Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    ХАХАХХАХАХХАХХАХАХАХАХ кога и да ми текне на нашето запознавање се ролам од смеење :rofl:

    инаку правевме тест математика во школо и ја ко по обичај не отидов зашо поим си неам :tmi: меѓутоа морав да отидам на поправен кога правеа тие што ич не правеле и тие што поправаа оцена (кецовите). И тие што беа од мој клас успеаа да се напикаат позади некако за да препишат и за мене немаше место. И имаше празно место до еден дечко ама нејќев да седнам таму зашо позади мене мене ќе седеаа двајца што појма немаат кај се наоѓаат а камоли нешто да решат за да препишам :lol:
    И оваа професоркава се напна седни таму, седни таму и ајде седнав :@ и онака безнадежно си седнувам знам 1 ќе добијам зашо математика поголем труп од мене не постои и седам се препотувам таму, читам не знам што читам и се вртам на дечкото до мене (прв пат у живот го видов тогаш- а сите ги знам у школо и викам којзнае кој е па овој :?: ) и гледам дечково се распишувал, решава задачи, црта графици, пресметува и му викам: Ти бе кец поправаш??? :drunk: ми вика не, 4 поправам и ја фаца :fubar: :geek: и го грабнав дечково ми реши нешто и ме остаи да размислувам да си решам. Глеа дечково дека апла поим неам (а сум му се засвиѓала во тој момент :clap: ) и се смее и ми решава, и добив 4 ја у облациии од радоост, и го забораив него. ама после тоа се гледавме низ школо, па се смувавме и еве 1 година сме заедно и највише се сакаме :inlove:
     
    На sj *O*, AgentGinger, marija305 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Шпанска серија сме со мм. Го запознав на мои 16 во една НВО. После години го најдов на фб кај неговата бивша, којашто ми го муваше тогашниот дечко :) и се аднавме и ме викна на кафе... The rest is history. :)
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Другарка ми не викна цело друштво на журка кај другар на дечко и (другарот е уствари мојата љубов). Тогаш прв пат се запознавме иако од претходно имав слушано за него, знаев оптши податоци :D Ме додаде на фб, почна да ми пишува ама јас не го рецкав некои 6 месеци. И на одмор се сплеткавме, некако испадна да се предомислам, ми се засвиѓа некако... и така :D
     
  4. melisita

    melisita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Вака започна мојата љубовна приказна со мојот сегашен дечко... Имаме еднаш излегувано заедно (со заеднички пријатели многу одамна) ама се немавме забележано ни тој мене ни јас него :D и после уште неколку случајни средби ( а јас навикната да прашуваат за мене тогаш слободна, убава, сама, студентица 8) ).... ма шта да ти причам :D :D :D тој ништо :^) .... после некое време гледам понуда за пријатлество на ФБ (јас пресреќна) и се заинтерсирав за него што, како е.... ги дознав сите "битни" информации и организирав "случајна средба" ... излегувавме заедно со пријатели тој муабет цела вечер ( а не е многу зборлив по природа, си велам има надеж :lol: ) .... и мислев само мување ќе биде ништо озбилно, а прерасна во една прекрасна 3 годишна врска која сеуште трае :inlove: .... п.с. си давав фора 1месец со него највеќе :rofl:
     
    На EdnaDevojka21 и sweety90 им се допаѓа ова.
  5. vodolija123

    vodolija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    нашата љубовна приказна е долга историја со многу сплетки но ке бидам пократка ......имав 14год кога почнавме да излегуваме во едно друштво јас и мојот маж тогаш имавме само едно здраво од чиста култура иако бевме од ист град и многу блиску во малата каде што живееме. Тогаш тој одеше со една комшивка моја со која исто имав само едно здраво. Една вечер бевме на роденден кај еден другар и сите бевме поканети и од таа вечер јас почувствував како тој ме гледа разговара со мене се повеќе ми се доблизува но јас стоев на дистанца. По некое време тој раскина со девојката и почна упорно по мене да ми се јавува да ме следи да праќа другарки да ме убедат да сум со него а јас не немат шанси. Поминаа 6-7месеци јас веќе имав 15год а тој 17 се најдовме на новогодишната ноќ кај еден другар и почна цело време да доаѓа по мене и да ме моли да му дадам шанса. По долгото не не не видов дека му ја расипав целата ноќ се сложив само за мување. Од него добив молба барем една недела да е со мене и ќе ме остави на мира и на тоа се сложив но кога дојде тој ден да му кажам крај толку ми беше жал а и многу убаво се однесуваше со мене и му реков ке бидиме во врска но тајно никој да не знае посебно неговата бивша која уште му се пикаше. И така 1год одевме без да знае некој потоа почнавме јавно и многу го засакав па по 8 год врска се сложивме на заедничко живеење бидејќи живее сам а потоа ми понуди брак. И еве 9години и 3месеци поминаа со многу љубов разбирање и слога :inlove:
     
