Јас со мојот дечко се запознав на ФБ...Тој ми пиша прв т.е ми прати линк од некаква си страна за да ставам лајк или да гласам поточно мисла дека беше...И гласав мислам и ајде некако се запознавме...Од ист град сме но тој живее во странство,дури и не ми се веруваше од печеток дека сме од ист град + тоа генерација а никогаш го немав видено...Пишевме некој ден на ФБ тој потоа си дојде од странство се запознавме пред сендвичара ми донесе чоколатце кое претходно ми го вети пред да си дојде и јас тогаш отидов на школо 2ра смена дури и на првиот час задоцнив ....После часови отидовме на кафе јас му пишав смс тогај се согласи...И отидовме муабетче се запознавме и на одење сакаше да ме бакне но јас не му дозволив...После тоа следеше викенд за ден 2 излеговме се смувавме во еден парк студено студено студено беше шо да ви кажам месец декември 2-3 саати бакнување гушкање... Ама сепак најубавоо беше и најслатко....После тоа секој ден бевме заедно ме праша дали сакам да му бидам девојка јас се согласив тој после си одите...Го немав видено 6 месеци поточно го чекав,И моите се во странство живеат град до град јас кога заврши школската година отидов бев 3та год средно таму исто цело време заедно и за македонија заедно си дојдовме и така цело лето заедно....Заедно сме 3 год и 2 месеци имаме врска на далечина тоа не ни е пречка ниту на двајцата го немам изневерено ниту пак тој мене одлично се сложуваме и разбираме секој ден се слушаме,пишуваме смс,вибер,ФБ....И така за нова година или тој доаѓа или јас исто така и за велигден налето постојано сме заедно..Имаме озбилни намери тој сега за сега живее со неговите за неколку месеци ќе се пресели во негов стан па и јас ќе одам планираме заедно да живееме,потоа веридба па венчавка,дечиња и мнг мнг други работи..и се надевам све ќе испадне како пто планираме... И се надевам дека нема да ве удавам од читање...
Кога јас имав 5 години, мојот сегашен сопруг (кој е 11години постар од мене) се вработи кај татко ми, што значи се познаваме цел живот Кога почнав да излегувам со друштво, се сретнувавме онака низ чаршијата навечер, а преку ден бевме цело време заедно бидејќи тој работеше кај нас. Кога имав некаде 15 години, татко ми почна полека да ме внесува во бизнисот, летниот распуст го поминував во работилница или по патувања и пазари. Така почнавме многу време да поминуваме заедно, па и често знаевме сами да отидеме на кафе во некој отепан кафиќ, кај што нема жива душа само за да уживаме во дооолгите разговори. Другарството траеше две години, потоа уште две години во врска и сега веќе 12 години во среќен брак
Се знаеме од средно, поточно школски сме. Само што тогаш не ми беше привлечен, детиште беше плус занесен само по кошарката. Ама беше ептен фер дечко, имаме заедничка сторија со спиење во иста вреќа за спиење на едно школско патување, бидејќи јас немав своја Кога решивме пак да се видиме "онака" за дружење, после 11 години, ќе паднев во несвест колку беше сменет Само после три месеци и еден заеднички летен одмор, сфативме дека сме еден за друг, и завршивме работата со прстен на рака и бебенце на пат
Се запознавме преку другарка со која бевме скарани Јас бев заљубена во друг до уши а тој мене ме свиѓаше и ја потекол додека не ме викна да излеземе као демек одамна не сме се виделе јас и таа и ме прашуваше како со тој шо бев заљубена а јас од него разочарана од тука па назад... и ми рече нема врска нов ќе најдеме а не сакав и кога го видов си реков кај моеш ти со него ама еве сега заедно среќни и заљубени сме
