Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Се запознавме преку мувач на сестра ми. Тие беа најдобри другари и нон - стоп без заедно и кај идеше тој го влечкаше и мојов, а јас ретко искачав со сестра ми али ете тогаш се погоди со нив да излеземе. Зашто не ѓи знаев ми беа досадни нивните шали и воопшто не им зборев и за да ми провлече внимание цело време ме закачаше. После некое време ми кажаа дека ме свиѓа другар му (некој трет) и зашто сватив дека нема шанси ништо да напраам со него почнав да ѓи заебавам преку фб него за другарка ми. Другарка ми си фати дечко , другар му девојка и останавме ние двајца сингл :D А типов почнал да ја напиња сестра ми за мене ова она почесто да ме вика да искачам со нив, ми се јавуваше , на фб ме заебаваше и сите знаеа дека ме свиѓа али јас не попуштав (демек нема шанси мене да ме свиѓа) и една вечер излеговме се поднапивме малце и се смувавме. Од тогаш нон - стоп сме заедно 10 месеци и планираме цел живот вака :D
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ние се „знаевме“ уште пред да се запознаеме. Всушност учевме во исто средно, само што он беше две години поголем од мене и одевме заедно на драмска секција. Јас него го знаев уште пред да почнам средно и отсекогаш ми бил симпатичен, ама тогаш на другарка и се свиѓаше. Инаку официјално се запознавме на фејсбук. Два дена пред да заврши зимскиов распуст ми пиша да ме праша која смена сме од понеделник, демек не знае, а мајка му во нашето школо работи. Нема врска, така се запознавме. Зборевме околу недела дена, а потоа на почетокот на февруари излеговме официјално да се запознаеме, иако во рок од таа една недела многу дознавме за нас.

    За жал никогаш не успеавме, а веќе не ни трае тоа „нашето“.
     
  3. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Се зближивме преку мсн а се запознавме во гимназија и така започна гледањето меѓу смени и еве трае 2 ипол години
     
  4. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    20
    Епа.. Јас со мојот дечко се запознав преку интернет, тој е од Струмица и јас сум исто од Струмица, но тој оди на училиште во Скопје, тоа значи дека повеќето е таму, отколку во родниот крај.. Пишувавме многу долго околу 2години, тој имаше своја женска, а јас свој дечко. Колку повеќе пишувавме, толку повеќе блиски станувавме, си дадовме броеви и се слушавме многу често, ни одеа разговорите. Минатото лето кога се врати во Струмица бевме премногу блиски, решивме лично да се запознаеме, мислам дека веќе беше време, а тој беше многу срамежлив, се договоривме се сретнавме, кога го видов бев изненадена бидејќи додека пишувавме немав никаква претстава како изгледа, немаше никакви слики од него дури понекогаш помислував дека е некој мој близок што се шегува со мене. Се запознавме и така 1месец пак контактиравме блиски, како пријатели се додека еден ден додека се возевме на неговиот мотор тој ми рече дека ме сака, јас се препотив мислев дека ќе се онесвестам, го сакав уште кога се допишувавме, си правев слики на негов изглед во својата глава, кога ми кажа веднаш полудев му признав и јас дека го сакам, го гушнав силно и од тогаш сме заедно, веќе 11месеци, може не се многу ама за мене е цела вечност, за тие 11месеци со него поминав многу убави моменти, многу голема доверба има меѓу нас, кавги има многу ретко, а разбирањето е на најгоолемо ниво. Па, дечки јас сметам дека ја имав најголемата среќа што го запознав, се надевам дека и вие ќе запознаете некој таков :inlove: :D
     
    На Madrugada, sj *O*, eutixismena и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Значи вака ... Една вечер излегов да прошетам со другарка ми и седнавме на една клупа во паркот, одтаму се појави еден познаник којшто ми побара запалка, му дадов и ме викна ако сакам и јас да земам од џоинтот којшто го беа запалиле, и таму стоеше и мојот дечко и така се запознавме, потоа почнавме да се слушаме и на крај стапивме во врска која и ден денес е успешна после 5години :)
    P.S. Секако доколку понатаму во иднината имаме заедно деца би ја смениле самата приказна за запознавањето :D
     
