Во 2011 за прв пат го видов на кафе со женска му. Ауу си реков од каде излезе машково,а пошто женска му ја знаев,си реков леле оваа чавкава грда шубав дечко си фатила.И покрај незе го изнајдов некако го адднав на фб,ме прифати и толку беше. И од тогаш не го видов,знам дека одеа 2-3 месеци и се скараа. Во 2014....имаше некој состанок во општина,бевме избрани и двајцата во кампањата. Тогаш тој ме забележал,па почнавме на секој состанок да си се меркаме. Јас па како бев тогаш разочарана на љубовен план,и ептен ми годеше вниманието. На почетокот ми беше многу арогантен,уствари сите женски што беа вклучени во кампањава не можеа да го поднесат,па јас не кажував на никој од пусти срам да не ми речат не си нормална ти. После на заебанција ме убеди да излезиме,и на заебанција го изгубив и умот и главата по него. И еве ме сега заљубена до болка во него.
Се запознавме пред две години на роденденска журка кај заеднички другар. Мртви пијани почнавме да правиме муабет за столбовите во подрумот, за планините и времето, за расплачената малолетна братучедка на другаров, едноставно теравме заебанции. Другарчето ја примети целата ситуација, ја пушти 'светло се гасне' и изгасна светло. И се случи што се случи. Од истиот тој ден не се разделивме, одма влеговме во врска и еве до сега фино ни оди.
Се знаевме на изглед но никогаш немавме комуницирано. Обично во лето седам до касно и така тој ми пиша. Комунициравме долго време, но никогаш не зборувавме за врска. Секогаш ја заобиколував таа тема, но многу ми беше убаво кога комунициравме. Бидејќи бев срамежлива никогаш во живо не се поздравувавме.. Долго време пишувавме, останувавме до касно. Си разменивме броеви, си пишувавме пораки. Потоа паузиравме долг период. Му се избришале броевите па пак ми го побара, имавме договорено средба но не се случи. Па тој си го смени бројот, па пак следуваше период без пишување. Пак ми го побара бројот па по цели ноќи на фб. Па изразувања чувства. Па по цел ден на вајбер, па после 4 години сфатив што имам пред мене долг период. Сфатив колку заеднички работи имаме. Се решив да му дадам шанса и мило ми е. Ова ми е една од најпозитивните работи што ми се случила овој период.
Преку другарка додека јас варев кафе таа на глас ми читаше некој текст пишан од него на смеа и реков: е овој е роден за мене покасно го аднав на фб навистина на почетокот не планирав ништо, не ни бев спремна за врска. ме прифати тој и ми пиша, после две недели си ги разменивме телефонските броеви, и постојано се слушавме, сме збореле со саати. Јас се уште се држев до тоа дека не верувам на машките, дека не сакам и не сум спремна за врска.. Еден месец покасно се видовме, прошетавме малку и отидовме во еден парк пред излезот на градот, се искачивме горе и од тука се гледа цел град..тука ме бакна и тој бакнеж промени се, после тој бакнеж знаев дека тој е човекот на мојот живот.. Неколку пати пробувавме да започнеме врска ама се нешто се испречуваше меѓу нас некој настан, личност и секогаш останувавме на другарството..две години покасно некои личности се вмешаа и ние се разделивме, престанавме да се гледаме, да контактираме.. тоа траеше 7 месеци.. После тоа пак се смиривме, решив да се борам за човекот што го сакам и засреќа борбата не беше залудна, затоа што и тој човек го сакаше истото.. два месеци подоцна почнавме врска и еве скоро 9 месеци сме заедно.. Не е лесно, други осудуваат и спречуваат ама ние двајца сме заедно и се бориме против другите. Љубовта и довербата што ја имаме еден кон друг е посилна од се.
Сите на Фејзбук,само ние на Дота Раскинавме,ама интересно ми беше да пишам,не знам од која причина. Се запознавме преку заеднички „пријател’’,дете кое што играше и со мене и со него. Цепки е приказнава. Значи,детево имаше тринаесет години,и бркаше девојки со што повеќе лајкови на Фб,со што поголем задник,а кога тоа немаше да му успее ќе трчаше и по оние кои што ни од дома не ги сакаат,се пушташе на се’ живо и диво,буквално се’ што не му се паѓа роднина. (ни за ова не сум сигурна,нажалост ) Можеби дури и кај кучињата и мачињата уличари си ја пробува среќата со неколку pick-up lines,но ете,таква му била судбината,дури и тие корпи му маваат. И,почнав да играм со детево,демек,ќе ме учел тој,колку толку му правев муабет,и се обидував да бидам фина,а тој одма си сфатил „здраво за готово’’ и му се фалел на брат му на бившиов,кој што му беше другар: Абе готово,моја е таа,не може да ми одолее,ја имам бе брат моја е јехеј јехеј моџо џоџо ... и можам да замислам што уште Да да,во кома паѓам заради тебе,жими чајнава што ја немам И несудениов девер ме аддна,па со него играв еднашка,но од кога му кажав како се викам и кога сум родена,се попали скроз и ме „запозна’’ со брат му на играта,затоа што имавме исти имиња и еден ден разлика во датумот на раѓање. После три недели се видовме. Ама нишчо не бидна.