    На sj *O*, sweety90, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  6. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    ќе ја најдеш,и јас на 14 години немав никој во мојот живот,мојата љубов дојде дури кога имав 17 години и тоа се започна од школо кога еден ден еден наш другар не запозна не виде и двајцата осамени зашто мојот сегашен дечко немаше никој и јас немав.и прво само онака само си кажавме како се викаме па после неколку дена почнавме да зборуваме поточно бевме другари околу еден месец,а мене ми беше симпатичен кога го запознав,а се заљубив и го засакав него додека бевме другари.и после нова година т.е. на 1 јануари го викнав да искочиме ама ништо не се случи тој ден.па он ме викна да искочиме на 3 јануари и тој ден он прв ми пријде и ме бакна и од тој ден се до денес иако сме само една година и скоро 3 месеци заедно сепак сме неразделни и приврзани еден за друг,еден без друг не можеме :inlove: :l:
     
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    без навреда ама ми иде да си пукнам во колено |( сериозно ? што звучите ко стари баби , немате по 60 и кусур год , уште сте млади и уште многу работи треба да проживеете , на тие години гледав само да се дружам , а не да бркам дечковци за сериозни врски , за нив имате време ... еднаш сте деца не брзајте да пораснете!
     
    На cinderella.red и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  8. Catherinee

    Catherinee Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Хмм па јас знам за него кој е од пред неколку години, тој беше како да кажам од тие попосакуваните дечки во неговото школо и неговата генерација, а се запознавме на фејсбук поточно тој ме додаде за пријател летоска јас кога видов абе летнав, вртев крукчиња низ дневна три саати, го прифатив и почнавме да си лајкнуваме, и такааа дури до октомври односно до кога ми пиша, се допишувавме некое време и излеговме надвор и ете од тој ден сме заедно и преубаво ми е со него....
     
  9. despin4e05

    despin4e05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    14
    А јас со мојот сегашен дечко бевме другари цели 4 год. А се запознавме преку еден мој братучед, беа другари. Тој ми се мене удвараше уште кога бев прва година средно, но останавме само другари. Еден период бевме и најдобри другари што сите проблеми си ги кажувавме.Потоа тој си имаше девојка, јас дечко.... Но, ете сетоа тоа заврши и летото кога кренав на факултет, значи после цели четири години започнаме врска, и сеуште се заедно.
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Пуста јас разочарана од машкиве, работам во кафич, и он ми носи пијачки (Не го заприметував воопшто) А и пред тоа се знаевме од по градов. Едно здраво имавме само (колку да се рече). Ја незаинтересирана, Нула, што да кажам, ни спрема него ни спрема никој друг. Мислев дека нема да фатам дечко едно милион години. :^) Дисконтов кај шо работи тој ми е во комшии, секојдневна улица, нема бегање. Од тоа "Здраво" Преминавме на " Како си што правиш? Каде вака? На кафе? Само Шеташ! " Преминавме на нешто повеќе, со тек на време, со месеци поминував, чекав некаков знак од него, никаде детево. Ок. Нејќе нејќе си викам, ми е гајле. И пак си поминувам по улицава, тој нон-стоп надвор. Почна да ми дели насмевки, колегиве да му викаат, поминнува другарка ти. Ја уфилмана ѓоа си мислам дека не сака ништо, ладна си поминувам пак само " Здраво " и толку. Но секој Божји ден ми се смееше, ау си викам што убава насмевка имал овај. Почнав се почесто и почесто да го гледам, по улица, на тераса ќе заседев на лето, ќе поминеше со количето од на работа ќе ми свирнеше. По комшии почнав да го гледам почесто. И коа се прибирам една вечер гледам на фб Понуда за пријателство. Си велам кој е сега? Отварам гледам тој. :^) ^_^ Го прифатив ме боцна. |( Чекај чекај да пише, три четири дена, никаде го нема. Поминувам од кај него, тој во количето ми свири абе шо, ко на свадба да е и се моча од смеење. Ах си викам нема бегање вечерва. Одма отидов дома му пишав : Абе што ми се смееш ти нон-стоп? Дане ми фали нешто? И така тој ми врати, почнавме да одиме на кафе, т'рте м'рте . ИИИ ТХЕ РЕСТ ИС ХИСТОРИ. Па раскинавме, и за новата година се смиривме. :lol: :inlove:
     
