Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    Искрено - немам поим.
    Не знам од каде изникна, многу ненадејно (и непланирано) „ни се вкрстија патиштата“. :lol:
    Се имавме на фејзбук и пред да ја започнеме врската, ама не комунициравме, го знаев онака минимално, „на лика“ како што се вели, знаев отприлика во кои кругови (и останати геометриски форми) се движи - мал град, секој секому му е ... волк, овај познат. :wasntme:
    Сигурно сме се среќавале низ град, на излегување - еднаш анализирајќи ја оваа тема дојдовме до заклучок дека неколку пати сме биле „на соседната маса“ некаде во бар/кафиќ, сме се зјапале буквално ама не сум обратила внимание воопшто, сигурно и тој зашто навистина не се познававме баш добро.
    „Официјалното“ запознавање онака тет-а-тет, најверојатно ни беше после свирка, си седев в ќош и си чачкав по телефонот додека да се приберат друшките за да си го фатиме патот накај дома и ми пријде.
    Многу ми беше смешен, наивен, детулест, ни на крај памет не ми падна дека некогаш и некаде би ми бил партнер. Меѓутоа ми делуваше малце вообразено и затоа се држев на дистанца.
    Ми прокоментира нешто во стил - зошто не отпеа нешто сама, многу убаво пееш. А мојот „логичен“ одговор беше - само придружувам, таков е договорот - типичен одговор на една плавуша, оти нели тешко е да се сфати мислам. :wasntme:
    Најверојатно тоа му беше изговорот да си бара муабет со мене и често ме прашуваше демек „кога следна свирка“, по некое време се замуабетивме, па додека стигнеме до фаза „ајде на кафе“ мислам дека се препоти човекот, ама ...
    Откако сконтав дека вообразеноста била плод на мојата бујна фантазија, си легнав на брашното, се запознававме сè подобро и по некое време ни стана јасно дека всушност сме преминале на фазата „во врска“.
    До душа, никогаш не ни доживеав од него да го слушнам фамозното „сакаш да се фатиме?“ или „сакаш ли да ми бидеш девојка?“ - мислам, фала богу, отсекогаш сум била алергична на прашања од овој тип и ним сличните. :lol:
     
    На sj *O*, Trendafilka, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ViN.-2

    ViN.-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Прекрасно..многу ми се допадна твојата приказна..ви посакувам многу среќа,второ дете (ако сеуште не сте добиле )...
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Со бившиот...

    Само што се вселив во тој студентски каде не познавав скоро никој и оп, поплава уште првиот ден. Сама чистам вадам вода со тоа кофите, вода шприца на сите страни 2-3 соби лом. Купатилото беше на другиот крај од ходникот и немав време да одам до таму па кофите со вода ги фрлував низ прозор. Кој да знае оти долу луге поминувале :lol: Јас кофата и бап врз него :) Сум го направила утоп со таа гнасната вода а он дотеран пицнат. И он се дере на цел глас :
    - Чупе од гаштите шо си ги периш не мора да ги тушираш другите :$ :$
    И јас засрамена се дерам се извинувам објаснувам како имаме поплава. И типот се качи горе демек да виде што е работата од љубопитност де :) ама жал му паднало за мене кај шо се мачам, отиде до кај него се пресоблече набрзина и дојде на помош. Кога го видов знаев дека е тоа љубов на прв поглед и од двете страни . После он со метлата, јас со лопатчето збирам вода ама нагоре не погледнувам од срам. И ок, беше шо беше, флертување ова она, после некој ден се сретнавме пак во една соба, излезе дека е другар на моите другарки, тие не запознаваат а ние се умираме од смеа и не кажуваме од кај се знаеме.
    Следните месец дена имаше најјако флертување шо може да постои :D

    После дури ми призна оти тој ден бил издотеран да излезе со некоја на кафе, ама кај ке оди таков од гнасна вода направен лом :D И вика, се качив горе од љубопитност, ама кога те видов така во куси панталони кај шо собираш вода очите ми светнаа :D

    И пак сред кавга секогаш знаев да му речам ‘‘Ај ај не збори многу, ке ја наполнам кофата пак‘‘

    По 2 години врска раскинавме, ама уште се слушаме и се смееме за случкава.
     