    На MaTo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    13.533
    Пол:
    Женски
    ОдаВна ногу одаВна... на мирц се запознавме... :lol: сеа кога ќе си помислам, дури смеа ме фаќа, си фатив озбилен дечко на нет хахахаха срцка јас 17годишна ме излажа поштено... :D
     
    На hermosa и MaTo им се допаѓа ова.
  7. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    ние се запознавме на концерт на елитни одреди тој сакаше мене да ми намести еден негов најдобар другар торбеш а јас во зхивотот никогаш не сум имала до тогаш ни здраво со некој од друга вера и реков не ама дечко ми сегашен се муваше со една другарка со неа бевме излезени и она од мојот тел звонеше кај него а бројот и остана и ја во име нејзино му пушував смс и така некако договоривме средба заедно сме веќе година и 8-9 месеци но се што е слатко кратко трае...
     
  8. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    ммммммммм.......јаки приказни да те наежат и остават без спиење :) ...... нашето започна преку погрешен број .... кај го згрешив па и се чудев зошто ми врти .... никогаш не сакав врска се сметав мала 19години само што наполнив.Разговорите по телефон од секогаш ми биле јака страна па така не ми беше проблем и него му правев муабет ... но имаше нешто посебно во него интересно стана иако беше постар од мене 7 години не ми пречесе зошто бев и онака по сериозна за мои години и такви типци сакав ... имавме неколку не успешни обиди за запознавање во живо од кои едната што ме излажал за годините бил постар 10 години и се плашел дека ке се лутам,Но другар му го убедил дека ништо не губи ..... дојде се запознавме со саати разговаравме ко да се знаеме цел живот се случи и првиот бакнеж ... и вечерта јас онаа што не сакаше да слушне за врска му пишав порака УБАВО МИ БЕШЕ СО ТЕБЕ СЕ НАДЕВАМ КЕ ПРОДОЛЖИ ОВА СЕКАКО АКО ТИ САКАШ....ми кажа дека сака тоа му беше потик да ми каже дека е постар 10 а не 7 године мене не ми измени ништо јас верував во љубовта и дека тоа беше игра на судбината иако тој се плашеше како ке реагираат моите.... имаше луге кои се обидуваа да ни ја расипат врската зошто ни беше прекрасно на момент и успеаа по долга депресија еден месец за кој мислев ми е последен во животот повторно бевме заедно зошто ја имаше љубовта и не си имавме погрешено ... уште сме задно пет години и супер ни е .... позз
     
    На MaTo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Секогаш кога ќе се сетиме на тие моменти по цел ден се смееме. Ме аддна тој на фб и јас ајде да видам кој е каков е, и ми вика од Скопје бил дечкото а кога ме праша од кај си ти му реков Куманово(незнам од кај ми текна Куманово) и си се допишуваме скоро 6-7 месеци и се лажевме како да сме на натпревар кој повеќе ќе излаже. Една вечер излегувам со една другарка во дискотека и го гледам него пред мене :lol: Брзам за да не застанам до него кога видам другарка ми веќе застанала :o и се ме издала која сум од кај сум се по ред :lol: А ние всушност сме биле од ист град само тој учел во Скопје. :lol: И откако се дознавме кои сме и од кај сме почнавме да си вртиме тема за видување се видовме, супер си поминавме :$ и пак си се видовме и додека сите мислееа дека сме во врска ние пак само си се видувавме а јас со сакавв уфф колку ли многу? :$ И си мислев што ли чека овој кога ќе ме бакне :lol: и така му текна ме бакна и си ја официјализиравме нашата врска, 2 години поминаа сеуште се сеќаваме на нашите лаги.. :lol: :lol:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    епа вака,со другарка ми седевме кај мене и цело време ме убедуваше ајде да не искачаме да одиме на гости кај нејзиниот дечко тој седел дома со уште 2 другари пиеле кафе,јас и реков дека нема шанси,дома ке седам не сакам ни да излегувам што ќе правам таму, и таа вели ајде срам ми е сама од неговите ова она дојди.отидовме таму и цело време јас ќутам ,се срамам не ги ни знаев јас толку неговите другари.потоа другарками ми кажа дека едниот ме бендисал и му дала мој телефонски број и као демек ми се јавуваше и ми вели ти беше роденден немаш ништо почестено ајде да искочиме ,искочивме после негде месец бевме пријатли и бидна што бидна 2 год идевме сега заедно живееме ,никогаш не се надевав дека баш со него ке бидам ,на почетокот влев нема шанси со овој ама тоа е сега ми е супер .....
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    Хах како се запознав јас со мојата љубов :inlove:
    Беше тоа обичен ден кога само се поздравивме си пруживме рака еден на друг и толку. Беше тоа запознавање помеѓу нашим исти познаници, тоа едно пружање на рака продолжи во едно друго искачање со истите наши познаници во дискотека. Искочивме и мене ми падна во очи и скришно почнав да си го меркам никој да не примети.... После тоа искачање другиот кривец е фб от :D така почнаа нашите муабети и првата закажана средба...
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    На најнеромантичниот начин. Преку фејсбук. Но функционира веќе 2 и кусур години супер,па така да не ми е важно,на децата ќе им кажам некој подраматичен настан :P :)
     