  11. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    се запознавме преку фб.потоа се сретнавме "случајно",разговор,шетање,ова-она..прво другари а потоа нешто повеќе и еве не сега година и половина заедно. :D
     
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Се запознавме во кафич, преку колега од факс. Кога се запознавме правевме муабет нешто за факултетот и испадна и тој колега да ми бил а јас не сум го заприметила на часови. Арно ама тој ме заприметил :D И после бевме онака на здраво. По некое време се дог колегиве во кафана да се собериме и ок одам и јас. А пред некој месец раскинав со тогашниот дечко со кој одев 2 и пол години, и не бев баш во форма и си викам таман ќе се излуфтирам малку.. Одиме во кафана и го гледам и тој тука :^) и си се поздравивме се нормално и седевме еден наспроти друг, али јас ништо уште бев затрскана по бившиот.. Вечерта продолживме во кафич каде се опушти повеќе, да ме држи за половина ова она али јас си се држев на дистанца.. и после на фб онака со лајкчина на песни почнавме и ми пиша колешке изгледа ист вкус на музика имаме, јас аха да незаинтересирана му враќам.. и муабетов да ми земи број пошто е од друг град ми вика кога ќе појдиш на фак види резултати по некој предмет таму.. ок му викам нема проблем ќе ти кажам и така започнавме на фб да се допишуваме со долгометражни разговори кое траеа со часови дури и до 5 сабајле ми се имаше случено да останам и да пишувам со него. После тоа и во мене некако осетив некои пеперутки а видам нова порака од него радости бев :D си ги кажувавме маките и заклучив дека скоро во ист период сме ги раскинале претходните врски.... На телефон зборувавме со часови незнам толку што сме правеле ама ете :D Потоа се смувавме кога се видовме нареден пат.. И така незнам колку месеци бевме само на тоа.. Не бев сеуште за врска, ама веќе мораше да правиме муабет и да одлучиме што понатаму бидејќи се гледавме скоро една година .. и така и започна врската и сега си сме среќни заедно две години поминати без ниту една кавга :inlove:
     
    На sj *O*, EdnaDevojka21, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SunshineYo

    SunshineYo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ми се пушташе другар му, а ја ништо не сакав да имам со него и фино лепо му кажав не. И сега овој му зборувал на мм, колку сум била убава, убава уста сум имала... А јас го гледав нашколо, знаев дека и се пушташе едно време на моја другарка, ама она не сакаше. Едно време заборавив дека постои и кога се прибирам дома вечерта и гледам ми пишал сабајлето во 8 саатот, а нашколо бевме тогаш. И јас викам ајде досадно ми е ќе си напраам ред муабет и му вратив вечерта во 8 close enough. Којзнае колку ме пцуел :lol: И некако по муабетов се пронајдов, се совпаѓавме со мислења, иста музика слушавме и си почнавме да си се дружиме. Една вечер ми вика да излеземе, а јас мртва уморна и го одбив. Си продолживме најнормално и еден ден ми вика немало со кој да оди на стадион, а му се трчало. Мене дома не ми се седи и му викам јас ќе дојдам. И отидовме да трчаме и се утепавме од трчање (како не). Седнавме да се одмориме и ми дава јакна, ладно дека ми било, ме смува пи*ка му матер :rofl: Се си мислев дека само на мување ќе остане, ама ај уште еднаш да излеземе, па ај уште еднаш и ме засака и после некое време и јас го засакав и така.
     
