Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    На вечерата после неговиот концерт на кој јас бев публика ;)
     
    На stevemila, Tajnaotrovna и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Сабајлето бев во црква да се помолам и да запалам свеќа и ноќна бидна. А? Што викаш? Мизерно? ;) :rofl:
     
    На Starlič, realGirl, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    паа се започна како на шала се запознавме преку една другарка на едно излегување, за мене и другарката се тоа беше обична шаала и се тоа, тој ден му реков само како се викам стоевме заедно половина час и си отидовме, потоа тој и пишал на другарка ми бидејки немал храброст да ми пише на мене па ја прашал дали сум заинтересирана за него и се тоа но душичка не доби одговор, по 17 дена се видовме повторно случајно и ми се приближи и по половина час ми рече дека е заљубен во мене и неможе да престане да ме мисли јас останав :o ваква, па ајде се гледавме одреден период бевме на кафе си пишавме и воопшто не мислев дека еден ден ке бидеме заедно и така се почесто се гледавме и една ноќ седевме во парк кога случајно го погледнав во неговите очи и бидејки беше темно неможев убаво да ги видам и цела ноќ се обидубав скришно да забележам какви се и на крај сфатив дека се зелени и тие очи сум ги мислила цела вечер и потоа секогаш кога и да бевме излезени не го тргнував погледот и ден денес за мене нема поубави очи од неговите.. ии да неговите очии направија лудо да се заљубаам во него и да не знам каде ми е главаата...:l::l::inlove:
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Пред една година се случи вистинско чудо врска брак дете...Се запознавме лично иако се знаевме од исти град самп едниот на едната страна другиот на другата страана....тој мене едно добри 3-4год ме следел додека јас се моткав во друга врска и го чекал само вистинскиот момент на враќање од печалба преку другарка прашал за мене а јас оак важна не заинтересирана демек иреклв не ми е гајле, по извесно време меркање во кафичи и улици решив сама да му пријдам(иако знаев дека е заинтересиран ) му викам здр.јас сум.
    . ти? и ми го кажа името и јас на тоа тлку храбро му викам јас тебе тр многу добро знам а тој јас тебе не хаххахах...и од тогаш почнавме заедно да сме по неколку мееци сфативме дека треба да бидеме во брак и така направивме сега имаме прекрасен син и неизмерна љубов.
     
    На gjoker4e, mira.mira и orevka им се допаѓа ова.
  5. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Нашето почна на сосема необичен начин..
    Ме адднал на фб..муабети едно добри 2/3 месеца..
    За жал јас бев скептик да се запознаеме ..па го моткав цели 5 години( демек изговори/оправдувања/кажи ми да ти кажам/лаги колку сакаш хаха)..
    За на крајот да го викне една моја другарка да ни се придружи на кафе сосема случајно.
    Он дојде,се запознавме,разменивме неколку збора и тоа беше тоа.Додека он уште самата вечер да и спомнал на другарката дека ме засвиѓал..во стил ,,дај да искочиме пак,,
    Искочивме ..ми призна и тука падна мувањето..ххахах..
    Од тој ден станавме се поблиски..Веќе идеме 2 години..Сега за сега се е одлично,супер се сложуваме..таман си е :inlove::inlove::inlove::D Камо да не сум била толку скептична на почетокот и да сум му дала шанса..;):devil:(fingers)
     
  6. MegiPegi

    MegiPegi Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Непознат град, хотел со четири ѕвезди.
    Залутан поглед сече како нож и навестува невоља.
    -Здраво
    -Здраво
    А во мислите веќе водиме љубов.
    Писмо испратено по врата, повикувајќи на "случајна" полноќна средба доле кај езерото.
    Крај...
    Нов град, нов почеток
    Ти, јас и концертот на Оливер Драгојевич.
    Се венчаме под песната Cesarica а ѕвездите ни се сведоци.
    Крај...
    Мојот град, но тебе те нема повеќе.
    Скопје околу мене а сепак сум сама.
    Крај!!!
     