Тој ме запознал 5 месеци пред да се запознаеме Се шалам. Се запознавме овде во Црна Гора. Доаѓал во ресторанот каде мајка ми работеше, и мајка ми многу го засакала како свое дете. Почнала да му покажува фотографии од мене и сестра ми, као, ова се моите ќерки и кога ја видел мјата фотографија, и рекол на мајка ми, она ќе биде моја еден ден. По 5 месеци требаше да дојдам јас. Мајка ми го видела и му кажала дека ќе дојдам, веднаш првиот ден дошол да ме види ама јас не се сеќавам на тоа, тек стигнав и многу луѓе наеднаш видов... Доаѓал потоа секој ден, но никако не сме се затекле двајцата во исто време. Вечерта кога официјално се запознавме, 07.06.2013 година... Седев сама на првата маса се досадував дека немаше никој. Наеднаш некој упадна чудно, и застана на вратата со поглед вперен право во мене. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Некоја сила ме натера да го погледнам и запамтам тој момент кога прв пат се видовме. Првата мисла што ми прелета низ глава беше, што му е на овој што ме гледа така чудноПотоа дојде мајка ми, и ми рече, е ова е Деки што прашуваше за тебе И така, седнавме заедно, почнавме некој безвезе разговор, за Дубиоза Колектив, му раскажував дека сум била на Пиво Фест кога настапуваа Дубиоза и колку добро си поминав, инаку, мојот сакан е од Босна оттаму и муабетот за Дубиоза Веднаш се чувствував многу пријатно во негово друштво. Он не чекаше многу, и ми раскажа дека ме знаел од порано преку слики и дека едвај чекал да дојдам... Наредниот ден излеговме сами во градот. Тој бидејќи подолго од мене овде, ме шеташе на разни места, на светилникот покрај пристаништето, покрај плажите навечер, сами ние двајца... Веднаш знаев дека сме еден за друг створени и дека ова нема да биде само летна авантура. По еден месец почнавме да живееме заедно и еве две години и неколку дена откако сме заедно, не исчезнала магијата од првата летна вечер покјрај плажите и пристаништето. Секој ден е се поголема и секој ден се повеќе не врзуваат различни нешта
Imav 14 god stotuku zavrsivme so skolo i so drugarkite ispadnavme vo sosedniot grad onaka da se prosetame Tamu ne precekaa na drugarka mi bratuced i so uste 2-3 drugari. Edniot od niv gi imase najubavite oci na svet si mislev deka tolku slatko dete do sega nemav videno. I se zavrsi so nasmevki i nekolku zborovi i razmeneti broevi.Koga si dojdov mi stigna prvata poraka,mu vrativ i taka sekoja den 1 mesec si se dopisuavme se dodeka ne me pokani da ispadneme. Prifativ se vidovme i odevme nekade okolu 2 meseci koga prvpat me bakna i ete..i posle 14 god sme si srekni zaedno.
Се знаевме многу време пред да бидеме заедно. Тие беа тогаш здружени со нашето друштво, но јас мало, срамежливо, воопшто не контактирав ниту со него, ниту некој друг од неговото друштво, а што е најјакото, ми се допаѓаше еден негов другар. И така поминаа денови, месеци, години, кога под сплет на околности пак се здруживме, и пак го меркав неговиот другар, но овој си беше сега упорен да исконтактира со мене. И бидна што бидна, излезе дека дечкото паметен, слични карактери, слични особини, и одтогаш се навлековме еден на друг и не се пуштаме. Муабети на фб и до 9 саатот сабајле, излегување заедно, со еден збор најубаво! Е понатаму, останатото е историја
Не е сегашна љубов ама тоа запознавање ми остана онака нај.Бевме излезени коа го видов си реков ќе бидеш мој хаха и најјаката фора и реков на другарка ми да побара упаљач,а они беа 5-6 машки хаха и он праша за кого треба и јас викам за мене и дојдоа до нас и ми дава упаљач и тука почнавме да се запознаваме од кај си како си ова она и он ми даде ружа,а јас глумам ладна недопирлива..Цела вечер не се одвои од мене ме испрати до такси па почнавме на да збориме на телефон да се глеаме и така.За жал сеа не контактираме поради моја грешка ех да можам да го вратам времето
