Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    мм го познавав неколку месеци пред да се запознаеме лично. само што наполнив 16 години, по една недела, се сретавме во една куќа каде се собираше моето друштво, и мм беше таму. во почетокот не планирав ништо со него, ми беше одбивен бидејќи имаше некој рап стил, не му беше галје за неговото однесување на јавно место, правеше што сака :rofl:
    искрено паднав на неговата насмевка, на филмовите секогаш ги сакав оние ликови кои што ќе се насмевнат му се прават линии, па затоа и прва му пишав на мсн. се допишувавме 3 месеци пред да бидни нешто. во тој период тој постојано ми се пушташе, велеше дека ме сака, дека многу се грижи за мене, не сретнал никоја како мене, поинаква сум била, единствена за него.
    така и остана се до ден денеска
    по 3 месеци убедување, ( и мајка ми го знаеше сиот разговор и таа ми велеше: појди ***** види се со детево, гревота е, барем лично кажи му да не се надева а не вака да го лажиш ) јас појдов да се видам со него, цело време ме бакнуваше, што јас едноставно неможев и несакав брзо да помини времето, несакав да се одделам од него :$ . за нг бевме заедно со друштвото и си поминавме преубаво. и веќе за стара нг се фативме. од тој ден па наваму на секој начин, секој ден, ми докажува дека ме сака се повеќе и повеќе.. неможам без него, премногу е добар, најдобар сопруг на цел свет, најмил, едноставно го обожавааам.. хехехех премногу емоции на едно место :)
    тоа е мојата приказна.. :* :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      4,8 KB
      Прегледи:
      695
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
  3. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Еве и јас среќно заљубената(по прв пат во животот), решив да ја споделам и мојата приказна. Долга е, предупредувам. Дури и сама незнам како сум го напишала ова, судејки по тоа дека сум малку мрзлива коа е во прашање пишување на долги мислења.

    Ама па морам да го споделам ова, за да знаете дека стварно не биле сите машки исти, и воедно да ви покажам каков разбран и добар човек имам до себе. Го сакам оти ме исполнува на сите можни нивоа. Хух.. тргнуваме:

    Минатата година тогашната другарка ме воведе во ново друштво.
    Првиот пат коа го видов ми беше страшно морничав, шознам таква остра фаца има.. дури страв да те фати. :D Ништо не зборнавме таа вечер. Е вториот пат се сретнавме на матурата на другар му и бевме собрани во викендица, надвор од градот.

    Почна да ни снемува за пиење и го пратија него да оди со колата до град назад, 15тина мин пат ништо страшно. И овој од толку луѓе, мене најде да ме викни. Јас ваква: :o Од каде па сеа мене, башка и срамежливо си бев тогаш. И незнам како, а и незнам ни зошто, тргнав со него.
    Влегуваме в кола, јас напната упм.. ама ај некако исфорсирав муабет дури да средиме со пијачки дури да се вратиме до викендицата назад.. а тој зборлест ко и секогаш ич гајле да нема. Е оттогаш не прекинавме да се дружиме. Јас, другарка ми, тој и другар му секој ден без прекин. Ни одеше муабетот.

    После некое време почна да ми се пушта али јас и не бев баш заинтересирана, арно ама човекот не се откажуваше. После некое време директно ми кажа, ама јас како јас..муле, не реагирав.
    Веке една година се дружевме, па за зимата мал прекин, оти му ја полнеле главата со глупости дека сум се поигрувала со него, шо не беше ни најмалку точно.

    После.. незнам како пак се погодивме заедно и почнавме да се дружиме уште поинтензивно, арно ама јас дечко си фатив тогаш и се расипаа работите. Ме викна една вечер кај заедничка другарка, дома. (таа си замина, за сами да останиме)

    Пијан беше. Се однесуваше како да немам дечко, почна планови да прави, кај ке ме носел, што ке сме правеле. Ми изјави љубов.. а јас да неможам в очи да го гледам. :( Многу ми беше жал, оти јас го гледав како поголем брат и неможев да му ги возвратам чувствата. Ми рече дека ке ме чекал колку и да било потребно, оти не запознал никој како мене досега, дека сум го сменила на подобро, и дека нема и неможи да биди со други женски..(оти јас во то време му имав речено преку стопати, излегувај со други за да пробаш да ме заборавиш. И мило ми е шо не ме послуша.:$ ) После тоа продолживме да се дружиме и пак не се откажуваше од мене, пробуваше од време на време, ама без напнување. Чисто да си провери тој, да не се сменило нешто. хаха Идиот упорен. :inlove:

    Помина некое време, се деси нешто со тогашниот дечко, арно ама бев надвор од градот.
    Цела потресена незнаев кај да ѕвонам и директно него му ѕвонав, а тој зафатен нешто не го слушнал телефонот оти на одмор беше со друштво заминат. Па може 16 пропуштени повици имал од мене. Конечно го добив, и коа ме слушна дека плачам.. рече само кај си? Му кажав и рече не мрдај оттаму, за саат и пол таму сум. Така и беше. Сега коа ке се подзамислам филмски изгледаше целата ситуација.

