Леле темава како да е создадена за мене Сепак со бившите не беше нешто..Сеуште сме во врска со Даниел Сепак ние се запознавме на еден чат.Онака си дремев ја на чатот и глеам порака од Даниел.Здраво,здраво години ова она каде живееш и све тоа.После ми даде фејзбук 2 месеци контактиравме преку интернет.Станавме премногу блиски.За тоа време тој имаше женска но ми кажа дека раскинале.Рацете почнаа да ми се тресат.Бев пресреќна!Бев заљубена во типот и само дремев на негов профил После ден два ми го пиша неговиот телефонски број.Цела вечер не можев да спијам дали да му се јавам или не Утредента отидов кај Марија другарка ми и и раскажав.Ми даде совет бидеќи она е во врска 2 години.Требаше да му се јавам.Му ѕвонев ама никој не се јавуваше Тогаш утредента ѕвони телефонот а ја успана целата.Му се јавувам а он збунет и му викам сега станав гласот на утро ми е пародија Па така разговаравме по тел,контактиравме на интернет се додека не решивме да се сретнеме.Ми се јави и ми рече вака вака утре во 17:30 кај џамбо.Отидов и се сретнавме.Нормално се познавме по сликите,по тоа што се гледавме на камера Се дружевме некое време се додека не си ги искажавме чуствата Тоа беше феминки не е нешто али за мене беше авантура
Вчера ја раскажуваше приказнава мм и ми текна на темава, кога веќе он ме брука во реалниот живот, јас да си се обрукам во виртуелниот за начинот како се запознавме Инаку мм обожава да ја раскажува случката а јас секој пат си умирам од срам, испаѓам типична плавуша (фарбана ама сепак плавуша) што незнае да вози Бев дежурна на работа од 6 навечер до 6 сабајле а предходната недела се на се дали имав спиено 3 часа, на внук ми му излегуваа запчиња каде и да легнев се слушаше плачењето негово, значи хронично ненаспана Седнав во кола, предходно погледнав околу дали имаше две, три коли, распуштив косата, соблеков патиките и чорапите (имам аверзија спрема чорапи едвај чекам да ги соблечам)пуштив музика гласна за да не заспијам, не ни погледнав во ретровизор, тргнав во рикверц иии ТРАС Излегувам од кола, во главата како вештерка, боса, со подочњаци до коленици, налик на зомби а од колата што ја треснав излегува најубавиот дечко што го имам видено во животот, мораше да се задржам за вратата затоа што ми откажаа нозете кога го видов А тој стои едно 2-3 минути (мене ми се виде цела вечност) со еден осмех да си приумреш од убавини, му тече крв по лицето од што си ја мавнал главата во волан и ми вика: If you wanted to go out with me, all you had to do is ask Јас од што бев зашеметена од убавини ли од ненаспаност ли место на англиски на македонски почнав да му зборам и уште се чудам зошто ми се смее, бруки невидени, се свестив после некое време што зборам и као му објаснувам дека треба на доктор да оди дека крвари, плус за осигурувањето нешто сум му лупала,а тој со фацичка една ангелска ми вика добро ќе одам на доктор ама само ако дојдеш и ти со мене да ми ја држеш раката дека ми е страв Отидовме во брза помош (emergency room) му ставија три кончиња над веѓата, до ден денес ме заебава дека намерно сум го осакатила да го имам само за себе, се договоривме да ни ги направи колите другар негов да не одиме преку осигурителните компании (да не се зголемува премијата моја) со тоа што ќе морам да го изнесам на вечера. Излеговме вечерта, зборевме со саати како да се знаеме цел живот (инаку јас да си бидам искрена ич не ни слушав што збори цело време го замислував гол и врз мене ) и од тогаш не се ни оделивме, после 3 месеци почнавме заедно да живееме и еве не после 5 години, во брак и со синче living happily ever after
Темата што ми е фејворит! Беше тоа во кафич во моето слатко селце кај бабичка. Јас си бев малку дрмната ,со пивце во рака а тој (сега дечко ми) демек најголемиот тип што дошол во неговата викендичка и има мотор.Ме прашуваше најмалку 10 пати преку други личности,но јас го одбивав - мразам преку други кога ме прашува некој. Кога виде дека нема шанса,се откажа и си се качи на моторот а јас трчајќи со пивото во рака седнувам на моторот и му викам И ЈАС ЌЕ ОДАМ СО ТЕБЕ.. На дечкото му одговараше и одма имаше еден ѓаволски осмех на лицето и така си се провозивме и одеднаш застанува и ми вика - А МОЖЕ ЛИ ДА ТЕ ПРАШАМ НЕШТО? ДА. САКАШ ЛИ ДА СЕ МУВАМЕ? Сакаш пиво? ЕТЕ ЗЕМАВ ПИВО,А ОДОГОВОР? Сакаш уште малку пиво? А одоговор? Ок,сакаш уште малку? НА крај шишето заврши во реката а јас наместо да одговорам добив неочекуван бакнеж на сред улица.После демек ајде да се тргнеме и да одиме на помирно место,како за инат се изгорев на ауспохот на моторот и тоа ми беше причина да молчам цела вечер а тој да ме прашува зашто сум срамежлива. Денес ми вика - ЛЕЛЕ ГОСПОДЕ КАМО СРЕЌА ДА ЗАЌУТИШ БАРЕМ МАЛКУ. А фразата -> Дечко и јас ќе дојдам со тебе -> ја користам секогаш кога му се убацувам.
