Ние се запознавме преку наш заеднички пријател ... Бев една вечер кај другар ми на работа на кафе муабет и ми кажваше слики на неговиот телефон од него ... Ми кажа дека почнале да свират на гитара кај еден нивни другар па ајде да ми се пофали .. Ми покажа слики и на слика го видов него .. Ах , иако слика мислам дека тоа беше љубов на прв поглед.. Одвај чекав да се врати дечко ми од на одмор за да го запознам. И така по еден месец ми се јавува другар ми и ми вика : Спремај се те носам на едно место имам изненадување за тебе. И ајде реков ќе одам... И ме однесе кај него дома, кога го видов мислам дека ќе се онесвестев од возбуда.. Триста чувтства ми се испомешаа во мене. Знаев дека тој е мојата љубов, мојот живот, мојот сопатник. Тоа беше обострана љубов на прв поглед. Човекот кој ме освои и ме направи подобра особа. Мојата љубов. И еве не од тогаш, веќе Две Години заедно среќно заљубени и се надевам дека љубовта наша ќе биде вечна
се запознавме во парк хухуух. сосема случајно тој беше со братучед ми којшто ме викна отидов до кај него и коа го видов другар му до него се стаписав он е мое срце <3
Се запознавме на фб. Ама месец пред тоа се видовме во една дискотека, многу ми се свиѓаше тој, ама никако неможев да дознаам кој е. Прво мислев дека не е од мојот град. После еден месец, дознав кој е и го барав на фб ама си го најдов во блокирани, пред неколку години сум го блокирала, појма немам зошто. Знам само дека нешто ме изнервира, јас малечка и сум го блокирала. И тој истиот ден ме адна за пријател, ми пиша и ми кажуваше дека цел месец и тој ме барал и неможел да ме најде, излеговме и ... Тој е мојата душичка, несакам да го изгубам.
Се запознавме во диско, но се имавме видено два месеци предтоа во еден кафич каде што си испраќавме заводнички погледи и се запамтивме. Потоа во диско беше храбар и ми пријде, иако немаше појма која сум, само ми запамтил фаца
Hm,kako se zapoznavme so segasniov soprug?Preku FB..Edna vecer pred 5 godini dobiv ponuda za prijatel od nepoznat decko,i jas normalno ne ja prifativ posto vo toj period imav decko ama ne bese bas seriozno.Posle nekolku dena drugarkami mi vika dali mi se sviga deckoto od fb,a jas odgovoriv deka ne go poznavam i deka ne go ni vidov bas.Dobro mi vika spremajse za na kafe izleuvame za pola sat i me izlaza deka ke sme samo nie dve .Koga stignavme posle 10 min dojde i toj deckoto i pominavme sat vreme taka opusten muabet site zaedno.Posle nekolku dena mi prati sms dali sum za izleguvanje a jas rekov da i pokraj sto imav decko,nesto mi velese vo mene izlezi.Izlegovme vo kafic i mi kaza deka ne zivee vo mk i deka mnogu mu se svigam a zivee vo istoto maalo kj mene.Rekov da ne brzame iako i mene mi se svigase,i posle 2 nedeli si zamina a megu nas ne bidna nisto osven prijateli.Tamam si pomisliv sega ke zamine i ke me zaboravi pocna da me bara sekoj den na te na skajp i pocnav i te kako da se zaljubuvam vo nego.Mu se skarav na deckoto.posle mesec dena bese nova godina i mi rece deka nema da dojdi.Jas resiv da ne odam nigde da ostanam doma i nekade kon 20 casot na 31 mi praka sms spremise idam na kj tebe,jas se stresiv, si pomisiv se zafrkava.No posle 10 min mi se javuva i mi kazavdeka sakal da me uznenadi i ima rezervirano masa so drustvoto vo mk vo restoran.Dojde doma so cveke i taa vecer posle vecerata pominavme strasna nok.posle mesec dena se verivme i den denes sme vo brak i si imame prekrasna kerka,si ziveeme zaedno no ne vo mk
Се запознавме на фејсбук, преку заедничка другарка. По недела време се запознавме во живо и од тогаш сме заедно
Во еден бар,излезена јас со другарки,он со другари,масата им беше веднаш над нас,и само гледам ме гледа,не го трга погледот од мене,мене едно незгодно што ми стана ми идеше да го бапнам со тоа пивото во рака што му беше.И така си зјапаше цела вечер,а ми се виде симпатичен и почнав и јас да го гледам хаха. И после си чекав едно 2 3 дена да ме адне на фб,го барав јас,но тој ме спревари,пишување,кафе мафе,па мување едно 2 3 месеци, си викам дај да го прашам што планира,да не ме мавта само така,мислам тука не планираше сеуште врска ,ама па и не му се испуштав и така веќе скоро 3 години сме заедно.
