Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Заеднички колега не запозна, јас мм не го имав претходно видено во фирмата :lol: Излеговме колеги повеќе, но јас веднаш се заљубив во него, а и тој во мене. Излегувавме заедно 2-3 недели пред да почнеме врска. :inlove:
     
  2. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Покрај сестрами го запознав..Но не беше некое запознавање како јас сум..таа ти си тој..Му го знаев името и тој моето..децаа..:D
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Жал ми е за тебе.Стара мома ќе останеш..
    Но се случуваат вакви работи,некои луѓе едноставно не можат да ја пронајдат сродната половина..
    |(


    **
    Инаку со партнерот се запознавме преку заеднички школски другари.Тоа беше за матура,кога баравме партнери,и сосема случајно испадна и ние да бидеме матурски партнери :D
    Така некако се запознавме и излегувавме некое време.После скоро 4 години,патиштата пак ни се вкрстија :)
     
    На AgentGinger, ku4ence, fificaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ме бендисувал братучедот негов, и заедно биле излезени па ајде да ме покажи овај на него, и кога се видовме со него..... се запознавме.... и љубов на прв поглед....
    ахх како вчера да беше :drunk:
     
  5. Inna-Kate

    Inna-Kate Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Mene mi se dopagase oddamna no ne prevzemav nisto..si vikav ako bide ke bide potoa slucajno se zapoznavme preku profilite na net pa chat i eve veke sme si vo dolgogodisna vrska... :P
     
  6. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    Јас со душата моја се запознав на излегување, во еден кафич. Беше со другари, а јас со другарки. Се погодивме случајно на иста маса :lol: Еден мој братучед беше со него, и некако се најдов на местото кај што стоеше он претходно. Беше испаднат на цигара и коа се врати, ме погледна онака ко да ми вика "ми го имаш земено местото' на што само ги кренав рамениците :lol: ми се насмевна и дојде до мене, и си почнавме муабет. Се фативме уште вечерта, а за неполн месец правиме и година :inlove:
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Тој беше возач во институцијата каде што работам јас.Но,не бевме колеги,бидејќи имаше такво работно време и обврски што постојано беше на терен.Често се среќававме.Јас скоро и не го забележував.Но,тој добро ме забележал.И еден неработен ден,ми се јави и ме покани да излеземе.Телефонскиот повик ме изненади,а уште повеќе предлогот за излегување.Го одбив на културен начин.Но,тој бил сигурен во чувствата и не се откажа.По 1 месец повторно ми се јави.Тогаш прифатив да излеземе.Секогаш ќе се сеќавам на првата средба.Јас многу тешко се заљубувам,но со неговите манири,ме освои.И се уште сме заедно :inlove:
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ова со мојот прв официјален дечко,бев 3та средно
    Ми пиша на фб дека му се допаѓале песните што ги постирам,па развивме дискусија за музика,па филмови.Си пишувавме по цели вечери,после 2 месеци се нагодивме за на кафе,малце чудно беше,си имавме кажано многу работи,немаше што муабет да правиме :D После престанавме да пишеме често,јас засвиѓав друг и он знаеше,душичка,ама го измачував.Ама со тој другиот ништо не бидна,онака површно ми се допаѓаше,па на НГ се смував со првиот :D Бевме заедно скоро година стварно беше преубаво и си го сакав,ама после некое време ни избледна некако врската и се разделивме,но не престанавме да се дружиме и ден денес.Еден од најдобрите пријатели ми е.Уште на почетокот,кога не бевме во врска,направивме пакт да се венчаме ако сме уште сами на 29 години :lol:
     
  9. vampire.p

    vampire.p Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    11
    Јас со мојата љубов се запознав летото 2010, работно :D бевме во едно село на берба на вишни. :D После добро завршената работа изглеговме сите заедно што работевме и малку се поднапивме и ние двајца излеговме од кафулето и се смувавме. Ете сега сме среќни заедно.
     
