На кантер Барав админ и он ми пишуваа јас ќе ти дадам и ме адд на фб коа го видов се онесвестив потоа ми стави админ и едно време нонстоп ме викаше да играме кантер а ништо не ми пишуваше на пр како си што правиши мнг ме нервираше ама јас се заинатиб не му пишувам бе кад тад ќе пише и после некое време почна да ми пишува како си од кај си ова она и требаше као за новаа год да се видиме ама не бидна и сега се видовме во живо на журка се запознавме 24/7 се допп на кам се гледаме повторно пак дојде во скопје и си се затрескаме еден во другОн од кавадарци а јас од скопје малку далеку релација али ни оди врската
Prv pat koga otidov vo park na svirka na shkolkata vo 2015 septemvri na 16 godini. Jas kako gejmer sto ne izleguva od doma i nema socijalen zivot, bese golem uspeh za mene da si go zapoznaam moeto machence kako sto go vikam. Poubav podarok od nego vo zivot ne sum dobila. Presrekjna sum sto go imam. Nemam zborovi kolku mng zivotot mi go smeni. Da mozam pak se odpochetok bi pochustvuvala. <3
За прв пат го видов кога ја прославувавме 2014 година.Јас и другарка ми бевме на плоштад,а тој со неговата сестра(што тогаш мислев дека му е женска)и другар му беа застанати пред нас.Мнооогу ми беше убав,го меркав цело време,а и тој се вртеше назад и ми се потсмеваше.Кутра другарка моја,не престанав да и поставувам прашања.Дали девојчето до него му е женска?Дали другарка?Дали кога се врти ме погледнува...Пристигна 00:00,се завртија кон нас и ни ја честитаа новата година.Јас се стопив...Поминаа неколку месеци и неколку пати се сретнавме на улицата каде што живеам.Јас целата збунета се гледаме во очи и се разминуваме...барем едно здраво да кажевме. Еден ден кога гледав низ фејзбукот што има,го забележав на фотографија поставена од моја познаничка.Пресреќна бев што го пронајдов како се вика итн.. Го побарав за пријател,ме прифати,потоа следуваа лајкови... По извесен период ми пиша,разговаравме,ме покани да излеземе и сега веќе една година сме заедно и за среќа се ни оди како што треба.А и уште нешто,испадна дека живее една зграда погоре од мене..ни се гледаат балконите и имаме слично име,не знам како да кажам,како на пример Александар и Александра На некои кога им кажував не им се веруваше како се счучи се толку случајо,дури и мене не ми се веруваше,затоа што мислев дека само еднаш го видов и повеќе нема никогаш,но испадна сосем спротивното Се извинувам за долгиот пост.
Седев една вечер на фб и гледам понуда за пријтелство,не го знаев детето но сепак го прифатив ...се додека наредниот ден јас седев во еден кафиќ со моето друштво тој седеше на ќошето со уште двајца другари ...Верувајте само што го здогледав детето ми се допадна и не знаев дали е тој ,ми текна го отворив фб и го пребарав бидејќи претходната вечер ме аднал и го гледам на профилната слика,го гледам и во живо ...Цело време се гледавме и вечерта кога си отидов дома ми пиша и така се запознавме,по две недели излеговме и сме во врска 5 месеци,а кога излеговме првиот пат тој ми нагласи дека ме барал една година со ред,не знаел ни како се викам ни колку години имам,а со помош на неговиот другар ме нашле на фб и на крајот што испадна...Живееме преку улица и кој знаел дека ке ни биде толку убаво ...