Е ние се запознавме пред околу 13 години и тогаш немаше фб. Се испокаравме квалитетно, па следеше кафе за извинување, па вечера за извинување, па ќе ми правиш ли друштво за ваму/таму и несвесно бевме веќе во врска, која заврши со брак
Еееех . Пред да го сменам културно уметничкото друштво т.е КУДот, одев 5ипол години на играорна. Кога потпораснав дојде да преминам во првата постава на играорната. Решив со дипломите и потврдите да го сменам КУДот и да се унапредам малку. Бев хм, 15ипол можеби 16 години. Веднаш ми беше ах, волку како би јас тебе да те средам незнаев ни што ми стана на тие години со тој памет. Арно ама, се распрашав така убаво за него и дознав дека пак неговите батковци (први братучеди) биле цимери со мојот батичко во Охрид на факс една година, па потоа се разидоа. Ми стана интересно иако батко ми многу ме караше голем бил не ти знам јас што бла бла знаеш тинејџ години кој да го слуша хахаха. Така лека полека си се засакавме, си го разубавивме животот, заборавивме на проблемите у минатото и... и ден денеска си се сакаме.
хмм со мојата љубов се запознав пред 8години. Имав 16 тој 18. се запознавме во дискотека јас воопшто не бев заинтересирана за ништо повеќе од другари, па тој ми пишеше да се видиме ова она, се до една вечер кога неможев да влезам во дискотеката затоа што нормално малолетна бев, а го побарав него зошто ги познаваше тие на врата. И така се започна таа вечер е понатаму бевме во врска 3години, во меѓувреме имавме кавги со семејствата, па тој се реши да замини странство (Америка) за преку лето работа јас го молев да не оди и се испокаравме и така се заврши. Не се врати назад... скоро 1година не комунициравме, секој си продолжи со својот живот се додека повторно се побаравме еден со друг, се слушавме со саати,си кажувавме секакви проблеми, што и да беше тоа се одвиваше преку мобилен и скајп 1, 1 и пол година, а во меѓувреме секој си имаше дечко девојка си продолживме со животите... Пред 2години преку факултет и јас дојдов демек на едно лето во Америка да се прошетам, не надевајќи се дека нешто ќе се случи меѓу нас, но само што се сретнавме на аеродром се гушнавме и сватив колку само неможам без него, па после 2месеци се преселивме заедно и така останав да живеам со него тука. Крај
Хохоо.. Мојто беше интересно. Собра ме по пато. Вракавме се со едни другарки од излаванје и кренавме пешки и он се познаваше со нив а јас не го знаев. И застана и не однесе и така се запознавме и сега дечко и девојка..... Така кога ме некој пита како сме се запознале, наједноставен одговор имам.