  13. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Во школо, во прво одделение, 01.09.2003. :) :angel:
     
    На Miss.RW му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21
    Хаха значи учевме во исто школо, но секогаш кога ќе го видов мислев дека е најголемиот лузер овде... хаха мегутоа кога се пикнавме во ново друштво со другарките и тој припаѓаше таму и да не кажам дека сум немала подобар другар од него.. нежен внимателен итн. после 4 месеци ми стана ептен привлечен признав на другарките и тие ми го "местија" а ме чудеше што прифати мн брзо и така... се запознавме на 1 мај а на 1 септември почнавме да одиме 2011. <3
     
  15. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    на фејсбук се запознавме да ви кажам најискрено :P :P
    си дрдориме на телефон и си пишуваме,што се вика,до сабајле....за среќа јас имам роднини таму па го посетувам,и така...
    се надевам дека нашата врска ќе успее,иако предходно бев против врски на далечина,
    друго е да имаш некој покрај себе и кога сакаш да го гушнеш,бакнеш,а друго е вака,ама срцето неѕнае за такви работи,тој за мене е единствен и така ќе остане :D :D
    велат дека кога некој е далеку од тебе,никогаш неможеш да знаеш дали ти е верен,но јас сум мноооогу вљубена во него и тој ја има целата моја доверба,и покрај сите пречки,се борамиме заедно :D
    ќе одиме на одмор заедно сега :inlove:

    поздрав до сите и ве сакам најмногу,иако не ве знам :* :* :* хахах
     
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Во Т-Мобиле хахаххахаахаххаахаха
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mrdnata

    mrdnata Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    epa vaka!!! Drugarkami trebase da se vidi so eden i me povika mene kao da ne odela sama i bilo sram a ona ustvari me vikala zas ke doslo uste edno masko.Koga stignavme na dogovorenoto mesto se mi stana jasno se zapoznav so tipot i mi ponudi muvanje jas prifativ i taka se pocna na sala idevme eden mesec i jas mu raskinav.PO edna nedela toj mi se javi i sakase da se smirime jas se smiriv so nego zaradi zaebancija no kako pominuvase vremeto jas nego mnugu go zasakav i sea uste sme zaedno i ideme 1 godina. :)
     
    На london-girl и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Тој ден беше глуп ден барем за мене, си мислев што да правам и како да правам. И гледам оп некој ме додал на фејсбук профилот. Јас си викам о бе па кој е овој, хахаха ај ќе го прифатам. После неколку дена така веќе депресија ме фати му пишам здраво како си, и он само здраво и толку. И јас си викам ај овој нема шанси никад да ми биде дечко. Поминаа 10 дена и јас ставив некој статус за поранешните врски бла бла и гледам тој го лајкнал. Им се чудев на очиве. Хахаха после ми пиша на чат. Од тој ден пишувавме со саати од чат преминавме на Скајп па до сабалје. На 24 јуни пред 2 години се фативме и уште сме заедно.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Ние се запознавме во Претор и тоа преку вистина или предизвик.
     
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    На фејс :lol: :lol:
    најнеромантичен начин на запознавање |(