Го имав видено може пред 10-11 год кога бевме мали и од тогаш ништо.Иако он неможеше да се сети на мене. Пред 2 год и неколку месеци за он додека седел на бензиска,а јас се враќав од работа да ме здогледа.И така секој ден во исти термин седеше на бензиска за пак да ме види. Другарму рекол ова девојче е братучедка на девојками.И сега веќе момчето мое да му рече како да ја најдам кажи ми нешто за нејзе.По неколку дена ми стига поднуда за пријателство али не го прифаќав викав дека он не е за мене види каков е и сл хахха на крај после еден месец го прифатив и после неколку недели да собере храброст да ми пише кога ми пиша јас незнаев кај се наоѓав тоа чуство никогаш нема да го заборавам.Сл.ден од кога ми пиша јас се враќав од работа касно навечер ,он од искачање и јас да влезам во бурекчилницата а он да излезе и такви двајцата се здогледавме се здрвивме јас одлетав хахаха кога влегов да си купам за јадење одвај купив неможев да зборам неможев да платам цела се тресев и сл.ден искочивме и со сатии кафе пиевме и зборевме Многу сакам да го вратам тој момент ,али еден е и засекогаш ќе се памети.И така од тој ден кога бевме на кафе официјално да се запознаеме до ден денес не сме се разделиле ни еден ден.
Е лесно ви е вас сега со фб. Во наше време немаше фб интернет толку развиен. Беше велигден и од црква во диско. Прво другар на мм се фатисо моја другарка. Па после недела се смувавме и ние. Неполни 3 месеци врска и еве сега 14 години супер брак.
Знаете она кога велат, се заљубуваш и стапуваш во врска со најнеочекуваната личност во најнеочекуваното време. Епа и кај мене така. Да ми кажеше некој дека ќе бидам со некого од истото место на живеење (живеам во не толку големо место) немаше воопшто да му поверувам, но ете. Го знаев онака само, ама не ми беше ни битен ни пак муабет имавме правено некогаш, ни ништо. Така ме додаде на фб и ме заследи на инста, јас го видов онака познат ми беше. Почна да ми срцка слики на инстаграм, не само нови туку и од порано и тоа неколку со ред, па и јас му враќав исто. Почнав да го приметувам во живо повеќе и стварно ми се допаѓаше. Ќе поминеше со колата и другарките ми велеа „Ене ти го тој“ јас цела поцрвенував. Клучно заљубување ни беше една вечер во локалниот кафич, јас излезена со другарки на кафе, тој со другар. Одевме со другарка во wc и ни се сретнаа погледите, да речиш ко на филм Се изгубив скроз оттогаш По неколку дена ми пиша на инстаграм, многу убаво ни одеше муабетот. Од тоа по некое време се видовме лично прв пат, втор, трет, итн. па прерасна во врска. Никогаш не верував дека ќе најдам некој со толку слични мислења ставови и погледи кон светот, и премногу љубов и разбирање, иако не сме долго време во врска, поминуваме бесценети моменти. Пред некој ден ми призна дека тој уште пред 2-3 години ме забележувал, сум му се допаѓала, ама не знаел како да постапи . Кога го прашав за „тој погледот таа вечер“ и тоа за него било посебно. Прв ми е и искрено се надевам дека ова ќе трае.
