....дојде ме прегрна и ме бакна.... :inlove:
    За две недели правеме Година дена од кога сне Заедно.... :inlove:
     
    На Tedyyy, senza.parole, Lepaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Не сме заедно.Никогаш не сме биле.Но многу го сакав.А дали тој мене? Појма немам

    Се запознавме пред една година во еден простор,кај еден другар на роденден.Никој не очекуваше дека ќе дојде затоа што не бил поканет.Не го знаев воопшто.Единствено што знаев за него беше дека многу женски го посакуваат затоа што не само што е многу згоден,туку има и страшно добра кола(женска работа).На една другарка која многу си ја сакам и се свиѓаше.Се сеќавам како и ја местев фризурата и шминката кога видовме дека дојде.Беше многу пијан.Ме покани да одиме на настан на Слаткар(тогаш тој доаѓаше во нашиот град).Го одбив затоа што знам колку таа го свиѓаше.Но она ми рече дека поминало,толку било.И ми рече да прифатам барем за неа.Се запознавме ,име,од кај си,што си.Ми дојде на роденден утредента.Помина една година со ретки контакти,редок муабет но мене он многу ми значеше.Сепак тој многу клизаше.Не можам да ги изборјам на двете раце девојките со кои искочил годинава.После една година во истиот простор,на истиот роденден поминавме една прекрасна ноќ со спомени вредни за живот,но за жал или за среќа тука се стави крај на се што било и не било..
     
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Се запознавме во прво одделение.Бевме во исти клас.Тоа беше љубов на прв поглед,но и моја прва љубов.

    Додека течеше првото полугодие на учебната година ние почнавме да се запознаваме.Потоа наставничката не стви да седиме заедно.Одкога седнав до него се ми беше како сон.По два дена седење заедно му признав дека го сакам, но и тој ми призна.Тоа беше преубава детска љубов.Кога имавме ликовно секогаш на блок хартија ме црташе и ми го даваше цртежот за спомен.Кога дојде крајот на првото полугодие за нова година си подаривме Новогодишни честитки еден на друг...Кога почна второто полугодие не преместија.Јас седнав до неговиот најдобар другар,а тој до мојата најдобра другарка.Но стана и поинтересно затоа што мојата најдобра другарка и тој седеа преднас.За време на часовите често се вртеше назад.По некое време дознавме дека живееме зграда спроти зграда.Па почнавме да си одиме заедно и тоа фатени за рака.Сите девојчиња од класот него го сакаа, а на мене страшно ми љубомореа.Кога дојде последниот школски ден од учевната година седевме многу разделечени.Се погледнавме но погледот долго траеше...чувствував дека нешто ќе се случи.Потоа си отидовме пак заедно но не си прозборевме ниту ден збор туку само се држевме за рака.Се разделивме без збор на уличката на која живеевме.......Дојде 1-ви Септември.Сите деца бевме во класот но само тој не беше.Кога праша наставничката зошто го нема едно девојче стана и кажа дека се префрлил во друго училиште.А јас веднаш заплакав но и се потсетив на последниот поглеед и чувството што го почувствував тој момент.Си замина но повеќе не се врати.Тоа се случи точно пред шес години...
    Сега живееме во исти град.Многу ретко се гледаме.Јас сеуште го сакам дури по толку години.Сега кога ќе го стретнам цела се тресам.Сепак тој ми беше прва љубов.Но чудно е како може толку години одалечени и пак да го сакам.Сега комуничираме на фејзбук а и некогаш на мобилен.Јас уште побеќе го сакам денес отколку од порано.Но тој не ме сака затоа што неговите нови пријатели влијаат врз неговиот живот...И сега по толку години се сеќавам на спомените што ги доживеав со него.Но еднинствен спомен ми останаа неговите цртежи и заедничките спомени....Се надевам во иднина дека пак би можеле да бидеме заедно...
     
    На sweet-star и Kostadinska им се допаѓа ова.
  20. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    Го познавав онака, како појава , си имавме здраво-здраво, но на мене отсекогаш ми се допаѓал... Почнавме во училиште онака да се меркаме, на фб, лајкови, и си пишавме еден ден, си кажавме се што и како е било, дека ме свиѓа,го свиѓам и веќе 4 месеца сме заедно и сме премногу среќни!