Многу многу многу ми е мило за темава и сакам да ви ја споделам мојава приказна инаку во друга држава живеам значи еден ден се враќав од часови по танц и требаше да си одам накај станот и по пат сретнав едни луѓе и ме прашуваа за адреса и јас ја знаев адресата пошо јас живеев таму во истата зграда и им објаснував на луѓето каде е ама дека тие дека незнаеја јазик и не ме разбраа и зборуваа нешто помеѓу себе и јас ги разбрав и онака ми блесна срцето и викам дали се македонци и така почнавме со муабет блаблабла и одеднаш доаѓа едно момче и онака кога го рекоа сине и мене ми блесна срцето и се запознавме и се заљубив на прв поглед и потоа ги водев до зградата кај комшии иако тое комшии живеа до нас и таа фамилија беа нашите пријатели и девојчето од таму ми е најдобра пријателка а она момчето е братучед на мојата најдобра пријателка и тогаш зборувавме па тие се преселија во нашиот град во нашето населено место 5 минути од нашата зграда и бевме во ист клас о мн се дружевме и двајцата се погодивме романтични и еден ден онака посебен ден беше се договоривме да излегуваме и тие не чекаа на едно место така осветлено и со вентилатори од продавници и јас и другарките додека наближувавме до нив онака ми литаше косата од вентилаторите и се бев цел ден спремала(физички) и тогаш тој ми подари роза( црвена) а на другарките(за да не се лутат хахаха) бела и продуживме па одевме на боулинг и на шетање па потоа не оставија сами и бевме седнале на клупа покрај река и тој и неговите романтични зборови ме стоплија и накрај ми предложи врска о прифатив без да се мислам и потоа одевме 2-3 години во тие годнини не се бевме ни скарале но ништо баш беше лудо и интересно и потоа земавме сами стан додека одевме на фах и сами си го уредувавме и работевме во иста фирма и се најнај и дека и двајцата со исти интереси за авантури отидовме во лос анџелес(картите беа изненадување за мојот роденден) и таму бевме сами шетавме и една вечер ме однесе на приватна плажа каде што бевме сами и имаше оган па потоа пуштивме балон на желби и тогаш се гушнавме и гледавме кон небото и онака тој ме држеше и ми кажуваше колку ме сака и ми рече зарвори ги очите и кажи дали ме замислуваш во иднина до тебе и како изгледа се тоа и јас опишував а тој затоа време клекнал на колена со прстен на рака и кога ги отворив очите ми предложи брак и потоа дека тој се договорил со газдата на плажата и ни донесоа гитара и торта и се забавуваме а потоа лутавме цела ноќ по улиците на ЛА и утредента кажавме преку скајп на нашите и се израдуваа и потоа свадба па плод на нашата љубов е синчето и се средивме со работа добро платени сме планираме уште едно дете и такааа извинете што напишав цел роман јхахахахахахаха не беше планирано толкава приказна ама ете бидна * и соррнете за печатни грешки
Ce запознавме на ФБ тој ми пиша прв.Од ист град сме ама сепак не се познававме И двајцата живееме во странство во иста држава а различни градови пишевме долго време после тоа престанавме и после неколку месеци се видовме во македонија случајно во една дискотека тогаш разменивме броеви и наредното утро ме покани на кафе отидовме и наредниот ден се смувавме тоа беше неколку дена пред нова година после неколку дена станавме дечко и девојка и оттогаш сме заедно уште малце 4 години врската ни е прекрасна иако понекогаш знаеме да се потскараме ама сепак тоа е нормално.Наскоро планираме заедно да живееме .
Он се дружеше со тогашните мои другари и негде година дена искачавме цело време заедно и идевме по одмори, излети, значи буквално цело време бевме заедно а тогаш ни на крај памет не ми паѓаше дека ќе бидам со него. И на крсј случајно искочивме сами и еве сега 2години сме заедно и јас уште не можам да сфатам како сум можела толку време да го познавам а да не ни помислам дека ќе биде нешто.