    На lamba, BoyL, Ingvild и 2 други им се допаѓа ова.
  7. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    уште се неаме запознаено алии напролет кај и дае да помине ова со загаденоста на воздухот :D

    P.s Однапред и Благодарам .....од ДНК
     
  8. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Во исто школо учевме, ме бркаше низ училници стално (ова е пред 10год) :D
    Па после уште 2 години ме молеше да сме заедно ама го откачував пошто имав дечко :angel: и сега сме си заедно еве, како и јас не знам.
    И знае често да спомне колку ме чекал и до детаљ памти од пред неколку год. што ми пишувал, па тоа дека се заљубил уште кога ме бркал по школо..:lol:
    И "криво" му е што од тогаш не сме биле заедно, но како јас што му велам, сега требало да биде, а не тогаш во пубертет. :inlove:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LazyGirl5689

    LazyGirl5689 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас со мојата љубов се запознав пред две ипол години, на концертот на Жељко Јоксимович што беше во Скопје :inlove:
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Со мојата најголема љубов (до сега) беше све сасвим случајно.:lol:Додуше јас потегнав конци прва, тој на мојот најдобар другар е најдобар другар, јас го знаев по зборење од другар ми, и на шала му реков запознај ме со другар ти, тешка будала е.:DОвој кој ти знае што му зборел и гледам ме аднал на фб типов, го прифатив, па за мојот роденден случајно се сретнавме во диско, и официјално се запознавме и после тоа на фб муабети како 100 години да се знаеме.
    Другата недела пак во диско заедно, проба да ме смува ама доби корпа, јас се правев поштена:Dи во следниот период се затрескав ептен во него, ден денес не знам зошто:?:и конечно се смувавме кај другаров наш на роденден.
    После тоа беше што беше, се влечевме долго време некако, и сега сме среќно разделени и блокнат ми е од сегде.:inlove:
     
  11. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Приказната почна многу неочекувано спонтано . По раскинувањето на една подолга врска паднав во длабока депресија , бидејќи врската се прекинуваше, продолжуваше се до бесконечност ...Се додека не решив дека е време да ставам крај на се ,се преселив , го сменив бројот и се одалечив од луѓето со кои заеднички се гледавме. Се посветив на факултетот и си реков во себе сега целото време само на себеси ќе си го посветам и да одморам од се и престанав да излегувам извесен период. За викенд си бев дома и случајно на една група на фб се дискутираше нешто и јас се вклучив , жестоко почнавме да дискутираме со едно момче се исклучив јас и по пола саат гледам порака на фб и продолжена дискусијата. Си реков ќе го блокирам неможам со вакви момци да продолжам да пишувам. Но немав мира и неможев да го откачам, полека почнавме да пишуваме, ме покани на кафе прифатив. Стигнав пред него на договореното место , посакав даси заминам , но останав... Тоа беше прекрасна вечер за прв пат така се осетив убаво по долго време. За следниот ден повторно се договоривме за кафе , добив цвеќе , толку осипана од внимание никогаш немав доживеано , мислев дека не е реално тоа што се случува , на третата средба ме бакна во образ тоа значеше почеток на една убава врска со еден прекрасен човек . По осум месеци почнавме да живееме заедно , по 1 година од заедничкото живеење се веривме . Имавме голем сон кој годинава ни се исполни минавме и убави и лоши работи , но секогаш полни со разбирање еден за друг.
     