  10. flower08

    flower08 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Одевме стално во исти кафич, он беше другар на еден мој другар и братучед, ја малку глумев лудило дека сум ладна, ама знаеше он како да постапи со мене да ме симне од облаци. И самата незнам како двајца ладни камени успеавме да омекнеме :D
     
    На crankyy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Во Веро кај делот за сирења. Тој пустиот се мачи да ги спари сирењата со цените на рафтовите :rofl: :D А не знае да чита кирилица :rofl:
    Па пробувал со бар кодови, грамажи и слично. После извесно време сфатил дека станува збор за mission impossible и ја наполнил количката со неколку вида сирење. Е во тој момент јас доаѓам во истиот дел со некоја фикс идеја за паста :lol: и способност да читам кирилица :)
    И the rest is history :inlove:
     
  12. KristinaSt

    KristinaSt Нов член

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Хаха немав каде да одам за Нова Година и другарка ми ме викна ден пред Нова Година да одам со неа, и таму ја запознав мојата љубов. Ама идевме само 3 месеци и оваа Нова Година ќе бидам со друг иако сакам и оваа Година да ми беше истата како лани.. :(
     
  13. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Бевме другари од средно и во 2010 лето поднапиени си ги отворивме картите и си раскажавме се што ни лежеше на срце и еве не 3 и пол години неразделни...
     
    На EdnaDevojka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    седев со една другрка во кафич и она знаела дека тој ќе дојде демек само да сум го видела после тоа ми го кажа ...он влезе и она ми искоментира е ова е тој а мојот одговор беше ПОГАДНО СТВОРЕЊЕ ВО ЖИВОТ НЕ СУМ ВИДЕЛА :lol: ... вториот пат кога го видов реокв ПА ОВОЈ НЕ БИЛ ТОЛКУ ЛОШ :lol: а третиот пат излегов со него и нашата врска трае веќе 8 години :inlove:
     
  15. enci

    enci Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    41
    од толку што бев разочарана на тоа поле , секое машко што ќе ми се доближеше ми беше одврато.после долга 7годишна врска и раскината веридба со мојот бивши ми се гадеше од машкиот род и секогаш викав на другарките дека подобро е сама.се почна поради другарками со која почнавме често да излегуваме во еден кафич.излегувавме само на тоа место ПОРАДИ НЕА (и се допаѓаше конобарчето) :D јас не се ни замарав да гледам некого .една вечер мојата другарка ми вика дека приметила дека цело време шанкерчето си ме гледа ( нејзин куќен пријател) и дека секој викенд ја прашувал каде ќе излегуваме(што дотогаш никогаш не ни разговарале за тоа).само што ми кажа јас ја прекинав и само реков блјак бре кај најде пак овој да ме свиѓа види што сурат е а башка то,живее во маало кое од секогаш сум го мразела.и не удрив многу внимание на тоа.после некое време гледам покана за пријател на фб од него и почна да ми пишува а јас го ставив на офф да неможе да ме гледа кога сум приклучена.после некое време почна кога ќе бил слободен од работа ќе ја прашал другарками дали ќе излегуваме( за да знаел дали и тој да излегува вечерта) :P и си идеше као наводно да се види со другарками на 5 минутки и ќе останеше цела вечер со нас, меѓутоа јас многу рецка и не му удирав ( се правев фраер :devil: ) се до една сабота на мојата другарка и се ''приодело'' во wc па тој искористи прилика и застана до мене и јас морав да поземам на муабетите негови и некако си ни тргна разговорот.ама пак ништо посебно , не удрив рецка ич.наредн пат повторано така , се додека мене не почна да ми фали негово присуство во друштвотооо.не признавав ни на другарките ни себе си ,ама едвај чекав да дојде барем 15 минутки во друштво или пак да му текне да ме викне на кафе а и го ставив после он на фб :) и му текна да си ме викне на кафица ,а јас као се правам ладна а во себе како дете се радував и цел ден му ја мислев како да се поддотерам а на другарками и викав абе гајле ми е (упорно се правев фраерот 8) и така неколку пати , па по телефони (не толку долго и често со телефоните) , па мене си ми беше малку искрено страв да почнам нешто ново пак ,меѓутоа се решив и многу ми е убаво сега , како другарче ми е, ептен си се слагаме .има и шали на моја и на негова сметка ,има и сериозни муабети ,во глобала засега е оки.малку сум со резерви и тешко да се опуштам повторно да градам нешто ново , ама се надевам дека се ќе си биде во ред со мојто шанкерче :inlove: а , маалото во кое живее тој некако ми стана мило хехехех. и така , .... се беше тој кафич каде што предходно не ни излгував , ама ете поради другарками, поради неа , поради нејзиното конобарче (иако не испадна ништо се уште) испаднав јас со шанкерчето :)
     
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Се запознавме во далечната 2007 година, иако мене ми се допаѓаше уште многу одамна (љубов на прв поглед). Не беше некое романтично запознавање, се беше набрзина, случајно, но тоа ми е едно од најубавите нешта што ми се случиле во животот. Бидејќи бев во друга врска, на која веќе и се гледаше крајот, ми рече да му пишам кога ќе бидам слободна. Така и беше... Испаднавме неколку пати и потоа ме праша дали сакам да му бидам женска :inlove: :inlove: И еве веќе 7 година ја тераме заедно.
     