Јас дечко ми го запознав во период на депресија, и тоа на врата ми тропна .. Точно пред една година баравме цимер/ка, и се јави тој на огласот, со цимерката го пречекавме, но не не се надевав дека тој ќе биде тој вистинскиот.. Во тоа време никој и ништо не ме интересираше, си бев влезена во свој филм.. и несакав никој да ми се плетка во животот.. Но луѓе тоа што го доживеав ни на филм несум видела некој толку да се труди околу мене, човек да има толку воља, стрпление, толку да се труди да бидам добро.. После месец ипол се зближвме ептен и сега имаме големи планови.. Замислете не ми дозволи да одам сама на погребот на татко ми, дојде и тој со мене, тој плачеше како мало дете за човек кој што никогаш не го запозна.. А не се делиме еден од друг, секакви моменти преживеавме ама не успејаа да не разделат.. Отсекогаш сакав да запознаам некој на кој што роденденот му е приближно до мојата дата на раѓање.. Родена сум на 13.04.1993 а тој на 14.04.1993 Посакувам секој да има ваква среќа да запознае некој што цел свет ќе му го подаде на тацна
Многу убави приказни имате сите, максимално се посветив сите да ги исчитам Никогаш немав среќа во љубовта. Постојано ме одбиваа и бев мета на потсмев кога некој ќе дознаеше дека го свиѓам. А свиѓав се и сешто . Пред скоро 3 години, со тогашната најдобра другарка бевме во седмица. Јадевме шо јадевме и на другаркава и се пријадоа КОСТЕНИ а тоа надвор врне истура па ме тераше до плоштад да идеме. ЕДВААЈ ме убеди но вечно ќе и бидам благодарна за тоа . И така она си купува костени ја се вртам и што да видам..момчето од моите соништа. До ден денес немам видено поубав дечко од него, едноставно посебен ми е. За среќа дечково учеше во исто школо со неа па можев да си собирам информации . Го побарав на фб, ме прифати, следуваа лајкови ама никако да си пишеме. Си поставив за цел да го запознаам на 5ти септември (не знам зашто го одбрав баш тој ден, ама никако не ми се чекаше повеќе, сакав да отидам до школото и конечно да го запознаам). Ми се тресеа нозете, стомакот ме кинеше кога го видов. Знаев дека го сакам уште во моментот кога го видов. И така после месец дена конечно му пишав и после неколку недели конечно се фативме и сега идеме 2 ипол години. Се надевам ќе трае вечно, бидејќи пред се тој ми е најдобар другар. Спојлер: бекстори пред да го видам на плоштад го знаев од фб и воопшто не ми се допаѓаше ниту на изглед ниту во карактер, ама ете судбината си го прави своето
Во средно во ходник, го здоглед тој срамежлив со сладок поглед и мили очи,но тогаш не бидна ништо, 10 години погоцна..... еве сме заедно, тој сеуште мил, срамежлив. Како во филм бубале хахахах
Ехеее.. Беше тоа пред дваесетина години кога мама ме носеше во стомакот, а пак бремена жена па и се потпишување во матично и требал фустан на жената и така кај баба му отишла(најпозната шнајдерка во тоа време) таму ме видел па о (така вели "ме чувал и пазел одтогаш" ) и потоа чисто онака ако се паднеме во исто друштво па една цела зима ја помина додека ми се пушташе и се правеше мангуп ама јас дете 12години каков дечко не ме интересираше тогаш тоа па заминаа фамилијарно во странство и потоа се врати и така поминале цели 15ипол години за ние да си се засакаме и да сме си заедно
Срам ми е да споделам информација детално, не е за фалба првата средба наша иако е во дискотека , на концерт, околностите беа чудни ама судбина, не се каам и пак да се родам истото би го направила.
Ми беше роденден, и другарките за роденден ми подарија мече. Јас на сите играчки им давам име, ама оваа мече не ме асоцираше на ниедно име. Сите даваа предлози, ама дојдов до идеа, кога подоцна ќе одиме на излегување, со првата личност со која ќе се поздравам, по него да го крстам мечето. ... и така се погоди да се поздравам со него. Му го знаев скоро цело друштво, ама него не. Бев заборавила дека ми требаше неговото името за мечето. Наредниот ден се сретнав со неговите другари и ги прашав како се вика. Овие кога запнаа зошто зошто. им кажав зошто, ама им беше бедна сторија од 17 год. девојче не ми поверуваа, така да сигурно му беше пренесено дека се интерсирам за него. Како и да е, наредниот период го имаше секаде околу мене. За после некое време да ми стане врска и да ми биде мм
Се знаеме уште од мали зошто моите се многу блиски пријатели со неговите, ама пред 2 години почнавме онака ептен да се дружиме а не се бевме виделе многу одамна и потоа дознавме чии сме биле и кои ни се родители кога веќе се фативме а ко мали сме биле неразделни.