Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Па преку фб. :lol: Почна да ги објавува сите мои омилени песни,и јас на секоја лајк кликав,и ми пиша коментар на сликата од матурата :rofl: потоа на чат,јас ни на крај памет дека ќе правам нешто со него,си мислев чисто онака другарски зашто да не уште едно пријателче + ама ете бидна. Првиот ден така шетавме и си правевме муабет,знаеше да ме насмее како никој до тогаш а истото важи и за сеа :D Вториот ден,пак се видовме и шетавме така,проба да ме бакне,а јас се тргав како будала. Едно време се изнервира и ми вика:“Гледаш дека пробувам да те бакнам,а ти на будала се правиш е да знаеш нема повеќе да се обидувам ако сакаш бакни ме.“ хахахах сеа ми иди да се изнасмеам :rofl: И ајде јас го бакнав во страв дека нема да проба да ме бакне веќе. Ама што да правам коа има таква неодолива полничка уста мх мх :inlove: И вечерта пак ми пишуваше на фб и ми рече да се фатиме,и така еве сме тука сеуште постоиме,и ќе постоиме. :* :inlove: ГО САКАМ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ ! :hug: :l:
     
    На sj *O*, LittlePinky, Elichka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На автопат,гледам една девојка стопира,и ја качив по пат си се запознавме,и бидна што бидна и сега сме заедно.
     
    На sj *O*, richgirl998, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  3. maya..a

    maya..a Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    далиии уште од кога се запознавте знаевте дек кје сте со него засекогашшш ? :D
     
  4. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    На фб кај може :D Дека он живее во странство,јас тука и фб не спои-да е здрав и жив Марк Цукенберг :rofl:
     
    На Lolo5 и Agrona им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Како сме се запознале немам појма сигурно било поодамна што не ни паметам.Не паметам кога и како зошто се до денот кога се бакнавме јас не сум ни помислувала дека ќе имам нешто со тој човек ... Но ете се случи во кладилница кај мене во комшии тој односно заедно игравме покер на апарат и јас пред него застаната еднаш он еднаш јас на апаратот и се случи што се случи наместо 5 исти карти му се падна девојка :) Првите неколку пати кога се обидуваше да ме бакне се тргав но на крај попуштив , се бакнавме и се случи љубов со сосем неочекувана личност !! Многу си го сакааам !! :inlove: :inlove: :inlove:
     
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Хмм.. во училиште. Иста смена бевме само тој 4 години поголем од мене. После на фб ми пиша и така :)
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Преку другарка :D
     
  8. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    На факултет.
     
  9. mihaaaa

    mihaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    На фб..мене ми се бендисуваше и почнав да му лајкнувам и тој мене па ме боцна си пишувавме и така :$
     
  10. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Колку ми е мило овака позитивен муабет за убави работи.

    Јас со мојов не ни сонував дека ке бидам, се праеше многу фраер :D , и еден ден една другарка ми кажа те поздрави тој и тој, а јас си помислив што му е па на тај одкаде сега мене да ме поздравува. И така почна да ми пишува на фб, ме тераше да излеземе ама јас секогаш му велев не можам на роденден, немам време на школо ќе одам, не сакав да излезам со него оти го знаев што човек е лигавеш, се прчи нешто, демек еве кој сум јас. И еднаш ме фати во тесно јас со пријателите излезена и он вика каде си му кажав и тој вика ее па јас сум одма пред кафичот и така морав да излезам. Излегов разговаравме и видов дека уствари и не е таков како што го зборуваа баш мирен дечко и ми се бендиса така си продолживме да си комуницраме и веке 2 години сме си заедно и си се сакаме и си планираме иднина заедно <3
     