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас со мојата љубов се запозав во кафана ! :D Еден колега не беше викнал као колеги да одиме во кафана ,ќе доаѓале и некои од Скопје а јас сум многу кафански тип и покана за кафана не одбивам ( се работи за кафана каде што идат изворни песни , староградски , жива музика со тамбураши и виолина , тивка , местото е средено со фолклорни елементи) и јас не знам што ме спопадна викам не бе не ми се иде а секогаш јас сум иницијаторот за кафана . И една колешка ми вика ајде бе ќе идеме јас пак не . Другарка ми вика ајде бе и ја сум за ќе идеме и на колегата покасно тој ден му се јавив му кажав дека сме се предомислиле ќе дојдеме . Претходниот ден проверував лајкови кој ми ставил и дека ако на некоја слика имам повеќе оставам по неколку дена кога ќе пројде галамата да проверам кој како ми ставил . Пред тоа забележав дека сега веќе дечко ми на некоја слика ми имаше ставено ама на фб не го забележав многу , а пред тоа една другарка ми го имаше посочено као многу се средувал убаво се облекувал а и двете паѓаме на такви машки . И ден пред да идеме јас поим неам си гледам па овој ми ставил и викам ај пред недела дена ми ставил ќе му вратам јас ( а многу ретко се решавам така на некој што ептен не се знаеме да ставам) и ставив.Влегувам во кафана кога гледам и тој дека ни е колега со нас на маса(ама помал е од мене 1 годинa и не очекував дека ќе биде повикан ) Леле јас мењам бои во себе се кудам и колнам кој те тераше Ларо лајк да му ставиш , цена ќе му дигам јас , ова она 300 филмови . Тука многу муабет не направивме и после продолживме во дискотека . Таму една гужва па тој колегата од Скопје еден напорен цело време нешто и мене и други женски не гушка не замара , раце на половина , а јас живчана цел вечер со него се расправам да се тргне па уште келнеров со пијачката ми касни абе јас нервозна чурам :D А дечково до мене онака дискретно 2-3 муабета дали ми направи као смири се ова она и јас се изнервирав излегов на цигара. Во меѓувреме ми дошла пијачката и тој срце ми ја чувал ја држел да не ми ја бутнат(дека претходната ми ја бутнаа) да не се изнервирам пак . И доаѓам јас а баајги се задржав и тој ми ја дава и јас се изненадив и му правам живели . После на афтер парти се погодивме кај колегава и таму онака убав уабет направивме ама во ниту еден момент не ми се пушташе , така културен муабет си направивме дека и ние колеги му се жалам у понеделник полагам ( а тоа сабота беше). После тоа го оговаравме со другарка ми колку бил прибран , сите се начукаа тој остана приземен културен , таков фин па и одозгора среден од глава до пети абе манекенче :inlove: И утрето ден правам пауза од читање се укључувам на фб и гледам едно рефератче кај ми пишал ако можам да видам дали има резултати за него , со лесно учење , да не се нервирам , убав ден ова она и му пишувам важи ќе видам и тука еден муабет може 4 часа , убаво ни тргна , какво дочитување згора на се и ненаспана отидов да полагам . Утрето гледам тој пред мене дознал резултати па уште и за мене ми вика ако може да дознае , тука божем за резултатите ми побара број тактички ;) И после ме покани на кафе , на 2 то излегување бидна работата се смувавме по 7 дена се фативме. Едноставно ме освои со тоа колку е воспитан , културен , добар и одлично облечен , замислете обожава шопинг и не му смета да ме придружува со часови и да бираме заедно :D За една недела правиме 2 месеци, многу брзо се вљубив и секој ден се вљубувам се повеке . Навистина е реткост и нереално ми е што запознав толку прекрасна личност која верува и ги негува вистинските вредности , до сега ниту ме изнервирал за нешто посериозно , ниту ме навредил или повредил на било кој начин . Многу е внимателен и се трудам да му вратам на ист начин. Порано врзувањето ме плашеше , а сега дури можам да замислам да оформам семејство со него , знам дека е рано да се каже но и порано може да се каже дека сум била вљубена но со никого не сум почувствувала ваква конекција на некое повисоко ниво како со него . Градиме врска врз доверба , без претерана љубомора и најважно од се искреност , не забораваме секој дена да си покажеме и кажеме колку си значиме и на секого кој заслужува му пожелувам да си пронајде ваква љубов :)
     
