Благодушка? Serse,lobof,bff prijatelki,korva Свашта пишува тресе зелени,обожавам кога ќе објави нешто и читам коментари и се смеам ко несалам Абе уште што нема по светов.
Па немам јас една љубов!??? Ооооо ако ви редам со сите како сум се запозналааааааааа, бајаги денови ке ми треба
У школо средно , за време на час избегав од час а мм го избркале дека бил " мирен " и тоа на кој начин .. Побара упаљач од мене да запали цигаре , а јас прашав каде има слободна училница бидејки не ми се седеше надвор на снег и така
Паа преку Facebook, а потоа се сретнавме така ''случајно'' во една продавница па застанавме да поразговараме и..
Во Будва Тој беше на одмор со другари,јас со другарки,и заедно се погодивме во бус. Сепак втората вечер беше таа посебната. Тој и другарите беа во диско,и баш случајно на истата свирка јас и другарките дојдовме, само саат ипол покасно. Нигде немаше слободно место,па тие не видоа дека бараме и не викнаа кај нив. Прво запознавање,муабет лабаво,сфативме многу заеднички интереси сме имале.Многу беше интересно како од толку многу дискотеки сите една до друга нас баш, тогаш баш таму ни текна да отидеме На пример имавме доста познаници таму што беа отидени и ниеднаш не се случи случајно негде да ги видиме Како и да е,од тогаш еве веќе 7 најубави месеци заедно си ги поминуваме
Со мојот сегашен дечко се знаеме уште од мали, кога имавме 5-6 години..Тој е од Белград и живее во близина на мојата баба каде имам поминато повеќе од половина од мојот живот И така како деца секогаш си игравме заедно криенки, бркање и разни детски игри (каква романтика )..Уште тогаш ми беше симпатија ама тој не ме ни забележуваше хахаха се смеам кога ќе ми текне на тоа..Пубертетот добро влијаеше на мене и од пред 2-3 години почна да ми обрнува внимание И еве сега сме во врска 2 години
Се видовме онака низ центар.. мислам дека беше љубов на прв поглед, потајно се подгледувавме цела вечер, па ми пиша на Снапчат и ете си се запознавме, после само на Вибер се пишувавме и сега секаде
Toj me znael od pred 1 god pred da se zapoznaeme oficijalno, prasuval eden moj drugar kakva devojka sum Po 1 god se zapoznavme na edno patuvanje i toj tamu se setil na mene. Ispadna deka sme vo ist hotel i moeto i negovoto drustvo i epten pocnavme da se druzime a toj celo vreme okolu mene se vrtkase, me guskase i na vrakjanje zaedno sedevme vo avtobus i se guskavme Koga se vrativme pocnavme da izleguvame, po 1 mesec se smuvavme i veke sme 1 god zaedno
Една летнa нoќ, вo еден кaфич штo веќе не пoстoи, седеше сo нејзинoтo друштвo спрoти мoетo друштвo. Oнa oпкруженa oд убaви мoмци, јaс вo друштвo нa црнa девoјкa кoјa јa сaкaв кaкo другaркa a oнa мене пoинaку. Се зјaпaвме целo време. Беше љубoв нa прв пoглед. Тргнaвме еден кoн друг, си рaзменивме дoмaшни телефoни. Другaркa ми беше љубoмoрнa истo кaкo и нејзините другaри. Се видoвме пoсле неделa денa и пoчнa oнa нaјубaвoтo кoе сеуште трaе веќе 15 гoдини, нoрмaлнo сегa сме пoгoлемa бројка кoјa е резултaт нa нaшaтa љубoв. Никoгaш немa дa се пoкaјaм зaтoa штo тoкму нејзе јa избрaв. Срцетo мoе и ден денес се рaдувa нa неa кaкo првиoт пaт.
Јас бев прва а тој четврта средно но различни смени ( се сретнувавме на кратко тој си одеше јас доаѓав и обратно). Јас го знаев а тој не ни знаеше дека постојам, си го гледав само и самата си велев џабе ти е никогаш нема да те погледне, никогаш нема да го имаш ... и така после 2 години ми пиша конечно, си пишувавме година и повеќе 1 се видовме после тоа јас си фатив дечко па тој девојка.. па од како раскинавме повторно почнавме да си пишуваме да се гледаме на 25.02.15 ни беше првиот бакнеж и на 03.05.15 официјално заедно.... и така уште малку и година ќе правиме периодот поминат со него е прекрасен и исполнет со љубов.
Me додаде на фб на 07.11.2009. Си пишавме на 20.04.2010 ,се фативме на 20.09.2010 "брзи бевме" благодарение на мојот срам и двоумење.Фала богу трае се до ден денес ,се надевам засекогаш...
Се запознавме во кафич на пијачка бев излезена. Правевме муабет и уште одма се виде дека има хемија. Денес ми е сопруг
Се запознавме во кафич на Ленинова. Тој беше другар на тогашниот дечко на моја другарка. Таа вечер освен што се запознавме цела вечер не правевме муабет само се гледавме срамежливо преку маса. Потоа некако почнавме често да се дружиме и станавме најдобри другари. А сега сме скоро 5 години во врска
Се имавме видено низ град претходно, ама лично се запознавме на снепчет Прво не знаев кој е па после ми текна кога имаше ставено селфи. Случајно некако почна да ми пишува, црн снеп со текст на лента (fail ) и така. После конверзацијата продолжи на вибер и се договоривме да искочиме. Ме гушна најсилно на автобуска и така..
Се гледавме во автобус подолго време додека еден ден не седнавме еден до друг и се заинативме за прозорот он затвори јас отвори и се запознавме.Сега сме во врска <3