Учевме во исто средно училиште..Неговиот поглед ме тераше како магнет да го гледам нон стоп кога и да поминеше покрај мене ах тие денови.. Он ќе ме погледне,јас него па он и се ова траеше 2 години.. Го најдов на фб и го аднав чат пат ми лајкнуваше на трансови па го видов на автобуска откако ме прифати,а јас како од Вардар исфрлена бев тој ден и мн ебано се осеќав...После некој период ми пиша на фб. Се допишувавме 21 ден без прекин и ден и ноќ..На почеток се чудев зошто не ми бара број ова она но ми побара па и секој втор ден си се слушавме..На 22 ден мислам искочивме..Си зборевме и се смувавме,јас му кажав уште од одма дека сакам врска. Искрено смачено ми беше да искачам еден ден со еден,другиот ден со друг.. Ми рече дека незнаел за врска,не бил сигурен ова она и добро јас си преќутев но си реков во себе:да се надевам,дека штом сеа несака врска нема да сака ни после месец дена. Но кога стигнав дома видов ми пишал вака:Немој да се разочаруваш,јас размислив и решив да бидеме во врска Ех овие денови..На почеток потешко ми беше,љубоморна бев,негова бивша ми пишуваше на фб ме замараше,но сега за среќа нема такви проблеми ))) ..
јас како се запознав.... па,бидејќи сме од исто место се познававме само онака како живи луге хахаха, најчесто се гледавме на сабајле кога тој оди на работа а јас каснев на школо хихи. Поосле некое време така нонстоп ми се маеше по ФБ и викам ај ќе го аднам и само што ми стигна дека ме прифати оодма ми пиша дека сам го преварила, дека тој мислил да ми понуди приј. и така муабет по муабет, ден за ден почнавме да се дружиме и одев кај него .... бидејќи и двајцата бевме опседнати со музика претежно тоа ни беше муабетот а тој има тоолку ЦД-а со разна музика и слушавме по цела ноќ (тој беше диџеј порано) . Ама јас си имав дечко и немав ништо друго со него освен дружењето. Како што минуваше времето се поеќе заедно бевме, кога еднаш се скарав со дечкото и му раскинав. Е дур на 5 ноември се фативме, тоа беше на мојот роденден зато и се сеќавам ..... бевме во врска се до 31.12 , а веридба праевме на тој ден, за нова година , хаха, после си кажувавме тајни, и ми рече дека така ме шмекаше кога ме гледаше на сабајле за на школо, мале исто и јас и го кажав тоа дека го праев, дури намерно каснев само да го видам. И така сега сме си заедно
Чудно, хихи. Ние за разлика од повеќето не се запознавме на facebook туку во живо. Јас него го знаев и од порано, но бевме само на здраво, понекогаш ни тоа. На именден на другарка. Потоа одевме на диско, и ме испрати за рака до дома. Но, тогаш ништо не бидна. Таа вечер зборувавме за се, устата пена ми фати, знаев дека е прекрасна личност. И така си разменивме броеви се слушавме, видувавме низ град, муабет правевме и по 4-5 денови се смувавме Поминаа 7 месеци, сега сме во врска и го сакам највеќе на свет.
Јас со дечкоми се сретнав... Конечно дојде време и јас да се вработам. Вработените ми велеа дека треба мојата канцеларија да ја делам со некого но јас бев многу против тоа но сепак морав и доброе што е така. Ја делев заедно со едно прекрасно згодно момче уште од првиот поглед се појави една хемија, за три дена ме покани на вечера си поминавме убаво и сеа више 5 години сум со него, добро се сложуваме!!! имаме исти интереси и цели по кои копнееме да ги оствариме заедно
На улица. Се гледавме цело време во очи(прв пат), по што се сопнавме двајцата на истата конструкција од железна ограда. Тој од едната страна јас од другата и бам, брука.
Јас со мојот дечко се запознав на мојот роденден.Поточно тој дојде со неговиот другар на мојата роденденска забава.И цела вечер само со него си правев муабет,и дури по 1 месец се смувавме.
тоа се случи во трета година, и дечкото се заљуби на прв поглед. не ми беше мене ич симпатичен, и му правев муабет од љубезност, и после година ипол ме освои, или се смени па јас го гледав со други очи
Во кафуле, додека пиев кафе со братучетка ми и другарката. Ме видел од другата страна на просторијата и начека погоден момент да ми пријде и да се запознаеме. Ми остави прекрасен впечаток, кој не го побил ни ден денес. И покрај сите глупости кои ги направив, тој е покрај мене, безрезервно ме сака и поддржува. Прекрасен е и кон моето семејство, а и тие го обожуваат. Од денешна перспектива дефинитивно можам да кажам дека Тој е вистинскиот.
Преку заеднички другар. Се појави без маица. Со six pack и најубавите сини очи. Не можев од глава да си го извадам. Барав причина да му пишам и без размислување му пишав некоја глупост. Еве сме после две години уште заедно и планови за заедничка иднина. ( само што six pack -от го нема )
Па ... беше кон крај пролетва, бев излезена со другарка ми и со уште една другарка. Беше тука тоа дете на кое му се допаѓаше една од моите другарки и тој со уште негови два другари беа таа вечер со нас излезени. И мене ми се допадна еден од другарите. Цела вечер онака беше нежен со мене, зборувавме поголем дел од вечерта, следниот ден пишувавме на фб, почнавме онака да се дружиме, да излегуваме заедно ... и наместо другарката моја како што беше очекувано да оди со другаров, испаднавме јас и овој
Се запознавме пред 3год. откако почнавме да живееме на исто место. Па, по многу кратко време станавме најдобри другари. Мојата кратка врска само што заврши, а и неговата беше при крај. За брзо време стекнавме доверба, па се до кажување на нашите најголеми тајни. Цело време се насетуваа нашите притаени страсти (така да ги наречам ) , но никако некој да го направи првиот чекор. Една вечер дојде и тој момент, па продолжува да трае, а се надевам ќе трае уште многу долго.