    На marija305, eliesaab, orevka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Мојот сегашен дечко,го запознав благодарение на бившиот.
    Од толку лоши работи што ги поминав со него,барем имаше нешто позитивно од сето тоа.
    Бевме собрани кај другар му од бившиот,и влегува машково (мојот сегашен дечко)
    Во собава бевме чудна комбинација,никој со никого не се познаваше.
    Ми пушта машково рака,леле си викам кој е овој,и зошто јас не го познавам.
    Цела вечер не можев од ум да го тргнам.
    Си реков да ја прашам женска му од другар му оти само таа го познаваше,ама си реков не,што ќе си помисли чупето за мене,оваа дечко има за други прашува.
    Помина една година,јас млада слободна и атрактивна,одам кај другарка ми,она со сестра и си оговараат некое машко,дека било многу убаво,многу кул,а немал женска.па онака уз муабет ги прашувам кој е тој.
    Ми го покажуваат,гледам и не верувам истиот тип.
    Му ја кажувам ситуацијава,ме охрабрија да го додадам на фб.
    Ме прифати после една недела.
    Малку се разочарав кога видов дека последната објава му е од 2008.
    А од друга страна,ме радуваше тоа што е тип шо не се замара со социјални мрежи.
    Едно време толку многу почнав да мислам на него,што се осеќав исто како заљубена.
    Од толку што мислев на него,еднаш го сретнав во живо,нозете ми се пресекоја,па другарка ми^ми направи филм дека многу убаво ме измеркал.
    Па си реков,јас морам да му пишам на овој,цела недела сум мислела што би му пишала да не изгледам очајно.Па сум смислувала,и на крајот толку добро сум преформулирала,што мислам дека веднаш го воодушевив.
    Тие 15 минути додека да ми врати,мижев и не сакав да го отворам прозорчето.
    Толку многу интересен и не стандарден стил на пишување имаше,што понекогаш ме вадеше од петици.
    Ама јас бев упорна женска,дури и самата на себе си се чудев,но можеби дека беше 9 години постар од мене,па ми беше гајле што ќе си помисли.
    После еден месец излеговме на дејт,тој дејт беше најдолг од сите досегашни што сум ги имала,не можевме да се разделиме.Истатата вечер се фативме.
    Ене го сега презаљубен,грижлив,добар прекрасен,ме гледа како капка на дланка,ме разгалува,ме прави да сум најсреќната девојка на цел свет.
    Фала ти бивши,да не беше ти,никогаш немаше да запознам ваков прекрасен човек.
    ништо не е случајно,се е со причина.
     
    На harizmaticnana, AgentGinger, Tajnaotrovna и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Ние се запознавме во Охрид,летото на одмор,тој се знаел со мојата братучетка и кога ссе запознавме веднаш ми се засвига,но секако малку ми беше срам па јас ништо не кажав. Само една вечер бевме заедно сите и утредента ние се вракавме дома,а тој и неговото друштво останаа. Но после одморот се дог сите неговото друштво и ние(јас,братучетка ми и уште неколку другарки) да идеме некаде на вечера...и кога пак се најдовме,беше забавно и тој почна да ми зборува дека му се свигам и сл идека сака да излеме,искрено мн се мислев,ми се свигаше но бидејки мн малку време се знаевме ми беше страв некако,но сепак излегов и знам дека тоа ми беше најдобрата одлукаа..веке сме во врска 5 месеци
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. МикиМаус0807