Се степавме малку при крајот на школската година и двајцата не пратија кај психолог. Таа не беше таму и сами седевме во канцеларија, па започнавме разговор т.е јас започнав. Кога дојде психолог ми се развика малку, па него малку - дека големи сме и ова не ни личело, мене ми рече нешто и солзи ми дојдоа во очиве. Излегов надвор, тој по мене и ме гушна.
Двајцата бевме сместени во еден камп во Грција и така се запознавме. Тој е Грк јас сум Македонка но нема никакви проблеми. Прво не го имав приметено дечкото јас но тој цело време се гледаше во мене ми се смешкаше и после една вечер се запознавме но јас не му го запаметив името и по некој ден ми викна те сакам и тоа на Македонски ми го рече оти нели научи некој Македонски збор и така јас го прашав како се вика а тој веќе ме запамти од првиот пат. После така си тераа работите а сега останавме во контакт сеуште. Не се допишуваме секој ден ама на неколку денови да и се е во ред многу го сакам
Другарка ми има стан во Охрид. И секогаш одиме кај неа. Станот е голем и убав. И уште од вториот ден забележав дека има некој згодни фраери еден кат над нас. И цело време и кажувам на другарка ми ( другарка ми- газдата на станот ) дали ги знае, но таа ништо не знаеше -.- нормално и не ја интересираше оти се муваше со еден 7 месеци па баш тоа време и со него беа во врска. И јас со друга другарка секогаш пред излегување излегувавме пред зграда. И еднаш нешто ни рекоа и ние се стопивме потоа вечерта заедно си идевме, ги начекавме по пат. И не повикаа на кафе ( на кафе во 02 часот ) мене и другарка ми...седевме така, не знаевме што да правиме муабет. И другарка ми почна за тв серии, за на интернет некој сериии, а јас и тој молчиме...и јас реков дека ме боли главата и тој кажа дека немаат аналгин па ни кафетин и јас реков благодарам на кафето но си одам јас и тогаш тој сакаше да ме испрати...цело време додека одевме по скалите леле многу убава коса. И јас фала. Не знаев што да кажам, молчевме пред зградата, и тој бакна.. и јас се свртив и реков што правиш ?! и тој рече извини и реков јас не треба да се извинуваш и продолживме...хахахахахахах хааххахаахах...потоа имавме разделби/ паузи но се на се одиме 9 месеци
Толку се вљубив во него,и тоа преку мсн,што ме прелажа да одам Ск и да се запознаеме А со никој друг не сум се решила на такво нешто. И тоа се случи на Рекорд,таму пред тогашно Cosmofon,го познав уште од далеку и беше баш како што очекував Го гушнав силно,и тој мене,стоевме така 2-3 мин. и другар му не раздели и вика ајде вие двајца,после ќе се гушкате јас сум тој и тој Значи од толку луѓе наоколу во тој момент јас никој не гледав,ко да запрело времето Ех,затоа после ми е криво,кога знам колку бевме заљубени...