  11. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум се заљубувала на прв поглед па така и сега.Со љубовта моја се запознавме на апсолвентска екскурзија низ Европа :D Уште на паркинг карши Холидеј Ин го забележав и си реков ако биде дечково со нас на патувањето ќе биде интересно.На српска територија застанавме да направиме пауза и го видов како искача од друг автобус.Физички ми се допаѓаше многу, особено кога ги тргна наочарите за сонце и кога видов дека има изразито плави очи, ахххх :inlove: Се качив во мојот автобус и разгласив на сите дека си најдов симпатија и дали некој знае нешто за него.Бил од Охрид-Пештани а студирал во Битола, таму бил 4 години.Како патувавме низ Европа јас го гледав скришно и се повеќе ми стануваше интересен.Званично се запознавме во Монте Карло но само муабет општ.Ме плени со шармот и неверојатниот хумор.Кога тргнавме за Шпанија знаев дека ќе биде мој ;) Така и се случи, во Шпанија, се зближивме повеќе и се запознавме подобро.Затоа мене апсолвентската ќе ми биде во најубаво сеќавање, во секој град имам спомени со него :$ Откако се вративме беше прашање дали има шанса да продолжиме, бидејќи комбинацијата ни вриштеше-Охриганец студира во Битола, јас Скопјанка а се запознавме низ Европа :D
    Помина некое време и се случија некој непосакувани работи од негова страна и прекинавме.Четири месеци немавме никаков контакт, го имав избришано од секаде, но никако неможев да го заборавам.Сега е најинтересниот дел :D Во тоа време беше актуелна Шехерзада а мене сите ме споредуваа како неа, многу си личевме физички, но и со размислувањетоа.Јас љубам да казам дека кај мене е или црно или бело, а на Шехерзад и беше омилена фраза.Буквално баби и дедовци на улива, на врата од дискотека ме споредуваа со неа. :lol: Дури и на маскенбал бев маскирана во Шехерзада.Е сега дечко ми тој период почнал да ја гледа и почнала да му личи на мене.Буквлно се опседнал со Шехерзад и сите негови другари ги замарал дека личи на мене.Толку многу се оспеднал што еден ден реши да ми пише и да ми побара прошка.Јас на почетокот бев твр орев, не се давав но подоцна сватив дека навистина е изменет и дека можеби би требало да му дадам уште една шанса и верувајте не згрешив.Поминаа скоро три години и сум пресреќна со него, на почетокот малку потешко ни беше бидејќи тој си е во Охрид јас во Скопје но со текот на времето толку се навикнавме што сега ни изгледа нормално.Битно е дека љубовта ја имаме, довербата и разбирањето а тоа е најважно. :inlove:
     
    На sj *O*, richgirl998, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Nicki95

    Nicki95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, нова сум на форумов а до сеа цело време го отварав и си ги читав темиве, до вчера се решив да се вмешам и јас во муабетиве :D добро ве најдов! :)))

    Епа вака! Јас со мојата љубов се знаев уште како мала, дека ми е тука во комшиите а и учевме во исто школо до 8. Никогаш не сум ни мислела дека ќе ми биде љубов зашто тогаш го мразев многу :D незнам зошто ама ми беше многу антипатичен и го мразев исто толку колку што го сакам сега. Ми беше и прва љубов :inlove:
     
  13. tweety93

    tweety93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Се запознавме пред 3 години кога се фрлаше крстот, јас бев отидена на кафе со другарката и дечко и, потоа дојде и тој беше на минување, но му се погоди муабетот и си заседна :D И некој да ми кажеше тогаш дека толку ќе се заљубам во него немаше да верувам, некако не го ни приметував, тој па и денес ми вика дека на прв поглед се заљубил :) после тоа се видувавме во теретаната неколку пати, почнавме да се дружиме и на 1 јуни ја започнавме врската, сега за 3-4 месеци ќе полниме 3 години :inlove:
     
  14. luna589

    luna589 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Во училиште...и тоа 1 год средно. Од толку деца е верував дека баш во него ќе се заљубам... сфатив дека го сакам кога случајно почнав да проверувам дали е оклучен на фб и секогаш без причина на часовите се загледував во него (инаку учиме во исто одделение и тој седи малку поназад :) )
     
  15. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не ни се надевав дека ќе го запознаам. Цимерката ми имаше зборувано за него многу. Дека е идеален за мене, дека ќе си одговараме и дека многу си личиме еден на друг. А само од едно гледање добила таков впечаток.
    Било како, не обрнував воопшто внимание на тоа. Една вечер седиме јас и таа во собата и некој тропа, а 23 часот. Ја отвори таа вратата и гледа еден другар нејзин заедно со цимерот на дечко ми и дечко ми. И седнува тој на мојот кревет и ми подава рака и онака самоуверено јас сум тој и тој си кажува. Јас онака ладно мило ми е јас сум Примавера. И онака си играм карти на лаптоп не му обрнувам ни најмало внимание. Онака убав ми беше, не ни видов сличности кои ми ги кажуваше цимерката, не ни му правев муабет. Повремено само му се смешкав на цимерот негов, ама само од култура.
    И нешто почнаа да се расправаат цимерката моја, другаров нејзин и цимерот за машки нешто. И јас онака ми се погоде темата кога почнав да зборувам не запрев. Па уште тоа и за психологија почна цимеров на дечко ми да ми зборува, јас уште повеќе. Дечко ми ме гледал и не можел да си верува. И едно време цимеркава го прашува абе тоа сите дома сте плави и јас нели паметна да се направам, па да нормално е да се плави вака така и го фаќам за рака. Сосем несвесно. Кога ми текна одма се тргнав.
    И некаде кај 02 си заминаа. И излегле надвор и овој мојов на другарот на цимерка ми му рекол, леле човече каква е, а сама ли е!?
    После на финта ми го зеде бројот, отидов кај него на кафе. Ама јас не ни го перцепирав, онака се ми беше. И на крај ме носи на благо и ме купи сериозно. Кој муабет почна да ми го прави, сфатив дека е посебен. Ретко мене да ме фасцинира машко.
    И после тоа ме однесе на вино, демек на една чаша, а испивме цело шише сами. И собра храброст ги отворе картите, си кажа се. Му дадов шанса. И не се каам. Совршен спој сме :)
     