    МикиМаус0807 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Буквално како на некој филм. Го знамд мојата 11 година, беше 5то одд и некако ги памтам сите детали :D Некаде на почетокот на септември имаше претстава во киното ии сите петоооделенци од сите школи мораше да присуствуваат, а останатите по желба, тој беше 7одделение тогаш, и така седиме во киното и јас зјапам лево десно, и гледам машко у розова блуза. фризура-капче, усни полни ко на Анџелина Џоли, ии од прва се зафркавав дека е малку како педерче, ама толку ми беше сладок што не можев од глава да го извадам, го видов дека прави муабет со мојот тогашен школски и го прашав школскиов како се вика детето и за бељата разбрав грешка, ии две недели по ФБ секаде го барав по грешка име и не е ни чудо што не го најдив :D :D :D ии после виќе октомври месец видов дека учиме во исто школо... ии прашав за името од братучеда ми исто и она бепе 7мо одд, и ми рече ејј ај подалеку, симпатија е на моја школска, а ја демек можев нешто, мама не ми даваше симпатии не па дечко :D и после второто полугодие ми пиша на Фб, не ме гледај така на школото, ( многу зјапав) :D:D:D::D:D ии ја океј и после продолживме ама сосем другарски муабет и станавме најдобри другари, му местев женски. совети си дававме и сеагодни после 3 и јас се запознав со тогашниот дечко, и не ми даваше да бидам толку блиска со него, се каравме многу со другарот...и една вечер имавме нешто облог и он требаше да ми купи милка ( другарот) а јас скарана со дечкото веќе месец дена, и петок вечер испаднавме зад диското ии лека полека некако тој заматен и заминавме, тие 2 недели со него ми беа фантазија, се чувствував како принцеза.. И ми пиша тој што ми беше дечко ме молеше и јас се смирив, а овој случајно да го отворе тел мој и да го избрише "другарот", и детето после ме додади ии како објаснував и се скаравме многу и 2 години ни здраво не се ни погледнувавме, и после 2 години случајно летото на плоштад го сретнав 5 пати и ја среќа и кажувам на дада и она ни два ни три го додади на фб и ме прифаназа некое чудо и јас лајкови само, ии од што бев мн жедна за да допрам до него ставив статус лике и прашање у инбокс одг у коментар, и стави он лике и почнавме да пишиме, и станавме пак другари мн блиски пишење дење ноќе и никако темата љубов не се спомна, у 6 месеци... и една вечер иде на моојата маса и ме гушка и не ме пушта, и викам што ти е, и вика јас не можам виќе, (ја си помисли ќе ми поврате) и ми вика сакам да те бакнам, ќе те излапам, и се смеам само и вика може ли, и викам се прашува ли за бакнеж, и така почна се, и оттгаш сме заедно година и 8 месеци, постојано заедно, и во многу тешки моменти и не би го оставила за ништо.
     
    На eliesaab, Summerlove@2016, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. МикиМаус0807

    МикиМаус0807 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    јас се извинувам на долгото пишување ама се занесив некако :D :D
     
  16. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Преку фб
     
    На SrceKameno му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Мојата љубов ја запознав во прв семестар кога се запишав на факултет. Ми беше асистент. Уште од самиот почеток чуствував нешто кон него. Предметот кој го држеше беше многу тежок а јас учев како луда само да не се засрамам пред него. Го положив неговиот предмет и мислев дека срцето ќе ми излезе од мака што нема повеќе да го гледам на секои вежби. Кога ќе го сретнев во ходниците низ стомакот ми минуваа илјадници пеперутки. Тој културно ме поздравуваше и ми се насмевнуваше. Бев пресреќна што покрај толку многу студенти тој се сеќаваше на моето име. Времето минуваше. Дипломирав. Магистрирав. Во меѓувреме тој стана професор. Кога помислив дека го заборавив, тој повторно се појави, сосема неочекувано, надвор од факултетот. Си поразговаравме и се договоривме да се видиме некаде на кафе. Така започна најубавата љубовна приказна која ја имам доживеано. :inlove:
     
    На Tajnaotrovna, CoCoGiiiRL, peperutka96 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. НаталијаРист

    НаталијаРист Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Преку Фејс после долги 5 години (со прекин) допишување :D:D:D:D
     
  19. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Сабајлето бев до црква да се помолам и запалив свеќа и ноќта бидна.
    А? Што викаш? Мизерно? :rofl:
     
    На КикиМаус, ku4ence, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    На плажа.Излегував од езеро после добро пливање, онака цела водена, чекорев по камчињата, си ја цедев косата, капките вода се лизгаа по моето тело намрсено од крем за сончање, посегнав по крпата а погледот ми остана во него, знаев и гледав како ме одмерува и покрај темните цвикери... И следеше насмевка..
    Камо да не кажевме никогаш 'здраво'...
    Реков, најтешките солзи се раѓаат со една наивна, невина насмевка...
     
    На Tajnaotrovna, mal.ecka, marijaz и 20 други им се допаѓа ова.