    Ама пак ништо не направив со него. Помина некое време, стивна цела галама.. а ние постојано заедно. Сами. Ама ништо не правевме, чисто братско- сестрински однос. И тој го почитуваше тоа. Се почна со една песна шо ми ја пушти да ја слушнам онака, и одеднаш се факам себеси кај шо барам некое значење во текстот на песната, демек наменето за мене. :rofl: Па малку по малку веке секој ден почна да ми се вртка низ ум, па почнав да го загледувам на "одредени места".. готово, тука прекинувам, да не излези после безобразна сум. :D И така сфатив дека не го гледам повеке како брат, судејки по филмчињата шо си ги правев у глава. :D

    И конечно, да не напнувам веќе дојде главното.
    Петок беше, и викаме ај ке излегуваме у кафич.. јас се дотерав, штикла, ово оно. (реткост) Повеке сум си опуштен тип коа се работи за облека.. др пат тоа, да не забегувам.
    Човекот коа ме виде.. од глава до пети ме измерка, ама се трудеше да не забележам. Се средил и тој и толку, си викам вечерва има да му се фрлам. Али тој беше побрз од мене. Првиот пат кога ме бакна, со солзи во очи ми рече не мислев дека некогаш ке се деси ова. :doh: Па и во право беше, цела година го влечкав. :D
     
    На sj *O*, eloves, LaraSolare и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    ЛЕЛЕ одамна беше :D верувале или не се запознавме во градинка :D нашава беше детска, платонска љубов и никогаш не земавме в предвид дека може нешто посериозно да се случи меѓу нас. Кога завршивме основно, полека полека почнаа да се разгоруваат тие тајни жарчиња :D. Кога бевме втора средно почнавме да излегуваме некој период,па се фативме, но бевме далеку од сериозни и прекинавме.Пред година и 10 месеци пак почнаа да не зезаат тие жарчињата (затоа што секогаш си бевме слабост еден на друг) и пробавме пак...и ете ме "заглавив" и преубаво ми е :)
     
  5. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    Podobro nikogas da ne go zapoznaev nego
     
  6. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    4.162
    Пол:
    Женски
    Преку братучед на моја најдобра другарка :D
    Бев искочена со другаркава и и се јави братучед и демек ќе дојде со нас ,кога и срценцево беше со него :P
    Ептен ми се засвиѓа и почнаа некои флертувања како од моја така и од негова страна :D После недела -две се смувавме.
    Бевме заедно 2 месеци и поради живи глупости прекинавме. Јас бев 8мо уште мало глупо неиживеано што сакаш :D
    После година дена, се погоди да славиме нова година заедно и тука повторно почна она нашето :)
    Сега сме си заедно 2 години и се надевам уште многу многу многу :inlove:
     
  7. Elekttra

    Elekttra Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Мојот љубен уште првиот пат кога го запознав, знаев. Никогаш не сум видела попрекрасно суштество од него, како од сон да има излезено. И тогаш тие пеперутки се појавиле во мене за првпат. Отсекогаш сум викала јас некој да сакам, не вервам. И тоа се запознавме преку математиката и видео игрите (малку гик звучи). Само виртуелно запознавање, се дури не се видовме во реалниот свет. А потоа ми пуштаи еден оглас кој го напишал пред 3 години за критериуми за девојка. И ете, јас му сум била девојката од соништата. И покрај сите пречки се дадовме за нашата врска, и искрено на секој би им пожелила ваква љубов, бидејќи прекрасна е :inlove:
     
  8. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Хихи ние се запознавме во гимназискиот ходник. Се шетавме јас и мојата другарка, а тој се шеташе со еден негов другар (одеа на час) па јас се знаев со неговиот другар и застанавме и се поздравивме од тој миг мислам дека нешто почнав да чувствувам во мене. :lol: Се гледавме така пријателски, па по неколку месеци започнавме врска која сеуште трае. :inlove:
     
  9. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    јас со мм се запознав на фб..си пишувавме се запознававме и по неколку месеци излеговме на вечера и така започна се.........и еве пред 2 ипол месеци правевме свадба а за околу 2 ќе имаме и бебенцее :inlove: :inlove: останатото to be continued :rofl:
     
    На mal.ecka и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во средно , беше како а филм, јас слегував по скали од вториот спрат а тој беше долу, слушав силен глас само тој се слушаше во толку деца, ете тогаш го запознав, мислев се ќе биде средношколска љубов ама една деценија ми остана во сеќавања, во срцето и во мислите :)
     
    На sj *O*, Dobie, Summerlover и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    90.123
    Пол:
    Женски
    Со љубов се запознавме на фејсбук долго време контактиравме па договоривме средба ... Да напоменам дека сме од разни градови , ме чекаше на железничка кога го видов се осеќав како цел живот да сме заедно. За 2 месеци ќе прославиме 3 години од тој ден од почетокот на нашата врска .
     