    На sj *O*, s.T.e.F.i и hermosa им се допаѓа ова.
  18. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Јас и мојот дечко се запознавме исто така на интернет.На една страна за ззапознавање :lol: :lol: сега кога ќе се сетиме ни е малку срам амаа тоа е хахах...битно се имаме еден со друг.
    Инаку јас правев некоја операција на ногата и без заробена во кревет околу месец и нешто,а пред тоа пронајдов на улица телефон и кога се заробив дома одлучив да го уклучам и да видам што има на него.Имаше симнато една апликација ја уклучив и со оглед на тоа дека ми беше многуу досадно почнав од профилот на таа што бил нејзин телефонот да си се допишувам.Вечерта ми пиша мојот сегашен дечко и јас не му вратив 1 2 3 ми пиша и веќе он кога ми пиша 4 пат јас одлучив да му вратам (а на страната е лимитирано дека ако 4 пати пишеш а не ти врати неможеш повторно да пишуваш)и така почнавме некој моабет мене искрено во тие моменти ми беше дури смешен,прост и воопшто не привлечен.Но така он секој ден ми пишуваше се читкавме и по цели денови потоа почнавме и на телефон да се слушаме и многу се зближивме.Мене ми заздраве ногата почнав да се движам и нормално да живеам и се договоривме да се видиме,ама пред да тргнам јас одлучив да не одам и му се јавив и му откажав,помина и тоа и после една недела мојата најдобра другарка ме праша дали сакам да одиме до град ама да сум се дотерала убаво и така ние излеговме и на идење од трговски ние идеме накај плоштад а он и другарот негов од плоштад накај трговски и тука другарка ми се поздравува со другар му па кај си ти што правиш,јас го препознав и целата се сцрвенив и тој вика каде ќе одите и другарка ми вика па нигде посебно,вие? тие ни викаат исто и ние и другарка ми вика епа ајде заедно да одиме негде и јас и викам ама како заедно јас неможам ај да си одиме и почнавме да се буткаме тука :lol: :$ живи срамови ,и ме натераа кај ке одиме ај во една кафана.Влегуваме таму и тој вика добро вечер имаме резервирано за 4 и јас :@ :yawn: се изненадив и така си поминавме една ПРЕКРАСНА вечер и кога си идевме од кафанта накај колата не оставија сами и јас бев таа што го бакнав :$ инаку интересното е тоа што другарка ми и другар му немаат врска еден со друг и не се познаваат туку он и пишал на другарка ми на фб и ја натерал на овој план а она знаеше дека ми е симпатичен и дека се слушаме ама дека неможам да се запознаам со него.
    И сега одиме веќе една година и ни е прекрасно и многу си го сакам :lol:
     
    На sj *O* и EdnaDevojka21 им се допаѓа ова.
  19. Mizarka

    Mizarka Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Јас и дечко ми се знаевме онака, бидејќи местото каде што живееме и не е толку големо, за да не се знаеме сите меѓу себе. Но, никогаш не го гледав како што го гледам сега. :D
    А почнавме на фб да си пишуваме вечерта, на неговиот роденден, а тој беше малку пијан.
    Еден месец си пишувавме и потоа излеговме. И ете не сега, денес точно 8 месеци. И си го сакам мн мн мн најмн <3 :D
     
  20. Iv152

    Iv152 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Jas so deckomi sme edni od retkite koi ne sme zapoznale preku internet i mnogu mie milo za toa..Se zapoznavme vo kafe bar a negoviot broj go dobiv na casa od neskafe ispisan so cokoladen preliv :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На EdnaDevojka21 и kimii им се допаѓа ова.