Леле се изначитав.. Со мојот дечко се запознавме одааамна. 2011 беше, февруари, една студена ноќ, страшно. Бидејки сите другарки беа со дечковци, и ајде една другарка да ми мести на дечко и другар, кој претходно ме молеше и мошеле во декември да излеземе, но јас инат, не па не. И ајде некако се сложив. Викам нема шанси со тој, женкар, ово оно, постар од мене 4 години. Си велам нема шанси. И оп откако излеговме, следуваат кафиња, мафиња, муабети.. Ама претерани муабет на телефон, по 5/6 саати. Леле кога ми текне колку пари за кредит сум дала, секоја недела, абе љубов Неверојатно многу се засакавме, имаше периоди кога сме се карале, ама кога ми текне на некои убави работи што ми ги е направил, абе душичка Иако сега оваа година ни беше "врска на далечина" поради тоа што студирам во друг град, не не спречи да си останеме заедно. Секогаш се разбираме, и не би го менувала за ништо на светов. Посакувам секој да си најде такво душиче од кого ќе биде сакана/а
Со мојот дечко се запознавме пред година ипол и повеќе... тоа беше сосема случајно .. благодарение на мајка ми хахах.. Мајка ми имаше емисија и требаше да тргне накај телевизија.. дента се немав договорено со никој да излегувам и ми беше премногу досадно дома.. станав од кревет и отидов во спалната соба на мајка ми и и реков, мамо дај ќе дојдам со тебе на емисија стварно ми е досадно дома.. мајка ми ме погледна чудно бидејќи никогаш претходно не ми текнало да одам со неа на емисија ( а сега незнам како ми текна баш тогаш, господ така сакал). По некое време ми кажа добро ајде ќе дојдеш. Се облековме и излеговме. Кога тргнавме со колата гледам дека одиме во друг правец. Јас и реков на мајка ми, мамо каде одиме не е наваму телевизијата, ми вика одиме да го земеме гостинот од дома дека неможе сам да дојде.. И отидовме што отидовме кога се симнуваше по скали, неможам да ви опишам како се осеќав... Се запознавме и по неколку дена сакав да му пишам.. незнаев што .. Среќа мајка ми ми рече пиши му да се гледа на телевизија ќе почне емисијата... Јас така му пишав и некое време така комунициравме и потоа излеговме на палачинки, па повторно излеговме после тренинг кога завршив ме зема и се шетавме.. почна наееднаш многу силно да врне и отидовме под еден летниковец.. долго разговаравме и така... Заедно сме веќе година и нешто и премногу го сакам.. незнам како да опишам.. секогаш си викаме дека сме едно.. половина јас половина тој.. едно срце две души.
Еден викенд и реков на братучетка ми ајде земи го дечко ти и на пијанка кај мене, па после ќе одиме во диско и она ме праша дали може да земе другари некои.. јас сама дома викаам ако бе ке се дружиме Знам Јануари беше и доста ладничко надвор... и дојдоа кај мене сите (меѓу другарите беше и мојот сегашен сопруг ), па продолживме во диско и ми се лепеше некако срамежливо (ептен мирен дечко) и си одиме јас и братучетка ми во такси и јас таква абе Ана мене ОВОЈ ми се пушташе и поминаа 4 месеци само дружба, искачање по диска навака натака... кога на 1ви Мај јас го бацив прва хахахаха (па срамежив беше многу, 4 месеци го чекав да се доближи)
Во болница Ми ги оперираа крајниците, со мене имаше еден дечко во соба ,и он дојде да го посети другарот. А јас неможев првиот ден да зборам дека оперирана и они нешто се смееа и ми викаат неможеш да збориш па пишувавме на телефон и ме дружеа.