Хмм на работа...воопшто немав намера за врска тој период но ете се случи и не жалам воопшто за шансата што му ја дадов после толку убедување
Сосема случајно ме испрати до дома (барем за мене беше случајно зошто воопшто не очекував). Од тогаш почнавме да се гледаме често, уствари секој ден Нели нормално, имаше муабети од типот: тој се дружи со овие, тој правел вака, правел така.. Јас со моите неполни 16 убаво се уплашив, ама бев решена да видам што е работата. И така сфатив (не дека сама сфатив, тој ми објасни се по ред ) дека типот не само што не е лош, туку дека е баш каков што си сакав .. И така, после следеа извинувања и слични глупости од страна на „другарките“, али џабе.. Еве за некоја недела ќе правиме 3 години одкако сме заедно.. Ууухх, не сакам да си помислам што можев да пропуштам..
Па вака... Јас додуша сум си малце разгалена но не сум јас крива што ме разгалиле... Јас дечкоми го запознав преку Facebook тој глумеше некоја фаца.. И така тој мислејќи дека е неодолив типот прв почна дами пишува мислеше дека Ана ќе залета уште првата минута али јас онака ладна за дечковци не се интересирав пошто мислев дека ми е рано иако сите мои врснички имаа го одбив па глумеше тој некое лудило "мафија" и неможеше да помине ден а ние да не се испокаравме и да си се изнавикаме секкако. Ни на крај памет не ми идеше дека него ќе го сакам пошо ми беше просто одбивен одвратен И си минеше така време си минеше тој се смири си зборувавме прост мабет ама моравме нешто да зборуваме и тој почна да ми вика те сакам вака нака и овде повторно почнаа караниците иако го сакав едноставно неможев нешто не ми дозволуваше но ете сега сме си во врска иако си е малце повеќе љубоморен често знаеме да се закачаме но не и да си се налутиме еден на друг
Па одмана беше. Јас бев прва година средно, тој учеше во соседната училница. Еден дождлив ден одам јас научилиште,бев прва појдена а училницата заклучена ( порано била кабинет,па затоа училницата беше со две врати од кои едната се заклучуваше) дежурните сеуште не беа дојдени. Застанав на вратата кај соседната училница да видам дали има дојдено некој за да побарам клуч,но немаше никој И така јас тргната да ја затворам вратава зад мене ТОЈ Позбунета луѓе никогаш не сум била,И само му реков : -Еј извини,случајно да не имаш клуч? Засрамена полусбунета и сама незнаев што ми се дешава Тој ми кажа дека : Немам,а и незнам кој е дежурен. Океј,си се вратив јас кај мене пред училница а тој замина по другиот ходник. Потоа дојдоа дежурните ја отклучивме вратата. И јас така залетана од училница го гледам тој кај нас зад врата ме гледа детево и ми се смее,го гледам право во очи (има многу,многу убави очи ) и му се смееам како којзнае што сум видела Се знаевме како се викаме,но никогаш до тогаш не сме се запознале лично. А исто неколку пати во маркет пред тоа сме се фатиле за ист кроасан или пак сокче Значи дечково уште од почетокот ме гледаше со заводлив и заљубен поглед,очињата му беа како срциња. А исто и јас,мислам од кога прв пат го видов се заљубив И си одам јас вечерта дома,се уклучувам на фб и во истиот момент само што се уклучив ми пишува ТОЈ: -Аничкеееее (јас урлам скокам дома незнам што правам,се обидувам да дојдам при свест) И му враќам: -Од кај знаеш дека ме викаат така? o.O После измисли нешто,и ми вика: -Абе да не те исплашив јас нешто денеска? И така натаму.... Просто незнам излегаше сето тоа како на филм Потоа почнавме да се допишуваме,па да се гледаме. Понатака е долга приказна,што многу ќе се задржам ако почнам да раскажувам. Битно сега сме во врска и двајцата сме пресреќни,ТОЈ е моето се' во животот. WAIT....ТОЈ е мојот живот! И бтв : Не е долку без животен и без емоции текстов,не можам саглам да се искажам мал е бројот на смајлиња! -_-