Мојата другарка одеше со неговиот брат , па кога одевме на гости кај на друарка ми дечкото и тој беше таму.Аии многу ми беше страм од него .А сосема случајно бевме заедно, значи бевме на роденден на другарка ми и од таму продолживме на диско.И тогаш брат му на веќе мојот дечко му се јавил и му рекол дојди ние сме тука.И така тој ми предложи да се видиме и од тогаш сме заедно.
Хаххаха покрај неговата бивша.. замислете и таа служела за нешто. Откако го видов со неа, вечерта уште одма го најдов на фб и го аднав. Па тој ми пиша.. па излеговме.. иии знаетее
Epa vaka nova sum na forumov pa pocnuvam da se naviknuvam na pravilata Eve ja mojata ljubovna prikazna... Jas so mojot decko se zapoznav preku negoviot drugar..Koga pocnav sredno negoviot drugar me dodal na fb i mi pisuvase nekoe vreme i nego me videl decko mi i me dodal i toj pocna da mi pisuva i nie celo vreme pocnafme da si pisuvame na fb. Letoto pocna taka sekoja vecer sedenje do 6 sabajle i si pisuvavme na fb,no tuka se pojavi edna moja drugarka koja mi kaza deka taa bila zaljubena vo mojata simpatija togas i jas ednostavno ne sakav da se mesam i ja ostaviv ako taa saka i on da bidat zaedno.Kako pominuvase vremeto jas nemozev da izdrzam i i kazav na drugarkami deka jas nego go svigjam taa se nalute,no nemase pravo sepak jas bev taa prva sto pocnav da pisuvam so nego,nekoe vreme ne ziveevme so nea so sega se smirifme.I taka pred da dojde mojot rodenden toj mi cestita rodenden na fb se razbira a jas go pokaniv da dojde iako samo onaka imame razmeneto pogledi i 2 reda muabet,nie voopsto ne se poznavavme vsusnost I taka toj dojde na mojot rodenden me zema za raka i me odnese vo drugata soba i tamu me baci a jas neznaev kaj se naogjam i taka cela vecer sedefme jas on i drugi te sto bea na rodenden i si pominav najubavo bev mnogy srekjna.I od togas pocnafme da se gledame sekoj den i toj me prasa dali sakam da mu bidam devojka i denes mnogy go sakam a i toj mene i zaedno sme 10 meseci pa se nadevam deka ke ni se mnozat [mod-kirilica:28itlw7d][/mod-kirilica:28itlw7d]
На математичка школа, седмо за осмо. Тој во први борбени редови, јас позади. Тој со крената рака цело време, јас под клупа. Вечерта имаше натпревар, јас учествував, тој не. Беше во публика. Кога некој од натпреварувачите ќе згрешеше, публиката требаше да одговори, и кој ќе одговори точно, добиваше екстра ручек. Освои 7 екстра ручеци . Ми идеше на живци тоа што знаеше се. Ова беше првото запознавање, неколку години пред почетокот на врската. А и ден денес има одговори на сите прашања Некогаш тоа ми годи, некогаш пак ми иде на живци
На море, он се смува една вечер со мојата најдобра другарка и тоа за тоа остана, и после 9 месеци се видовме случајно и на него тогаш му текнало дека му се свиѓам и после се договоривме на fb за собиранка, па кафе и така си бидна, а иначе кога го запознав јас на море ужасно ме нервираше
Јас и дечко ми сме ти библија одамна беше веќе ќе заборавам како се случи тоа хехехехе знам дека имав 15 год од исто маало сме си јас бев срамежливо девојче и не запозна мојата најдобра другарка прво као другари ама се спанџавме на крај.Интересни беа тие времиња
Убаво што повеќето од вас,имаат доблест да си ја раскажат својата приказна.Дури и повеќе од приказна,својата интима Јас сум тотално разочарана од " мојата љубов " се запознавме преку фб,мада што сме се среќавале во град,многу пати но директно т.е лично никад се немавме упознаено...е сеа дојде време гледам типов ме аднал и ајде де после прифаќањето нон стоп лајкови песнички ау мау.... се фативме на 19 септември искрено ме привлекуваше дури и премногу,бев среќна,многууу среќна но не траеше долго. Цело време додека идеше со мене и лижел гз на неговата колешка па не поклони и купувал не песни и пишувал.........ми пукна филмот и добро се испокаравме после ми призна дека мене не ме ценел доволно,а нејзе ја ПРЕЦЕНУВАЛ! помина и тоа,сеа е сменет човек сеуште сме заедно...му дојде паметот но сега мене па не ми е ко што ми беше.МИ преседна. Немам веќе јаки емоции ко што имав...... Нека ми прости господ.