Темава некако многу ми е привлечна и сум ја отворила неколку пати но сум се премислила и не сум одговорила. Тоа беше нешто посебно и интересно, така што привилегија да го знаат тоа имаат само блиски личности
Со дечко ми се запознавме преку FB 2011 година...Си седев на фб ми стигна понуда за пријателство го пишуваше неговото име и прекарот и тогаш слатко се изнасмеав и си кој е овој бе Почна веднаш да ми пишува и за 20 мин замина на спиење и јас останав на фб и за 10 мин пак ми пишува и му викам нели ке спиеше вика не си се спие како да спијам кога оставив на фб толку убава девојка вика си реков моја ке биде оваа и јас почнав да се зафркавам викам како така кога не се знаеме,ова она... Пишивавме неколку дена ама овој почна постојано да пишува сакам да се видиме ова она јас на почеток несакав цел година ме молеше да се видиме ама јас упорно несакав од инает ли незнам шо а стварно го сакав иако само од слика...Од различни градови сме...Се слушавме телефонски,смс,тој сакаше и на скајп камера ова она ама јас никако несакав инает И вика ок.Тој со другарите често излегуваше во мојот град бидејки е близу и тогаш сакаше да се видиме ама јас несакав иако го гледав на излегување по долго пишивање на фб лесно ми беше да го препознаам во живо,никако да му пријдам...После тоа пак се спречкавме околу видувањето... И едно време престана да ми пишува... И и викам на една другарка и кажувам се што како,иако го знаев од слика некако мнг го засакав и си викам упорно у себе ова не е можно така да се залјубам. После Неколку дена во мојот град концерт имаа Дивје Јагоде и овој ми пиша дека ќе дошол со другарите и повторно ми вика да се видиме јас упорно не,викам ја нема да одам демек не сум сакала,а нема врска бев и премногу гужва и овој ми звони да се видиме и јас се смеам викам несакам ама на шала и така се видовме се изнасмеавме на прф поглед премногу ми беше срцкаст шармантен стилот на облекување ми се допадна и после тоа заедно бевме цело време на концертот се изназборевме...После ден 2 дојде бевме на кафе така можеби цел месец..И си викам кога тој ке ме бакне Доаѓаше 2-3 пати неделно со автобус и ајде јас до автобуска го испратив и нормално да се поздравиме другарки тој ме бакне во уста и јас полетав додека го чекавме автобусот си се бакнувавме и ме праша дали сакам да му бидам девојка јас викам конечнооо,секако дека да и овој се смее вика ти да не го чекаше ова викам да...И така тој доаѓаше јас одев супер ни беше премногу бевме заљубени. И уште сме без него неможам животот да си го замислам..Последните 2-3 год тој доаѓа кај мене седи неколку дена на гости јас кај него исто така...Наскоро планираме веридба ама никој незнае тоа е меѓу нас,че ги изненадиме нашите родители наскоро...Едвај чекам премногу го сакам
Јас со мојата љубов се познавав уште одамна некое време немавме никаков контакт само име ова она и толку. Јас никогаш не ни претставував ниту помислував да бидам сонего. После некое време имавме она здраво и некогаш заедно седевме бидејќи имавме заеднички пријател. Пријателот ме праша дали сакам нешто со него бидејќи сум му се допаѓала но јас реков не. Отогаш заминаа неколку месеци на фацебоок ми напиша тој, пишувавме неколку дена, ми го побара бројот јас му го дадов после некое време пишување прекинавме. Неколку дена пред нова година повторно ми напиша се видовме но со заеднички пријатели. На денот на нова година ми рече ако не дојдеш кај мене ке се лутам хаха.. Јас бев со пријателки но тие сите беа со дечковци и јас останав сама тогаш решив да одам кај него. Бевме заедно, ме бакна тоа беше најубавотооооо чувство на светот и после 2 дена ми стана дечко. Еве сме 1 година и 8 месеци прв дечко ми е и премногу си го сакам Душа моја е и секогаш го зафркавам ако не останев сама немаше да се најдеме хихи
Со дечко ми се запознавме преку фејсбук. Он ме адна во јануари и ми прати смајли само, а јас не му вратив ништо. После почеток на јули пак ми пиша и овој пат му вратив. Така се допишувавме неколку дена и ме молеше да идеме на кафе, несакав на почетокот ама после тооолку молење, прифатив. Отидовме на кафе, потоа околу еден месец се мувавме и на 18 август ни стана официјална врската.