    На sj *O*, eloves, richgirl998 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Еве ја и мојата приказна..долго време го ми се допаѓаше но не планирав ништо со него.Секогаш погледите ни се стретнуваа и ни јас ни тој не попуштавме упорно се гледавме..Јас имав дечко тогаш( незнам ни зошто бев со него не ме ни привлекуваше, ама сакав да испробам како е да се има дечко :worried: ) Кока другарка ми почна да излегува со негов другар он преку нив почна да ми се приближува..Им кажал дека му се допаѓам..Често доаѓаа кај нас инаку живееме на 2км оддалеченост.Се запознавме но јас не сакав ништо со него тогаш, се правев недостижна :lol: тоа време МСН беше во мода и го имав но не пишувавме..По околку една год. ме адд на МСН имаше нов направено и мене повторно ме боцна нешто..Почнавме да пишуваме и секој ден по цел ден пишував со него дур до 6 часот на утро, сега кога ќе ми текне се смеам што имаме пишувано толку.Јас бев 1 год средно а он 4. Моето училиште беше спроти неговото и нон стоп се гледавме :$ доколку не беше на прозорец му титкав да излезе или он мене :lol: Потоа незнам не се сеќавам што се случи но долго време не пишувавме..Се додека јас еден ден не му пишав на фб , демек по грешка било (другарками спиеше кај мене и ме избудалеа да му пишам) и повторно почнавме да пишуваме и се случи што се случи и ден ден после 2 ипол години сме заедно,но се уште имаме проблеми кои и те како сакам да престанат и да имаме среќна врска..Ех...љубов..
     
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Мислев дека никогаш нема да бидам со него , се правеше фраер ипол :geek: .
    Бев убедена дека нема никогаш да ми биде дечко :|
    Го знаев на изглед од мојот град е , на фејсбук почнавме да пишуваме ова она и другарче прво као демек нешто а на секое видување гушкање до бесвест :D никогаш не бевме се бакнале. никогаш.
    Си стојам јас со друштво доаѓа тој ме грицка по рамо :D бог да чува викам аман човеку.
    И после 2 години „другарство“ :fubar: се договоривме да се прошетаме и демек ај ќе седнеме некаде , седнавме и си зборуваме сеа ме грабна за рацете и ме завлече ме бакна :$ ау ау ау прекраснотииииии :inlove:
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Всушност, прв пат, многу одамна. Ама само ми кажаа дека постои, знам дека постои од мои 12-3 години. Ми рекоа - Аааа многу е фраер, многу е убав. :rofl:

    Толку.

    После се сретнавме на една матурска, по добри 6-7 години, седевме одреден период во иста соба, ама не се ни сеќавам дека сме си размениле некој збор. Јас си отидов и вечерта првпат испадна нешто посериозно со друг човек. И пак толку. :D

    И кога тргнав на факултет, не знам како и не знам зошто, испадна да сме колеги. Со скроз различни јазици во позадина, од толку многу луѓе, и ете, пак се погодивме заедно. Ова е многу интересен дел, како цело време некако се судираме со патиштата. Го забележав како ме гледаше уште првиот ден, ама му требаа три семестри на човекот да се изјасни. :rofl:
     
    На sj *O*, Izaabella, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.239
    Во маркетот каде што работев :D не ни помислив дека ќе се заљубам, воопшто не беше мој тип, ама ете така требало да е :D заедно сме неколку месеци и супер ми е, се надевам дека ќе продолжи :)
     
  20. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    На фб :^) ништо чудно ;) А лично,после некое време пишување на фб се дог да се видиме на 21 маааајјјј :inlove: