Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми се знаеме од 1 одделение
    Се запознавме кога учевме во ист клас кај иста учителка и тој мене ми беше симпатија па бог знае што ме бакна во четврто одделение и од тогаш бевме поблиски пријатели а од 7-мо одделение сме дечко и девојка :)
     
  2. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.888
    Пол:
    Женски
    Со дечкоми се запознавме минатото лето во штип тој е од таму а јас не бев кај брачед ми на гости отидена и бевме излезени и онака само се запознавме здраво-здраво ништо друго:D
    и јас после тоа си отидов он ме додаде на фб после некое време ама јас така речено не се сејкавав на него па не ми ни пишуваше јас се запишав таму на факултет беше месец октомври бевме на роденден кај брачедми и тој беше таму нормално другар му е и таа вечер почна се :D:D:D цело време беше со мене се врткаше околу мене,ме праша дали сакам да ме испрати до дома ама сепак не ме испрати искрсна нешто и така....:lol::lol::lol:
    тргнав да си бегам накја дома и некој ми пиша порака две :l::l: не му го знаев бројот не знаев дека се од него после почна да ми дзвони цело време и така започна нашата врска :inlove::inlove::inlove:
     
    На MG3 и kLem23 им се допаѓа ова.
  3. Good.Girl.

    Good.Girl. Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Гo зaпoзнaв кoгa се пoздрaвувaв сo другaр, и тoј беше тaму. Веднaш гo зaмрaзив, беше женкaр, пoнaшaње и кaрaктер-нулa..aмa рaбoтите се сменијa a истo и тoј :l:
     
    На kLem23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    И тогаш кога јас најмалку очекував дека ќе го сретнам баш него, и кога тој најмалку очекуваше баш да ме сретне мене од толку многу луѓе на нашиот свет, и кога сето тоа беше највеќе забрането и неприфатливо за сите околу нас.

    За нас стана права реалност, иако покрај се со многу неверување и мака ние двајца се изборивме против нас, и сите останати, доживеавме истрајност и се соочивме со упорност за нас двајца.

    И покрај се во животот, и покрај сите пречки и тортури, сонот беше најреален и најпресуден за нашата судбина, да, судбина бидејки навистина нашево беше напишана судбина..

    Се сретнавме на базентот.. а нашите фантазии и никогашни неочекувања станаа вистинска реалност!
     
    На mal.ecka, stevemila, MG3 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bella.FCB

    Bella.FCB Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Живеме во иста улица, и се знаевме и пред да бидеме во врска, онака се зезавме, ни одеше муабетот бидеќи сме иста возраст (1 година е поголем од мене) Некаде помеѓу тие зафркавања, дружења ние се заљубивме еден во друг, потоа тој ми призна а и јас го засакав, искрено од секогаш ми бил симпатичен ама во последно време бев луда по него, и така сега сме во врска, ама тазе сме сеуште, недела и пол :)
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.917
    Во суштина се знаеме многу подолго (знаевме еден за друг дека постоиме де), ама се запознаваме официјално на неговата полуматура... :$
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.726
    Допаѓања:
    168.644
    Пол:
    Женски
    Се думав кога да пишам тука, зошто првично би била можеби осудвана ако малку приказната е смешна :lol:
    Јас сум добра пријателка со другар му. На овој другаров ги знаев скоро сите негови другари и сме седеле навечер јас, он и другарка ми до 3-4 на сабајле. Ама најдобриот другар не му го знаев - моменталниот ми дечко :rofl: :rofl:
    И се договаравме јас, другарка ми и уште едно чупе да одиме на пивофест. Јас сакав да одам едино зошто сакав да шетам, неможам, особено летно време, да седам во едно место па ги користам сите шанси да излезам од градот. Па ајде да не сме само трите, дојде и брачед ми со нас па јас му прам на другаров де иди и ти убо ќе си поминиме. И ајде се нафати детето вика чек и другар ми да прашам. Му прајме демек кој другар тие то ова- она, вика како бе не го знајте најдобар ми е. Океј. На крај памет не ми дојде дека можи на детево око ќе му фрлам/ ќе ми фрли. :wasntme:
    И се договоривме да одиме на пивофест ние 6 души со возот.
    Во 6 саат беше возот, се чекаме малку порано и одиме на железничка, седнавме на нефункционалната пруга и знајш зборање ова- она. Детево беше прелично |( Онака баш како шо сакам, црна коса, црни очи, голема брада, онака поширок малце, абе сон. :$ А јас загреотното си прам летово не се врзвам за никој ќе си терам онака малце free. (facepalm)
    И возот ни каснеше до 9 и 15. Милина. Овој седи испраен, другар му до него, ние другите испоседнати на шини и почна со сите да збора, опуштен беше, како цел живот да се знајме. Теми заеднички - колку сакаш. Јас онака play fight со другаров си праев и онака опуштено скроз после почнав овај да го малтретирам малце, зошто почнуваше дремка да го фаќа, демек да го размрдам :rofl: :rofl: И онака почна и тој да се гиба и така после се зазборавме до кај 9 и 15 дур влеговме во возот.
    Во возот јас седев со брачед ми, пред мене другарките, а од спротивната страна шо иди свртена наспроти мене тој и другаров. И цело време фаци ми праеше онака на почеток од патот и само се смеев и после то овај другаров стана излезе надвор со другарка и овај ми прај де дојди до мене. Ни пет ни шест, ајт до него. И почнавме пак play fight и најинтересниот момент беше тогаш другаров со другарката се враќа, и оп баш тогаш паѓа седиштето онака, пропаѓа :rofl: :whew: Овие гледат и само прат: „Абе дали сте нормални:worried:
    И океј, слеговме ПП и јас со другарките малку понапред одевме, овие машките малку поназад, после то ајде ојдовме да јадиме во една сендвичара и си седна до мене, пак си зборавме вака така супер детето. Онака like dream come true беше, ама ајт да не прам ниш сега, шо ќе речи брачед ми, едино за него ми беше, за др гајле ме :lol: :angel: Онака дур седевме ме баци на обравче, т.е. проба да ме баци јас му свртив образо (facepalm) Е*ате глупата.
    И дур беа песните, кој и ни јас ни тој ги знаеше си се гушкавме онака, ме крена да гледам зошто од гужвата ништо не гледав :sun: :drunk:
    И после то онака ме фати за рака во гужвата да не ме загинел и овие сите ко заминаја малку понапред се сврти ме смува онака (нагласувам: алкохол не беше присутен :beer: ) и океј, после то си лежевме онака на трева. Јас си прам ништо нема од ова да бидни, си уживав дур си можев, не ни очекував нешто да биди. Ама ете ти после то продолживме да се гледаме, два дена после то, made it official, еве сега 4-5 месеци колку идат ги прајме и имам се шо ми треба во него, абе онака како мојата душа да се поделила во моето и неговото тело. :l: :inlove:
    На моменти мислев дека можеби се ова е избрзано зошто и не го знаев добро, ама секој ден сме заедно и не е врска кај шо одиш се муваш, ова- она и си одиш туку пред се сме пријатели, па после нешто поќе. Имаме исти ставови, исти мислења за светот, тој е малку потолерантен од мене, јас полесно се нервирам и успева да ме смири во оние денови.
    Краток период воопшто го знам, ама чувствувам како да го знам цел живот.
    И сум сигурна дека го сакам, прв пат сум сигурна дека сакам, за никој со кој сум излегла претходно не бев сосем сигурна дека го сакам, туку онака си се залажвав зошто бев stone cold sort of girlfriend. :wasntme:
    А со овој сум некако вака:
    upload_2015-12-10_18-29-53.png
    Многу е искрен и ми вели дека ова не му пречи, па го вервам :*:
     
    На Belgin1, Ecka1999, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  8. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    453
    ucev sredno medicinsko, na sekoi tri nedeli ednas odevme na praksa na ortopedija. Toj ponedelnik zateknav eden decko sto lezese povreden kako slusaen minuvac vo pukotnica vo centar koj se slucila vikendot. Vednas mi se zasviga. Pravevme opsti muabeti. Pomina denot na praksa i zaminav. Po 3 dena ojdov da go vidam pak ( demek slucajno imav nesto rabota na ortopedija) Mu go pobarav brojot zatoa sto toj den go pustaa od bolnica, a bese od drug grad samo na fakultet bese vo BT. Mu se javiv po dva dena. Potoa toj mi se javuvase sekoj den (togas go dozna mojot broj). Koga dpjde na prevrska mi se javi da odam i jas na ortopedija za da se vidime. Dodeka cekase red edno 2 sati ostanav vo hodnikot so nego ( i tatkomu bese i samo naogase izgovori da ne ostajt sami :)). Jako se zabavuvavme.Se slusavme cel mesec. Slednoto doaganje vo Bt se dogovorivme da izlezime. 3 dena izlegvevme i denski i nokno. Tretata vecer se fativme. Odevme 7 i pol godini. Me pobara za zena za nova godina pod tunel od svetulki vo parkot ka Satot. Vo brak sme 5 god i imame since...Koga ja raskazvam prikaznava seuste imam peperutki vo meseto. :)
     
    На marija305, MG3, Ecka1999 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Во средно школо, во дворот
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    45
    Igravme poker kaj eden drugar u dvor :D
     
    На Macedonian girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ме "киднапираше".
     
    На JustFun и Crna Dama им се допаѓа ова.
  12. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Само што си направив танго,ама не го користев,една вечер видов дека ме аднале некои.Мене ми остана тој,со зелените очи,го прифатив и ми пиша.Тогаш ме додаде на фб,секој ден почнавме да пишеме,бројот не му го дадов,дури пред да се видиме...Секој ден,секоја вечер бевме во контакт,се немавме видено 6 месеци,пола година а се "сакавме".Би сакала на подруг начин да се запознавме,ама што е тоа е. :)
     
  13. mandy_gorgeous

    mandy_gorgeous Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Уште го немам запознаено :(
     
    На alexa_dimoska и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Извинете ако звучам оф-топик ама ми се прочита како се запознавте со вашата лобоф:rofl:
    ако знаете за една блага душа ќе ме сватите зошто збунка направив:whew:
     
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    MNOGO SI GLOPA.
     
    На ku4ence, Umbrella22 и simonna.a им се допаѓа ова.
  16. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Принцот го чекаш ти или Гермаанците :)?
     
  17. Morenaa

    Morenaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Во теретана, ми ги понуди ракавиците за вежбање :lol:
     
  18. mandy_gorgeous

    mandy_gorgeous Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Принцот :)
     
    На Kenzoo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Што побрзо ти посакувам да дојде дали со коњ или не БИТНО да дојде :)
     
  20. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Се запознавме во воз :).
    Јас од Струмица, тој од Радовиш... Јас студирав во Прилеп, тој во Битола... А се запознавме во воз во Скопје :lol:. Судбина... :inlove:.
    И двајцата бевме отидени да поднесеме за стипендија. И двајцата бевме 20 години. Сега сме 30 и уште сме заедно.
    Само не сме повеќе двајца. Сега сме тројца :l::l::l:.
     
    На Belgin1, tritocki, crazylady и 38 други им се допаѓа ова.