    На eloves, richgirl998, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Се запознавме на многу интересен начин. Бевме на патување од играорната во Шпанија и иако тој е од мојот град, јас пред тоа немав воопшто слушнато за него(не доаѓаше на играорна, на патувањето дојде преку негова братучетка). Во првата половина од патувањето воопшто и не го приметував, но една вечер се вративме во хотелот многу доцна, вечерата беше помината,а ние со другарка ми бевме многу гладни. И зборувавме како ни се јаде,а нема отворено продавница ниту пак имаме резерви храна во нас и се чудевме што да направиме. Тој ни го слушна муабетот и не' покани во неговата соба на чоколади и грицки хаха. :D Откако изедовме се', заедно со него и уште еден негов другар отидовме на терасата од нашата соба бидејќи беше поголема. Си седевме таму, правевме муабет за многу нешта и веднаш почна да се чувствува некаква хемија меѓу нас, си ги довршувавме речениците. Стана многу доцна, другарка ми и неговиот другар отидоа да спијат,а ние седевме и правевме муабет. Толку многу се смеевме што ги разбудивме луѓето од соседната соба :angel: . Од таа вечер бевме неразделни. Доаѓаше со мене на шопинг, одев со него да купува сувенири и слично. Кога се вративме во Македонија продолживме да комуницираме. По цел ден седев на фејсбук и мсн со него и немаше ден да не се слушнеме. После околу година дена конечно се решив да излезам на кафе со него ( ми беше срам хаха :lol: ) и си поминавме супер и започнавме врска која трае веќе 2 години и некој месец :inlove: .
     
    На sj *O* и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. little.gf

    little.gf Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    42
    мојава приказна е интересна ептен :rofl:
    ЗНАЧИ ВАКА
    Со другарка бевме у сендвичара у Центар и он коа чекаше за нарачката и мене ми ја дадоа мојата и несакајки истурив се врз него
    хахах :D кошулата му беше цела со кечап и мајонез најако беше
    а после почнавме да се глеаме со него и ете сега сме пред брак :lol: :D позз :P
     
    На sj *O*, richgirl998 и Christina.A им се допаѓа ова.
  6. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    Babyketi преубава приказна многу ми се допадна :clap: .Ви посакувам и понатаму многу среќа и многу љубов ,и не тројца да бидете шест :D
     
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Колку многу сакам да имав некоја интересна случка по која ќе паметам како сме се запознале. Но немааам! И воопшто не знам како сме се запознале. Живееме во мало градче каде и нема некој некого да не знае, па така да низ школо, низ град сме се сретнувале... Случајно почнавме да излегуваме со исто друштво и некое време бевме другари. Му местев женски :D си плачев за бившиот пред него, тој ми ги бришеше солзите, ме тешеше. Па после некое време реши ептен да ме утеши :D Се опивме и се смувавме. И заедно сме си скоро 5 год.
     
  8. jovana.stojanovska

    jovana.stojanovska Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Бевме друштво во Охрид женски, на плажа игравме одбојка и случајно се удрив во црн дечко со зелени очи,ми беше преубав,ми рече пази каде одиш.Вечерта мој другар ми се јави да ми каже дека е во Охрид да се видиме.Отидов со другарките и го видов него.Се зближивме многу се дружевме станавме како брат и сесттра,но пред една година се фативме. . . :D
     
  9. loveintheair

    loveintheair Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    На сосема интересен начин... одев на плажа и го видов како седи и си реков ехх колку е убав... и си реков сигурно сум повторно малер тој нема шанса да е од македонија...и оп кога слушам по дијалектот од мојот град... и туку-така се почна случајно....

    сум имала и др случаеви едниот бесе се запозав со дечкото во автобус... а со други двајца од школо... ххихихи 8) :inlove:
     
  10. blondiOh

    blondiOh Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    se zapoznavme na facebook jas mu rekov deka e gubre deka e albanec.se zaprepastiv koga me prasa zosto moralo tolku da go navredam deka i toj bil covek i resiv da go ostavam vo prijatelite.si dadovme i skaype,toj bese na misija avganistan 6 meseci.6 meseci pisuvavme,jas imav decko so koj imav problemi,se mu kazuvav nego,mnogu stanavme bliski,mnogu bese potresen po mene:)...da ne dolzam...eden den stoev na vratata od dukanot kade sto rabotev,slusnav kola i muzika se poglednav,i bese toj.tolku ubav i poseben,me gledase,dojde zada me vidi i da me zapoznae....po kratko vreme pocnavme da izleguvame....pominaa 3 i pol godini,jas sum seuste so nego,toj e covekot sto go sakam,mi priredi najubavi momenti vo zivotot,najubavite zborovi gi slusnav od nego,najubavite poraki gi dobiv od nego,toj mi e se......i jas nemu....p.s.jas sum makedonka a toj musliman,imame skriena vrska,no ne bi go ostavila za nisto na svetot:)
    [mod-kirilica:i7jqoor1][/mod-kirilica:i7jqoor1]
     
  11. Te.Ic

    Te.Ic Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    21
    Семејни пријатели. Секогаш кога доаѓале или сме биле кај нив на гости, секогаш сум плачела од него. Сум велела на мајка ми тој ми е дечко ама несака да се омажи со мене :lol:
    На мои 7години (прво одделение) негови 13години сум му рекла АБЕ ЈАС ЌЕ СЕ ОМАЖАМ СО ТЕБЕ АМА ЈАС ЌЕ БИДАМ МАЖОТ А ТИ ЖЕНАТА :clap:
    Нашиве и ден денес се во контакт, знаат за нашата 3 годишна врска, па сега ние сме возрасни и учиме на страна од родниот град, седиме заедно во стан и секогаш кога седнеме и почнеме со галење и такви работи ни текне на овие детски дништа и преубаво.
    Да се вратам повторно на главното, преку семејството се знаеме од рани години.
     
    На sj *O* и CrAzZyYy им се допаѓа ова.
  12. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Нон-стоп се гледавме но не се знаевме, лани зимото секоја вечер одевме во едно диско двајцата се гледавме но не се знаевме. И преку еден заеднички другар се зближивме после на фб натака навака и сега сме си happy couple till the end :D
     
  13. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Случајно во еден бар, кога му побарав да ми ја премести резервацијата... После на фејсбук си запишавме и тоа беше тоа :lol:
     
  14. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Кога имав 13 години одев на играорна.. Имавме настап на фестивалот „Охридско лето“ , и откако изигравме отидовме во публиката кај нашите родители :) После тоа додека пееја песни, решивме да изиграме едно оро пред публиката :) До мене се фати едно дете (тој). Откако заврши орото, татко му ми рече да се запознаеме, а ние двајцата срамежливи, си поддадовме рака, си ги кажавме имињата и чур да не нема ..

    И после 6 години, јас и 2 другарки бевме на плажа :) Ги чекавме нивните дечковци да дојдат.. После 1 час дојдоа, а со нив беше еден згоден дечко :inlove: Не можев ни да замислам дека тоа е детето со кое се запознавме на настапот :D Не ни се поздравивме, тој дојде, седна на мојата лежалка и ме праша : „Тоа беше љубов на прв поглед, или да дојдам пак?“ :D Се изнасмеав и кимнав со главата :nod: И после тоа тој се смести на лежалката до мене.. На другарка ми и реков да ме намачка со крем за сончање, а таа ми рече : „Што јас, нека те намачка Д....“ Му го поддадов кремот, а тој ме намачка.. Летав во тој момент :D Од тогаш редовно се гледаме, а откако се деси страшниот случај со ногава, секој ден ми е на посета :inlove:
     