драги феминки ги прочитав вашите вљубувања навистина сите се прекрасни и интересни јас со мојата љубов навистина смешно го видов на слика на фб и очињата ми светнаа упорно прашував кој е тој но го беа помешале со друга личност и секако ми јажаа името на таа друга личност и јас коа си се зараспрашувам за тој низ цел град тој си имал девојка за озбилно и јас одма но после некое време го најдов на фб го адднав и почнавме да си пишуваме и знаете женски идиотизам да не речам му викам ај да не те замарам јас тебе си имаш девојка ми вика тој немам бре викам не ме лажи сите ми кажаа и тој ми вика кој ти кажа? викам епа така прашав тој дечко со го викаат ,,,,,,, има ли девојка и сите рекоа да .тој почна да ми се смее и ми вика ама јас несум тој ме помешале со мојот цимер ха и така додека да си дојде еден месец на фб на скајп и се по ред потоа ало ало и потоа се видовме уште од првиот бакнеж ме магепса ммм и сега се секавам како беше ахаха ама ај да не претерувам ке почнам да го бакнувам пц .... бацки феминки
Се знаевме одмноогу порано, кога бев малечка некаде 6 годинки ... а потоа на 15 се фативме ... го сакам
Ехеее. Лонг стори! Може да се каже, далечната 2001 година во хотел Пелагонија ( ваљда беше хотел, мотел или нешто слично). Јас пет шест годинки тој 7. Деца, шта чеш! Играње со играчки, карање за нив, ко да речи прималу ни биле... Искрено потоа не ни знаев дека постои, пуста меморија... После 9 години јас и тогашната моја најдобра другарка одиме накај неа, на сокче.. Хахахахха.. И оп, таа го гледа нејзиниот братучед кој учи во средното во нејзиното маало. И таа срамежлива, јас уште повеќе се криеме позади едно комбе.. Ќе не јаде, ха! Ххаххаха Будали! Било што било помина уште некое време... Јас и мојата другарка скарани до немај каде, џоа смртни непријателки.. Мене на познатиот Фејсбук ме адд-нува еден дечко... И ај, Аccept friend... Кога гледам тој ми пишува, онака пријателски... При допишување дознав дека е тој братучедот на Х-другарката. И јас онака лута сакам да го избришам, али нешто внатре не ми дозволуваше... И потоа знаете број, па титкање, па пораки ( демек љубовни ).. Па првата прошетка низ град, првото држење за рака, првата прегратка, првата насмевка... Али јас така срамежливо, ќутам, не знам збор да прозборам.. Ондак допраќање до дома, ќе ме штипне некој, и оп во близина на мојата улица ме бакна... Мене целиот свет ми се сврте наопаку.. Го гушнав најсилно што можев и беше неописливо чувството кога осетив дека неговото срце лупа ко да речи ќе излета надвор.. Аххх, дури после скоро две години уште сме си заедно неразделни... Иако има и карање, лутење па и некое шамарче му влепувам! ахх се сакаме...
И мојата love story е долга, но ќе се обидам да скратам. Тој се познаваше со некои од моите другарки. И често пати заедно седевме во чаршија. Тој ќе седи со моите другарки и јас ќе седнам на масата и само здраво си велевме. Јас само знаев како се вика. Ништо друго. Не ни сакав да имам контакт со него. Не знам...ете не се интересирав. Потоа наредното лето мене ми пратил покана за пријателство на скајп. Ама јас не знаев дека него го викаат со тој прекар. И притиснав Decline. Не знаев дека тоа бил тој. И ме сретнува на чаршија и ми вели зошто не ме прифати? - И јас онака ладно му велам...епа не сум забележала дека тоа си бил ти. И си заминав. Од тогаш ни здраво ни ништо, тој ми се налути што така му реков пред сите негови другари. Летото помина ние немавме никаков контакт. И некаде ноември месец мислам дека беше. Јас си седев дома си пишував во дневникот и ми звони телефонот. Ете го тој. Сакаше да му објаснам каде седи едно девојче...за да му ја местат на другар му. Јас му објаснив и му спуштив. Од тогаш детето ми се закачи како крлеж. Внимание, пораки, поклончиња...КАКО ДА МИ ГИ ЧИТАШЕ МИСЛИТЕ! И упорно ништо не сакав со него. После три месеци дури се бакнавме. Е потоа и се заљубивме... Сега сме заедно 2 ипол години. Ех, кога ли поминаа. А секогаш велев никогаш нема малечка да си фатам дечко! Но, ете пуста љубов.... Не жалам, но сега знам дека никогаш не треба да велам НИКОГАШ!
Го знаев многу одамна онака само на изглед, а се запознавме пред 4 години. Ми се јави другарка ми, биле собрани на вечера да дојдам ( ми се јави од некој непознат број, а тоа всушност бил неговиот, а јас незнаев што е работа ) . И ајде ме убеди некако отидов. Ме наместија до него, тој столче ми донесе и си седнав. И тука пиење, зафрканции , и ајде журката се префрли во еден кафич. Отидовме со неговата кола, и тој цело време за рака ме држеше. И кога заврши се, ајде да си одиме, тој да не однесе, и поминуваме кај зградата јас каде што живеам и велам тука ме остави мене, и тој вика не не и си продолжи да вози. Ги остави сите по дома, и јас и тој останавме сами. Првиот наш бакнеж, нешто прекрасно. И подоцна ме остави дома , си дојдов и си легнав. Едно станување тој ми звони, да ме слушнел што правам, и од таму започна се.
ах како се запознавме другарчиња од основно во ист клас учевме и так дојде момент кога почнаа некој симпатии меѓу нас и тој ми понуди врска и сега сме 4 год и 3 месеци заедно