    На mal.ecka, Umbrella22 и Agrona им се допаѓа ова.
  12. honey-bear

    honey-bear Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Pa se zapoznavme na internet, pochna da mi pushuva na edna stranica na koja site pishuvaat anonimno i na krajot mi kazha koj e , na pochetokot ne sakav da imam nisto so nego zatoa sho mislev deka e zhenskar i deka kje me povredi ama na krajot se soglasiv da izlezeme i vidov deka ne e takov i vekje odime skoro cela godina i ni e super ^_^ se nadevam dekaaa i natamu kje prodolzhime vaka
     
  13. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    Се запознавме преку моја другарка.
    Епа вака ... :D
    Еден ден на училиште другарка ми и дечко и (брат на дечко ми ) :D седеа на една клупа и јас да не им светам станав и отидов во сендвичарата до школото и таму имаше флипери и го најдов (дечко ми ) и му викамм ''јас тебе те бараф, едвај те најдоф'' :D . Тој многу се срамеше и другарине му викка одии бе одии те барало момичено.. ии ајде дојде и отидовме кај другарка ми и сеа шо ќе прајме.. го зафркавав му викав злато, злато, злато, злато те сакам, те сакам (од досада, не дека нешто чувствував за него) интересно ми беше дека се срамит.. ја спушташе главата надолу ии црвеноо пиперче се напрајј :D :D бидна шо бидна когаси отидов дома, другарка ми требаше да се види со дечко и да дојдат дома.. дојдоа и ајде сеа пак ќе го зафркаваме..ии му се јавиив и му викам ајде дојди дома и брат ти е. И ми вика ама стварно немозам стомак ме болит и му викам јас ако ме сакаш ќе дојдиш.. и тој ама стварно те сакам ама неможам да дојдам (а тој стварно да ме сакал ) . И другарка ми ми вика ај стварно нешто напрај, и јас недај боже не сакам ништо вака така.. и после почнавме да излегвиме со другарка ми и дечко и и така на зафрканција, на зафрканција така све започна почна да ми се свиѓат, па го засакав и стигнавме до 1 година и 11 месеци.
    Срцее Најјмногууу си го саакаам ! :inlove: :l:
     
  14. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Го видов на плажа...Работам на еден шанк и дојде дечково да пие кафе.И си го послужив ко сите останати и не му ставив многу дикат. По некое време гледам некој со свртен грб во вода и јас :o ...По си велам тело и подзината чекам да се сврти да го видам во фацата...и ко ке видам Тој...а реков мој си срцка :devil: хаха...И една вечер излезена во дискотека и седам и ете го тој поминува и само му се насмевнав и му викам на другар ми кој е овај бе...и тој ваков :o :tmi: Како не го знаеш Иван...?! (демек сите го знаеле низ градов) И ни две ни три го викна кај нас (бидејки се познаваа).... јас :$ пропаднав в земја.Го почасти пијачка и не запозна.Јас требаше да одам и се поздравив со другар ми на образ,а на Иван му пуштив рака и му велам Чао...А тој -Мене не ме бакнуваш на образ...И јас ај си велам ...Го бацив и си заминав...
    Наредните 2 недели нон стоп се гледавме по кафичи се поздравувавме, се шмекавме. И за викен пак бев излезена,а и тој беше и го видов стоеше до еден другар на брачед ми и отидов таму да се распрашам.И му велам Иван колку години има? И ми вели 25....и викам аха ок и ми вика- А кој прашува за него? и јас една другарка...и дојде мрднатиот да ја видел дали била убава и јас му викам онаму е не ја гледаш нз шо го измоткав вака така и ајт.... ]:) И му кажал на Иван дека некоја го бендисала и тој му рекол-За неа прашува..(наредниот ден другар му на брачед ми не ми правеше муабет бидејки сум го излажала :lol: )
    Мене ми се пиеше вода и бев да земам ама не одма на шанк туку баш до неговата маса :wasntme: и ете го иди и ми вели Дали сакаш да те однесам до дома? и ја - Не мора блиску живеам...и тој- Ама ако де шо има врска ...и јас ај му велам ....И од тогаш сме заедно :inlove:
    И сеуште го заебавам му велам да не бев јас не ке бевме заедно :rofl:
     
  15. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Со љубовта моја се запознавме на банкомат :D банкоматот беше нешто расипан па дека ке одел тој до некој друг во близина ми понуди да одам со него и така јас отидов.. се запознавме, ми побара број и од утредента почна нашата приказна :inlove:
     
  16. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    јас и мм се запознавме преку интернет (пал талк) 6 год сме заедно :) 8 месеци во брак и за 3 месеци че си имаме черкичка :inlove:
     
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    ние со љубовта моја се запознавме на 1 ви мај,од цело друштво што бевме едино него не го познавав,се запознавме и следуваше се по ред ,најпрво следуваше молење за да излезам на кафе со него,потоа понуда за мување и на крај испадна врска ,која трае веќе 3 ипол год и секако ке заврши со брак :D
     
  18. Crazygirl947

    Crazygirl947 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    ја имам скоро 14 и мислам дека никогаш нема да ја најдам. Иначе секоја чест за вашата љубов...
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ќе ја најдеш и тоа како ;)
    :hug:
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Па мислам жалосно. не знам како ке најдеш дечко.
    Животот е пред тебе. Имаш време за љубов и дечко. Уживај.
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.