    На sj *O*, EdnaDevojka21, Coco-Chanel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    2.098
    Пол:
    Женски
    Бевме за Нова Година во истиот ресторант, дечково ме здогледал, а знаеше две од моите другарки, си се распрашал за мене, а мангупот во моментот имл девојка со која не можел да раскине затоа што не му излегувала за да и каже во лице (не ни беше со неа вечерта).

    Девојките не ми кажаја ништо мене и по неколку дена другар негов и мој кога седевме цело друштво во кафич ми вели “Имаш поздрав од Коче„ и јас се здрвив викам фала и толку. Истата вечер се видовме по корзо и толку не ни зборнавме.

    Вечерта другарот ме праша дали може да му даде мој MSN и почнавме да пишуваме, се договоривме да се видиме, и на вториот состанок ... паднав - се фативме.

    Супер ни е, знам дека тој е тој мојот принц :D :l:
     
  15. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    На моето работно место доагасе секој ден како мало дете се радував кога ќе го видев имасе малце провоцирање закачања прво па така еден ден дури после 10 месеци меркање ме однесе накај дома и започна насата љубовна приказна :D
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    5.892
    го видов тогаш во гимназија...и отидов по храна абе гужва и тој влегува,јас излегувам од дуќанот и ме фаќа за рамо и кажа нешто да сум се потргнала да се разминеме абе мислам уште паметам најубав,највисок - најверојатно е било љубов на прв поглед...па до дека да го пронајдам маки мачев
     
    На EdnaDevojka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Во црква лани на Велигден :)
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    143
    Нас не спои судбината беше многу случајно и спонтано.Бев во штип на гости во мојот стан и ми се јавува дечкото од ск дека е во штип дошол да ме изненади и не ми се веруваше кога слушам некој звони на вратата и кога отварам стварно тој со уште една наша другарка и со дечко и(кој денеска ми е маж :D )Таму го запознав прв пат но никогаш ниту не помислив дека ќе бидам со него па камоли и да се мажам и да имам дете со него :) од иста населба сме со него,јас раскинав со тој дечкото што идев и тој другар му со девојката и со другарот почнавме да се дружиме често почнавме да се пијанчиме и да се тешиме тој за девојката јас за дечкото но за брзо време јас го заборавив дечкото а тој девојката,почнавме безкрајно да се дружиме заедно прв пат бевме на одмор ама за нг таму спиевме кај една другарка која издаваше соби и имаше само една празна соба малечка со едно мало креветче и ние wtf се погледнавме и двајцата дека треба да спиеме заедно во толкаво тесно креветче(демек не ни годеше)таму си поминавме многу убаво пиење шетањее заедно спиевме и ако ви се верува ништо не напраивме а цела ноќ не сме заспале тој мислел на мене и јас на него,сфативме дека и двајцата не можеме еден без друг не делеше само спиењето иначе од сабајле 9 до вечер ноќеска до 4 сме седеле заедно заедно ручавме заедно одмаравме се заедно и он беше малку срамежлив и јас му кажав што чуствувам не можев да издржам веќе и он се ми призна и така останавме заедно па потоа за брзо време се веривме,па праевме свадба останав трудна сега си имам детенце 14 месеци,во животот не знаеш што те чека затоа не се разочарувајте никој,сега сме многу среќни со негоо не можеме денот да си го замислиме еден без друг не обрнува внимание на никого освен на мене со мене е цел ден во моите прегратки :D малце реферат напишав
     
    На sj *O*, EdnaDevojka21, ivana63 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    А овој Велигден влеговме во врска :inlove:
     
    На sj *O*, Lolo5, SnowQueen17 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    6.540
    Пол:
    Женски
    Во диско се запознавме, јас секогаш бев противник дека во диско можеш да запознаеш асален дечко. Јас бев тазе излезена од врска и немав намера во блиска иднина да запознавам некој нов, ама испадна многу случајно. Дојде се запознавме, испадна многу океј и си викам оваа шанса не се пропушта и така :)