zdravo decki, nova sum na forumov od deneska se nadevam dolgo i dobro kje se druzhime eve ja mojata ljubovna prikazna.. zhivotot mi se promeni od koga go sretnav nego a se zapoznavme sosem sluchajno vo kafule kade shto raboteshe moja drugarka.. sluchajno barem jas taka mislev a on da me znael godini unazad me chekal da porasnam za da bideme zaedno beshe 20 dekemvri 2013 docna navecher dodeka ja chekav drugarkami da zavrshi so rabota dojde toj se pozdravi so nea bile drugari od porano se gledame megju sebe i samo si vikav daj bozhe da imam nekoj vakov.. od avion se gledashe deka ima cvrst karakter i e chuden tip ja prasha mojata drugarka da mu najde dobra i pametna devojka.. ona molcheshe i jas tuka jaka mu vikam eve jas da ti mestam sakash? dechkoto vika mozhe i me gleda me gleda i mi se smee i od togash jas sum mu meche i toj moe skoro tri godini sme zaedno, pred 7 meseci me zaprosi i nema posrekjna zhena na svetot od mene.. nemozham da disham bez nego toj e moeto meche. na site vi posakuvam srekja kako mojata i pogolema.. ljubovta navistina e neshto magichno
bash ubavo se cuvstvuvam koga citam za ljubov na prv pogled najsrekjni da ste i da vi trae ljubovta cel zhivot
Зaеднo вo истa фирмa рaбoтиме aмa тoј е нa др. рaбoтнo местo. Јaс гo зaбележaв уште пред дa се зaпoзнaеме, aмa тoј не се сеќaвa. Пoсле пoлa гoдинa и пoвеќе мoжеби, пoчестo успевaв дa гo видaм и секoгaш знaеше дa ме нaсмее иaкo бев мнoгу нервoзнa тoгaш и нaмуртенa.
Другар и колега на дечкото на другарка ми. Тој ме бендиса и идеше секаде со нас. На прв поглед... досаден смотан кога ќе слушнев дека и тој ќе иди превртував очи. Ај некако се кандисав се фативме а јас заљубена до уши во бившиот уште со него се слушав и подгледнував и за брзо се скаравме. По нецела година ми се јави да ми честита роденден и као ај да честиш торта бла бла и оттогаш пак заедно, сега веќе 3 години во брак. Незнам што е со мене проблемот со сите до сега шо сум била на почетокот било "нема шанси" и на крај со нив сум била.
Мојата љубов - бивши Мнооогу одамна, јас келнерка во кафиќ во Бисер, он другар на колегата. Колегава го вика да дојде да го причека да заврши смена и после на кафе негде на друго место да одиме 3цата, муабетов имам нова колешка да ја запознаеме. Он седнува на сепаре, јас со полн ајнцер да поминам покрај него и кога го видов ми падна од раце и лом го направив. Абе љубов на прв поглед.
Го знаев уште од порано,кога ми пишуваше,а јас го сметав за досаден. Ми беше мака да пишувам со него,сега си викам ЛЕЛЕ КОЈА ГЛУПАЧА.Тогаш,моја другарка му беше другарка и него.Си го имале муабетчето и мене дека мака ми беше од него и и реков да му рече да ме блокира,незнам зошто самата не сум го блокирала али нема везе хаха.По некое време ме имаше аднато на фб и ми пиша.Јас као сега сум добра сега ќе си пишуваме.Кој филм ме удрил.Си пишувавме,детето предобро и за муабет и се.Понашање на место.Едвај дочекав да излеземе И кога излеговме,се чудев што ли сум си мислела тогаш...Скроз ми се бендиса.Продолживме да излегуваме,искрено го засакав...А и тој мене! Сега сме во врска и најубаво ми е кога сум со него.
Се започна пред три лета. Само што беше почнал распустот. Детенце од 11 годнини, влегував во пубертет и се интересирав за момчиња, бакнување и вечерни излегувања. Дојде мојот така близок другар и ми го покажа братучет му, кој е година постар од мене. Иако ми беше интересно тоа опкружување од машки знаев дека сум мала, едноставно одбив. Не го сакав ни малку. Две години подоцна, јас почнав осмо тој деветто, во исто училиште. Паметам во петок четврти час имавме споен физичко. Другар од мојот клас дојде и ми спомна за него. Повторно глупава јас, заљубена во друг го одбив по втор пат. Потоа нешто се смени, дојде Велигнед, од тој ден почнав да го забележувам насекаде. Беше де пред мене де зад мене. Повторно дојде распуст, цело лето ми помина во не заборавни моменти, луди погледи, топли насмевки, толку блиски, а толку далечни. Тој беше исплашен да не добие уште една корпа, јас горда не можев да преминам преку себе. Повторно дојде септември, поседна година во основно училише, тој веќе беше прва средно. Недостасуваше неговиот дух низ големите ходници на училиштето, погледите станаа се претки, но кога ќе ни се сретнеа беше не опишливо. Барем за мене. Никогаш не бев сигурна дали навистина ме сака, а за себе знаев, знаев дека се топам покрај него. Се случија нови заплети, јас повторно ,,лудо’’ се вљубив во мој врсник но не се случи ништо меѓу нас. Интересно беше тоа што го добивав неговото внимание. Но подоцна сватив дека тој бил само маска на мојата љубов кон оној другиот. Знам објавив слика со мојата ,,нова љубов’’ на фејзбук, по некое време ми стигна нотификација дека оној првиот ја лајкнал сликата. Знаев што беше помислил, но најинтересно беше тоа што по некоколку дена јас излегов со друго машко од разонода. Но тој дозна за тоа и по некое време фати девоја со која е задно три месеци. Сеуште го сакам. Всушност нашето никогаш не заврши. Тој сеуште трага по мојот поглед насекаде, сеуште оди на места каде одам јас, сеуште стои близу мене кога сме излезени на исто место. Сеуште ме гледа со истиот поглед. Но никогаш не бев сигурна дека ме сака, ниту ќе бидам Ќе кажете деца, 14-15 годнини, ништо не разбираат. Ама јас не се чувствувам така, си ја знам болката, и го мразам толку многу ама мразењето е полу сакање. Посакувам да не бев толку горда и глупава, посакувам се да беше поинаку, но ете и ден денес сеуште се надевам на нас двајца.
Во Каса кубана. Јас заиграна, си потпевнував и гледам влегува низ врата дечко што дотогаш го немав видено на забава. Кога ги ококорив очите, го забуљав, мислам дека љубов на прв поглед беше. Како го видов така и се завртев на другарка и и' реков леле види го, каков е, мислам дека си најдов нова симпатија. Се опседнав. Отиде позади масите на шанк со другар му, а јас кутрата свретена со грб, па цела вечер вратот си го искршив вртејќи се да го гледам колку е прекрасен. Дојде после час и ме викна да танцуваме. Само имиња разменивме и еден потполно збунувачки танц. Од возбуда ги мешав чекорите. И после две недели повторно на исто место се видовме, танцувавме, ми побара фб и ми пиша после некој ден. Ама му имав кажано дека не излегувам некој период дека колоквиумска, и вечерта на нова година ми пиша порака на фб за дејт за следна недела. Од вториот дејт сме заедно.
Ахх времиња. Се случи во средно втора година трчајки на кај излезот од гимназијата мојата будалетинка се заѕверила во мене. Ете не знам тој така ми кажува де од детал до детал ( што сум носела, каква ми била косата бла бла). Инаку првиот пат се сретнавме во градинка(мислам не буквално туку на клупите позади во темното), онака срамежливо се бакнавме.
Откако го објавија списокот на ученици примени во мојата група на факултет (околу 40 души), веднаш почнав да ги пребарувам на фб, да не најдам некој од мојот град или некој што можеби го знам. Неговото презиме беше баш уникатно, па го чував за последен. На крај кога го отворив неговиот профил, на глас реков: „Лелеее, кој е овај ваков костумосан???? “ (неговата тогашна профилна слика од матура). Се двоумев дали да го додадам, као демек, не знам никого ај да се запознајме. Ама потоа се премислив и реков, ај во живо, него прв ќе го познам и ќе му пријдам да се запознајме. Две недели откако почнавме со предавања, го барав после секое завршување на часот. Тој седеше најназад, а јас најнапред. Беше пушач,а јас не, и секогаш прв излегуваше, никогаш до тогаш го немав ни видено, ни приметено. Сва среќа еднаш професорката закажа дополнителен час. Училницата беше заклучена, сите чекавме во ходникот. Кога одеднаш зад мене слушам непознат глас (до тогаш се имав запознаено со скоро сите од мојата група), одеднаш се свртив и како од пушка од мене излезе: „Здраво!!!“. И така се запознавме. Од тој ден, па немаше на што не го поканив, а тој се правеше некој фраер, се нешто ме одбиваше. Болна паѓав кога знаев дека се вратил дома за викендот. И една убава петочна вечер, јас бев скоро готова да се откажам од него, кога на бруцошката забава, кога конечно бевме сами, совршен момент, ми призна дека ме сака
Многу добра љубовна приказна Кјукли. Секоја чест на храброста на дечкото што ти пристапил, сигурно си била пресреќна.