    На sj *O*, mal.ecka, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    so decko mi se zapoznavme vo kombe (so kombe odime u skolo) i toj sedna do mene :$ go merkav porano :D se zazborevme za profesorite bidejci bev nova ( 1 god) a on 2 bese i istiot den posle skolo me add na fb, u skolo si pravevme moabeti se druzevme (muvamve onaka drugarski) :P i po edna nedela mi rece da mu bidam devojka :D ..... i eve uste sme zaedno sega ce bidam 3-te god a on maturant :D mnogu si go sakam :inlove:
    [mod-kirilica:114lfq9u][/mod-kirilica:114lfq9u]
     
  16. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Се запознавме на плажа :D
    Седам јас со моите другарки и доаѓа тој со неговите другари.
    Јас :o Љубов на прв поглед :$
    Една од другарките вика ене го мојот братучед :^)
    И токму тој да и биде братучед :rofl:
    И така таа не запозна, па дознавме и дека сме од ист град. На почетокот бевме добри другари, но после долго време пишување на фејсбук сфативме дека сакаме да бидеме нешто повеќе од другари :$ :D
    И еве сме две прекрасни години заедно :inlove: Мислам дека тој е љубовта на мојот живот :inlove: , го сакам и ме сака, се би дала за него :l:
     
  17. bo...cko

    bo...cko Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Bivshata ne zapozna ^_^
     
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Со мм се запознав на работа. Работевме една година во иста институција. Значи прво бевме колеги, нашиот однос беше колегијален (со малку флерт по ходници :lol: ), потоа дечко и девојка па од пред девет месеци маж и жена. :lol: :$ :inlove:
     
  19. frutisima

    frutisima Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Јас го знаев од фб од слики после се запознавме за нова година, пишувавме една недела и излеговме на кафе да се запознаеме подобро и тука беше главното запознавање :lol:
    и ден денеска сме си заедно секако :inlove:
     
  20. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Не запозна заедничка другарка.
    Есента, октомври ми се чини дека беше, после школо со две соученички отидовме во нивно маало. И на еднава и текна да му се јави, и тој да дојде. Го знаев и претходно, но се немавме запознаено така "официјално". Прв впечаток - дека е по малку чуден. :lol: Но, излезе дека е мој тип на чуден. Ни тргна муабетот, и така дознавме дека имаме исти интереси, слична музика слушаме, на исти вицови се смееме (ретко се случува да сретнам некој со ист смисол за хумор како мојот). И ми се допадна. Седевме можеби два часа и мене ми стана ладно и си отидов.
    Подоцна ми кажаа дека кога останале тројцата, го прашале какво мислење има за мене и им рекол дека му се допаѓам. :$
    Но, бидејќи со една од другаркиве се многу блиски, јас мислев дека помеѓу нив има нешто. Па, за да дознаам дали претпоставките ми се точни, почнав да ја зафркавам за него. Кога и да го видев, подоцна мораше да ја известам со: "Го сретнав дечко ти." :D
    Така, помина некое време, бевме другари, се среќававме повремено на улица, се поздравувавме со два-три збора и се разминувавме. Јас почнав да губам надеж, дури и друга симпатија си најдов... :geek:
    Арно ама, на велигден (навечер) бевме друштво на црква и одпосле седнавме пред негова зграда, па и тој излезе да седи со нас. Прилично големо друштво беше, ама еден по еден сите се разбегаа и накај 2 ипол часот останавме сами двајцата. Позборувавме малку и на крај ме бакна. Искрено, не памтам многу, цела се тресев и не си ги чуствував усните, иако не ми беше прв бакнеж. Но, сигурно било добро бидејќи по тоа следеа уште многу, и таа вечер, ама и во наредниве три месеци одкако сме заедно. И се надевам дека ќе има уште бесконечно многу. :)
     
    На sj *O* и CrAzZyYy им се допаѓа ова.