Се запознавме на базент јас седев на шанкот со другарки, дојде тој си нарача пиво, другаркиве ми се разбегаа која у вода, која да прошета, јас си останав сама на шанкот, почна тој прв со разговор и пред да замине на салфетка ми напиша бројче Им кажав на другаркиве и они запнаа јави се, па јави се, не дека не сакав ама ете и се јавив, се договривме отидовме на јадење, на кафе, прошетавме и секој по дома, утредента ми се јави, и цело лето истата приказна, дење на базент, ноќе шетање за Божиќ заедно отидовме у црква и дур попот пееше тој ми предложи врска (романтики) Додека бевме у црква не реков ништо, кога испаднавме надвор го бакнав и од тогаш од 2006 до 2011 си бевме заедно, после се испокаравме, и тој си се вери, сега мислам на 20-ти ќе прави свадба.
Со него се запознав сосема случајно. Бев искочена во една дискотека и се вртам позади мене и го гледам него. Кога го видов си помислив "колку само е убав". И така божемски во играњето си се вртам и си го гледам и се топам од неговиот сладок шарм. Па тој дојде кај мене сакајќи да ме части пијачка, а јас таква каква што сум ем дива, ем срамежлива го одбив. он упорен застана до мене и почна да ми прави ммуабет. Првпат го гледав и неможев никој да прашам нешто повеќе за него, никој не го знаеше. На почетокот страв ми беше бидејќи не знаев во што се впуштам но нешто упорно ме туркаше накај него. Па другиот ден ме однесе на вечера, јас од срам неможев залче да ставам во уста. Уживав тој период. Дури заборавав и да јадам од среќа.
Се запознавме на мирц (сега дури чудно ми е да го кажам ова) ретко имам шанса да кажам како сме се запознале, зошто живееме на 5 минути еден од друг, па сите мислат дека се најдовме по комшиска линија. Од мирц на мејл, па на мсн, па во живо... 5 years later - се гледам до крајот на животот со него
Имаше еден школски што ме сакал цели дваесет години, а јас немав поима. И тоа бил лудо заљубен во мене, а јас поима не сум имала. И сега скоро дознав откога престана да ме сака, бидејќи ми претставуваше проблем којшто јас го решив. И така се запознав со мојата љубов.
Дефинитивно не ми е љубов.. Може да се каже симпатија Се запознавме на свадба.. Заедно седевме на маса и така од учтивост започнавме да зборуваме.. Излезе дека и не бил толку лош, како што изгледаше на прв поглед
Хм ме додаде на фб, демек требаше да му правам фотосесија, јас искрено него си го гледав како 100 евра , тогаш јас се вратив од Шведска, а он дојде од другата му дома во Ниш, искочивме на лаф муабет да договориме детаљи додека е во МКД и тој и јас.. и после некое време ми призна дека не му било до фотосесија, ама интересен почеток одма се скаравме на прво запознавање . Љубав шта чеш!
моето мече си го запознав на работа, и веднаш го бележив, си реков дечкото ке биде мој ...и ете сега сме си среќни заедно
Интересни приказни девојки. А ние.. Ех.. Ме видел кога сум се поздравувала со заеднички пријател кој учи заедно со него... И неколку пати така, па му побарал фејсбук мој на пријтелот. И се уклучувам ја еден ден и гледам тој и тој те боцна, а јас до тогаш го немав забележано воопшто низ ходници. И се боцкавме, ме адна, зборувавме нешто.. Ме излажа дека не ме видел никогаш низ ходник. Две недели пишувавме на фејсбук и еден ден ми кажа дека ме видел, ама не бил сигурен дека сум јас. Следниот ден, оп цуп, другар му го зел под рака и идат накај мене да ме запознае ОФИЦИЈАЛНО. Така беше запознавањето, после тоа се зближивме, па ме покани да излезиме, па ми предложи врска и такаааа....
Интересни приказни Со мојот дечко се запознавме случајно...забележав дека моја другарка многу си живее со него...и сакав да дознаам кој е и го аднав на фб...ме прифати По неколку дена другарка ми ми кажа дека му се допаѓам и дека него му е срам прв да воспостави контакт со мене...ни на крај памет не ми беше дека ќе имам нешто со него и чисто другарски му пишав...околу еден месец СЕКОЈ ден пишувавме како да се знаеме цел живот.. еден ден ми вика ќе дојдам кај тебе на школо сакам да те видам..океј-нема проблем...тоа беше неколку денови пред нова година... за нова година со другарка ми после 00:00 појдовме кај нив и бидна - првиот бакнеж...и од тогаш сме заедно